Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    9.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК деновиве минуваат и се` потешко ми паѓаат некои работи.Се трудам насмеано да го пројдам денот иако во себе јас си знам како ми е.
    Тажно е кога некој што го познаваш се трансформира во некој што си го познавал.Тажно е кога поминувам крај тебе и се однесувам како да си дел од воздухот,како да не постоиш иако до пред неколку месеци ми беше се` во животот,душата ќе ја дадев за тебе,и се` уште би ја дала...
    Не разбирам како некогаш сум рекла засекогаш,а потоа тоа засекогаш сум го претворила во едно чудно и кратко време на кое му дошол крајот...Многу работи не ги разбирам,не го разбирам менувањето на луѓето,сликата останува да живее во мене...барем таа засекогаш.
     
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    Заборавив и тоа да спомнам. Ете кога веќе почнав да зборувам за дечко ќе се задржам на тоа, иако тоа не е најбитно и најтрагично од цела ситуација.
    Значи се нервирам кога некој ќе каже дека можеш да запознаеш некој и во автобус, маркет, на улица. Дали сите тие што велат така ги запознале своите дечковци/девојки на тие места? Дали средбата од 5 мин со некој во маркетот на каса е доволна за да прерасни во нешто повеќе ? Јас мислам не е. Па, можеби никогаш повеќе нема ни да го види, а не па нешто повеќе да се случи. Дури и да сака да запознае некој надвор од кафичите, дискотеките и сл. Не можи, бидејќи сите се во кафич, дискотека итн. Сум го видела ова со свои очи, не зборувам на памет.
    Ете како што кажа Либера, буквално се асоцијализираш и се повлекуваш, а згора на сето тоа, другарките ќе ти се лутат и ќе ти префрлуваат зошто не си била со нив за викендот или на кафе, а ти во себе пукаш и ти иди да ги вратиш од каде што се излезени, затоа што си им кажала мал милион пати каква ти е ситуацијата, но секако ништо не е исто како што е кога ќе го осетиш на своја кожа.
     
    На ViktorijaMari, EleMental, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не сакам кога некое забегано,болно и расипано претчувство ќе ми се исполни,а не сакам ни кога проблемите out of the blue ми се трескаат пред нос.Чаре? |(
    Е на пример,нешто што сакам е да не морам баш секоја животна лекција да ја учам практично,можам и теорија јас,од туѓи примери,вамте тамте не мора баш секогаш да се горам на врело млеко за да дувам на маштеница.Зошто имам чувство дека животов е премногу суров и амбициозен учител кој од некакви причини ме смета за супер ултра мега глупа ученичка?!
    Има многу вистина во тоа дека здравиот има илјада желби,а болниот само една и не дај Боже да се уверите во тоа.Јас се уверив.Понекогаш кога гледав филм во кој на главниот лик одеднаш му се случуваат триста глупости и најглупави незгоди експресно го заплескуваат,мислев дека е онака за ефект,колку да биде интересно.Епа не мислам дека е баш секогаш така.
    А времево пак си врви на најбезобразно рамнодушен начин,абре јас да се прашувам нема ни да се стемни ни да се раздени додека се не си дојде на свое место.Безвеза...ќе остарам додека да решам некои проблеми,а потоа доаѓаат нови,али се во насока на интересен живот и учење додека си жив. |( Деновиве јас сум на некој забрзан курс и добро би ми дошла мала пауза. :angel:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Има една добра фраза...Животов е како ролеркостер.
    [​IMG]
    Соу тру!Некогаш со таков шамар те спушта доле,а некогаш со сетта сила те издигнува меѓу ѕвездите.
    Твое е дали исплашено ќе размислуваш како е да се иде нагоре и ќе паднеш ли по пат,или пак возбудено ќе го чекаш секое ново издигнување размислувајќе колкуууу е добар погледот од горе.

