Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Сакам да кажам...

    Добро е го преживеав теророт
    ги преживеав тешките времиња

    и сега без црна дамка на срцето.... i come back to the life of femina :^)


    WARNING
    (Читањето на текстот може да ви одземе повеке од 20 мин)

    Anyway
    Мислам дека треба целата приказна да се напише
    ама интересното е тоа што како на филм прво снимаат еден дел кој ке победи , после што се случувало пред да дојде до победата итн итн ...

    Нашата приказна започнува на 14ти Септември 2011 кога од сончевите и ведри денови пустошеа низ Скопје .... каде ја дознав информацијата дека ние ке патуваме 3 дена во Албанија (некој си опустошен роднина од мкд се преселил тамо ..) па да го посетиме после 25 год :^)

    Мислите кој ми ја заврзаа главата се дека Македонците и Албаниците не се во најдобри односи ...па за да стигнеме до албанија треба преку Косово :worried: .... и си реков толку е Јипман
    нашето време дојде ... ке ме фатат , силуваат и ме продадат на некој старец со 85 год.

    Стравот го обзема моето тело , и време беше да пишам збогум на сите ... така фемина фацебук и уште 2-3 српски форума беа испратени збогум пораки каде им благодарив на сите за дружење и се одјавив и почнав психички да се спремам за патот

    и така да убрзам 1.2.3.4.5.6..7.7.7........ дена подоцна , дојде 4 ипол октомври и седнав во кола и се извозевме ... поминавме граница ... поминавме Косова .... и стигнавме во зелените предели на Албанија
    прв сообракаен знак кој го видов у Албанија беше ( забрането за коли кој носат ексползив)
    HOLY CRAP!!! Im going to die .... како и да е стигнавме до селото,
    од разбиен тим отприлика 100 кукички имаше и бидејки беше мрак не видов многу
    се упознавме тамо со фамилијата и фала богу имале син , уште керка да имаа тоа ми фалеше ... него како и да е не успеав да напраам муабет многу оти уморен си легнав и така го завршив мојот прв ипол ден во DEATH CONTRY ....

    утредента , нов ден ... свети сонце , дувка ветренце , темнината кружи околу мене ... и тогаш ми дојде другарчето и почна да ми објаснува .. како, што , зашто, (За Манчестер УТД беше да знаете) и почнав да се запознавам со лугето од село , чудно 97% беа албанци и сите знаеа многу добро македонски
    гледаш фората они знаат ја што зборам , а јас незнам они што зборат ... нели не е фер :!:

    како и да е доагаме кон филмската убавица која искочи од својата дрвено=камена=малтер=керамичка кукичка и целата срекна се запознавме. ЗНАЧИ ле-ле колку беше убаво девојчето ,просто јас се закочив , значи неможев да мрднам .... само потсвесно пружив раче да се поздравиме и толку и оваа отиде да ги викне другарките и да се собереме сите машки=женски да го упознаеме странецот од Македонија.... тие 2.5 минути пауза од нејзиното идење да ги викне другарките и вракање да ги упознае нив со мене .... јас здрвен незнам што да правам
    и си викам , полека смирено можеме ...
    и сеа да не се лигавам ке ги забрзам наредните 2 саата од мене како се потам додека зборам и нејзините другарки (кој чудно ја мислам муслиманската религија не дозволува да бидат толку разголени ама ајде) како ми се смешкаат итн итн
    и сега наредните 2 дена доагаат неколкуте CHALLENGES кој морам да ги завршам
    некои успеав , некои се посрамотив и умрев во себе по малце ....

    како и да е дојде мојот најтежок challenge .... Нељути се човече ....ЗНАЧИ таа игра е направена да се нервираш и ништо друго ... и нажалост тоа се случи ;(
    први победија девојчињата , се разбира им попуштив
    Dinosaurus : No you didn't
    Yipman2 : Shut your MOUTH
    ....
    Како и да е последни останавме со другарчето и јас имам една фигура и ми треба да падне број од 2 и 4
    а него треба 6ка да му падне за да победи ... и си фрла и 6ка добива и јас добивам Caps Lock Rage и фрлам све од прозор ...

