Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    Ги обожавам овие денови. Кога шетам со високо крената глава само затоа што така ми се сака, кога можам да носам топлинки иако имам 19 години и да им се смешкам од високо на моите шапици, кога и се смеам на мајка ми затоа што на работа на 50 годишни жени им организирале курс по англиски.

    Имам инспирација за се и сешто. Соновите ми се трајни, утрата рајни. Мувите збунети од времето вршат директна офанзива на станов, мачките уво не ги боли.

    Никаде неможам да најдам програма за Браќа Манаки ама што сака нека биде еден ден ќе се затегнам до Битола па ако треба и на точак или тротинет.
    Чувствувам јака карма, од оние што ти маваат во глава. Може треба да земам грепка.

    Грепкајте ги луѓето, полека и нежно. Такви сме ние повеќе слојни.
     
    На la-chicka, Magnolija и innablood им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Сакам да кажам...

    ... што убав муабет сте си направиле. ^_^
    Го хранам детето во себе секој можен ден и мислам дека тоа ме одржува во живот.
    Со ризик да ме наречат шлакнато, разгалено, несериозно (што секако не е точно, многу сум одговорна кога е потребно :geek: , а и сериозна, за првото не сме засега сигурни) :D
    Се' уште и' читам на баба ми драми од Војдан Чернодрински, ги имитирам сите гласови, да ме слушнете како го доловувам Спасе на Цвета, ќе паднете на гз! :D
    Се' уште ја скокоткам мајка ми, и поминувам пред тв додека гледа од тие нејзините турски сапуници и драматично барам одговор - зошто серијата се' уште се вика Лале, кога Лале веќе ја нема? :^)
    Се' уште сакам да се возам на вовчето во парк, да јадам шеќерна волна, а мислам дека и боенка да ми се даде, нема да и одолеам. :D

    Најдете ги сите убави мали ситници кои ве исполнуваат и не обрнувајте внимание што светот ќе каже на вашиот избор - светот и онака нема никогаш да е задоволен со вас.
    Ќе ви завидуваат на вашата среќа, ќе ви се ситат на вашата несреќа и никогаш нема да им угодите на сите.
    Па зошто би пробувале?
    За промена угодете си самите на себе. ;)

    И пред ова да стане цитат од некоја самопомагачка книшка, денес сум вредно мравче.
    Правам ручече и ќе се натоварам подоцна со него... веројатно слично, вака
    [​IMG]
    а ќе го јадам на другата страна од градот, со едно уште поголемо дете. :inlove:

    Кога животот е доволно суров и посран, не планирам да му го овозможам тоа задоволство и да си го покакам уште повеќе.
    ;)
     
    На green.eyes, la-chicka, Buttterfly и 22 други им се допаѓа ова.
  3. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Јас мислам дека ќе ги гледам од сега само твоите постови . Зрачиш со позитивна енерија . Блазе си ти :*
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Буквално цел живот ни е растргнат меѓу прашањето да се биде или не. Да љубиш или да оставиш; да бидеш на диета или да уживаш во благодетите на храната; да си го решиш големиот проблем или да се тешиш со малите проблеми; да бираш факултет со срце или со разум; да бидеш жена со муда или да бидеш жена; да бидеш уметник или да го тепаш тоа во себе...

    И така цел живот, или неколку нерешени прашања, неколку бидувања или небидувања или многу повеќе. Но, никогаш помалку од неколку.

    Можеби и во право Хераклит, можеби светот навистина настанал од оган. Тоа менување и таа спротивност на нештата не прави она што сме. Таа статичност што леже длабоко во нас, никогаш нема да дозволиме да излезе на површина. И така е подобро!
     
    На snake, green.eyes, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Се осеќам као да ќе го освојам светот!
    Не целиот,доволно ми е да владеам во мојот мал,многу симпатичен свет.
    И пак се осеќам посебно...можеби зошто некои не успеваат ни да владеат со самите себе.
    ;)
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес зрачам со позитивна енергија, от ко станав сум весела насмеана, ех да сум ваква секој ден..ќе нема подобро :)
    Денес владеам со самата себе :)
    А тебе срцуленце мое сакам да ти кажам дека многу те сакам и само ти знајш да ме насмејш ..зато те обожавамм :* :* :inlove:
    Иако врни сепак мене ми годи, стварно убав ден..
    Ајт заминав на кафе :coffee: и на малку муабет :talk:

    Имајте убав ден :) :*
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И да студе и да вее, бројчето насмевки ќе сее. :D
    Хааај еврибади.
    Ме имат, ме немат.... ме немат пак... али шта је ту је.
    Убаво е, иако е тмурно и набушено и, и, и... такво. Oсвен грб што ме боли, како стара баба сум некоја.

