Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК: ова стварно вреди да се прочита! :)

    Успешни и паметни во работата, но глупави во љубовта



    Таа е убава, мила, успешна и многу паметна. Таа е личност која сакате да биде во ваша близина бидејќи е внимателна, храбра и полна со поддршка. Но, кога се во прашање љубовта и мажите, таа одеднаш станува глупава. Сигурно познавате такви жени и најверојатно се чудите кога им допуштаат на мажите да прават секакви работи кои ги прават несреќни. Што се случува со тие жени? Одговор на тоа прашање се обиде да ни даде Дебора Дан во својата книга "Глупави за мажи: 10 правила за правилна романса".

    Зошто паметните жени во врска стануваат неразумни?

    Тоа е така бидејќи жените се зависни од романтика – тоа е дрога која ја спречува жената да се соочи со реалните проблеми во својот живот како што се финансии, здравје или стареење. Тоа е начин на кој го избегнуваат реалниот живот. Нормално е да посакуваш љубов и романтика, но не по секоја цена и не во лоши врски.
    Што значи неразумно однесување?

    Неразумно однесување е кога жената потполно ја отфрла претпазливоста и си дозволува буквално да се "навлече" на човекот кој не е добар за неа и кој може да биде опасен. Жените можеле да забележат предупредувачки знаци, но одлучиле да ги игнорираат и да живеат во илузија. Жените сакаат љубовни приказни како од бајките, па во врска влегуваат со нереални очекувања во поглед на бракот или долги врски. Тие сакаат човекот да ги излечи нивните рани и трауми. Но, не е така, тие сами треба да ја завршат таа работа, бидејќи тоа е предуслов за среќна врска.
    Што треба да бараат паметните жени во врската?

    Стабилност, сочувство, создавање дом и семејство, ако тоа е она што го сака жената. Исто така, треба да се стреми да има дом кој ќе биде нејзино засолниште, место на кое ќе може да се соочи со сите тешкотии во животот.
    Зошто некои жени веруваат во митот дека љубовта ќе победи се?

    Жените израснале со бајките кои го пропагираат овој мит. Бајките ги научиле дека моќта на љубовта може да го промени човекот. Ги научиле дека е важно да бидат убави и секси, со што ќе бидат многу моќни. Жените често ги мешаат сексуалната и личната моќ. Успеваат да освојат еден човек, но не успеваат да го задржат. Кога тој заминува, тие остануваат сами и со уште помалку самодоверба. Тоа е бидејќи не ја знаат разликата помеѓу сексуалната моќ и моќта на женственоста.
    Зошто жените остануваат во врска за која знаат дека е лоша?

    Жените се биолошки и културно одредени да бидат спасителки и негувателки. Сексот кај жената е поврзан со потребата за создавање семејно гнездо, а кај машките со задоволство. Мажите се често полигамни, а жените моногамни. Кога жената ќе се заљуби во мажот, таа сака да остане со него. Затоа и е тешко да ја прекине врската со него, бидејќи во своите мисли има изградено семејство и дом. Тој не размислува така, и дава на знаење, но таа не сака да го прифати тоа и останува со него.
    Дали жените се согласуваат на лоши врски поради страв да не останат сами?

    Илјади години жените биле финансиски зависни од мажите, и се уште се програмирани да веруваат дека нивната вредност како човечки суштества е поврзана со тоа дали имаат некој покрај себе или не. Се уште пропагираат такви ставови медиумите, религијата и маркетингот. Кога жената нема маж покрај себе, друштвото и укажува дека нешто не е во ред со неа, а тоа го мисли и таа самата. Значи, еден дел од жените се согласуваат на лоша врска поради стравот дека ќе бидат сами или од страв од осуда од друштвото.
    Што треба да направи жената за да не се однесува глупаво во љубовта?

    Жените кои ги губат своите умови во врските треба да одат на диета од машките - барем на некое време. Таа треба да престане да ги лечи своите стравови со постојани романси. Дефинитивно не треба да влегуваат од една во друга врска за да не се чувствуваат лошо. Тоа е всушност рецепт за катастрофа. Жената треба да се сретна самата со себе – со онаа убава, но и непријатна. За тоа и треба најмалку една година и во тој период не би требало да биде со маж. Тоа време би требало да си го посвети себе си, како би ја запознала моќта на својата женственост и како би поработила на својата самодоверба. После тоа ќе биде подготвена за здрава и стабилна врска.