    Колку повеќе позитвни мисли,толку повеќе позитивни случувања.
    Колку повеќе сонови,толку повеќе остварени желби.
    Никој нема да се бори за вас,и да ви го остави поклонот пред врата.Никој не ни знае што вие навистина сакате од животот,освен самите вие девојки!
    И на никој нема да му биде гајле ако не го добиете...
    Fight girls,fight!
    :muscle:
     
    На simoncelicius, I.v.a.n.k.a, Monna.Monna и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И на крај, кога некој што го сметаш за близок, ќе ти плесне - "А добро, ти правиш ли нешто во животот?", му одговараш дека ако ништо друго не се занимаваш со туѓи животи. Ко тоа што не сум го изживеала излегувањето и пијанчењето да е голем пропуст, ми ја намалува вредноста или интелектот. Навистина, сум пропуштила многу за мои години, но приметувам дека од немешање со толку различни карактери, останав нерасипана, со некое детско и наивно размислување. Додека тие се доживуваат како конкуренција и среќна ги прави помислата дека некој друг лошо поминува во животот, јас упорно гледам да помогнам. И забележувам дека кога се нудам да помогнам на луѓе што не ги знам, ме доживуваат чудно. Мислат дека имам некоја скриена намера, дека сакам да извлечам некоја корист од нив. Како и да е, седењето дома не е решение. Но...
    Before judging me, try walking in my shoes.
    Ми забега темава во Испукај се, затоа ќе престанам со ширење на негативната енергија и се извинувам за оф топикот.
     
    На julie77 и EleMental им се допаѓа ова.
  6. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    СДК дека до сега шиевме фустан за принцеза и правевме круна за маскенбал. Ме изненадија од градинката бидејки ниедно време е за маскирање :?: Имав одлични идеи за маски но керката пресече, принцеза и точка :D Направив што направив, важно таа е задоволна ;) :rofl:
     
    На x.Daisy.x и Squirrel им се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Релативитет. Се е релативно. Според Ајнштајн не постои тело кое е во апсолутно движење или мирување.
    Во мојот свет јас поинаку преведувам. Релативноста за мене е те има- те нема. Неземање на нештата здраво за готово.

    Се додека има некој на кој ќе му кажеш како ти поминал денот си среќен.

    Ја пуштам песнава
    http://www.youtube.com/watch?v=bOH_mioL3TU ,
    затворам очи и замислувам. Тој до мене, го синхронизираме ритамот на нашите тела.
    И полесно е
     
    На julie77 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    На Shana, Beauchamp, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    91.913
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кај мене број се менува за секунда. Им текнало дека не сакаат веќе да ги користиме и оп готово. Плус- Сакаш број? Сакам. Епа еве ти. Бар кредит да имаше. Се напнав мајке ми. Таман добив еден убав број и сега го немам па ;(
    Може требаше во испукајте се, ама ај бидна. :@
     
  10. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    487
    Сакам да кажам...

    Морав да го поставам. Ако навситина е така е стварно е болна работа :x :x

    http://hotxxx.com.mk/story.aspx?id=77
     
  11. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    Лелеее, рекорд :D Two and a half men се симна за 30 секунди :geek:

    Нема теорија !!!!!!!!!!!!!! :puke: :puke:
     
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Досега не ми притребал Paint, ама изгледа ќе почнам да го користам, зашто очигледно некои луѓе не разбираат со збор па мора да им црташ!
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк што кога и најблискиот другар не умее да те сфати :?: :(
    Епа како скиснато,скиселено зелче сум,уште расолот ми фали :worried:

    Фалеше уште тој да ме разочара и крај...и го стори тоа едно ми кажа друго кажуваат неговите постапки.
    Сам се фати во лагата...не очекував.
    На него му е тешко па од околу ми кажува,од мене исто така излегуваат некои наталожени тежини т.е. се борат да излезат но и јас врткам од околу-околу и така,и двајцата кажуваме се и сешто а ништо не е сврзано.

    Ви се случило понекогаш да имате потреба само од топла прегратка без прашања и зборови,само чиста топла,цврста прегратка,е тоа е она што ми треба онака без некоја посебна причина.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Но за момент размисли од друга гледна точка и пробај да дознаеш зошто таквото однесување од негова страна; можеби и ти него си го разочарала, си го „изневерила“ со некој твој збор/постапка? Ако е силно приврзан за тебе, лесно си можела да си поиграш со неговите чувства, дури и несвесно.
    Лесно е секогаш другиот да се посочува како тој што разочарува и да се градат ѕидови. Но пробај дојди до причината за тоа разочарување, ќе видиш дека некогаш (не ретко) проблемот е обостран.
    Не можеш да знаеш како твоето однесување го толкуваат и доживуваат сите, нели?