    сеа не е интересно сите разговори што сум ги промашил но еве еден чудотворен
    ФУДБАЛ , кога-тогаш дечкото и девојката ке почнат муабет за тоа
    ги прашувам X-GIRL (таа што ја свигам) и XX , XOX , и XXO (Другарките) за кого навиваат во англиско
    Сите ми одговараат
    ЧЕЛЗИ ....
    мојата фаца = [​IMG]

    и ме интересираше нешто друго и ги прашувам кажете 2 играчи
    X-GIRL = Ballack , Анџелоти
    XX = јас гледам само да му се противам на дечко ми
    X0X = јас гледам оти многу си го сакам торес
    и не и дозволив на последната да ми одговори бидејки лошо и полошо ке се деси
    и пази ме прашуваат а ти Марко за кој навиваш
    - АСТОН ВИЛА гордо со тежок глас
    X-Girl : Ама тие се големи дупки
    Yipman2 : WHAT DID I JUST HEAR ?
    [​IMG]

    Any angry way ..... вечерта се собраа ме викнаа на пиење ( замисли у село се опијануваат како у диско во Скопје хмммм.... ) како и да е јас ги прашував малце повеке за Албанија и нивните истории , обичаи и итн итн , можам да кажам многу научив

    и тука се разбира јас почнав да давам убави комплименти на девојчето ( чудно како срамот после 2 пијачки исчезнува како ветувањата на владат после избори) , ама ништо освен хахаха смешен си
    ништо друго ... и вика доцна ке си одам да си легнам
    јас бев
    Yipman2 : [​IMG]

    утредента беше фантастично
    отидовме до Тирана (главен град патем е на Албанија) ( нели самото име ко име за АЈКУЛА е нели ... нели ?) и човече , какви све убавини има Тирана како и да не спомнувам околината и све
    па јас тогаш сватив (глуп сум !) па цело време сум имал погрешно мислење за нив , и така мојата омраза во срцето , така мојот страв во срцето ... како руска салата на нова година ИСЧЕЗНА ...
    леле си викам па дури ја се збогував со другари и сите дека ке умрам тука а оно било уште позабавно и подобро да се запознаат оваков тип на луге.... и искрено ниеден Албанец не ми ни промрче , нити опцу , нити замрази ... ништо

    после тоа се вратив домче , т.е во селото и тука почнав сеа малце важен да се правам , на таа бабичката и почнав да и готвам некои јадења што ги знам ( Пица и шпагети со прелив од ќовтиња)
    Mama Yipman cooks for everyone ... (Italian akcent)

    Anyway ме викнаа на фудбал да играме , девојки против машки .... сега е моментот Марче-Чмарче да ги покаже своите способности

    и играме така 10-15 минути кој со копачки кој со папучи и јас тука ја добивам топката
    го здогледав голот , сонцето се обиде да ме спречи , ветерот да ме одува , влагата да ме настине
    НО нема предавање се залетувам замавнувам по топката извикувајки АСТОН ВИЛААААА и тромаво ја шутирам и право во XOX девојчето .... нокаут and first blood for yipman2
    и така прекинавме утакмицата изгубивме 1-3 од девојчињата ... и почнав да се спремам бидејки ке се трга рано изутрина за Скопје

    God :[​IMG]

    И тогаш запознав нов дечко , дојде со Јака кола ....ауди и тоа , и почнаа да се муваат со девојката која се обидувам да ја шармирам
    ама баш некое јако мување беше тоа ... дознавам од другарчето дечко и девојка биле 1 година :o

    Иако мора да признам Љубомората во мене како оган во борова шума се запали и почна да гори
    но сепак после 10 секунди ми текна Jelosy = Anger = Hate = Defeat , и така брзо изгасна како петка во дневник ....
    и срцето ми се исполни со радост и почит кон девојката , која и покрај сите мои обиди да ја шармирам ( не дека ја имам некој обиди или пак шарм ама ете мора да се проба :emo: ) ги одби и реши да остане верна.
    да се убрза малце сето ова бидејки стана малце заморно 1.5.6.7. часа подоцна се поздравив со сите отидов у кола возевме низ albany , kosovano , и мкд ... го видов знакот Скопје
    прво на ум што ми падна е песната од еден филм што го гледавме заедно (каде ја правев пуканки)
    http://www.youtube.com/watch?v=UfEKKvdGO7o

