Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку добра компарација :x Ќе морам добро да си ги зауздам емоциите, инаку кој после ќе се извинува :angel:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Сакам да кажам...

    СДК-Три работи возрасните треба да научат од децата: да бидат среќни без причина, секогаш да бидат зафатени со нешто, и да знаат да го бараат со сите свои сили, она што го посакуваат...

    -А јас,среќна сум си без некоја посебна причина,убаво ми е.Топло или студено,се приладогувам и ми се допаѓа секако,само да не се тропските горештини од 40 степени.Не за друго,косата не можам да ја пеглам,многу ми е топло ;)
    И уште нешто.Ќе си легнам со мала грижа на совест,бидејќи денес морав да ја измешам храната,т.е ручекот.Немав избор,ама дека беше многу вкусен,ми ја намали малце грижата на совеста :devil:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека од недела вечер се дружам со инсомнија,спијам по сат два преку нок,а преку ден скоро и да немам сила-еве ме во кревет будна уште од 5 а немам сила да станам кафе да си сварам....


    друго сакам да кажам вчера прв пат го пробав јогуртот слим витал и морам да кажам дека е прекрасен и за побрзување на метаболизам,и за слабење,но и за лек против запек (оваа не би го препорачила на никој пред работа да го пие)
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Чуствувам благ бран на разочарување кој се протнува низ форумов како змивче, тивко а воочливо. Изгледа повеќето ги зафатил момент кога едноставно - не ни се сите овци, кози, телиња па ни говеда на број. Разбирам. Се случува.

    Девојки, да ви каже нешто оваа пирамидлестава од другата страна на жицата - немојте ;) Ќе си речете, која сум јас да ви зборам или да ви мудрувам. Да, која сум јас, навистина. Ама оваа овде што моментално куца и ви пишува имала навистина денови кога не да не ви се станува од кревет - не ви се отвараат очите за да ја прифатите реалноста дека постои.
    Знаете како е да сакате на секој можен начин да си го продолжите сонот затоа што контате дека станал поубав од јавето? Да посакате да имате копче rewind за да се вратите назад во некој несовршено среќен момент кој потоа би го стопирале, затоа што сето она што следи е лошо навлегување во матриксот на работите? Да се научите како е да се борите самите со себеси за да бидете за едни столб, за други столче а за себеси салфетче на ураган? Да не можете да си дозволите ниту една солза да пуштите затоа што несебично морате да мислите и на другите? Да го чуете зборот крај? Да настане крајот а тој кој ви значел најмногу да не успее да ви каже ни едно збогум?
    Животот понекогаш има интересен смисол за црн хумор и начин на забава. Си игра со вас долга магарица, кутнам, бутнам - колку се? Падни стани. Но во поголемиот дел на истиот, не признавам збор судбина, околности или „таков ми е к’сметот“. К’сметот ни е онаков каков што ние ќе си го направиме. Понекогаш е потребно да мрднеме со сите прсти кои ги поседуваме за да дојдеме до целта. Денешниот свет не признава разочарани, натажени фаци. Кој доволно сака - може. А вие не сте билокој бре! Јасно ви е тоа нели? :)

    Затоа немој да потклекнувате пред моменталниот неповолен бран на ураганчиња кои ви ги дрмаат вашите задници. Овој живот си го креираме сите сами. Земете четките и посегнете по платното. Не ги мразете ниту пак немојте да им се муртите на оние околу вас кои веќе тоа платно си го нацртале или други им го нацртале иако не го заслужиле. По ѓаволите со туѓите животи, гледајте си го само вашиот и не дозволувајте да си го затруете дишењето заради моментална погрешна констелација на ѕвездите која ви надвиснала над главчињата. Денес е можеби облачно, но после бурата облаците ги снемува и доаѓа сонце.

    Свртете се околу вас и погледнете што имате - сигурна сум дека ќе си речете - па и не ми е толку лошо. Ајде да ве видам со насмевка и со тупаница во нови предизвици. И запомнете, секој е несреќен само онолку, колку што ќе си дозволи да биде. А сепак секој е несреќен на свој начин.

    Now get out and kick this world's ass! Ќе видите како ќе се стресе пред вас - ко Леонардо ди Каприо во ладна вода :D

    Ви дувам нежен бран на среќа да ви ги допре носињата како она на Були.
    Искрено ваша и форумски само ваша

    Пирамидалиш’с :)
     
    На Hopeful, snake, Strumfeta93 и 32 други им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    СДК Пирамид4е, мноооогу убав пост!!! :clap: :clap: :clap: Како и секогаш, од тебе во темава!!! :) ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека прекрасно најнајпрекрасно си поминав на екскурзија!! :rock: :rock:
    Прага е мнооогу убав град, исто и Будимпешта, али Прага е.. :x па и времето ни се погоди, топло, сончево, туристи колку сакаш, цел град беше туристи.. хотелот, па ја стварно се зачудив од каде таков хотел да ни дадат.. толку луксузен внатре.. 2-3 рецепции, фонтани внатре, дури имаше и базен и масажа спа..таквите ствари :o :o тих, како не си ги понесов купаките :D
    да не должам..најубаво си поминав, и оваа екскурзија ке ја паметам цел живот :)
    а сега следат многубројните муабети со другарчињата и споделување на доживувањата :lol:
     
    На zhap4e, starbucks и Phyramide им се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Не ми се работи, додека 10тина предмети стојат до мене јас си гледам фотографии цело утро пиејки го чајчево од брусница.
    Затоа низ омилените слики ќе си објаснам.

