Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    Во контекст на ова мислење сакам да кажам дека нормално е кога кажуваш став да очекуваш и мислиш дека си во право. Го пишуваш, значи го мислиш, сметаш дека е исправно и сам за себе си во право. Зошто јас би кажала сега нешто за кое мислам дека не е точно од мојата гледна точка? :) Врти сучи, чим пишуваме тука свои ставови значи сами за себе си сметаме дека сме во право, се додека некој аргументирано не не побие. :)
     
    На LilBaby, BoaVista, najubava2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Имајте убава ноќ и уште поубав ден.
    Ви посакувам пријатен почеток на дождливиот викенд кој ни претстои. Искористете го утрешното сонце и напијте се кафе со друштво невнимавајќи на времето, бидејќи нели - петок е ;)
     
    На Tinker-Bell и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Имам еден предлог, да започне размена на членови на форумов. На пример добар процент да се префрлат на Гламстик :wasntme:
    За подобро утре, нели :wasntme: :tmi:
    :)
     
    На Monna.Monna, Miss-Independent, Go-Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да кажам...

    Чудни се луѓето, некогаш како сами да сакаат да страдаат, сами си ја предизвикуваат несреќата.
    Знаеш дека нешто не е добро за тебе, и пак упорно го земаш, отфрлајќи ја помислата дета опасноста те демне.

    А некогаш кога веќе ти се нуди шанса и си излегол здрав од вртологот на животот, пак сакаш онака да ѕирнеш, да се наведнеш над него- чисто да видиш дали вртењето е побавно, а не си свесен дека може да те однесе, дека се уште си кревок во борбата да испливаш подалеку од проблемите.

    И тоа сожалување кон другите- па добро, некоја личност те газела цело време, знаеш дека таа е виновна за твојата несреќа, а ти сепак и се правдаш дека не си ти виновен, или ти е тешко ако знаеш дека страда, а свесен си дека не заслужува ни грам од твојата грижа.

    Дали сами си ја бараме бељата?
    Дали сите луѓе се такви, сакаат да одат по жица знаејќи дека можат да паднат?

    Или само оние кои не се робови на законите на општеството, оние кои се покоруваат на срцето и под дејство на андреналинот го прават тоа што ги исполнува, макар и да изгорат?

    Можеби сум конфузна, можеби речениците ми се нејасни и не се поврзани, исто како што не ми е јасно дали треба да бидеш лицемерен за да преживееш во овој свет, ама знам дека јас не сакам да го глумам мојот живот.
    Ама не знам ни дали да ги осудувам оние кои глумат- оти не е лесно да не знаеш која е личноста која ја гледаш во огледало.
    Зарем не треба на сите луѓе да им се даде шанса, да им се помогне без да се очекува нешто за возврат, или само на оние кои имаат некаков статус? |(

    Нели тркалото се врти- некогаш најголемот уличар може да се издигне многу над тебе и да го цени твојот топол збор многу повеќе од оној со кој цел живот си пиел кафе од лицемерие.

    Јас не знам што е толку тешко да бидеме луѓе- зошто не даваме без да очекуваме нешто за возврат?
    Зошто мора да правиме нешто што не сакаме, или право да ги сечат од корен нашите желби кои се спротивни на нивните, однапред зацртани.

    Се што посакувам е среќа.
    И за оние кои ме повредиле.

    Сакам глума во театар, а не околу мене.
    Не знам зошто се чувствувам вака, зошто овој пост е толку конфузен, а се што сакав да кажам е дека не е интересно кога е едноставно, секогаш мора да направиме нешто да биде комплицирано, секој си пати од главата, секој си одговара за неговите постапки без разлика какви биле, и без разлика дали некој верува во карма или не- на крај секој си го добива тоа што си го заслужил.

    Јас не знам кога ќе го добијам моето, и дали ќе биде добро, ама некако не сакам да дозволам некој да ме смени и да станам лицемерна, сакам да останам јас, не сакам да се откажам од луѓето и од мислата дека не се сите лоши, па макар и да страдам- сакам еден ден гордо да се свртам назад, знаејќи дека сум постапила како што сум мислела дека е најдобро и дека целта ги оправдува средствата, ама целта мора да биде одредена од мене, а не од некој друг, бидејќи тогаш ништо не би имало смисла.

