Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    7.322
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Би си го дала срцево, душава, секој дел од телово, се` што имам само за да ТАА биде среќна!

    Мамо, те сакам!


    Издржи.. ;(
     
    На Wild.Child, Neytiri, I.v.a.n.k.a и 30 други им се допаѓа ова.
  2. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    126
    Сакам да кажам...

    СКД и покрај тоа што ме боли стомак настината сум и тако даље добро сум расположена и нема да дозволам никој да ми го расипе расположението
     
  3. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    487
    Сакам да кажам...

    Во едно село далеку одовде си живееше еден бик. Тој бик беше најголемо ебачиште во селото, дури и името ја потврдуваше неговата способност да ги задоволи кравите од селото. Го викаа Џоко Ташакот.

    Џоко беше ги поминал сите крави во селото, сите освен една. Тоа беше Милка Недопирливата. Милка никој ја немаше допрено бидејќи ја чуваа позади висок ѕид од бодликава жица и од нејзиното млеко ги правеа познатите милка чоколади. Но токму таа недопирливост на Милка стана опсесија на Џоко кој беке не одеше кај другите крави, тие не постоеа за него. Постоеше само Милка со ѕидот од бодликава жица што ја делеше од останатиот свет и од него. Тој не ги слушаше другите крави како му велат да ја остави Милка, дека нема никогаш да стигне до нејзе и дека таа е само уште една обична крава.

    Но Џоко не се откажуваше, дење ноќе кружеше околу ѕидот барајќи начин да стигне до единственото нешто што не можеше да го има.. И така најде едно место каде што оградата беше пониска и си помисли ако земе доволно залет ќе успее да ја скокне. И така со надволски сили Џоко успеа да ја скокне оградата и да стигне до Милка и нежно да ја допре за да се сврте.

    Милка се свртела и му рекла: Здраво јас сум Милка Недопирливата но бидејки ти ме допре можеш да ме викаш само Милка. Џоко одвај собрал сила да се претстави: Здраво јас сум Џоко Ташакот но бидејки ташакот ми остана на оградата можеш да ме викаш само Џоко!

    E готово ќе пукнам :lol: :lol:
     
    На Divinebutterfly, I.v.a.n.k.a и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК...го завршив, конечно го завршив проектот.Со саати го правев, го средував, вадев слики, податоци од милион извори, преведував за да дојдам до повеќе податоци...И сега е конечно готов :geek:
    Мислам дека ќе сонувам хард дискови и SSD-а, а и по некој матричен принтер :lol:
     
  5. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Сакам да кажам...

    СДК добра ноќ девојки, имајте убава, а може и бурна ноќ во позитивна смисла. Поздрав до утре :* :* :*
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Кога ќе кажам дека сум талент, јас навистина го мислам тоа ТАЛЕНТ СУМ :wasntme:
    Ама не онаков талент како што треба туку во обратна смисла на зборот....талент за работи кои нетреба :rofl:
    Некако животов цело време ме сведува на онаа играта вистина или предизвик
    Јас нормално го бирам предизвикот
    Тука доаѓа зае*аниот дел......предизвикот е ДА ЈА КАЖАМ ВИСТИНАТА! :tmi:

    Епа алал да ми е, секогаш се зафркнувам сама..... :rofl: тоа сум јас ТАЛЕНТ!
    Кога ќе видиш по пократкиот или по подолгиот пат, јас сум таа што ќе го извлече подебелиот крај :D

    Не ми е воопшто забавна оваа игра, ама морам да се смеам....зашто и да плачам сеедно е, пак на крај ќе заврши исто - ту бед фор ми :|
    Таква ми е судбината :D
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.048
    Допаѓања:
    123.937
    Сакам да кажам...

    Жената е најслаба кога љуби... А најсилна кога е љубена...
     
    На teddybear, crazylady, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК збирај Вајлд метрото и наместо да мериш улици почни да мериш учебници. :(

    Во пет ипол излегов, а демек ќе учев, дури сега дома влегувам. Ќе заспијам над книга се кладам. Или ќе заспијам или ќе се зазборам на телефон, трето нема. :D
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Колку ми фали форумот :worried:
    Време за ништо,за комјутер па ич.......
    Епа драги феминки со мене се дешаваа неубави работи,изгубив дел од мене,ама се надевам ќе има друга шанса,токму сега во припремите за свадба убава еуфорија,ми стигна убава ,неочекувана вест...Не планирана ама слатка...Но,Господ сакал брзо да заврши ;( па така го снема....
    Додека се борам прво од помислата дека имав живот во мене а второ дека само што осознав го снема,заборавив на се па дури и на мене....Но неможам веќе вака,се уништив скроз,станувам полека,па верувам дека ќе се дружиме повеќе.Навистина не ми е до свадба иако матичното е на 20 ноември закажано.И тој не е повеќе тој,абеееееее,,,,,,,,,,,Живот!
     
  10. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Сакам да кажам...

