Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Сакам да кажам...

    Патики, фармерки, некоја блузичка која повеќе ќе топли отколку што ќе привлекува внимание, пријатно расположение, добро друштво, вино и гитара :) drink to that :d: Toa се моите (не) официјални планови за вечерва. А утре... :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=f_X900894r8
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Јас би сакала да ви раскажам една случка од мојот живот за која не зборувам премногу ... уствари не зборувам ич, потисната е негде длабоко низ мене ...
    не оти ќе кажам нешто вау или слично ама морам да се олеснам.
    Некако денес ме гуши чувството ептен и решив тука да го напишам тоа што ми лежи.

    Понекогаш кога сум тажна, не сум свесна колку уствари сум среќна.
    Кога ќе се освестам сакам да си залепам не една туку десет шлаканици.
    Да, точно е.

    И еве мајка ми ми донесе едно елече прцленце од кога сум била мало цуфче, и како што се воздржував да го испишам цел пост без солзи не успеав. Водопадот почна да тече ...

    Кога сум среќна заради нешто материјално, без разлика со колку труд сум го добила, пак не си дозволувам целосно да се радувам затоа што знам дека некој никогаш нема да може да купи нешто такво а не е кој знае што. И помислувам дека истиот некој негде пати само за вода и храна додека јас беснеам по глупости.
    Така денес, си купив нов саат по кој долго време пекав. Нели, марка, водоотпорен и се тоа ... и еве ми го на рака, саатот во кој се заљубив на прв поглед, прстенот златен подарок од мама уште за матура ... и јас не можам да се порадувам.

    Знам дека има луѓе кои имаат премногу а не ценат.
    Знам и такви што имаат малку а ценат премногу.
    Јас би можела да се класифицирам негде во средина ... затоа што дозволувам да плачам понекогаш за без врска, и иако тоа го препишувам на пмс, не е битно, како силно човечко суштество би требало нели да сум доволно разумна и да не го правам тоа ... затоа што имам многу, премногу причини за среќа.

    Да се навратам на приказната што ја спомнав ...
    Од тој период во мојот живот мислам дека пренагло созреав, и пораснав ...
    А од тој еден ден поготово ...

    Имено, моите кумови со моите родители беа премногу блиски.
    Ми беа како втори родители.
    Имаа премногу пари.
    Се чинеше дека имаа се.
    Плус добри луѓе се.
    Имаат, имаа две деца.

    Едното беше мало, мило суштество, кое постојано се жалеше од главчето. Кога и да ме гушнеше, или кога и да си игравме секогаш го болеше главчето.
    Еден ден кога дојдоа, воедно и последниот ден кога го видов тоа мило човече ме гушна толку силно ...
    И по некое време татко ми ми кажа дека малото има тумор на мозокот.

    Се влечкаа по милион држави и болници ... се беше залудно, буквално се.
    И само чекав ... го чекав денот кога татко ми си дојде дома ме погледна, и додека ја изговараше реченицата А. умре ме гушна и почна да плаче ... јас со него.
    Толку е животот. Животот е ништо.

    Дента кога беше погребот, ситуацијата во која беа кумовите ме распарчи.
    Се распарчив и од долгиот период по кој не можеа да се опорават.
    Психички ...

    А во мене настана некоја бариера ... настана страв од смрт на близок ... од тогаш избегнувам погреби.
    Од тогаш имам како некој ѕид околу мене. Околу срцето, и демек не дозволувам до мене да допре ова или она, а плачам и на тажни кратки моменти во комедии.
    Ме гуши, ме кочи ... некогаш толку се плашам ... се грижам ...
    Како некоја траума да имам. Уствари имам ...
    Секогаш се прашував зошто мора да одат невини лица горе ...

    Доживеав уште една загуба на добра личност ...

    И почнав да го живеам животот на друг начин ...
    Да се обидам да ги вреднувам само вистинските работи во животот.
    Затоа што никогаш, ама баш никогаш не се знае што ни носи утре.
    Не се знае што носат ни наредниве 15тина минути а не па утрешниот ден.


    И памтам еден ден се одвлечкавме со татко ми на гробишта и ми рече ... и да дојде ден да немаме скршен денар за леб, доволно ќе ми биде да ве имам само вас. Без тебе или брат ти, и сите пари на светот ни се џабе со мајка ти ...