    Сакам да не чувствував таква празнина.
    Ама ќе легнам и утре ќе ми помине. Морам да продолжам да чекорам, долг е мојот пат, нема да дозволам една ваква емотивна криза да ме поколеба.
     
    На EleMental, Miss-Independent, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сакам да кажам...

    Премногу ги сакам ѕвездите, за да се плашам од ноќта...
     
    На I.v.a.n.k.a, Go-Girl, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Сакам да кажам...

    Згрозена сум од Трујачите на кучиња и мачки.
    Секојдневно читам по десетици кучиња и мачки затруени низ скопскиве населби.Баш денес читав дека овде во Аеродром угинале десетици кучиња. :( Оставале отров во паркови :fubar:
    Еј, па не се ли свесни дека може да настрада од отровот и некое домашно милениче или дете?
    Постојат и поцивилизирани начини да се редуцира бројот на кучиња. Ако не слушнале постои стерилизација за женски кучиња, кастрација за машките, вдомување...
    Немаат ли ронка жал за тие невини животинчиња? И тие сакаат некој да ги храни, шета и чува наместо да се на улица.
    Се ни цвета во државава, па уште тие сметаа и ај сега и нив да ги сотреме.
    Ми се повраќа од вакви нечовештини.
    Срам да им е!
     
    На Monna.Monna, Theodora, XMaN и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека само јас можам да бидам волкав баксуз!
    Што ме болеше вчера главата цела вечер - ме болеше, ама асално болење при секое движење, денеска имам пролив. Да, да - пролив.
    Што згрешив толку не знам, па ваков поклон да ми праќаат. :(

    Не ми се верува дека надвор е црна темница, а јас пеглам коса. Јез да ме разбуди телефонот од луѓе желни да ми честитаат роденден точно кога сум се родила, ама измрзнав. Во коски студов ми влезе. :x
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.047
    Допаѓања:
    123.936
    Сакам да кажам...

    Бррр ама е ладно :yawn:
    Денес ми се работи ама навистина и тоа,иако спиев само 3 часа,ме мотивира што:
    [​IMG]


    Навистина ми е потребен викендот.Лечи многу,а потоа може пак по старо.Се надевам не.
    Следи полнење на батерии :)
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Сакам да кажам...

    сдк да воглавно мразам автобуси и то многу, но денес убаво ми беше да седам со непознати луѓе и да ја слушам буката од автобусот, имав прекрасно чуство како никој не ме гледа и никој не ме ги слуша мислите и не ме замара со секакви прашања. Чудно

    но денес е ден на чудни случувања, додека седев во автобус чудна мисла ми прелета низ глава: посакав идната свекор и свекрва да ги викам мамо и тато .

    чудно.

    јас сум голем противник на тоа, но разочарана од сопствената мајка имам потреба да ја почуствувам топлината на тој збор и таа другата жена што не ми е ништо посакв да биде тука со мене наместо мајка ми и посакав неа да ја наречам мамо или мајче, зошто повеќе љубов разбирање и подршка имам добиено од неа отколку сопствената мајка. чудно нели?
     
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Сакам само да бидам среќна,како што бев.........
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Утрово божем требаше да одам на испит, ама Љубам се исплаши, не е доволно спремна и не сака да се срами, види и ти ум нејзин, ама кога ќе размислам имам термин за 3 недели па сега боже мој. :tmi:

    Љубово рано по сабајле ми врти. Нишлија он, па нормално не му дигам, ќе му ојде цел кредит а вчера се видовме на скајп.. Да ми посакал лом да напаравам на испит хахахах, кој парадокс сум..

    Денес чекам потврда за дата кога ќе ми биде изложбата во Кавадарци. Леле мамо имам идеи во глава ми треба гола жена в када.. Кризирам за да сликам, кризирам.. бу кога не можеш да си ги задоволиш потребите.

    Машината позади ми титка дека испрала, денес ќе чистам и те како ќе чистам.. ова мрзиве овде не се заинтересирани за хигиена нешто, ама јас на таа шоља не седнувам. |( Заминаа на работа се испопрскав со некое чудно средство не го разбирам на шведски, смрди јако, ама и чисти јако..

    Сега ќе и се јавам на мојата Мила, да и посакам убав ден во школо, ја сакам, ме храни ах колку многу, роденден и е на 30 Октомври, морам да организирам забава мала од овде, ќе изнакупам поклони и ќе и се појавам на врата. Ја прашав што сака, таа ми рече " изненади ме ".

