Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК 1:
    Јас разбирам да користат луѓево фотошоп, ама нека го користат со усул.
    Гледам на фб кај една слики, на едната направила очи плави, ама онакви ко вампирски, после ко со пудра напраено лицето, т.е ко фасада да се рече. :D
    Кај друга гледам се сликала по купаќи, ама така троа подебела и да не и се гледа салцето, си го израмнила на фотошоп стомакот, а нозене со целулит онакви масни, и ци*кине балони, на ништо не личи.

    СДК 2:
    Колку обожавам кога ќе уклучам фемина, и прва тема што гледам е оваа, и ви се восхитувам феминки, колку убави постови имате, како ги склопувате речениците, целиот текст.
    Толку поетски, весел, скогаш ми измамува насмевка на лицето, во каков и mood да сум. :)

    И СДК 3:
    R.I.P Стив Џонс, уште еден вреден човек изгуби Земјава.:doh:
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Сакам да упатам една благодарност поради преместувањето на моето мислење во темата за ЈСП.
    Намерно го пишав ова мислење, затоа што е најчитана тема, и целта ми беше луѓето да сфатат што се преживуваме со нашиот градски превоз.
    И ако јас сум офф топик со тоа мислење, тогаш пола од овие 5002 страни, немаат апсолутна врска со суштинава на темата. Овде секој кажува тоа што сака, нели. Дури и кога сере, кога добива, кога му касни, кога ќе има односи со дечкото, па зашто и јас да не, нели ?

    Двоен аршин, така. Што за едниот, тоа и за другиот.
    Ајде поздрав.
     
    На EleMental и DeepBlue им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.145
    Допаѓања:
    67.344
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Е па ај пошто е најчитана тема да ги затвориме останатите теми и се тука нека се пишува. Зошто ли постојат други теми на форумов? Мислењата за кои има тема се префрлаат во соодветната.
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да кажам...

    Она што е восхитувачко кај големите луѓе е тоа што тие оставаат другите да зборуваат за нив и да ги фалат и нивните дела да кажат колку се тие големи.

    Инспирирана од луѓе кои не оставаат друг да каже нешто убаво за нив, и целиот убав впечаток паднал во вода кога почнале да се чукаат во гради велејќи - јас ова, јас она, јас сум најдобар.

    Скромноста е голема човечка доблест- бидете скромни, оставете простор друг да ве пофали, така и вашето задоволство ќе биде поголемо, верувајте ;)
     
    На EleMental, TeddyGrey, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Дека веќе си најдов две другачки на форумов и сега ги читам.Барам што се напишале во категорија секс :devil: Е многу сум безобразна :D :D п.с немам намера да се пријавам како нивни познаник во лп,нема шанса :devil:
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Молк, тишина. Погледите на другите 22ца вперени во мене. Молчев кога немав што да кажам, ама сега имав. И кажав! Кажав се, свесна дека после ќе имам катастрофални последици, ама кажав се што сакав.
    Не беше тоа говор смислен недела дена однапред и научен напамет. Сега беше шансата да кажам што имам и да не мислат дека јас вечно молчам.
    Бунтовник сум, го добивам тоа што го сакам со борба... Ама сега решив да не се борам со себе, да не се борам внатрешно, туку да се борам со сите, да се борам со цел свет ако треба, ама да бидам најдобра.
    Кажав дека нема никој да оди против мене, дека бев во право и дека мене никој ништо никогаш нема да ми одземе и да ми оспосри.
    И добив аплауз! Искрен, од сите... И довикнувања од типот „браво, така треба, алал ти вера!“
    А потоа и честитки. Не бев свесна дека толку добро кажав...
    Ама ете, барем сега знаат дека јас не знам да трпам неправда. Не дека не можам, туку дека не знам!
    А таа, занеме. Да не беше тоа што е, ќе ја наведнеше главата и ќе излезеше. Ама не можеше, ја разбирам.
    Сепак, барем сега повеќе ќе ме почитува.
    А тие, на сите им благодарам. Колективно, групно и сложно ме поддржаа.
    Фала!

    Денес, светот го изгуби човекот кој создаде јаболко кое го промени светот!
    Лесна ти земја, Стив Џобс!
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Сакам да кажам...

