Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    Четири и пол години ми е ваква состојбата сестро слатка, без надеж да се промени нешто на подобро во блиска иднина. Тука сум, ама не сум. Потполно те разбирам и се надевам дека бргу ке ти помине периодов. Гушка :hug:
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    СДК ... јас не знам стварно која е поентата кога на ФБ се објавува кој на која точка од планетава се наоѓа?! Која локација ја окупирал, се тоа преку мобилниот телефон ... Не знам па кому тоа толку би му значело во животов?!Ај донт кеар! Наметливост, фалење е тоа ништо друго.
    Отсекогаш луѓево шетале, од секогаш имало движење по светов, па не морало да се докажува или покажува. Сега со технологијава да се нема бре една мала интима, да се не знае дека тој што навистина шета и ужива во тоа нема потреба некому да докажува ... Луѓево се изгубија во виртуелниов свет. :tmi:

    СДК ... имајте убав, не наметлив, ваш и само ваш ден

    [​IMG]
     
    На la-chicka, teddybear, Miss.Ricci и 7 други им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ме фрустрираат дебили, кретоноиди, кои од мало нешто прават драми. Драми! Конкретно случајов со девојчето што фалсификувало уплатница за да може да студираааа! Па и давам рака бре. Сака да се надгради, сака да успее, за да си ја олесни иднината која и не е некоја олеснитлена ситуација конкртено кај нас.. А оние собраниски кретенчиња крадат суми огормни за да си го наплнат газот со задоволства, а таа е што треба да учи и да се мачи уште. На социјален случај уште да подигнат кривична постапка ќе биде срамота. Јас да сум на власт и да знам дека го направила заради да се доизгради како личност, БЕЗ ПАРИ ЌЕ И ДАДАМ ДА УЧИ. Не знам гледам со гадење кон одредени ситуации ми се гади.. И ми е жал кој стрес и го прават и нејзе и на семејството што го направија вака јавно..

    И ова ме нервира што не прават овци на здрав ум..

    Сведок на убиството на Мартин Нешкоски

    5 Јуни! Парламентарни избори во Македонија. Работев во Мисијата на ОДИХР/ОБСЕ за набљудување на изборите во земјата. Некаде околу 23:00 часот се приклучив на Баскерфест на градскиот плоштад во Скопје, не
    по работна должност. Требаше да останам во центарот на градот бидејки бев на дежурство од 02:00 – 08:00 часот на 6 Јуни. Стоев со пријатели до една од музичките бини на баскерфест. Помалку од стотина метри од местото каде Мартин беше убиен.


    Кратко после полноќ, додека стоев со пријателите одеднаш забележав како двајца трчаат. Веднаш сфатив дека едниот бега а другиот го брка. Излегоа со трчање од толпата каде ВМРО-ДПМНЕ ја прославуваше изборната
    победа. Трчаа во правец кон мене. Ме одминаа во трчање.

    Помислив дека од некоја страна ќе се појават другарите на едниот, другарите на другиот и во очекување на таков инцидент му реков на пријателот до мене: “ Да се тргнеме од овде, ќе има гужва”. Немаше време ниту да се тргнеме, ниту да насетиме што ќе се случи. Мартин падна на плочникот. Не верувам дека падна на начин
    кој би го чинел живот. Убиецот веќе беше зад него. Серија тупаници во главата и серија клоци по телото додека убиецот сфати дека Мартин не се брани. Моментална паника кај убиецот. Го зеде телото на Мартин и го тресна на металната клупа пред штандот на Форнети. Видов како главата на Мартин неконтролирано отиде
    наназад. Убиецот зеде шише вода и го посипа телото. Немаше никакви знаци на живот. Се приближи второ лице во цивилна облека. Среден раст, црна коса. Проверуваше дали има пулс или некакви знаци на живот.

    Дојдоа униформирани службени лица. Двајца од нив го зедоа телото на Мартин и го одвлечкаа низ тревникот се до камената шахта пред паркингот на МЕПСО. Го одвлечкаа телото во вертикална положба. Верувам за
    да не создадат паника меѓу очевидците. Додека го преместуваа телото на Мартин, го свртев погледот во обид да го лоцирам убиецот. Забележав како слободно се одалечува од местото и како униформирана полиција му дозволува слободно да си замине. Во тој момент му реков на пријателот: “Како си оди убиецот слободно?
    Зошто го пуштаат да си замине? Овој не е обичен граѓанин, овој има ли дозвола да убива?!”

    Забавата на Баскерфест продолжи, и покрај тоа што сите видовме убиство! Не престана музиката, не престанаа перформансите, не престана веселбата.

    Телото во темници лежеше додека гледавме огномет, веројатно поврзан во изборната победа. Прославата на партијата заврши многу набрзо после убиството. Славениците си заминаа многу тивко. Речиси како да
    немало победа, како да немало прослава...тивко во колони си заминаа.