    Ах животе понекогаш те сакам премногу, понекогаш мака ми е од тебе..
     
    На Divinebutterfly, GarpovaV, TheCandy880 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    Кога некој бара да бидеш тука за да ти се исповеда кога му е тешко, а кога му е лесно никаде го нема тоа значи дека не те гледа како пријател туку како корпа за отпадоци.
     
    На PussyHunter, Fearless и WhiteButterFly5 им се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Љубам да те читам Љубам, затоа што љубиш и кога другите се откажуваат од љубов. Ах севдах :)
    Се пишмани за испитот, нејсе. Со повеќе берикет наредниот пат.

    Аирлија петоков. Шуќур новиот кружен тек кај католичка. Кога само ќе ми текне колку чевли искинав по тие сокаци мислејќи се како да стигнам на едно мераклиско кафе во Излет. Ама ако! За арно нека е. За убаво уште повеќе.

    Душава ми е апла ѓурулти. Се создал еден совршен калабалак на емоции, очекувања, возбуда, страст. Мераци! Ич не берам гајле. Како што велат Incubus, whatever tomorrow brings I'll be there - with open eyes and open arms yeah! Ишала!

    Машала денов, едно прцле убаво слави роденден а јас кога ќе ја видам, ќе ја згмечам од љубов :inlove:

    И така ѓузел моми, водете љубов, внимавајте да не настане некој куршлус, јас земам ѓезвето, филџанот и одам да си турам едно кафенце, шербет да ми го направи денот.

    Бујрум, ашколсун па и аферим! На кафе или на ратлук кој со ептен мерак ќе го споделам со вас.

    Денес ми е денов локум :) Ќе го оставам да ме гали а јас ќе го стопам. Под јазик.
     
    На Divinebutterfly, LilBaby, Sweety-Tweety и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    Статус кво. :|

    Два збора кои моментално најдобро ме опишуваат мене и мојот живот.
    Ни напред ни назад, ни лево, а богами ни десно. Горе и доле не доаѓаат предвид. Евентуално ако тргнам некогаш во косина, па да се вратам, со чекор лево назад. Други правци нема, нели ?

    Не знам што е проблемов, па ајде, нешто, нека се случува некакво напредување. Во било која област, било каде и било кога. Викаат, сами си ја кроиме судбината. А како да ја скројам, кога ништо, ниедни ножици и ниеден конец не ги контролирам јас ?! Најозбилно, на моменти помислувам дека сум марионета во некој куклен театар, и некој одозгора ме тапка само во место. :x

    Кој напредок, никаде не гледам напредок. Да, убаво ми е, интересно е, ми се случуваат интересни секојдневни работи. Не ми е досадно, но ми е монотоно. Каде да одам, што да правам, на кого да се обратам за КОНЕЧНО да видам нешто да оди, да се движи, придвижува, макар и наназад ако треба...

    Едино што моментално напредува кај мене е моето ниво на култура и горната граница на нервите.
    Си ги тренирам, секојдневно.Да не се развикам на неодговорните, да не го испцујам глупавиот и да не му шлакнам шлаканица на шлакнатиот.

    До кога ова, ќе видиме....

    Па и јас се чудам, овде мртво пиле не вирее, а не пак млад човек со амбиција и ентузијазам.
     
    На la-chicka, julie77, Izaabella и 2 други им се допаѓа ова.
  15. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    ааа само колку е убаво чувството кога знаеш дека доаѓа викенд,а уштe поубаво тоа што и денес не отидов на училиште малце ме фати грипчето ама па денес немам само малце ми е затнат носот,а и имав на училиште испитување па куртулив некако.

    СДК дека многу несериозно си ја фатив работата книга немам фатено да земам барем да ја разгледам а камоли да учам,само шетам не сум дома прибрана,веќе си заработив една 1-ца и сега ако ме дознаат дома ќе јадам некоја казна и тоа физика предметот со кој се расправав и во основно,па сега ќе гледам да ја поправам како знаам и умеам,премногу ми е тешко по предметите кои во основно наставниците беа лабави а овде по тие предмети па се најлошии...
    Знаев дека ќе биде така и покрај тоа што знам јас пак си терам по своее.
    ЕЕЕ главо дрвена.. :fubar:
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денес сум уморна, ненаспана, мамурна, без волја за ништо, постојано гледам во часовникот и како да сакам набрзинка да прелета денов и да си легнам.... |-)

    Денес е петок, ден пред викенд....не знам зошто ама не сум толку возбудена, напротив и не сакам што е петок.... претстојниов викенд имам недовршени обврски, нешто кои се ситни и мали, а сепак треба да се завршат, стојат и чекаат своја завршница.