    и стигнав во Скопје , жив и здрав ... и си викам ... леле колку сум глуп што пишав goodbye на сите кога уствари сватив дека ништо од тоа на вести што го слушав не е точно за Албанија

    дури и го прашав тогаш другарчето , зашто нема омраза тука ... он ми кажа
    - И вие сте луге и ние сме луге ... едиственото нешто што не дели е глупа политика и уште поглупа религија :x

    така да еве официјално тука пишувам дека погрешив и барам прошка од било кого , моите прерасуди на крај се поправија и успеав да се вратам на патот "becoming a better man"

    .......
    и да кажам сеа кога се вратив малце читнав ова она и кога видов какви постови сте пишале за моето идење (Vendi ти топлина во моето срце внесе)
    ми потекоа солзи искрено да пишам , иако многу ретко кога плачам јас

    Dinosaurus : but you cry on romantic films too ...
    Yipman2 : [​IMG]
    I Said shut your mouth you bad bad dinosaurus.

    Уште 3 реченици

    Имаме нов машки член >
    >Ladys and Gentlemen behind door numero uno
    >>>>> P-U-S-S-Y H-U-N-T-T-T-T-T-E-E-E-E-R

    wellcome 8)



    X-man THERE IS ALLWAYS TIME FOR BEER
     
    На Asterion, vendiii, Monna.Monna и 30 други им се допаѓа ова.
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...


    Хахаха, друже, непотребно „развикано“ збогување од твоја страна, кое за мене уште од самиот почеток беше „осудено“ на неуспех, поради една фина „Активни членови во последните 24 часа“ опција на форумот, кајшто (не)случајно го имаше и твоето име, повеќе од ден откако го пиша срцепарателниот пост. =)

    Патем, добредојде назад, и нека не те чудат евентуалните хејтерски реакции на дел од форумџиките, кои, рака на срце, сосема би ги оправдал. Не заборавај, го остави форумот со скршено срце, дел кој со себе го понесе. :P

    ПС. FYI, соодносот Муслимани-Христијани во Албанија е многу поизедначен отколку што ти мислиш, судејќи според твојот пост кајшто во неколку наврати ја чепнуваш темата религија. :)
     
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК дека не секогаш крајот го краси делото, како овој ден за мене.. Завршува трагично.. Отиде инспирацијата, концентрацијата за учење и желбата за добар провод вечерва... Господ ме чувал викендов да останам тука, Господ ме оставил да бидам со тебе, бате мој ;(

    Само да бидеш добар.. Не знам како се случи сета несреќа, како се запали колата.. ;( Биди силен те сакам, иако ретко ти кажувам.. Се правам силна пред сите, а во себе тонам.. Ми требаш, не ме оставај сега, млади сме ;( 22 години ги нанижи, немој сега ;( Те чувам во себе, река од солзи ми навираат додека го пишувам ова.. Тешко ми е.. Немам кому да се олеснам.. Сите трчаат вода и шеќер ми даваат, сите се избезумени, изгубени, солзи им навираат.. Не сакам уште повеќе и јас да ги нервирам.. Потребен си ми, а верувам и јас на тебе.. Бори се, како што впрочем од секогаш си бил вистиснки борец !!!.. Никогаш не си ме разочарал, немој и сега !!!!...

    Те чувам длабоко во срцето, ти си моето богатство.. Знам дека ова во живо не го кажувам, но знај дека ми значиш повеќе од што мислиш.. Ветувам дека веќе нема да се тргнам кога ќе дојдеш да ме бакнеш и гушнеш.. Ветувам дека нема да се лутам кога ќе ме викаш дебело, мече и што уште не.. Ветувам дека ќе те слушам и дека понатаму ќе ми бидеш се !!!..