    Додека телото лежеше потпрено на бетонската шахта, се приближив да видам што се случува. Брзата помош доцнеше. Впрочем, дојде половина час после убиството. Не сакавме да веруваме дека момчето не е живо. Брзата помош си замина. Телото на момчето остана, со една разлика – сега беше покриено со црн најлон.
    Телото го чуваа 4-5 униформирани полицајци. На паркингот имаше полициско возило. Полициските службеници направија обрач околу телото, не дозволија никој/а од нас да се приближи доволно блиску, ниту да праша што се случува.

    01:50 – Службениците во комби. Телото на тревник. Дојде бело, цивилно возило. Излегоа сите службеници од комбито. Се ракуваа со двајца кои излегоа од белото возило. Почнаа да сликаат! Тогаш, и само тогаш моравме да прифатиме дека момчето не преживеало.


    **********************************

    Забелешка: Официјално сведоштво е дадено во Основниот Суд II во Скопје. Текстот напишан овде, не е идентичен со сведоштвото дадено во Суд бидејќи е пишуван подоцна.
    Share


    Извинете морав..
     
    На la-chicka, Miss-Independent, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Сакам да кажам...

    Хронично ненаспана, крајно соновно измачувана...
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    Истото и јас вчера го зборев. Девојчето при толку голема желба за студирање (што е реткост кај мамините и татините галеничиња) морала некако да се снаоѓа, а овие сега одма со кривична!? А бе неа треба да и доделат целосна стипендија за сите години додека студира. Жалосно!
    Додека што викаш фотељиерине не знаат веќе што пари крадат и тоа апла без срам! :fubar:
     
    На Acerola и ljubam им се допаѓа ова.
  6. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Сакам да кажам...

    Girls! Can't live with them, can't live without them!

    Ноуп. Шкртај.

    Girls! Can't live with them... That's it! :wasntme:
     
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    дека ништо не ми се прави така ми е некако ..а треба да учам полагам еееееејјјј :( :( и дека ме мрзи да се избањам и да се средувам ;( ех пуста мрза :rock:
     
  8. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Сакам да кажам...

    Не ми се станува, не ми се оди никаде..сакам цел ден да си лежам и ништо да не правам...
     
  9. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Сакам да кажам...

    Има една статија на фемина ''Жените сакаат темнокоси, средно високи, креативни мажи'',ја објавив на фб,и дечко ми во коментар ми ставил слика од него.Демек-тој сум! 8) :D Баш ме насмеа,ми го разубави денот,лудо едно.

    На повидок е убав викенд,дождот кој го најавуваат нема да ми ги расипе плановите,ниту расположението.
    Имајте убав ден девојки и жени.
     
    На Buttterfly и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    7.308
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не можам да се препознаам.

    Се` ми е измешано. Ме има, па се губам, но несвесно. Така безброј пати, едно по друго.

    Мисливе ми се хаос, чувствата исто. До кога ќе се тешам со период - пубертет, ни сама не знам. Нормално ли е ова?
    Зошто сонувам за нешто што го немам? Упорна сум во намерата да го добијам, а знам дека откако ќе се случи тоа, ќе го отфрлам од себе.
    Непредвидлива сум, го слушам ова секој ден. А, најверојатно е и вистина.

    Самоконтрола? Не знам каде ја заборавив истата.. Ќе научам еден ден дека се` што лета не се јаде. До тогаш ќе повторувам едни исти грешки.
    Сепак, најголем грешник сум во мислите. Човек најстрашно е кога изневерува некој друг во нив, ми се вртат едни исти слики постојано.

    Ама, за едно ми е најмило. Тоа е успехот на моите најмили.
    Сите напредуваат и на скоро сите им се случува нешто убаво.
    Едните ќе снимат спот за одлично парче музика, другите се заљубуваат, среќни се.

    Кај мене поради тоа има и смев и солзи. Највеќе поради мајка ми, зошто ниедна друга среќа не може да ме направи толку среќна како нејзината. А ја немам видено како се смее искрено со години.. Кога ќе се случи тоа, тогаш и моево срце ќе заигра од среќа.

    Ја сакам, ги сакам.. мојот живот, сонцето што ме грее, небото што сјае.. тие се мое се`.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Ме нема бидејќи немам време бе лепоти .
    Ептен се активирав , почнав со работа , одам на факс , цело време само сум во движење.
    Е тоа е ново кај мене друго нема .