    Најпрво една голема насмевка, значи дечињава се циркузи, секогаш чепкаат кај што не треба :rofl:
    [​IMG]

    Сакам и вакви ноктиња
    [​IMG]

    Сакам и ова да доручкувам со сосче доматно
    [​IMG]

    Посакувам викендов тука да киднам, само јас и он
    [​IMG]

    Сакам гушкања и нежности :wasntme:
    [​IMG]

    Но нема, ме чекаат мојот лап топ книгите мои и кафето, треба да се учииии
    [​IMG]

    И за крај јес да е клише за денов, но навистина ми недостасува и посакувам денес да одржеше еден голем концерт кој ќе ни дадеше милион насмевки и ќе ни кажуваше дека не сака. Но судбината сакаше тој концерт поинаку да изгледа ...
    [​IMG]
     
    На Neytiri, crazylady, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  8. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ТОШЕ ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН!!! :l:

    http://www.youtube.com/watch?v=e6oagChT_Sw
    песнава секогаш ме растажува...тажна, но вистинита... :|

    Убаво ќе беше да е со нас сега, да си ја живееше младоста и животот, помагајќи и воодушевувајќи ги леѓето со неговата добрина и со гласот... ;(
     
    На Monna.Monna, BlackSwan5, baguf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Сакам да кажам...

    СДК Пирамидке фала ти на убавиот пост. :clap: :* и секако ако ние не станеме да направиме нешо за нашиот живот никој нема. ;)
    И уште нешто сдк Денов ми започна толку убаво, со утрински вежби, со кикснато нескафе :lol: ама сепак е убаво... Арно ама осеќам некоја промаја во срцево ми мое. Што значи дека пак ке следи уште еден битен разговор, за да не ме мава уште промаја.

    И за сдк дека ми е мило за мене самата што сум таква и полека станувам на нозе после долгава бура, и што пополека средувам некои работи во мој живот и со луѓе кои ги знам и кои никад ги немам видено а осеќам некоја чудна поврзаност со нив.
    Можеби баш со нив ке ми се случи Алеф... We never Know.

    И по секако за крај имајте убав прекрасен сончев ден. И нека ве води само нишката на љубовта. Без разлика каква и за кој и од кој е таа нишка. Битно да сме водени од љубов.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сакам да кажам...

    СДК Како можев да се успијам и да го пропуштам првото предавање :fubar:.Ми ѕвони алармот во 7 си викам ајде уште еден саат ќе поспијам и кога да видам 8 ипол станало |( .Ајде демек на второто ќе стигнам,да се надевам :) .
    А мразам што нема ни млеко па мора со вода да го пијам капучиното |( .
    Ајде да ве поздравам и јас со една песна од Тоше што ја обожавам.

    http://www.youtube.com/watch?v=Ioj8s3-FcUA
     
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Дали по некој дифолт овој период од годината сакс???
    Пак јас и моите прашалници...
    Не планирам да се трудам повеќе од ова што го правам... Не заслужиле луѓето! Сурови се!
    Сакам да му ја летнам негде, да прошетам САМА, да видам нешто ново... Ако Тедигреј, сакај си, не е забрането да се посакува!
    Сакам да спијам едно 10 дена...
    Сакам да биде подобро... Ќе биде!
     
    На zhap4e, crazylady и Squirrel им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    почнав да пијам Валеријана капки-и за нерви и за срце, и за стомак се па ке видиме(се пијат 3 пати дневно по 20-30 капки ПРЕД јадење)

    тој што го симпатизирам (еднаш во една друга тема ви казував) ми е поранешен колега, и му понудив пријателство, типов го нема да ми го одговори(барем да започнеме некаква комуникација, ама и една колешка заедничка ја замолив да ми објасни каков е тој-карактерно, т.е. таа ми го даде неговиот ф.б.)
    дека немам срека во љубовта, си знам, а не е ни чудо да сум проколната ;( (и не се ова глупости) мислам да присоберам пари да отидам да ми гата некоја гатачка, оти вака :x

    тоа што ке биде за тоше не мозам да присуствувам, оти немозам -навистина ми е зал, и така :|
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум изморен од некои работи... И не, не планирам ова да е некој тинејџ-емо-хејтерски пост, во кој кажувам како јас сум оној, добриот, а тие околу мене немаат разбирање, лоши се, сурови се... Ќе ја изложам реалноста таква каква што е, од двете страни. :!:

    1. Најти - Ангелчето; Едноставно се трудам за некои луѓе, за кои отстрана постојано добивам укорување, критики и шлаканици, потсеќајќи ме дека грешам. Нормално, и самиот сум свесен за тоа, но си барам оправдување за постапките во некои ситни, преситни светли точки, кои тук-таму се истакнуваат во целиот бунар темнина. Тие се свесни за тоа, и како пијавици максимално „цицаат“ од онаа енергија што јас ја вложувам. Резултатот? Атмосфера на постојана напнатост, исчекување, незнаење дали следи уште еден во низата студени тушови, или зрнце светлина... А од нивна страна, задоволено его и зголемен комплекс на виша вредност.

