Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Утринско кафе кај него,сама си го приготвив по моја мерка -не е кафоман:
    Незнам дали сум зависна поке од кафево ,форумов или од него .Како и да е идеална тројка.
    И сдк сакам да го гледам френц вит бенифиц веќе видена комедија али ет лист комедија е.
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    41.074
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку убавко утро :) Срцка он ми купил тазе лепЧиња и спремил појадок Милинка :* (Го сакам )
    ВЧера мајкаму ме претстави како нејзината снаа
    Полека ме засакува :o :o
    Како и да е

    Имајте убав ден Феминки :* :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ги обожавам овие измешани мириси на есента. Ладно ветренце, печени пиперки, турко кафе, јаболка и цимет...Го обожавам моето мало родно градче. Колку се само наивни погледите на луѓето овде! Колку се мили и топли. Ја нема борбата за престиж што владее во големиот град. Ја сакам бабичката моја. Откако стигнав трча по мене се некои топли пити што ги правела :) Душичка. Си го сакам мојот топол дом.
     
    На Divinebutterfly, zhap4e и belieber им се допаѓа ова.
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк како да сум влезена во длабока зима.
    Ми се тресе секој дел од телото. Рацете ми се смрзнати.
    Се трудам да ги стоплам со триење и дување во нив. Но никако.
    Секогаш ми се ладни било лето или зима.
    Но ако. Убаво ми е. Сакам да сум облечена во дебели алишта. Ни една пора од телото да не диша.
    Сакам надвор кога врне. Кога е облачно.
    Лежам во кревет покрај прозорецот, со четири кебиња врз мене. Ми годи.
    Го сакам октомври како месец. Ме исполнува.
    Нели забележувате дека баш во ваквите периоди се разнежнуваме, и имаме време за себе, за гледање филм или читање книга со дебело ќебе околу нас, а ние така стуткани во едно коше. За средување на собата. Не дека и другите денови не ја средуваме, но сега некако јас ова со мерак го правам.
    И да. Најбитното. Во овој период се мотивирам многу за учење.

    Уживајте во октомври. Убав е.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Сакам да кажам...

    Сдк - денов е ужасс :envy:
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    СДК со судни маки ја поткренав главата од перница и станав во чест на Нивното Височество Пиперки, денес е денот А, или попознато назван-Ајвар ден, има да печам, лупам, мелам, пржам, мешам денес и утре.

    Туку станувам сабајле и стандард процедура во Вц, мочаш, се миеш и т.д. но додека се чешлав, се гледам во огледалото и си мислам:
    Добро кој генетски коктел го направиле моите двајца родителковци па јас вака убава да бидам?
    Абе јас убава, Петко лепота од човек, ал гени нису мала ствар, па кај ли ќе им биде крајот на моите уште по лепотански деца?
    Се гледам, се вртам па се велам повторно:
    Дали може огледалово денес да ми прави оптички варки или јас сум навистна најубава?

    Штета што треба да се вртам окулу ќумбе цел ден, инаку имаше да го облечам најубавиот фустан и најубавите обувки што ги имам, ќе излезев, ако треба ќе танцував и сама по дождов зошто ваква интелигенција и лепота во еден човек- еднаш се раѓа :P .

    И комотно прогласете ме за најголем нарцис на Фемина, во Скопје, во Македонија, ако сакете и во цела Европа тогаш гордо ќе ја примам наградата, а кога вие ќе ме видите ќе ви стане јасно што зборам.

    Имајте убав ден, и ако ви е досадно, елајте си при мене имам доволно пиперки за сите.
    Хвала на пажњу, а сад молим лепо ред, рад и дисциплина :!: .
     
    На green.eyes, marama, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    :rain: Нејќам многу дождови и тмурно време, ама денес ми е некако посебно убаво. :sun:
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    12.088
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ја сакам љубовта, ама само од љубов не се живее. Требаат и пари. А пари нема.
     
  9. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    Сакам да кажам...

    шмркк,шшмрк добро утринско кафенце,турско се знае и една чаша од свежо исцеден сок по мој вкус (јаболко,лимон,цвекло и морков).подобар почеток за утро сум немала

    на гости сум кај моите,ми мириса на баница ,на домашно готвено јадење,се приземјив во Македонија и не бегам сега до нова година.

    чудно но вистинито,колку многу сакам намуртени денови,се е намуртено а јас сум свежа,дишам чист воздух и насетувам дожд,одвај чекам да заврне дожд.ќе уживам,под ќебенце ќе гледам добри филмчиња и ќе пијам чај од нане-најдобриот!

    мммм колку планови имам,сакам да излезам од моето тело и се да завршам па да се вратам, вака нема да постигнам никогаш,успехот секогаш се враќа после долга и макотрпна работа,работата ја имам ама никако и успехот,сакам поголеми залаци,не сум наситна......
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ...дојде време кога повеќе ќе сакам да седам дома под ќебе со некоја добра книга или да гледам некој добар филм,одколку да шетам надвор. Внатре, мува да помине се слуша. Ми прија оваа атмосфера.
     