    И пак сум во трка со времето, до кога вака...до кога ќе трчам по секоја помината минута и секунда и ќе се вртам назад погледнувајќи го она што останало зад мене, и чекајќи го она што допрва треба да дојде....ќе имам ли време?...ќе постигнам ли?...ах судбино...ми иде да ти мавнам бокс :punch:

    Секое утро еднолично, исто како и претходното, ништо ново, ништо невообичаено, ме уби секојдневнава монотонија.

    Знам дека сум конфузна, таква ми е цела седмица...трчам, трчам и не запирам...уморна сум, немам инспирација, немам желба и волја за ништо...

    И да , дома живеам со вампири....само некој станува, тропа, се вртка, шетка...дали јас имам лесен сон или пак вампириве изгубиле осет ....дефинитивно ми треба сон.

    Сакам да се вратам назад во времето кога безгрижно спиев до пладне, кога мама ми вареше утринско-пладневно кафе, се` уште во пижами, со бушава коса и си муабетевме, ми фалат тие денови....кога летна времево, кога прелета.

    Одам нешто да порабатам, од секоја страна само демначи, секој те прати што и како правиш...досадни сте како муви и зуите како бумбари. |(

    :hai: Останете со здравје.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    На музичар, не му треба ништо освен гитара, глас и љубов во него.
    Какви бек вокалс, какви студија.. Слушајте што е талент, што е глас..

    http://www.youtube.com/watch?v=IUku43N-JKg

    СДК дека ми е многу жал што ова се поретко го има, музичката индустрија и те како иде надоле.
    Изгледа дека во денешно време доволно е да си сладок и да имаш шишки, и оп ете те меѓу најпознатите. А да имаш талент? Што ќе ти е, имаш шишка.
    Ќе ти напишат два-три реда текст, ќе ги испееш, кај што ќе утнеш само ќе се насмееш, и тоа е.
    М?
    Епа не.


    Петок како петок, убав ден.
    Со среќа на тие што денес треба некаде да одат со автобус, денеска е денот на пензионерите :)
     
    На Wild.Child, crazylady и eli25 им се допаѓа ова.
  18. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сакам да кажам...

    Сдк дека многу ми недостига фемина,неделава немав време многу многу да ве читам,по малце сединав на пц,али викендов е пред мене па има да ве читам читам :)
    http://www.youtube.com/watch?v=6QQQKJJB ... re=related Еден поздрав од ене,да не ме заборавите ;)
    Се извинувам што заминаф офф топик со поздраво:)
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека кога нештото ќе се расипе, не се поправа никако.
    Нема враќање назад. Посебно не ако поминал период од три години.
    Три години во кои чувствата се изгубиле, во кои многу станици се смениле.
    Три години во кои постојката е разрушена.

    Не може, не...
    http://www.youtube.com/watch?v=26PAgklY ... ure=relmfu
     
    На Izaabella, Annie.mk1 и crazylady им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Имам многу за кажување ... Како што и најчесто имам, и секогаш немам доволно букви на тастатурата за да го искажам тоа... :|
    Петок... А јас не му се ни радувам... :|
    Искачање вечер... А јас не му се ни радувам... :|
    Тој ме сака... А не му се ни радувам.... :|
    На ништо не се радувам! :|

    Би ме израдувала некоја поголема добивка на лото...
    Би ме израдувала нова есенска гардероба...
    И што, сеа сум материјалист??? :cash: :cash: :cash:

    Ми е гајле. Тоа би ме израдувало. Неизмерно многу!

    Цела недела на рипит ми е Rolling in the deep... И се подлабоко заглавувам со емоцииве кои не можам да си ги објаснам... Ај алмост хед ит ол.... :|

    Ме боли вратот, укочен ми е! Ме боли кичма или бубрег, не можам да одредам, ме сече нешто таму позади. Го чувствувам грлово како темпирана бомба и очекувам некоја настинка јака! Зашто кога нешто не ми е по ќеиф во животот мене ми мава на имунитет? А да, и на јадење... Ооо колку ми сметаат овие вишок 5 кила...
     
    На zhap4e и crazylady им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.