    Бате, те сакам ;( :l: :hug:
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Иии, падна првата петка. :rofl: Ама не кај мене, кај едно девоче од клас. :rofl: Одговарав и јас, ама некако слабо, слабо.. Од понеделник, ќе губиме часови на велико, ама затоа од другата недела, ќе не рендаат така малце по-по-по-поише. 11 октомври се паѓа во вторник! Јес! Не е битно, кој било од вторик или петок, само да е некој од нив. :rofl:
    И така јас денес ќе си летам од дома.. Ко што сестра ми леташе за мојот роденден, заедно со моите. |( Ќе идам на гости, и сигурно ќе се досадувам до вечер. Без компјутер ќе се грр брр. Ама договор, што да праиш, мора да го почитуваш. Ај барем ќе слушам муабети. :wasntme:
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Со доаѓањето на есента, со првиот бран студ, се појави и бран студ во моето срце.
    Сфатив... Како што стрелките на часовникот откако ќе ги одминат бројките, повторно поминуваат по истите, само што следниот пат се работи за нов ден... така работи и моето срце. Ќе стои овој студ извесно време, ќе бара нова покривка да го заштити, а кога нема да најде, повторно ќе се врати во своето старо ќебенце.Само што станува се поразлично од како што било некогаш. Кога веќе знаете дека ќе има студ, предвреме започнувате со подготовки да се заштитите. Се штитите од негова изложеност и страдање.
    Ми се вртат некои прашања.. многу луѓе бараат мир и спокојство, но дали кога ќе го добиеш тоа, ти фали и малку отстапување од правата линија? Дали свесно би се впуштил човек во ризик и би го нарушил својот спокој, притоа свесен дека можат да настанат катастрофални последици, за да вкуси и проба нешто поразлично? Или сепак треба да се движиме по линијата на сигурноста?

    Не ми замерувајте за неповрзаноста и нелогичноста на речениците, но вака се изразувам поради анонимноста, а сепак ми успева да ми олесни и да го кажам она што сакам... во метафора.
     
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Сакам да кажам...

    СДК дека еден ден сигурно ќе одам во Лас Вегас да ја вкусам таа коцкарска магија, да заиграм рулет, блекџек и покер во живо со илјадници други луѓе. Мора да го пробам тоа за задоволување на коцкарската страст. :lol:
     
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Сакам да кажам...

    најсмешно ми е кога некоја е исклучително грда, а прчи усни по фб, се замислува кој знае што...
    оф леле мори мајко, за греота :rofl: :rofl: :rofl:





    и се чудам како јипман не го мрзело волку да пишува. мене ме мрзи толку да читам не па да куцам.
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Децата се богатство! ОК, признавам понекогаш се pain in the ass ама се прекрасни, мали суштества кои за жал потоа ги расипуваме ние, возрасните.

    Немој да кажуваш.
    Немој да си играш да не се извалкаш.
    Немој да зборуваш сега.
    Немој да плачеш.
    Немој да се смееш.

    Како и да е, прекрасни се, а јас една таква внука имам. Најубава е оп стоп! Не дека е моја и дека вртиме у фамилија јак ген, ама стварно е бре убаво детево. И паметно. Пу пу. И денес слави роденден! Ко вчера да беше кога се роди со мали, слатки, буцкасти обравчиња а денес ме гледаше со оние нејзини големи очиња и ми вика

    - Еј денес ќе бидам најубава, знаеш зошто? Затоа што ќе го носам она твоето хаљинче.

    Па земала ми ги покажува новите чизмичиња и како ќе изгледа на журката и повторно ми вели.

    - Ама фустанчето од тебе ми е најубаво, тоа ќе го носам :)

    Значи ако видите едно мало, мило со плетени кики, со огромни плави очиња, со најубавото винтиџ хаљинче и шашави чизмичиња - таа е, внука ми е, и баш сум горда шо сме фамилија, проклето многу.

    Ете така ми го згреа душичево она сонцено. Алал да им е на родителите, каква ја направија. При една кавга зет ми и рекол на братучетка ми
    - Аха може сум ваков или онаков, ама вакво дете кој друг ќе ти направеше а? :D

    У право си е, не велам не.

    Анунунуну....се разнежнив бре! Е така, ајде одам да си направам сега bubble bath со шумечи миризливи чуда и винце во рака :emo:
     
    На Monna.Monna, Hipica, Buttterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Сакам да кажам...