    Но!

    2. Најти - мрачната страна; Истовремено, отстрана забележувам како 3-4 личности интензивно се трудат околу мене и моjата благосостојба. Но овојпат, јас сум оној кој е лош, суров, себичен за нив... Зошто? Затоа што колку и да го ценам тоа што го прават, им возвраќам само со насмевка, почит, и пријателски настроен (но и извесно дистанциран) однос. А сите јасно знаеме дека нив таквиот однос повеќе ги „боли“ и од оној, никаквиот. Што би рекле некои, или оди до крај, или „тури му пепел“. А јас кај сум овде? На средина, ни ваму, ни таму. Резултатот? Кисела насмевка кога сум во контакт со тие личности, и чувствување немоќ да направам да се чувствуваат подобро, знаејќи дека за да успеам во тоа, ќе треба целосно да им се предадам, а не сум подготвен и/или не го сакам тоа...

    И така... Во овој период на крајна нестабилност, единственото поле на кое „газам“ сигурно е образовното и професионалното. На факултет сум од оние, „исклучителните“ со просек од 9.7, преводи повторно има во куп, а вчера потпишав и договор со Американската стопанска комора во Македонија, и од утре почнувам како нивен (платен) толкувач-практикант, со можност за далеку посериозна и поплодна соработка во иднина. Имам 2 различни работи, и тоа двете што ги сакам, преведувач, ем толкувач, а уште не сум ни завршил факултет. Кој е како мене, jеј! Уживам на ова поле, имам нешто за што други можат само да сонуваат, нели?
    Знам, многу добро знам... А сепак, зошто не ме радува? :/
     
    На IndieGirl, mims-89, Go-Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кој ке павел тест денес, па како што ме боли главата аууу :fubar: ама ајде учев се надевам 5 или 4 ќе добијам :$ :angel: :angel: :angel:


    Не се замарај по толку ти си таков каков што си и крај, ако некој те сака ќе те сака со сите маани и доблести :)
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК aко некој е доволно глупав и ве остави... Вие бидете доволно паметни - оставете го да си оди ! ;)
     
    На Smilly, Ivah, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    дете од второ оделение има фб и по цел ден виси на компјутер мајка и ја зема од школо а незнам како може да и дозволува на фб толку мала а и тоа по 4-5 саати на ден :tmi:
    какви луѓе има па и мајка и има фб си направила стаила слики со напрчени усни и триста глупости јас стварно не ги разбирам луѓево |( :|
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    Го слушам и неможам да ги задржам солзите. Немам зборови, не постојат зборови со кои ќе може да се опише неговата добрина, убавина и хуманитарност. Зошто Господ секогаш ги зема најдобрите? Што ќе остане на оваа планета? Четири години летнаа како птици, а споменот останува. Се сеќавам на тој кобен 16 октомври како вчера да беше. А денес пред 4 години посака ѕвездено небо и го доби. Сега си таму, ама и тука. Боли, ме боли, исто како да починал некој мој близок.

    Денес на Градскиот Стадион ќе има концерт во твоја чест. Ти тоа го заслужуваш. Ти си нашиот херој, идол, нашата гордост.
    Ние те сакаме, Тоше.

    http://www.youtube.com/watch?v=Z-78lemn ... re=related
     
    На Doozy, Smilly, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека падна и првата оценка годинава, првото петче! :rock:

    По тој повод частам кафе со добра песничка. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=baLaHiBPuR4

    Може не е во Шпанија, ама е со шеќер. :D
     
    На Strumfeta93, Phyramide, Smilly и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека денес ми е многу тешко иако денот е убав и истовремено тажен!!!Мајка ми ја однесоа во болница утре ќе прави операција,се надевам дека се ќе помине во најдобар ред.ТЕШКО Е МНОГУ Е ТЕШКО!!! ;( ;( ;(
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што убаво денес, полу-празни автобусите, милина. :mm:
    Поготово, ко што имавме скратени, немаше ни деца многу, а не е ни вторник, ни петок, фала богу. :rofl: Да си седнеш ко човек. А не само да се закачиш на некоја шипка, до вратата и да играш на нејзе, напред назад, како што застанува автобусот.
    Што е до школото, уште немам ни една оцена, малце некако слабо иде.. х)
    И тоа би било тоа. :)
     
    На IndieGirl и CharmedGirl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.