Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    487
    Сакам да кажам...

    Се будам и гледам нема никого до мене. Па кај ли отишол? И еве ти го со посложувалник и доручок :$ Јас секако навмевка до уши но прво станав и појдов да се измијам и еве се враќам. Прекрасно нешто секако доручокот го делевме иаку тој го изеде повеќето а беше спремено за мене :lol: Испланиравме дека денот ќе го поминаме заедно во прошетка.
    :!: секако после јадење си идривме една неделна партија :$

    Имајте пријатен Неделен ден.
     
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Убаво неделно утро, убаво.
    Денес, решив да им се препуштам на есенскиве убавини.
    После вчерашната саботна вечер.. Мх.
    Си лежев кај мм во раце, под ќебенце, добра комедија, се галевме а капките дожд кои упорно удираа во лимениот сад позади во дворот само ја надополнуваа целата таа атмосфера.

    Утрово, кутрецево мое малецко ја извади главата од под ќебенцето и весело ме погледна со црните очи, почна да мавта со опавчето, ми го зами суратот со јазичето и кога конечно стана да се тегне влакното и светеше. Бела е како снег! Вчера се бањавме. Се галевме и се` си течеше во најдобар ред се додека татко ми не го пушти и големото куче, лесито мое, 11 години е стара.. И беља работа, како што влезе низ врата се залета накај мене во соба и правац и таа на новото ќебенце ми легна.
    Мерак пусти.

    Се расонив што се расонив и излегувам надвор и има што да видам!
    Чист воздух, ветрот си поигруваше со мојата коса, лисјата тивко си паѓаат, комшиите мои-кој прави ајвар и весело ми упатува поглед, кој мете па кренал рака да ме поздрави.. А јас, јас само се насмевнав од се срце и конечно после толку време ме облеа некоја пријатна топлина и сфатив дека имам илјада причини да бидам среќна а јас ги занемарувам и се нафаќам на по мрачната страна од животот.
    Зошто? Ноубади ноус.
    И така после битниов ми заклучок, седнав да лупам пиперки... Влегов во шема а?
    Есенска идила.

    Па девојки, ајварот е готов.
    Ајде бујрум на топло ајварче намачкано на лепче :)
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Баш би сакала да живеам на некој ранч,далеку,далеку на планина и да имам многу коњи.
    Дечко ми да е исто љубител на коњи и да дојде да работи на ранчот, а за време на паузи под ќебе, до камин, да пиеме кафе, никако чај...
    [​IMG]
    [​IMG]
    :l:
     
    На mims-89, teddybear, Offspring и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Како конечно да сме свесни дека есента и вистина пристигна дали календарски или временски па го преполнавме темичево со есенски постови ,добро кажа (мислам BOAVISTA беше) слободно може да се послужат оние на кој им треба есенски состав за на школо .

    Навиката демет али си го прај своето ,зависна од утриснко кафе во комбинација со ништо друго ами форумов ,крадам време, а богами и место па седнав в дневна, а дечко ми го оставив да си седи в соба за јас тука да можам слободно да си посветам внимание на самата себе ,веќе и не се чувствувам како гостинка |( :o :D
     
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Денес сум врло...велелепна!Се надевам сте го гледале клипчето за новите автобуси,м? :wasntme:

    Ова ми личи мене више на Лондон..Многу е ВЕЛЕЛЕПНО!
    Многу ни се свиџдаат аутобусите,ние вакво нешчо немаме видено кај нас воа технологија..


    Епа ондак ќе можеме да се разбереме и да ме разберете и тако то.
    Ииии...зборот ми беше дека никаква факинг временска прогноза нема да ме еб* денска.
    Тоа задоволство му го препуштам само на дечко ми. :nod:
    Исто така сакам да кажам дека после пиење...волку мудрување не треба да има.Не,не!
    :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Сакам да кажам...

    Другаров ги згрешил опинците...два броја поголеми се.
    Сигурно за да му се точни в година, и пак да ги носи истите.