    А замисли они знаеле пред тебе, си ќутеле и те читале :D
     
  8. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека јас и кога не сум во право, сум во право :D
     
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК напишав цел цитат во СДК и на крај по грешка стиснав alt + left. |( И цело го изгубив... ме мрзи пак да пишувам!! Се изнервирав! :@ :@ :@ :@ :@
     
  10. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку слатко се смеев :lol: :lol:
    Си идам накај дома така замислена, и вниманието ми го одвлече една стара женичка, по точно розевите букви на нејзината блузичка. You wish your girlfriend looked this good :lol:
    Мајкоо.... душа, си викам, не ни знае што пишува а си ја влече блузичката по град. Не дека е којзнае што, ама смешничко ми е малку. :) Од сега па натаму ќе си ја проверувам баба ми што облекува, да не почне да ми шармира машки низ градов :)

    Наравоучение: Учете англиски, ќе ви треба! :!: :D

    Пријатен ден :*
     
    На Miss-Independent, Divinebutterfly, enca.69 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК тврдокорен реалист, вели дека заборавивме да користиме фантазија. Суровата реалност не натера на тоа. Ги хендикепираме сопствените мозоци само заради тоа што реалноста ни е многу сурова и затоа што ебеното општество не ни дава да фантазираме.
    Сакам да си замислувам убави работи, и да верувам дека ќе ми се случат, да очекувам да ми се случат... Но спротивно од тоа, секој ден се повеќе и повеќе се разочарувам и заборавам како да фантазирам...
    Незнам која е поубавата опција, дали е подобро да бидам цврсто на земјата, или треба да го развивам мозоков, да го тренирам, да изнајдувам решенија за подобро утре, кое веројатно нема ни да се случи...
    Фак...

    http://www.youtube.com/watch?v=Qve6ist6 ... re=related
     
    На Buttterfly, Magnolija, EleMental и 4 други им се допаѓа ова.
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    4.909
    Сакам да кажам...

    СДК цел ден се мислам зошто луѓето се жалат за пари кога сите бутици се полу-празни иако штотуку добија нова роба, козметичките и фризерските салони се полни, а исто и обложувалниците, како и кафетериите. Економски стојам добро, ама не сум тип на човек кој купува штикли од 5000 денари. Зошто да трошам 5000 за еден пар штикли кога можам да си ја обновам цела гардероба. Сакам да кажам многу се жалат за пари а сите се дотерани цик цак. Ама, тајната на успехот е во скромноста ;)
     
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    Нормално дека не очекувам да се зборува за него секој ден, ама на луѓето кои што јас ги имам изгубено не ми текнува само на нивниот роденден и на денот кога починале..не одам на гробишта само за задушница..мислам на нив речиси секој ден а одам на нивниот вечен дом само кога ќе почувствувам потреба..А ако на некого му текнува на тие луѓе само на тие два датума незнам што да кажам за нив. Лицемерно овде ми е тоа што на тие три датума почетната страна на фб ми е исполнета со негови песни, со негови слики, негови изјави..сите пишуваат дека им недостига, сите плачат по него. Прашањето ми е зошто не напишете или објавите нешто од него на пример 25 јуни, 7 декември..или кој било останат ден од годината? Мене ми е крајно лицемерно а сите останати можат да си го сфатат како што сакаат.
     
    На crazylady, eli25 и MandyLane им се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Сакам да кажам...

    Пишувај за него manja ако имаш потреба секој ден, или било кој ден...Само не споредувај загуба на близок со загуба на позната личност...
     
    На Go-Girl, bittersweet, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    Во право си..воопшто неможе да се спореди..јас го спомнав тоа бидејќи девојката во горниот пост ме имаше прашано за тоа.поздрав.
     
  16. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    [​IMG] :|
    Секаде се заприметува ова...Ништо од уникатност, оригиналност, креативност.
    Но, затоа, овде на фемина имаме толку оригиналност во постовите што се чудам како на форумџиките им текнува тоа што го пишуваат. Оригиналност, креативност, се’ на едно место. Браво!
    Е такви луѓе се за пофалба, а не некои кои немаат врска од животот и чекаат на парите од мама и тате и немаат трошка памет во главата.

    Не знам како да ви објаснам какви мисли и впечатоци имам во главата моја за тие форумџики (очигледно не сум како нив, мислам, тоа е повеќе од јасно, ноу хард филингс) , само ќе кажам дека мислам дека се најдорите, паметни, прекрасни жени кои постојат. Им посакувам се’ најдобро.
    И да, се надевам дека оригиналноста никогаш нема да згасне во нивните постови! :)
     
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    Како муабетот добро ?