    Еве ви жени и верувам дека поголем дел од нас тука се пронајдоа во постов погоре! :lol:
    За жал...секако! :rofl:
     
    На snake му/ѝ се допаѓа ова.
  2. aloxa

    aloxa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    Секој имал различно животно искуство, кај мене се докажало спротивното, посебно денес. :)


    СДК дека од што не можам да се убедам да учам отворив виртуелно пијано на нет и веќе 15 минути ја свирам „Јас сум мала брза птица“ што ја учевме на музичко во петто, ете, до толку ми е досадно! :rofl:
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Сакам да кажам...

    СДК ... [​IMG]
     
    На snake, Johny, MandyLane и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам да кажам...

    СДК дека јас стварно, ама стварно се трудам и се обидувам. Ама некогаш, е некогаш, сум едноставно, преморена и дотепана од сета негатива која ја шират луѓето. Ма не се ни тие криви, како да останеш позитивен ширач на енергии, кога овде не вирее никаква енергија ?? :( А, чувај Боже некогаш да се почувствуваш едноставно добро. Ќе те исцицаат сосе црното под ноктите.

    Значи, да, се трудам.

    Да останам позитивна.
    Да бидам насмеана.
    Да помогнам.
    Да се зафркавам.
    Да се одморам.
    Да најдам време за сите и за се.
    Да отидам на сите предавања на хаотичниот распоред.
    Да припазам на исхраната.
    Да ги купам сите можни книги.
    Да ги напишам сите невозможни домашни по германски.
    Да не ги изгубам некаде нервите успат.
    Да не се нервирам за ситници.
    Да балансирам.

    :(

    Се трудам, ама и да си камен, мрамор, мермер... што и да си, хаосов што владее околу мене, ќе те скрши. Па ќе посакаш да се пикнеш во некоја глувчешка дупка и да не излезеш од неа додека не си замине мракот од пред очи. Период веројатно. Ма се мине, ќе мине и ова.

    Ах, вечен оптимист и поборник за доброто во луѓето, светлото на крајот од тунелот и надежта во иднината.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Сакам да кажам...

    СДК дека конечно добив убаво и позитивно чувство! :D

    После сите мои депресивни фејсбук статуси / фемина мислења, конечно сум ПОЗИТИВНА ..како што си бев.

    ДА,ќе учам,и да.. ќе бидам одлична.За него.За моите родители.И, да престанат веќе да ме потценуваат моите „пријатели“. :muscle: :punch:

    Мислев на него.. неможев да се сконцентрирам .. но што добивам од тоа ? :?:

    Ништо.

    И откако веќе 2-3 дена давев со љубовните песни во Што слушате во моментов..и мислењата во СДК со срамежливо смајли , срциња и бакнежи, размислив и се поправив. :)

    Што ќе биде, нека биде.

    Се предавам во рацете на судбината.Само нека има во предвид.. дека I deserve this,And I've been waiting for this my whole life. :)
     
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    Сакам да кажам...

    СДК Пастрмка на жар

    +
    Мускат Темјаника од Бовин


    = стомачен оргазам
     

    Прикачени фајлови:

    На Magnolija, thinkerbell, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    502
    Сакам да кажам...

    СДК мразам разделби, денес го мразам и аеродромот наш, кој патем е прекрасен.
    Си замина...10 дена поминаа како 10 минути.
    Не издржав, солзите сами течеа...срцево ми се стега
    Како без него...не знам кога пак ќе го видам, а веќе ми недостига, проклето многу ми недостига.
    Замина нa илјада километри одовде... онаму каде некој ќе го вреднува неговиот труд и знаење.
    Дали ќе издржам? Дали ќе трае? Што ќе биде со нас? Милион прашања низ мојава матна глава.
    Тешко му е и нему...може и повеќе од мене, очичките му беа полни солзи.
    Ах, оваа проклета држава... џабе ти се дипломите и сертификатите кога немаш вујко владика.
    Ќе се борам, не се предавам јас така лесно. Силна сум, ќе издржам. Заради мене, заради него, заради нас.
    Ветувам.
    Ако не, ќе си го спакувам куферот и ќе одлетам.
     
    На Mini-Mouse и EleMental им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК чудна работа, ама луѓево како некогаш ми ги читаат мислите, алал да им е :D ама приватност |( :D да не може човек на раат да мисли :rofl: нема смисла :wasntme: :D
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Стиховиве напамет, а Питагора го утнав, се глеа колкав голем впечаток ми имаат оставено.
    Питагора и неговите питагорејци биле паметни бре.
    Ете што сакав да кажам, дека златниве стихови ги обожавам и дека носат многу убава поучна животна порака.
     