  11. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Zasto da se mucim da z bog tebe patim ?
    Najbolje ce biti za glavom da te skratim !

    ете така


    Е сега сдк ...
    Епа вака . Порано како дете ја имитирав мајка ми со шмикните се мачкав , облекував 30 броја поголеми штикли и ги прекршував . Се правев дека пушам цигари , ставајќи соленки во уста . Се однесував како девојка .
    Сега кога сум девојка , посакувам да сум дете . Кога ми се мочка , кога плачам , кога сум гладна они да мислат . Несакам да станам возрасна . Возрасните имаат толку проблеми и маки што немаат сила за себе . Немаат желба да излезат да си поминат убаво .
    Им викам на моите излезете , прошетајте . Доста само мислите ви се на маки . Излезете , однесувајте се како млади . Правете глупости
    Ама совеста не дава . Тие мора да се оние нормални примери на своите дечиња. Ама ние веќе станавме девојки , сестра ми е жена . На нејзини години , мајка ми ја имала неа .
    Значи ?

    А животот е ништо . Ништо .
    Еднаш ми рече ако сам не можеш да го направиш денот интересен никој неможе да го направи . Ама како да го направам ? Ги гледам моите дома нервозни , гледам колку луѓе плачат од домашни проблеми , проблеми со пари , деца без храна , без домче . И јас? Јас ќе си го правам мојот ден интересен ?

    Како ? Незнам дали е со мене в ред , ама мислам дека сум само една на светов која се си става на срце . За секој ми е лошо , за сите ми течат солзи .
    Немам живот?
    А животот е НИШТО .


    Една баба вчера ми вика смеј се сакај го овој живот . Како да се смеам ? Околу мене само интереси , ако паднеш гледаат ако може ад ти скокнат врз тебе да седнат , за да не станеш
    Епа неможам .


    Порано бев силна . ДОма јас им глумев и правев глупости како во циркус само за да видам насмевка на нивните лица а откако пораснав сфатив дека не е само тоа , да се насмеам и да се правам дека се е ок .
    Е колку сакам и сега во моментов да се направм мало дете . Зрнце . И да легнам до мајка ми . Да ја гушнам . Или ќе легнам помеѓу мајка ми и татко ми и цел ден ќе ги замарам за моите играчки . А тие ќе се направат дека ме слушаат . Ама важно ќе лежам цел ден во нивната прегратка .
     
    На angel92, Miss.Ricci, Chocoholic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Сакам да кажам...

    СКД

    денеска т.е ноќта имав чуден сон .. надвор од вообичаеното
    а за да биде уште почуден
    во него глумеа Елементал , Најтвокер, Џокси , Х-ман , Мистерс , Ја и Го-Гирл ..

    ке го ставам у скриен текст да неможете да го најдете :^)

    Сцена 1. (да напоменам неможев целосно да ја опишам сцената и дејствието бидејки не ги знам толку добро сите романтични фори и зборови )

    Преставата се игра на висок облакодер , 120 ката ... над него црното небо кое набрзо е осветлено од полниот месец кој е опкружен со многубројните звезди во најразлични бои

    На врвот од облакодерот , од една страна седат Џокси, Најтвокер , Елементал и Мистери чекајки да засвират на иструментите и да ја подобрат веке романтичната атмосвера, на средината јас чекам на поставената романтична маса ... и на другата страна седи на вратата Х-ман очекувајки во секој момент да се слушнат звуците "Чук Чук"

    Мистерс полека ја допушува цигарата и погледнувајки луто кон мене и вика:
    -"Каде е , Јас треба да бидам и на други места ... уште 15 минути и ке си одам "

    Јас чекајки го Гого .., овај Gо Девојката ,натажено гледајки во стекот кој полека се ладеше и мислејки дека никогаш нема да се појави.....
    И тогаш во тие тажни моменти се појавиа звуците како кокичиња после зима ... Чук Чук
    Х-ман полека но сигурно ја отвара вратата а потоа и притрчува кон столот кој беше спроти мене да го припреми за девојката која се појави во црвениот фустан и преубава насмевка која беше осветлена од полниот и дебел месец

    чекорејки кон мене , моето срце се повеке и повеке чукаше ... капки пот на моето чело почнаа да се формираат ... но набрзо се стабилизира ситуацијата бидејки чекорењето од вратат до столот беше 2 метра , гледаш ја во мојот сон испланирав да биде толку оти ке се ипотев и ке се уништеше романтичната вечер ако беше повеке од 2 метра ... како и да е Gо-Girl седнува на дрвениот стол поздравувајки се со мене и почнувајки ја вечерата