    СД и К на Розич, тешко е кога се сака, ама блади хел вреди. Ќе се заљубиш ти драга моја пак, ќе се заљубиш и диносауруси ќе ти играат во стомакот, ќе те носи горе- долу како лифт во облакодер, а кога ќе те однесе највисоко, најчисто ќе гледаш. Човекот живее за задоволства, јесте да работата го краси, ама за задоволства живее. Хедонист ти е тежок човекот. Се занесов, а поентата ми беше, да не се разочаруваш и толку лесно да не се откажуваш. ;) :*

    П.С Слаткар појма нема што зборува..... :)
     
    На Rozich, Divinebutterfly и EleMental им се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    What about breakfast at Tiffany's....
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да кажам...

    Тој што ми праќа пораки и ги брише веќе два дена по ред, нека се реши- или нека ја остави, или да не ја праќа, вака се нервирам со тоа знакчето -1 :devil:
     
    На Nightwalker и Mistery им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    Виш ми лак... Викенд а јас втора смена на работа :doh: Кажете ми дека се ќе биде во ред, дека нема да паничам и нема да правам збунки во работата :worried:
     
    На Monna.Monna, crazylady, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк нека се бунат комшиите,нека се тресат прозорците,нека збори дедо,нека се буни мама јас уживамм!!
    :music: :music:

    Loud music volume 100 %





    I will enjoy in my free time in my young years......I`m 18 only once in my life ;) 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=CLXt3yh2 ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=tDq3fNew ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=F__OADY55k0



    Имајте најубав викенд,сте заслужиле уживајте и создавајте прекрасни убави моменти тоа ќе ви остане во секавањата и на тоа ќе се радувате на стари години.
    На убавите моменти :* :*



    Вашата Кенди ;)



    едит се изнасмеав на оваа сурова женска реалност

    [​IMG]
     
    На mims-89, Annie.mk1 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Candy 100% те поддржувам за ова,особено за првата песна :) Oдвај чекам да си одам дома,па да го откачам и јас системот :D
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    На Ivah му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ако е во право мојата френдица кога вика дека денот по кафето се познава, тогаш денов ми беше доста сладок. И топол. Можеби еден од последните топли денови за годинава, со над 20 степени целзиусови.
    А ноќта ми делува ветувачка!
    Жими се, едвај чекав да се стемни, зошто нема поубава вечер од петок вечер. Денес ќе подранам со подготовки, за да подранам и со опивање во моето омилено друштво од 10 жени. :d:
    Ми се погодија коктел забавиве. Само уште да не потрошев саат време во фрцкање пред огледало, барајќи соодветен аутфит.
    Се надевам дека вие имате занимливи планови за вечерва, зошто јас планирам да ја направам вечер за памтење, без разлика што температурата ќе биде под 10 степени.
    Чао и живели!!
     
    На LivingGlam и sesilija им се допаѓа ова.
  17. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Сакам да кажам...

     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.406
    Сакам да кажам...

    Сдк...а тој само мислел на мене,додека сто го сакаа тоа!Их бре!Ми се смее мешето! :D
     
  19. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Сакам да кажам...

    Be happy :)
     

    Прикачени фајлови:

  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Некои работи едноставно не сакаат да престанат да се случуваат. Други пак, никако да се случат. Толку отфрлени законитости и толку прифатени анархични анти-правила истовремено. Толку големи намери, а често потфрлање во нивното остварување, во тоа има толку многу испомешана беда и шарм истовремено. Веројатно постојат толку многу зборови за да можеме да упатиме толку восхит, но и толку замерки на адресата на животот. Сигурно прима повеќе пошта и од Дедо Мраз, :D ...
    Толку спротивности нафрлени на толку мал башка бесплатен виртуелен простор, не е ни чудо, рак со подзнак близнаци не (ми) е лесно дефинитивно :D , ама во втората половина од месецов хороскопот е многу ветувачки. И секогаш чекајќи нешто подобро или не чекајќи ништо, временцето се губи како набрзина лапнато омекнато во чајче чајно колаче. Не ќе да е Годо :^) во мојава приказна, но кој и да е и што и да е подоброто, очигледно ќе го пречекам со чекан, :wasntme: ...Постојат барем неколку денови во месецот во кои ваквиот хаос од емоции :angel: ]:) е оправдан и дозволен, па има да ги јузам, море и абјузам до максимум, :rofl: ...
     
    На Ivah, TeddyGrey, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.