    [​IMG] :D :D :D
     
  7. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    Mоре ама е ладно. :geek:
    На раб сум да се настинам бааш пред екскурзија. :^)
    А и да утре одам на екскуррррррррзииијааааа! :rofl: Баш се радувам , едвај чекам. Осеќам дека оваа ќе биде добра. Се надевам само дека не планираат да не мачат да се шетаме по цели денови на ладново. :worried:
    Сакам да ви кажам чао на сите , уживајте во наредниве денови се гледаме од четврток пак. :) :*
    и држете ми среќа да си поминам добро :angel:
     
    На esperanca и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Ја чувствувам предноста на живеење во центар во мал град. Како?
    Пијам макијато, дома, покрај разгорениот камин, лапотанот се гали како маче додека јас го чукам постов.
    Милина...
    Второ кафе за денес... Ако умрам пред време да знаете дека е од прекумерна доза на кафе! :D

    Конечно се наспав како треба. Без да ме буди вриштењето на децата кои гргаат со камиончиња, точачиња и сл. детски превозни средства, без брчење на правосмуклка, без тропање на мајстори, без ништо.
    Се разбудив без илјада пати да го искучам алармот... Се разбудив, чукнав два три реда муабет на нет, па станав. Уживам во предностите на нов лаптоп, чија боја, патем, ми е лек за очи.

    Ми стигна ново огледало. Конечно по моја замисла!

    Среќна недела ми е оваа!!
    Другата ќе биде уште посреќна, знам... Ама за тоа потоа...
     
  9. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Леле бе колку сме глупави значи,се караме за глупави работи,си правиме нервози за небитни работи.Животот е толку убав а толку краток..треба да го живееме исполнети со енергија со радост со насмевка..Толку е краток...16 год.дете погинало...охх боже :( RIP
     
  10. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    Одамна немам пишано на форумов, некако мојата внатрешна состојба и емоциите кои се рефлектираат од секојдневиото ги стискам во себе...
    Се разбудив мамурна, со гадење и топлина, лута и навредена од вчера....всушност не толку лута колку разочарана. Сеуште не ми е јасно како успеав да се фатам во стапицата на една промискуитетна личност која не ги штедеше солзите и сочувствуваше со мене кога немав никој, сега главен уништувач на мојата среќа. Не ми воопшто важна, важен ми е тој. Сега седам покрај него и буљам во лаптопот додека тој го слуша звукот од пипките и по некој мој ладен одговор. Нема да му ја кажам мојата болка, ја знае. Нема ништо да се врати во нормален тек, нема ништо повеќе што можам да направам за него. Тој не го заслужува ни моето присуство тука.
    Единствена личност која ме држи тука е мојата небиолошка сестра. Благодарение на нејзе останувам силна. Ме распарчува помислата за дома и со воздишка посакувам да имам моќ да се пренесам таму.
    Сестра ми, мајка ми, сите останати личности кои се важни за мене и јас за нив....како да се остане силен со толку многу причини за слабост околу мене. Секој почеток е тежок да, но јас не сакам ваков почеток. И како да почнеш нешто без волја, кога срцето и душата ти се далеку, негде каде што си бил тоа што си, во свое руво, до луѓето кои му даваат смисла на твоето постоење. Ми недостига секој дел од мојот дом, секоја лоша навика, секоја насмевка која е таму, топлиот појадок на маса, светлината во мојата соба.... се што сега немам тука. Многумина ми велат блазе си ти, да блазе си ми кога не можеш да ѕирнеш во мене и веруваш во пластичната насмевка. Кутрите..
     
    На Phyramide, Anja98, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    2.271
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    [​IMG]Еве, ваква е атмосверата кај мене в соба. Креветот растурен, книги на сите страни, лекови- исто така. Епа мама-миа сама си си крива.
    Сакав есен?! Е ја добив. А, со тоа и првата настинка за оваа 2011. Носот затнат, грлото распарано, зарипната.. Мислев есенва ќе биде најубава до сега. Али сите желби ми се напикаа в г'з. Замислував дека сеуште има сонце, дека ќе биде топло, но дека и покрај тоа ќе владее она есенско расположение.
    [​IMG]
    :wasntme: А не ова, бетер од зима е јбг.
    Згора на се окиснав на компјутер, а за утре имам бизнис за учење. Среда правиме писмена математика, петок- македонски. Ај Господ нека ми е напомош. [​IMG].
    Туку да не се жалам јас повеќе, одам да си направам чајче.
    :)
     
    На Ivah и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Сакам да кажам...

    СДК дека пред едно петнаесеттина минути ни дојдоа попишувачите и мојот папагал ја покака женската У ТЕМЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕе :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: хаххахахахахаххахахахаха
     
    На la-chicka, Divinebutterfly, cinderella5 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Дојдоа да не попишат :geek: .
    Го погодија денов. Сабајле молери во спална кречеле-дома ко атомска бомба да паднала, али aj наши луѓе се, ги знаеме :lol:
    И бидејќи се знаат со моиве си прават муабети, а јас им се убацив и им реков: Ви требам сега или да одам да учам :^) ?
    И така си дојдов во соба со намера да учам, али си седнав на Фемина :lol: , а ќе учам после на раат кога ќе се испразни куќава :talk:
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    4.908
    Сакам да кажам...