    На Gordana10 и Magnolija им се допаѓа ова.
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Сакам да кажам...

    Имам некоја лоша трема и некои си бубачки во главата. Не, не се тоа вошки, туку мали проблемчиња што никако не можам да ги решам.

    Цел ден во школо си ги враќам солзите и мрсолите оти нема смисла ваква крава да плака и тоа без никаква, за нив, причина. Никој ни ме чепнал, ни ме почуствувал. И си замислувам разни убави нешта, надевајќи се дека ќе ми ги одвлечат мислите. Ај демек ова, ај божем ова... не бе не! Грутката таму си стои!

    Се враќам дома, гледам мајка е тажна, па ајде уште јас и требам. Милата сестричка се мачи да научи историја, тато и помага, а и тој со мислите е некаде далеку. А мене едно тешко ми иде, само што не пукнало.

    Да можам да го стопирам времето и да се изнаплакам едно убаво, никој ни да знае, ни да виде!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК ми фалат оние СМС кои на времето ми ги праќаа посебни личности во мојот живот, кои од мене извлекуваа насмевка и при најголемите бури... Оние кратки (па и долги), шашави, страствени, емотивни, љубовни, пријателски, и какви се’ не пораки, кои за цел имаа само едно:
    Да ме расположат, да ме потсетат дека тие личности се дел од моето секојдневие!
    Ме потсеќаа и на тоа дека навистина е доволен еден ситен, неформален, но од срце гест, за да направи да се чувствувам прекрасно, посебно, посакувано... Но месеците минуваат, а јас одамна не сум се почувствувал на таков начин... :/
     
    На La.Reina.Del.Sur, vendiii, Asterion и 2 други им се допаѓа ова.
  13. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк познав една форумџика, ама не и кажувам :wasntme: .
    Срам ми е :tmi: .
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Читам вицови сама и се реметам од смеење. Учење ич не ми оди бууу..

    Еден брачен пар одлучил да оди на зимување на 10 дена во северните делови.
    Поради работни обврски, мажот тргнал еден ден порано од неговата жена...
    ...Кога стигнал во хотелот го извадил лаптопот и почнал да и пише маил на својата жена. Но, во емаил адресата пропуштил една буква па емаилот стигнал до некоја вдовица која баш тој ден го закопала својот маж.

    Вдовицата вечерта седнала да си ја провери својата емаил пошта, да прочита некое сочуство од своите пријатели и познаници...
    После некое време во собата влегол синот и што ќе види.... Мајка му лежи на подот.

    Неговиот поглед паѓа во мониторот каде што пишува:

    To: мојата осамена женичка
    From: од нејзиниот најмил маж
    Најдрага моја, стигнав. Се е спремно овде за твоето утрешно доаѓање! Ти посакувам убав и среќен пат.
    Со љубов, твојот најсакан маж!

    П.С. Облечи се добро, овде горе е премногу ладно!!!
     
    На LivingGlam, Divinebutterfly, TennisBabe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК дека постовите на Трендафилка и Елементал се толку реални и отворени што боли :( Си пуштив дури и солзичка затоа што поголем дел од нас за жал многу добро го разбираат секој напишан збор од гореспоменатите постови. :worried: Затоа што сум се нашла и јас, а и мои блиски баш во такви ситуации. Моето комшивче на пример кое е 17 години и нема дечко, мајка и еднаш ја зафркаваше „Фати си дечко“ бла, бла, бла, а таа и одговори „Мамо дечкото на врата мене нема да ми дојди“. Точно. Таа треба неколку пати да излези, да се дружи, да запознава нови луѓе, така се фаќа и дечко, а додека седи дома, спречена поради финансиската состојба дома, како што кажа и самата дечкото на врата нема да и заѕвони. Жално е премногу и сурово вистинито. :x :(
     
    На Monna.Monna, crazylady, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.560
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк ништо не е невозможно, се што се сонува може и да се оствари. :)
    треба да го знаеме минатото, за да можеме да се справиме со иднината ;) :!:
    ова се цитати од еден филм кој ми остана врежан во умот :inlove:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Сакам да кажам...

    Леле, леле ах тие мали, будалести животинки колку многу можат да ти го разубават денот. Да внесат жар во твојот живот, пред гасење на огнот кој тлее и тлее.