    Луѓето се менуваат како ветрот!...Молчиш за да не повредиш некого, а потоа тој некој те повредува тебе! :) Tоа е реалноста но ЖИВОТОТ ОДИ ПОНАТАМУ нова средина,нови луѓе,нови почетоци,нови мислења за она што не опкружува и секако многу поубави и посреќни денови...да палавото.девојче навистина е среќно и конечно спокојно.Ги осетив и јас убавите денови но сепак идат уште поубави :)... Имајте убава вечер :)
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    СДК дека ние луѓето сме вечно незаситени створења.
    Секогаш трагаме по нешто повеќе, секогаш бараме уште, и што можеме повеќе да приграбиме за себе, а притоа плукаме по кукавичлукот и себичноста на другиот.
    Секогаш е полесно кога ја гледаш туѓата несреќа, секогаш е полесно некому да поделиш совет, да потапшаш по рамо, а за себеси секогаш се етикетираме како баксузи, какви вечити несреќовци притоа не ценејки што имаме покрај себе...

    Секогаш, ама баш буквално секогаш постои причина која ќе ни измами насмевка, која ќе не натера да помислиме и дека не е се така црно, да сфатиме и повторно да признаеме дека после дождот доаѓа сонце, после безброј солзи следуваат безброј насмевки.
    Единствено што треба е да го оставиме времето само да ги залечи раните.
     
    На Chocoholic, marama и Nightwalker им се допаѓа ова.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК, односно да споделам чудно и несекојдневно искуство со вас, што ми се случи вечерва...

    Бевме на плоштад по повод собирот што се организира во чест на нашиот миленик, Тоше. И, знаете како е на такви собири: многу лица, до кајшто гледаат очите, и сите разгракани, насмеани, распеани, прегрнати, од дното на грлото и заедно ги пеат рефрените на нашата вечна ѕвезда... Едноставно, иако се работи за настан што се одбележува во чест на покојна личност, некако атмосферата е ведра, хармонична, идилична...

    Стоиме така и ние, расположени, насмеани, но нешто извесно време ми штрчеше; на 10 метри од нас, застанала една девојка, по слободна проценка некаде мое годиште, се гушнала самата со рацете, гледа во видео бимот и жар црвена во очите... Сама беше, никој околу неа... Си реков го чека друштвото и/или љубениот, а во меѓувреме се присетила на Тоше и времето кога беше жив, и се натажила.
    Но некако, тоа се одолговлечи... Поминаа можеби 15-20-25 минути, а девојкава уште стои сама, здрвена, не го спушта погледот од видео бимот, ниту рацете од својата половина... Плус што сега веќе и дефинитивно и’ течеа солзи.

    Не можев веќе да гледам, ниту пак срамежливоста некогаш била дел од мене, и тргнав накај неа (осеќајќи одназад погледи на тие што беа со мене, како да ме бодат, додека се чудеа што ме мавнало во глава). И’ пристапувам онака индиректно, внимателно и почнувам:
    -Извинете ме ако пречам, но Ви треба ли палома за очите?
    *Сфаќа дека знам дека плаче и ги брише очите, и вика:
    -Не, не, во ред е, фала ти.
    -А ако не палома, можам ли некако да помогнам? Не дека Ве демнам или нешто слично (кога го чу ова се поднасмеа срамежливо), но не можев, а да не забележам дека стоите сама и плачете.
    -Ќе биде во ред, нема потреба од грижа, тие што требаа не дојдоа, а не па тебе да те малтретирам со моево нерасположение.
    -Аха!

    *извикав, и се тргнав, додека таа пратеше чудно што правам. Отидов до најблиската тезга за крофни, и зедов едни од поголемите, 50 денари што се. Се вратив кај неа и и’ реков:
    -Повелете, ова е на моја сметка, не за друго, за тие што извисиле вака млада и убава дама, да имаат на што да љубоморат кога ќе им кажете колку вкусни крофни сте јаделе.
    *Ме гледа збунето, ококорено:
    -Сериозен си? И те молам, не ме персирај.
    -Инсистирам! Ако вечерва плачеш за некои луѓе, тогаш дозволи една вкусна порција крофни да те насмее.
    *Уште позачудена:
    -Нема шанси! Не те ни познавам, а и си се трошел за мене, кажи колку пари треба да ти дадам.
    -Не треба да ми дадеш пари, подари ми само насмевка, и доволно е...
    *Настана тишина, некои 10-15 секунди. Потоа, ми упати остар поглед и рече само:
    -Дечкото кој ме извиси вечерва никогаш не би го направил ова за мене, а ме знае 100 пати подобро од тебе.
    *Јас на тоа се насмеав, веќе ми беше јасно дека се „предава“, па и’ ги подадов крофните и и’ реков:
    -Не знам кој е, што е, ниту што ти направил, но со самото тоа што не е тука со тебе, губи многу. А ти само што си ќари еден вкусен чоколаден десерт.