    Ние дома тој период не бевме стабилни финансиски. Евдај преживувавме можам слободно да кажам ...
    И почнаа кавги, почна премногу тежок период за цело семејство.
    Секој ден врескање и урлање ... не сакав да си доаѓам дома. Ја обожавав втората смена.
    Денот кога си реков или ќе се самоубијам или си одам од дома моите решија да се разведат ...
    Тоа беше мојот крај. Мајка ми си отиде, и јас не му зборував на татко ми неколку дена ... затоа што истото што ми го рече дента на гробот на малото како да избледе ...

    А се каеше и тој .... памтам дека еден ден се симнав доле и го видов како седи со главата потпрена на рацете и само му реков тато? и почнав да плачам ... Господ ја натера мама во тој момент да се јави ...
    Бевме ја земавме и си ја вративме дома.

    Но тешкиот период продолжи ... додека постепено не почнаа да се средуваат работите. И почнавме да се стабилизираме ...

    Секоја врска се соочува со проблеми, врската меѓу две другарки, љубовната врска, брачната...
    Буквално секоја ...
    затоа се обидувам да ја разберам секоја постапка на моите, затоа што знам дека се сакаат.
    Се обидувам да ја разберам секоја негова постапка, затоа што знам колку го сакам и ме сака.
    Секоја постапка на луѓето воопшто, затоа што не постои човечко суштество кое е совршено, како што не постои човечко суштество во кое нема ништо добро.

    А сите сме различни. Различно реагираме, размислуваме.

    Сега не се жалам. Сега е се супер.
    Но пред две години, таа половина година што ја преживеав секогаш ќе ми биде кочница.
    Секогаш ќе ми стои како грутка во грлото.

    И секогаш ќе ме потсетува кои се вистинските вредности во животот, и што сум зацртала јас за себеси како личност.

    Животот е краток.
    Да, парите се битни, но не и најбитни.

    Мене ми е битно, што го гледам хармонично моето семејство.
    Битно е, да имаме некој да го сакаме и да не сака ...
    Битно е да спиеме со чиста совест ...
    Битно е да можеме на луѓето да им погледнеме во очи ...
    Битно е и една искрена прегратка да ја цениме премногу ...

    Многу работи во животот вредат, а исто толку работи не ги цениме.
    Една од нив е здравјето ... и стварно не го цениме, па дури и јас не го ценам онолку колку што треба, затоа што не сум се соочила со ништо пострашно од грип.

    И некогаш си викам ајде добро нормално е да имаме некој лош ден ...

    Но не, не е нормално да се дереме постојано, не е убаво да бидеме исфрустрирани како само ние да сме преживеале нешто лошо, не е убаво да ги мразиме другите заради нешто што не е нивна вина ...

    И не би требало да го мразиме животот, колку и да трае, колку и да е краток, колку и да нечини, подарок ни е ... и мораме да бидеме благодарни.

    Се надевам малкуцка допрев до некој од вас, иако има куп измешани емоции и нафрлани работи низ постов ... се надевам поентата ми беше сфатена.

    Имајте убава вечер.
    :)
     
    На Heidi, Monna.Monna, ines.h и 40 други им се допаѓа ова.
  3. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    126
    Сакам да кажам...

    СКД не е фер зашто на никој не му се иде на плошдат да се журка, што им станало на луѓево сите по дома сакаат да седат дојде есента и сите станаа некако носталгични меланхолични абе луѓе живнете животов е убав
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Еве ми и денес луѓе, и денес крајно разочарана и револтирана од петочните дружби и моменти низ автобусите на ЈСП. САМО ВЕ МОЛАМ, ДА НЕ МИ ГО ПРЕМЕСТИТЕ ПОСТОТ ДЕКА ЌЕ ПИШАМ 2 РЕЧЕНИЦИ И ЗА ТОА, ПОШТО СИ СДК !!! Ете така, мене празот долг 2 метри ме шутна по глава, возачот кој брзо и експресно кочи, ми прати бабичка во прегратки, и на маката од типот „Како да излезам жива,здрава„ 2ца Роми, кои мајке ми не беа облечени као Бог, али гелот од 2,5 кила си беа на косата, и со фацата :geek: (How you doi'n ?!) веројатно виде потенцијална жертва. Арно.


    Во последно време сум крајно негативна во одредени моменти, што некој да ми кажеше дека ќе се претворам во невидена баба, која од се се жали, се и смета, ќе речев „Ја ли сум тоа?! :?: “. Но, точно е тоа. Се повеќе не наликувам на самата себе. Каде е оној позитивец, кој и кога ќе се случи нешто лошо, ќе најдам позитивно во тоа, ќе си се насмеам, ќе ги насмеам и другите и ќе заборават на маката. Цела среќа што почнавме малку поинтензивно да се дружиме ние КОЛЕГИТЕ, да седнеме на кафе, да се смееме до солзи, да се правиме паметни ние бруцошите, да буљаме во книгите на постарите, и да уживаме во моментот од 4 предмети во семестар.