    Воедно колку изопачени луѓе, милиони луѓе, сите различни умови, секој се носи со свој товар, а зарем ова претставува товар?

    Враќајки се од училиште капната, намрштена.. слушам од аголот на зградана моја, како мјаукаат мачиња. И јас не би била јас ако не видам што се дешава таму.
    Ах, некој! оставил две мачиња во кутија, а тие сироти мјаукаат ли мјаукаат.

    Ми падна жал, кутијата во раце и правец дома. Мајка ми кога виде и се крена косата.
    Ау-бау помина кавгата.

    И мачињата остана закотвени во мојата тераса.
    Души се! :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Divinebutterfly, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    :hai:
    Јас во цело прилично негативно расположение ќе ви кажам нешто убаво.
    Среќна сум.
    Иако животот неретко фрла цигли, т.е карпишта по мене, јас одам.
    Деновиве од мене не се симнува искрената насмевка, смеа, среќа ... мислам дека и секој што не ме знае може да го види тоа ...
    Кој кажал дека животот не е убав да си го гризне јазикот.
    еве јас си го прегризав затоа што често го кажувам тоа ...
    Знаете, во оние тешки денови што сите ги имаме ...
    Денови кога дома односите се срање.
    Денови кога врската ви е срање.
    Кога факултетот е срање.
    Кога се околу вас е срање ...
    Да, тогаш мразиме се, најмногу животот.
    А тој само не учи да ја цениме вистинската среќа ...
    Вистинската среќа на треперењето на срцето кога после цела недела ќе ги доближи неговите усни до моите.
    Вистинската среќа кога дома ве пречекуваат како мало дете и се радуваат а ве немаат видено само еден ден ...
    Онаа среќа која ви го полни срцето ...
    И среќни сте затоа што околу вас има среќни луѓе ...
    И ве боли кога нив ги боли ...
    Сега јас со нив се радувам ...
    Уште некој испит телето ќе има диплома во рака ...
    Татко ми ја зема првата плата после месец и пол ...
    На мајка ми и ја покачија платата конечно, и сосема заслужено ...
    И денес за прв пат цело 4часовно предавање внимателно слушав ...
    А потребни се и денови кога сакаме да сме сами, да плачеме, да читаме, сами со себе ...
    Имаме и тешки денови, депресивни и за нигде, кога ни се чини дека светот ни се руши ...
    Па ни преостанува вистински да ги цениме ваквите денови што еве конечно ми дојдоа ...
    Среќните, исполнетите, веселите ...
    Со се тоа се постигнува некој си баланс низ животот ...
    Баланс ... Како совршенството од јогурт ...
    Затоа што и животот е совршен ...
    Затоа што секој од нас е совршен ...
    На уште посовршен начин ...

    Јас и во есен ќе цветам ... додека го чекам дождот што толку го љубам ... :f:

    Имајте убава вечер, убав ден, убава недела, и убав месец ...
    Вака или онака, се ќе биде во ред ...
    :hug:
     
    На girl.23, Strumfeta93, Miss-Independent и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ја сфаќам девојката, бидејќи отсекогаш сум се наоѓала во иста ситуација. Само за превоз една вечер, треба да платам повеќе од што некого го чини излегувањето месечно. И затоа додека оддавам карактер на анти-социјална личност, несфатена од своите врсници што не излегувам секој викенд ко нив, трпејќи да те сметаат за неизживеан, преферирам да ги поштедам моите барем од тие финансиски трошоци. Цел живот одвојувале од својата уста, за да ги задоволат моите потреби. Премногу ги ценам и почитувам за се што сториле за мене. И трпам секојдневни лекции за тоа како ми поминува младоста, како треба да се социјализирам...Секој те разбира само кога ќе осети на своја кожа. Не се жалам, зашто сама сум одбрала ваков начин на живот. И затоа ме нервира кога некој убеден констатира дека парите не се се во животот, па како на нас луѓето се ни е малку. Е од тоа немање пари, се затвораш дома, се поретко запознаваш луѓе, за дечко да не збориме, па сето тоа влијае на психата, се нарушува здравјето. И сега некој нека ми каже дека пари не се потребни за да бидеш среќен и дека парите не влијаат на сите аспекти од животот.
     
    На Divinebutterfly, eli25, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    се смрзнав надвор :worried: до мене е или стварно е ладно? :^) :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.