    СДК дека јас сум вашиот ангел чувар :)
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК страшно ми е досадно!!! Многу! Немам никакви обврски за денес. Дајте нешто нека се случува!
    И нека ми се откочи овој врат веќе еднаш, кажете чаре :|
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Сакам да кажам...

    Сдк Маркес е единствениот прилично стар господин на кој му дозволувам да ми се приближи повеќе од потребното.Дозволено ми е да допре каде сака.Сериозно,одлично паше уз вакво време,топло чоколадо,клима без фреон,починато греалче,фен со последни сили! Среќа у несреќа!
    Сепак,ако мене ме прашувате,денов заслужува и други продолженија,ама реалноста не дава!
    А да знаете какви се продолженијата...ма магија!
    Есенва може да ми пружи многу,само јас ако дозволам и се обидам.
    Многу неочекувани промени и шанси.Ама знаете секогаш што недостига?!Храброст! Не дека се работи за животна шанса која пружа удобен живот,туку се работи за животна шанса која не ти го менува многу животот од аспект на удобност,туку баш напротив те вади од таа точка и те фрла во друга,повозбудлива,а ти треба да си доволно силен за машки да ги поднесеш лошите моменти за да стигнеш до катарзата која има траење од еден момент,ама ...вреди бе,вреди!
     
    На anneyy, LivingGlam, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Утро во три попладне :yawn:
    Темни подочњаци, крема од краставичка на моето лице. Облеката мириса на цигари помешани со неговиот парфем. Настинката ми се повлече благодарение на греаното винце :P
    Можеби беше -5 но мене душата ми беше топла и не ми беше гајле дали имаше милион луѓе околу нас се бркавме околу фонтаната и се љубевме на дождот.
    И сега?
    Сега Мимс повторно незнае каде се наоѓа и што сака, изгубена во простор и време. Додека е вака убаво ништо друго и не е толку битно.
     
    На Ivah и Neytiri им се допаѓа ова.
  18. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    6.737
    Сакам да кажам...

    Пописи уште по сабаље...добро не е баш сабаље :D ..
    Јас лежам разбудена в спална, неможам по пижами да одам в соба оти некојси пописи прават, в детска сестра ми со друугарките триста муабети разврзале крајот не им се гледаa и ела мрдни да те видам .
    Сета среќа мобилниот се погоди да е до мене како и обично па и се јавив на друшката моја да се слушниме оти вчера слабо се видовме :D ... сабаље се разбудила в кујна.. :rofl: чудо од џенцка :) Кај неа на роденден вчера си поминавме лудо , бевме в кафана и порачавме 5 бунарчиња, незнам како се најдоа 7 на масава :D Одтука после 3 саати седење заминавме на Иван Раденов имаше свирка и си се сликавме со него , поубав е во живо бе 8)

    Утре е огнометот во Прилеп , поканети сте сите кој што може нека дојде :wasntme: Гарантирам добра забава и пријатна атмосфера :)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    сдк ми текна на песната мамурлук а ваљда има приЧина зашо да ми текне баш на неа :D , епа знаЧи нема, ме боли глава, седам со волнен џемпер, се тресам и се грејам со фен :) , а ме Чека куп работа :^) .. охх ма како би му ја легнала сега со една шолја Чај ах ах ..
    студено та вриштииииии

    [​IMG]
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК дека имам една многу голема желба што знам дека нема да ми се оствари :lol: ама јас ќе си ја кажам. Сакам да немам обврски, да немам за учење. Да се најдам во некоја планинска куќичка со камин и кревет со многу перници и топли ќебенца, околу мене да има многу кучиња кои ќе ги гушкам и ќе лежат со мене на креветот, пред каминот мачиња кои ќе се топлат и ќе спијат. Многу книги, чипс и ресани, чоколадна торта, кафе и чај. И моите ушиња да го слушаат Виле Вало, Бон Џови, Дарен Хејс...Ете тоа сакам, ама нема. :doh: |(
    Си бев на кафе со две другарки кои ги обожавам, едната од нив не е од мојот град и не ја гледам често. Па, сега замислете колку ми беше убаво. Ги сакам. А сега ме чекаат книги, мнооогу книги. Ама од оние кои ги сакам многу помалку :(
     
    На esperanca, crazylady и mims-89 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.