    Некогаш ќе си го спомнам поминот од 1-4та година во средно. Колку и да се жалам на расипаните и поквари соученици, си имавме смешни моменти, толку убави моменти што се смееме до ден денес на тие. Сфатив дека половина од тие случки ми се случија/ги правев јас. Ми беше убаво да се глупирам, да се смеам, да бидам позитивна, да си го живеам тинејџерскиот живот, сега сите ми викаат „Де бе Лил, ама си тивка, не те препознавам“. Дали сум созреана, дали сум порасната, дали сум станала намќореста не знам, но знам дека тој дух во мене нема никогаш да умре. Секогаш ќе гледам најдобрата страна која ја поседувам да ја искористам максимално. Мене ме знаат по позитивноста, и по светлите плави очи. Ако ја изгубам позитивноста, ќе го изгубам сјајот во моите очи. Ќе бидам dead man walking. Но не, тоа нема да ми се случи никогаш. I'M POSSITIVE!!!!!! :)
     
  5. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Неможам да не искоментирам ...
    Постот е поучен , но сфаќам во каква состојба си , бидејќи слично на ова бев и јас . Да животот е ништо . Од мојата фамилија многу луѓе заминаа.. се чувствувам исплашено дека нешто такво може да се случи пак . И да смртта е траума . Празнина. Грутка во градите солзи ..
    А парите? Парите не ги сакам . Си ги сакам моите луѓе , моите ближни . Си ги сакам овде до мене . Сакам дацел живот тука. И се колнам во овој момент дека ако некогаш треба , и животот ќе си го дадам за нив.



    Сдк оградена сум во некој мој свет . Мислам дека работите кои јас можам да ги препознаам , ретко кој умее. Се чувтсвувам празно , работите кои ме стискаат , полека ме усмртуваат
    Ослбев . Бледа сум . Ако ме видите на улица , не бегајте . Јас сум сепак човек.
     
    На julie77 и teddybear им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ;)
    [​IMG]
     
  7. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    126
    Сакам да кажам...

    СКД зошто никој неќеше да ме дружи и да иде на виноскок ја пратив мајка ми во продавница ми купи црвено вино и голема чоколада најлепше жеље се затворив во соба слушам македонски старогратски песни и уживам не ми треба никој може покасно коа ќе ми здосади ќе ја викнам и мајка ми да залееме по една чаша винце
     
  8. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Девојки и момци чујте и почујте! Ракчето е повторно тука! :D :rofl: Како сте ми? Добри? Нешто ново? Што се случува по форумчево? Јас наминав на кратко, ама ќе се читаме пак. Останете ми во добро расположение како што сум и јас.

    Поздраввввв!!! :hug: :music:


    http://www.youtube.com/watch?v=6J1-eYBbspA&ob=av2e
     
    На Monna.Monna, Cherry03, angel92 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк се надевам дека скоро ќе го видам ехото, како одраз од смешните, интересни настани :D, отом - потом, печено :geek: ]:) хм... :?: море кога ќе решам нешто, ништо живо на земјава не ме предомислува ]:) :muscle: :emo: :D :rock:
     
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Сакам да кажам...

    Дечки ај да ве видам расположени сите до една и до еден на форумов.
    Животот е еден, ама и е наш :)

    Ај да ве расположам сите со детево :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=36VSyKx5 ... ture=share

    Имајте прекраснителна вечер, и ве сакам најмногу. а и имајте најубав викенд. па се читкаме и утре.
    ве сакам ! :inlove:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ах Теди ме растажи ама ми направи и чувство да ти се восхитувам. Сите ние сме поминале некој тежок период или се уште го поминуваме..само ко на пример јас ги потиснувам многу и се предавам на убавините..

    Малоно мутле е сериозно, јас црно он бело, јас црно он бело, ајде најдовме НЗС. Знам дека ова далечинава може да зезне многу ама ајде, се предавам максимално док трае нека трае, моќно е.. пак ми кажа јас сум тоа што секогаш посакувал... лелеее мамооо се топам ајде да видиме. :$

    Е ми вели имам 14 години хахах, ја сакам. Само кога ќе ми рече леле не можам да ве гледам како се лигавите со песни со бакнежи деца јухууууу! :lol:

    Јас инаку бела и дебела, никако да си направам комплекс и да се ставам на диета..