    *Се поздравив учтиво, и’ заблагодарив за издвоеното време, и си тргнав накај моево друштво, притоа свесен додека си одев дека во мојот грб е вперен љубопитниот, и веќе далеку поведриот поглед на една девојка. Само се насмевнав, и продолжив гордо...
    А, и да, девојката по 10 минути исчезна... Веројатно сфатила дека нема потреба да чека некој „кретен“ што не ја заслужува. :)

    Сакајте се мили, и вложувајте од себе љубов, нега и внимание... Не само што така на други им го разубавувате животот, туку чувствувате и некое внатрешно задоволство. Верувајте, јас вечерва и тоа како почувствував... :)
     
    На ehrgeizig123, bal0n43, ana-banana и 56 други им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    So true...
    [​IMG]
     
    На teddybear, crazylady, Annie.mk1 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    4.909
    Сакам да кажам...

    Има моменти кога ич не ми се става ништо во уста. А има периоди кога ми идаат луди идеи или ги среќавам на интернет.

    [​IMG]

    ;( ;( ;(

    Вреди да се пробааа!!! мммммм :)
     
    На Neytiri, BeYourself, Monna.Monna и 9 други им се допаѓа ова.
  15. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Животот постојано ни задава некакви прашања..а ние одговараме само на, небитините.
    Од филозофски аспект, одговорите и не се така битни. Битно е да се поставуваат прашања.
    А јас вечерва немам никакви прашања.
    Ниту пак одговори. Освен еден.
    Како секој копиљ со вишок време..пред компјутер сум.
    А што правам ?
    Исправувам криви дрини, очигледно.
    Не, денес ми здодеа.
    Ми здодеа туѓуте проблеми (ако можат така да се наречат) да ми бидат наметнат приоритет.
    А би филозофирала колку сме мали, но ветив дека никогаш повеќе нема.
    Место тоа би јадела 1/4 бурек и два реда милка. Ама нема..пошо сфатив дека само здравиот начин на живот ми одговара. Но, секако ме влече..
    Вечерва секако не сум расположена, освен за мрштење веѓи.
    А зошто повторно пишувам на истава тема ? Ете зошто.
    Зошто сакам да одам на годишен одмор..и да не се грижам дека некој ќе бара енциклопедиски превод на моите зборови.
    Ова не е текст со научна содржина, ниту е интересен. А гледам дека сум заглавила некаде.
    Што правам? Губам време, кое и онака е вишок додека се јави тој..
    Него го нема, а вети..
    http://www.youtube.com/watch?v=A12m73a0 ... r_embedded
    дајте и шанса :)
     
    На zhap4e, L-enna, cigarce и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    Алал да ти е Nightwalker, значи човек (жена де) да те грабне и да бега ;) Кога сите барем малку би се грижеле вака, светот би бил прекрасен.

    Туку, ај погодете од прва помеѓу пат во Лондон по повод десет години брак и ставање нови пвц прозорци во дневната која е на северна страна, што одбрав јас? :headbang:
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ^ веќе го одговори сама своето прашање со тоа чукањето на глава во ѕид. Не сакам ни да помислам да одговорам, мака ми е од старт :| :) :)

    СДК 00.00 некој вампир ме мисли 100%
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Сакам да кажам...

    Nightwalker ако некогаш сум сама и ми е тешко се надевам ќе налетам на личност како тебе.
    Прекрасно од твоја страна!!!
     
    На la-chicka, starfish и Nightwalker им се допаѓа ова.
  19. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сакам да кажам...

    Јас да ви кажам денес што ми се случи...
    Се двоумев дали во темата или тука, тука нека биде.

    Си ја купив денес книгата The vampire diaries и на постојка чекајќи го автобусот за дома почнав да си ја читам. И гледам едно машко ме гледа, ајде еднаш го начекав, два пати, три пати... Вадам огледало да не сум нешто извалкана, не... И влегувам во автобусот, слушалките на мене, си слушам музика и го гледам машково седнува до мене. Сиромав нешто пробал да ми каже, јас не го слушнав. И ме боцка по рамо и ме гледа, јас кажи му велам, па ми вика ја читаш најубавата книга од тој жанр. И јас му викам зарем и ти си фан на серијата? И од нигде никаде на сред автобус почнавме муабет со машково, ми кажа (без спојлери) отприлика што ќе се случува понатаму во книгава, па ми кажа дека јас сум била единственото девојче што го видел со таа книга :D И за на крај, на постојката на која што требаше да слезам ме праша дали сум за кафе.

    Од нигде никаде кафе падна, па договор за заедничко коментирање на новата епизода :D
    Наравоучение, читајте книги, не знаете што може да се случи :D
     
    На Strumfeta93, snake, x.Daisy.x и 29 други им се допаѓа ова.
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    BE SEXY TONIGHT!!! И доста само се жалите,ајде опуштете се малце... :*
    http://www.youtube.com/watch?v=RyD6voHMJJA

    P.S.Nightwalker алал да ти е за постапката,искрено ме натажи за момент,незнам,како некоја страница од роман да прочитав... Да се сите машки како тебе поубав би бил светот :)
     
    На Nightwalker и eli25 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.