    Видов една феминка, ја препознав, петелка е малечка, а јас мислев дека е пооовисока од мене. :!: :D
    И такааа.

    Имајте убав дождлив ден. :*
     
    На IvanaIvanchica и Peperutka90 им се допаѓа ова.
  8. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Ќе одам да ја посетам бабичка! Благодарение на ефикасната брза помош вчера и завчера :clap: :clap: :clap: , таа е сеуште меѓу нас! Бабичке моја те сакам најмногу!
     
    На IvanaIvanchica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не мислите дека есента потикнува меланхолично, носталгично расположение и некако депресивно влијае врз луѓето??
    Мислам, убава е есента, живописна, мирисна, нешто килими од жолти лисја и све тоа... Ама времево е потапа и од самиот 28 Декември кога вее снег до гуша и сите се непокретни, а за 3 дена е Нова Година.
    Иако сум снегомразач, подобро го поднесувам белилото од овој голем мрсул од (не)време. :rain:
    Ова го кажувам пред се, затоа што немам соодветни чевли за периодов. И никогаш не сум имала. А веројатно нема ни да имам.

    А да, сакав да кажам, а за малку ќе заборавев од моменталната нервоза што ме спотера, дека нашиве дискотеки и не се толку лоши, колку што се лоши нашите самопрогласени диџеи. На што личи отварање на сезона во дискотека со хитовите од 2001 година?!??! Демек нема нови хитови?? Демек сите ние глупи сме?? Ми се смачи вчера искрено, ја оставив пијачката недопиена(што за мене ретко се дешава) и си отидов.
    Мизерија!!
    И пак ќе кажам, подобри диџеи се дечките во маало што само за себе си прават музика, дома и срамежливо, а не Панчо, Гоце и остали што се копираат едни со други и заради кои ноќниот живот, летен и зимски, стагнира, станува досаден, тиња(што би рекол другар еден) и те тера да си какнеш кога ќе ја погодиш следната песна. |( Дај изненадете ме еднаш, молим лепо!!

    Идам сеа да го галам љубовчево малечко. Се чини само тоа ми носи радост во овие глупави октомвриски денови.
    Поздрав!
     
    На ines.h, Trendafilka и Bunny05 им се допаѓа ова.
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам да кажам...

    Убаво е,ако врне,ако е тмурно и никакво времево,ако дува ветар ..ако ако!
    Го баравме дождот-го добивме!
    Го баравме ладното време-го добивме!
    Ја баравме есен - еве ја !

    Убаво е вака домче пред компјутер или добра книга,со шоља топло чајче до тебе и добра музика.

    Јес да ми фалат малку нежности и гушкање али шта чеш.

    поздравв феминки,имајте убав ден и покрај никаквото временце .. :D
     
  11. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    21-vek neznaesh na kakva budala ke naletash..! :^)
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека ги откажав сите обврски што ги имав за денеска, ќе уживам во оваа врнежлива сабота.
    Се чувствувам преубаво. И покрај тоа што времето е студено, ме грее некоја внатрешна топлина.
    Мислам дека полека, но сигурно од ден во ден се` повеќе и повеќе се заљубувам... :tmi:
    Уште ме држи возбудата од вчера, ми доаѓаат солзи од среќа, морам уште еднаш да им се заблагодарам на сите, не помнам кога последен пат се чувствував толку среќно и исполнето.
    Убаво е кога знаеш дека имаш пријатели кои се тука за тебе да ти го разубават денот и да ти ја ублажат болката кога ти е тешко. Не би ги менувала! :)

    Морам да признаам дека откако почна учебнава година животот ми се смени на подобро. Депресивните моменти се се` поретки и поретки, мислам дека полека созревам. Почнувам да се сакам таква каква што сум, со сите маани и доблести. Го правам она што го сакам и ме исполнува и не се грижам за коментари од луѓето кои не ми се приоритет во животот. Се` поголем е кругот на луѓе што ме почитуваат и сакаат и им возвраќам со истото.

    http://www.youtube.com/watch?v=DGlI8upWRWk

    Уживајте во денот!
     
    На EleMental и Avril.09 им се допаѓа ова.
  13. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Сакам да кажам...