    Сеуште сум вљубена и сеуште ги нервирам шмизлите околу мене :angel:
    Ве поздравувам !!! :*
     
    На LivingGlam, BeYourself, Miss-Independent и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК Подари му на детето насмевка, тоа ќе ти го подари своето срце :)
     
    На Doozy и teddybear им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сите комшии ајвар праиме... Си се смееме низ дворовиве... Кој лупи, кој пече, на кој семки му летаат... Комшиска идила :)
     
    На LilBaby, crazylady и enca.69 им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Среќна сум што не сум се родила сега. Среќна сум, што уште од 2 години, не сум знаела за компјутер
    (како случајот со тоа детето што научило демек и англиски и да работи на компјутер)
    и што барем малце си го проживеав животот на улица. А им завидувам, на тие што се родиле уште порано од мене, и што уште повеќе го проживеале детството, надвор на улица, без компјутери.
    Затоа што тоа веќе, сигурно нема да се повтори. Порано, бевме сите една група од сите генерации, си игравме заедно. А доколку сега се собере само мојата генерација, ќе идеме поделени на еден куп помали групи, од по 3,4 деца.
    Зошто не збориш со оваа?
    Не бе, види ја, колку е дигната.
    Со оваа?
    Абе има идено со сите.
    Со оваа?
    Види ја колку е глупа.
    Жално, но вистинито. Или пак, јас сум само изрод, што ова се случува само кај мене?

    И да, би сакала да кажам нешто во врска со автобусиве, поточно за вторник и петок.
    Мислам, разбирам, што пензиите се мали, и се тоа. Ама зошто мора сите да одат на пазар, баш кога ние идеме, или се враќаме од школо?
     
    На Monna.Monna, GarpovaV, PussyHunter и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    СДК
    Стигнав дома му сум .
    Емоции и куп размисувања во глава ,една од попроблематичните женски особини бивало не бивало да се заминаваме со куп работи ЗОШТО ..затоа што женски мозок така размишља нема друго објаснение .
    Затоа па напати го поштуем машкиот мозок LIBERTE DE
    На каква крстосница сум од животов ни сама не сум доволно свесна промени ме очекуваат кои незнам како ќе ги поднесам повторно се предавам идиот сум знам карајте ме .А моите години го докажуваат спротивното .А јас лејка, BY THE WAY знам дека ова не е оправдание да кукам тука и да пишам што како решението е во мене .
    Друго ми е оди во шутка да си купам некое евтино парче и така за поскапо немам пари доволно во мом.
    Виноскоп ..ќе се дегустира некое винце милини убавини без некои големи очекувања онака да се ужива во моментот .
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека ви благодарам на сите за честитките! :) :*
    Пораснав и јас. :rofl:
    Утрово ми беше преубаво. Еден куп честитки, гушкања уште низ ходник. Убаво е кога знаеш дека не заборавиле. :)

    Се` е подготвено за добра журка вечер, повелете кој е ЗА! :)

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, GarpovaV, IndieGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=xHwWla5Cgxw

    И дека ајвар + леб + сирење = :inlove:


    Светот е поубав кога се будиш крај љубовта. Пиеш чај irish morning, те заплискува мекоста на гласот на Чет Бејкер и ништо не е важно.
    Апсолутно ништо.
    Да се води љубов, додека месечината е како младо сиренце за црната ноќ - мачка гладна, е чиста поезија. Велиме - Ние си ја правиме оваа ноќ магична. И така и беше, така и ќе е.
    Попладневно, слушам како косат трева во паркчево позади зграда. Перам алишта со нов Ленор и си ги душкам новите списанија купени и оставени на куп во ходник, мама утрово ги изнакупила.
    Зборови, некогаш не знаат да изиграат убаво ако не им подадеш вистинска рака.

    Падот, е на меко.
    Ко на заедничката перница.
    Ќе си ја читам сега Стаклено ѕвоно и ќе уживам во тишината на сопственото тело.
    Одмор, ми даде ти, одмор, и од себе и од светот.
     
    На anastasija85 и eli25 им се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Сакам да кажам...

    Ја батка на жена и пружам се...али најмногу се нервирам кога и пружам веш а она упорно ми се меша у штипки... -Тошо Малерот
    Се дури постојат шупаци од мажи, дотогаш најголемите пачаври да ми извинете на израз, ќе уживаат статус на кралици, нешто што би требало да го ужива една поштена, вредна и пожртвувана жена и мајка... :@
     
    На MandyLane, eli25, Go-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да кажам...

    Сите што бевте загрижени за студентката еве вест објавена на факултети.мк

    Почитувани студенти и студентки и сите останати

    Во врска со случајот со фалисуфикуваните уплатници од студентката, би сакале да ве замолиме ако може да ни доставите контакт име и презиме на студентката и начин како да ја исконтактираме, затоа што има една личност која сака да помогне и да ги покрие сите трошоци околу сместувањето на студентката.
    Ви благодариме на сите
     
    На la-chicka, Lilit, Marilyn-Monroe и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.