    Мистери радосен и набрзо намигнува на најтвокер кој во секунди ја зима својата дрвена виолина и почнувајки да ги создава преубавите виолниски звуци кој се слушаа километри и метри ....
    Џокси ја подместува шишката и започнува со својот инструмент да им се придружува на нотите кој најтвокер веке ги има создадено
    Елементал љут дека се осмелуваат пред него да започнат , бурно засвирува на пијаното победувајки ги нотите на предходните двајца и завладувајки ја атмосверата,
    Мистеру гледајки дека доага редот на него го зима микрофонот и започнува да пее со неговиот длабок , нежен и како ветер силен сочинувајки ја прекрасната песна која се свири само во романтичните соништа .
    Тогаш Go-Girl нежно ги упатува нејзините зборови кон мене
    -"Те молам исечи го стекот бидејки јас неможам"
    Во деловите од наредната секунда , јас станувам го буткам столот кој се крши на подот .... и во неколку чекори се најдов со моите раце позади нејзините рамења , кој полека ги спуштав накај масата
    со надеж дека ке го осети мојот нов латино парфем ...
    со едната рака ја земав виљушката ... со другата ножот ..
    и почнав бурно и страсно да го сечам врелото месо кое се наогаше на масата

    Мистери тогаш здогледувајки ја страсната ситуација , ја прекинува романтичната песна и се префрлува на друг ритам или како он што би го рекол Страсно љубовно танго
    Го девојката здогледувајки го тоа ме бутка настрана и бурно станува од столицата која истотака се скрши на подот , тука започнува нашата бурно танцување (сега неможам сликовито али можам да кажам слично како антонио бандерас и неговите девојки што прави )

    играјки Најтвокер наеднаш го свртува ритамот на тангото и донесувајки не на статус
    [​IMG]

    музиката пак на романтична се префрлува каде мистери го покажува својот нежен глас пеејки
    -"Kiss the woman , kiss the woman , kiss the goddamn woman"

    Нашите глави одалечени само неколку сантиметри , полека се зближуваат , GO ги затвара очите и ме фака со нејзината десна рака на мојот врат и тогаш нажалост јас се разбудив така да не го знам крајот

    али сепак беше еден од ретките сонови кој свушност можев да бидам во 3D , да слушам и чуствувам што се случува

    :|



    СКД

    надвор времето е лошо
    но нетреба на сите работи да гледате лошо , искористетего муртното и тапа време за љубовни потези
    нели на дожд е најубавото гушкање , најубавиот секс , најубавите мазења и сл љубовни ствари нели ;)
     
    На JoxyTheFreak, Mistery, Monna.Monna и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    7.308
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кога веќе не можам да ги решам своите проблеми, ќе ги решавам туѓите..

    Човек секогаш знае да советува некој друг подобро од колку што може самиот. Затоа, тоа е најпаметното што можам да го направам периодов. Претпоставувам..

    Океј сум.
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Луѓе мои, па каква вечер беше тоа вчера...
    Го дочекав и дождот сабајле кога почна, дури имав и романтично испраќање до дома....
    Нови познанства, разменување броеви, па дури и симпатии... А овој мојов ко да си осети нешто...ко да сањал, па сабајле одма сакал да ме види... Па после добри 2 месеца пиев кафе од него... :inlove:

    Лелееее, литро бело вино во мене вчера и искочи најдоброто од мене... А денес искача најлошото :puke:
    Беше една од вечерите за паметење... Гоце си е Гоце... :)
     
    На angel92 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Мона Си, можно е да бидеш возрасен, а детето во тебе да е и натаму будно разиграно. Да ги вршиш дури и преодговорно сите обврски, а сепак да наоѓаш време за хранење на детето во себе. Туку мене друго ме загрижи нешто што неодамна го читнав во една книга - парот имаше доста комплицирана врска, со чести расправии и драми, а почнале со толку ентузијазам, си закажувале точно непрецизирани состаноци, за да видат дали лутајќи ќе се пронајдат, талкале и се смеееле радувајќи му се на животот, често воделе љубов - звучи како почетокот на скоро секоја љубовна приказна. Кога таа го праша зошто стигнале до тој степен, тој и‘ одговори дека едноставно не се возрасни (иако тој се ближеше кон четвртата декада на својот живот), а тоа е заслуга што се плаќа скапо, а децата си ги корнат косите откако ќе си поиграат.
     
    На snake, Neytiri, MandyLane и 8 други им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Давај наслов на книгата.. :*
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Куцкамен - Хулио Кортасар, шашаво совршено дело, :) .
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Во ред , тоа е твое мислње но не се согласувам .
    Не секој може покрај сте проблеми да го храни детето во себе . А јас ? Јас оддамна престанав да живеам во делата кои ги читам . Затоа што сфатив дека имагинацијата на авторот не е толку сурова како реалноста .
    Напротив , таму оставам по некој дел од себе , само за она што реалноста не го дава .

    Кој сфати сфати кој не , нека не се секира , и така сум си комплицирана личност. :*
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Сакам да кажам...

    Ле-лех,колку ме боли главата.Со циркуларот,вррр-врррр,вррррррр!!!
    Немој сречо,немој данас,дан тмуран,ја мамуран!
    Кој вечерал вино,ќе појадува вода!
    Абе шо ми е?!
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК...не можам да се изначудам сама на себе-секогаш кога имам најмногу обврски и кога треба да завршам важна работа, мене ме фаќа невидена мрза |( Марфи ме обожава :tmi:
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.