    Што знам иако е никакво времево мене есен некако ми одговара можеби затоа што сум родена во есен или сум некој чудак се е можно... :D Сепак ми е интересно со лисја под нозе и топли бои околу мене.А и да се пофалам вчера вечер си поминав најдобро со друштвото прво кафанче се загрееш па по некој клуб се посети и така... :) Одличен рецепт за добра забава препорачано :wasntme: ! Да се вратам јас на денешниов ден...вчера влијаеше на мене позитивно па и јас сега сум некако цела у позитива :D само да не ми се закачи некој непозитивен и денов ќе биде по моја мерка.Откако ќе завршам со испукување на фемина и со чајов се надевам дека ќе соберам сили да поднаучам нешто но се има волја ;) А и баба чека посета од мене...Here we go! :angel:
     
  14. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Сакам да кажам...

    Не можам да го поднесам како клен седи и додека јас се утепуам од работа господинот гледа филм. Ми доага да го задавам :@
     
  15. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    сдк
    си седам пред пц со првото кафенце и цигарЧе, и сум посебно располоЖена :*
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Едно не можам да сватам, Како може времето да не чини??? Баш поради дождот, сонцето, снегот...ние чекориме на овој свет.
    Ех како се нервирам..на лето: "Пууу горештини, нека заврне дожд пукнавме, не се трпи више!" На есен "Лелее па што убаво си беше топло, зошто сега дожд...?" |(
    Зарем природата треба на сите посебно желбите да ни ги исполнува? Малку и штетиме, таратур ја направивме.... Нека си врне..аку... Ќе врне, ќе престане. Кога дождот доаѓа, дури тогаш учиме да го цениме сонцето, и обратно. Е па не се дешава ова прв пат, затоа навикнете се! :)

    Имајте убав ден, барем вака ако ништо друго, вие што имате нешто за учење еве ви причина повеќе да фатите книга, нели, кога е топло не ви се учи, м?

    Ајде гушки, бацки, мвацки и тако даље... :D :D :*
     
    На green.eyes, TeddyGrey и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  17. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Сакам да кажам...

    Сдк сакам да ве читам тука,интересни сте ми,секој со своја приказна :) Јас направив доволно глупости овие 2 дена,сега некако се чуствувам неспокојно нешто ми ја гризе душичката..А и времето психички ме тепа,го мразам вакво тмурно.Мразам дожд.Згора на се ми дојде и прв пат толку многу да ме боли стомачето :| Сакам да те видам мило ми фалиш..само покрај тебе го имам тоа чувство на топлина,мир,љубов..
     
  18. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакам да кажам...

    Пак врне...а мразам кога врне.
    Тумурно,тешко,никакво. Измислено за да легниш и да водиш љубов цел ден со некого,или да го фатиш под рака и да се шетате некаде.
    Штета што немам никого.

    Добро ми дојде викендов,понеделник скратени часови,вторник не се учи. Ем ќе научам се,ем ќе се одморам,само и времево нека се среди.
     
  19. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    4.635
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Многу ми е убаво си седам си пијам кафенце а надвор си врни ли си врни.. убав е животот само треба да знаеме како да го живееме и позитивно да гледаме на работите,ништо не може да биде до толку лошо.. :)
    ...
    се отепав слушајќи ја песнава и му се восхитувам на бон џови,што убавина ке беше овој човек :inlove: :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=FVvTu1yK ... re=related
     
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тукушто си го допив кафето со вас :) Срцки сте сите...Извинете што го силовам копчето Ми се допаѓа :D ама сите ми сте интересни со нешто и не можам да не го кликнам...

    Есен како есен,и таа има свои убавини,како на пример дрвцата со златно-жолтите лисја,кои паѓаат и ни го постилаат патот,убавите овошја и зеленчук од овој период,па и дождот е убав(под услов да немаш многу работа,а немаш кола) кога можиш да седиш,пиеш кафе или да се гушкаш со љубениот,па и да си расчистуваш дома и да правиш ручек и насекаде убаво да мириса :)
    Овде сеуште е сончево,ама осеќам јас,ќе ми го пратите дождот за брзо :D

    А јас,пак треба да си се гушнам со книгата,пошто времето си лета неосетно,а јас седам на Фемина,ама сепак,само додека си го испијам кафенцето :angel: ...Дај Боже и овој пат успешно да поминам...А Фемина луѓе е зараза, бетер е и од чума,и од антракс,и од сипаница,и од заушки и од се останато шо го читам :D Ама вреди да се чита,од кога се зачленив,не се имам одјавено...Само продолжете така,се надевам долго време да ја одржуваме и да си ја читаме :)
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ве поздравувам и ви посакувам убав ден и вас!
     
    На Ivah, MandyLane, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.