    СДК празнина... Само тоа.
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.048
    Допаѓања:
    123.937
    Сакам да кажам...

    Навистина е убаво кога ти стигнува подршка од некој кој не го познаваш,т.е. виртуелно.А подршка од близок-јок...само да те докусурат уште толку ;) иако се твоја крв,не не,ним не им е гајле :rock: АМА АКО!
    Повторувам дека не можам повеќе,изморена сум од борба и надеж! Сепак нешто не ме остава да се предадам на дното,иако се осеќам ко да сум таму....Не сакам,сакам да ми биде убаво ;(
    Убаво е кога читам дека не сум сама во моите маки,се пронаоѓам со некои феминки и ги ставам во моето виртуелно семејство.
    Криво ми е што кога се зачленив не бев воопшто активна- ми беше онака форумов.
    Сега не би го напуштила,токму заради некои негови членки :hug:
     
    На crazylady, girl.23, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    Сите мислат на срамотни работи... :wasntme:
     
    На martinuska и MacaLove им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Една умна македонска глава еднаш имаше напишано, доколку твојот нагон за убивање е дотолку нескротлив, а околу тебе владее неподнослив мир, тогаш најдобар објект за задоволување на твоите потреби за крв и месо се личностите со енциклопедиски незнаења.
    Таквите, вели, можеш да ги убиваш секој ден, по илјада пати во денот и повторно да ги оживуваш. Дури, и тие не ќе знаат зашто умреле и зашто оживеале.

    ...Но, што е со луѓето кои никогаш не научиле како е да се ужива во измачувањето на невини животинчиња.
    Или едноставно, самата помисла на покажување некаква си надмоќ над помалку моќните не им го задоволувало нити егото, нагонот, нити пак им покажувало колку тие вредат. А, напротив. Им создало шуплини во целиот нивни систем на морал и етички вредности.
    И... зар личност со помалку знаења треба да излечи нечие незадоволство од било што?!
    Ќе го направи ли тоа, тој... некој си повеќе битен од она негово - помалку битен во општеството?!
    Нели докажувањето на сопствената вредност би требало да биде со оние повеќе битните?! Впрочем, shoot for the stars, зашто би се свртел кон земји, кон влекачите?!
    ....удри си ги роговите во поголеми од твоите. Тогаш ќе имаш вистински задоволен нагон за убивање, ако убиеш!
    Ако те убијат, секако не ќе умреш... но многу веројатно дека ќе се родиш повторно за да убиеш овој пат... кога и да е тоа... некогаш ќе биде.
     
    На Strumfeta93, julie77, caroline.costa и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Си се почастив со една Милка чоколада па уживам во нејзиниот вкус !! Ова морав да го споделам, пошто чоколадово е незаменливо дефинитивно, зае*ете диети и да живее Милка !!!...кравата! ајтт мууууу.... :lol: :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • 3.jpg
      3.jpg
      Големина на фајлот:
      43,9 KB
      Прегледи:
      239
    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      11,3 KB
      Прегледи:
      239
    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      55,1 KB
      Прегледи:
      239
    На Adi888, joelle, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Сдк, да се надоврзам..

    Тоа е така, затоа што не знаеме да цениме. Секогаш се стремиме кон лошите работи.
    На пример, наместо во такви моменти да помислиш колку е добро да си така слободен, да шеташ без никакви грижи и обврски, си размислувал како само ти било досадно. И глупо. И сега, кога тие наведените грижи и обврски се тука и од нив глава не можеш да кренеш, сфаќаш колку само тогаш тие care free прошетки се многу попријатни. И ти недостигаат и посакуваш во тој момент тоа да си го знаел и на друг начин тој момент да си го проживеал.

    Никој не ни е крив, самите сме си такви.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.268
    Допаѓања:
    140.868
    Сакам да кажам...

    На некој треба да му се стемни, за на некој друг да му се раздени.
    Во последно време реченцава ми поминала низ глава многу пати, ама главно сум била од страната на изгрејсонцата, но не и денес.

    Прочитав нешто што боли. А сама си го барам. Знам дека ќе боли, и пак чепкам.

    Амплитуди. Каква златна средина!
     
    На Go-Girl, girl.23 и Shana им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.