    Луѓе си има тема за тоа мене Тоше ми е отворена рана , ама најмалку сакам да се дискутира за него на овој начин човекот немаше мир ни на земја а како што гледам ни на небо .Што се не му прикачија , атентат , овој е крив оној е крив 300 верзии еве ваков нагон ми иде :puke: од лажни фанови и фолирања , од препукувања околу неговиот лик и дело ...

    Поштување ќе ве молам !!! :!:

    Јас си го жалам со срцево , не го слушам секој ден , доволно ми е што ми е во срцево доживотно . И не оправајте вака или така секој има право на свое мислење кое ако е нормално има право да го сподели . Зошто ги има и помалку нормални |( не посочувам ниедна од вас :!: ...

    СДК дека се осеќам уморно ама позадоволно ...
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    СДК дека во Политика имам толку за коментирање, ама не бе :!: , инатот не ми дава од неколку причини, прво не мислам да се инаетам и контрам со партиски војничиња, второ не планирам да се докажувам со некој кој прочитал две дефиниции за политички партии и демократија и мисли дека се знае, трето несакам и овде да ме трујат со безпотребни нервози апро по политчка ситуација, ориентација, позиција и опозиција и тако даље.
    Секогаш едните се азни и мазни, а другиве лопови и безрбетници кои ништо не работат и само крадат.
    Абе луѓенца политка е к*рва, и една сурова и безобразна игра во која само најслините преживуваат.
    Додека вие овде очи си копате за репутацијата на премиерот, за скандали, за воени злосторства...таму негде во некое збутано канцеларииче во Владата седи еден чичко кому ни име, ни сурат му знаете а тој чичко ги влече најважните потези.
    Ова Грујо, Бранко, Рада...се само пиончиња кои кога ќе им дојде време ќе летнат надвор од шаховската табла и пак тој чичко ќе каже од денес Ратко, Митко и Станко ќе си играат позиција и опозиција.
    Фантазираме за демократија која ја немаме, односно ја имаме само на папир и толку.

    Затоа момиња убаи, одморете мозочињата рано е да се притресувате за политика уште на 20 години, јас тоа студирам па ич мува не ме лази дали бил Грујо или Бранко. Член сум во политичка партија чисто од лични интереси и можда некои 2% ради идеологијата, за друго ич не ми чуе.
    Утре кога ќе го сместам гзов во некоја удобна кожна фотеља ќе бистрам политики и ќе разгорувам страсти, а сега за сега се посматрам низ призмата на интересот и реалноста, не за друго туку зошто така ми одговара.

    Бидете ми поздравени и олабајте се, опуштете се, напијте се каве оти азното само ќе си дојт.
     
    На JuLleE, Go-Girl, Offspring и 4 други им се допаѓа ова.
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ретко има работи кои прават да ми затрепери срцево и да ми се насолзат очиве, а воедно секое влакненце од телово да ми е наежено.. од милост, од жал, од се во едно..
    Сабајле си пиеме кафе со колегиве, и веднаш до масата каде што седевме дојдоа една бабичка и дедо и бабичката изгледа беше нешто болна, а на двајцата на лицето им се гледаше умор..АМА тој ја држеше за рака цело време, и кога влегуваа и после кога седнаа, значи не ја попушти ниту еден момент.. Толку беше.. не знам, еве и сега ми се насолзуваат очиве кога ќе ми текне колку беа мили...
    Љубете така искрено и грижливо, што да кажам друго...
     
    На Dulceee, Divinebutterfly, Asterion и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК
    Не сум веќе госпоѓица сега сум госпоѓа :lol:
    My man has made an honest woman out of me :rofl:

    Стигнавме со бебушов здрави живи дома, патот го поминавме одлично дури и не бев како што сум вообичаено намќор патувач туку стекнав и нови познанства.

    Си ги изгушкав и избацував(излигавив)на брат ми близначињата и првите неколку дена не се делевме со внук ми, највеќе се сакаме на свет.

    Имав секс прв пат во теков на бременоста :$

    Се регистриравме со либево сега ако издржи малиов во мешево до недела ќе има и мала интимна свадба.

    Коцките од мојот мозаик конечно се сите на свое место.
     
    На Buttterfly, Lacrimosa, MacaLove и 26 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.