    Мама за прв пат после операцијата ми напиша порака. И на крајот- чедо те сакам.. ах .. мир.. :angel:
     
    На Miss-Independent, Phyramide, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК вечерва одмарам, а воедно и си собирам енергија за утрешната грејтест шитс треска, само ако не ми ги исполни очекувањата! :lol: Ма што сака нека биде, одам утре да одлепам, да се изнаиграм, изнаскокам, да исфрлам се' што периодов се собираше во мене, било да е тоа бес, тага, гнев, па и среќа, радост, милост... Едноставно сакам да се „испразнам“, а потоа време е за збирање нови емоции, почнувајќи од недела.

    И да, прекрасна петочна ноќ... Ах, сепак ќе беше добро да не ја отседев и неа дома. :$
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Нешто тука ми мириса... :^)
    Инаку, мене не ми е ништо посебен денов :(
     
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК...I think I`m falling in love :$
     
  15. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    И конечно после напорна недела една убава петочна вечер во домашна атмосфера.
    Многу ги сакам моментите кога сме сите заедно,кога брат ми ке си дојди од Скопје и сите заедно ке седниме да вечераме а потоа секако да се гледаа Але Риза :D Во тие моменти ја чуствувам топлината на домот дури во моите коски,ги заборавам сите мои проблеми бидејки покрај нив се чуствувам толку сигурно,како никој ништо да не ми може да ми стори,и во тие моменти му се заблогодарувам на Бог што ми даде вакво семејство :)

    Иначе средношколскиот живот успеа да ми ги намали килограмите :D секојдневните задачи,часови,домашни и сите курсеви ми се многу мачни но не се жалам бидејки веке почнаја професорите да ме фалат и знам дека кај половина од нив оставив добар впечаток на солиден ученик па и тоа ми беше целата,а најважно од се,и најмногу што ме радува е тоа што во ниеден момент и колку и да имам за учење и што и да се случи на училиште не се направив пишман што го одбрав то училиште,потешко но вложвам многу труд но јас си сум задоволна од самата себеси и тоа е најважно нели? :)


    Имајте убава петочна вечер и убав викенд :*
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК некои личности се како облаци. Кога си одат од мојот живот, огрева сонце :sun:
     
    На faye, zhap4e и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Конечно да се одморам после напорната недела. Се излежувам со добра музика.
    Втора смена бев оваа недела, а секој ден рано станував. |(
    Вечно ненаспана. :|
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.475
    Допаѓања:
    91.880
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК не ми се верува дека на луѓето не им се доволни нивните животи па се замараат со мојот.
    Денес некој феминка се јавила дома да и каже на мајка ми кога ќе се мажам, па и на која страна да отвори на форумов, во која тема. Не знам дали не знаеш да читаш , но никаде нема напишано кога ќе се мажам. Не се осмелувај повторно да вртиш зошто ќе пријавам.
    СДК и дека ќе се откажам од форумов зошто ова е веќе претерано. прво добивам навреди, второ некој ги вознемирува моите дома, не знам што е следното.
    Мое право беше што си ја открив приватноста, но не сум го открила бројот на никого. Затоа девојки внимавајте што пишувате и со кого се отварате.
    Не дека јас не сум познала никој, но на никој не му ја нарушувам приватноста.
    Поздрав.


    Се надевам ќе остане постов, нема да го избришете.
     
    На Monna.Monna, snake, Peperutka90 и 24 други им се допаѓа ова.
  19. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сакам да кажам...

    Напорна недела,уште понапорни створења кои ми зујат на главата.. |(
    Изгледа некој тренд е да се радуваш на туѓа несреќа.
    Значи газолижачи,песимисти,досади и користољубиви. Taндем снова.
    Y U NO KILL YOURSELVES?

    Но не сум јас толкав песимист,па да ви ја шкртам темава со црни фристрирачки постови.
    Ако има нешто што ми оди од рака денес,е изразување на креативноста.
    Многу ми е мило што сеуште има луѓе кои се стремат кон тоа да ја изразат,и да пробат да го променат светот на најведриот можен начин.
    Им симнувам капа на СИТЕ што се креативни на било кој начин. :)
    [​IMG]
     
    На GarpovaV и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека уживам во вакви тивки ноќи кога полека заспивам слушајќи музика.
    Креветот веќе ме чека, а јас сум спремна целосно да им се препуштам на соништата.
    Добра ноќ :)
    http://www.youtube.com/watch?v=EL0pTo9Z_XU
     
    На GarpovaV му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.