Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Јас сум крајно разочарана :!: :x Како лесно луѓево запишуваат и отпишуваат луѓе од својот „список“ тоа е чудо :x Чиниш навистина шетаат со еден лист и со едно пенкало и цело време си чкрткаат нешто |( Изгледа и тие попис прават, ептен се внесени со пописов |(
     
    На Johny и la-chicka им се допаѓа ова.
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    Нека ти текне на тролчињата кои се во полн ефект на форумов и како би изгледал истиот без модератор и то глобален веднаш ќе се прибереш :D .


    А сега шегата на страна постов ќе го напишев јас пред 24 часа добро ќе беше малку полош :tmi: . Се смени нешто и тоа инстант како подесување , не не никој од блиските не ми помогна ни ме праша како ми е , ни дали ми треба нешто , ни барем лажно тапшање по рамо . Еве што ме смени ...
    Туѓинец , Интернет иронично ама вистинито . Се засрамив , се освестив се разбудив ми даде сила .

    http://www.youtube.com/watch?v=H8ZuKF3dxCY

    Направете ме луда ама јас вечно ќе му благодарам јас знам зошто , јас знам како ми помогна без да ме познава . Ми помогна повеќе од 6659552 душмански совети и лажни лицемерни насмевки . Ова е мојот нов идол :bow: :bow: :bow:
    И уште еднаш пред да се самопрогласите за пропали случај , за губитник , за ништо не ме бива ... Сетете се на овој ЧОВЕК ќе ме води вечно .

    Немам раце ни нозе сега сум паднат логично е невозможно да станам но дали ако не се обидам некогаш ќе успеам ? !
    Не ! Затоа ќе пробувам постојано и ако не успеам 1000 пати ќе пробам 1001 нема да се откажам никогаш!
    Јас го сакам мојот живот , јас сум среќен !


    Ова не беше млатење празна слама и ефтина филозофија би била најсреќна доколку допре барем половина од тоа што влијаеше и делуваше на мене .

    Секое добро ...
     
    На Go-Girl, green.eyes, L-enna и 9 други им се допаѓа ова.
  3. bleff

    bleff Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    19
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми се продолжи животот за едни добри дваесет години :D т.е да си го надополнам времето за кое незнаев дека множина од ПРСТЕН се ПРСТЕЊА :D :D :D :D
     
    На la-chicka и Offspring им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК о погледнете си ја вашата болка грешници едни, вие сте се нашле туѓи криви дрини да исправате! Не ве знам од вчера, ве знам од многу поодамна, само пазете да не ми пукне филмот, ако ми пукне тешки зборови ќе паднат, ви ветувам! Цело ебено време се обидувам да не пламнам, да не го истурам бесот и гневот, ама сами со борина си го барате! Прекинете додека овој бес не пораснал, ако порасне многу лошо ќе биде, многу. Не ме знаете од вчера и вие, и баш поради таа причина, скратете си ги вашите гадни јазици, да не ги скратам јас. Погледнете си ги гомната во вашиот двор кои ги имате со лопата да се ринат, па потоа гледајте ги оние во мојот! Гнаси, ми се повраќа од бедни животи! Дај бе ако има Господ нека помогне за ваквите изгубени случаеви, а ако нема тогаш нека се измисли, алармантно е!
     
    На LilBaby, Doozy, Pelikuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    На I.v.a.n.k.a и Rozich им се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Сакам да кажам...

    денес веројатно никој нема што да каже или сите се на продолжен викенд...

    епа јас ќе ви кажам добро утро девојки, денот е убав мрачен есенски токму таков како што треба за да се помине во топло домче и во пижами со топло кафенце и по малку работа.

    убаво ми е денес на душичката без некоја посебна причина, едноставно ми е топло, чисто и убаво...

    ви посакувам најубав ден феминки уживајте во есента :*
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    Во раните утрински часови си станав јас наспана и поспана. Не за друго него затоа што ме боли задникот!!! Ама најсериозно моето десно обравче ме боли и јас сум си апсолутно збунета од што.

    Освен ова друго за жалење нема. Синојка мислам дека умрев од убавини познати како топло лепче т.е. крајче од лепче со кајмак. Леле луѓе, леле муко. Гризеш од крајчето, а тоа крцка полека полека, Во уста ти се меша мекоста на лебот со мекоста на кајмакот...... Готово немам зборови.

    Какво задоволство е бе храната. Да, себични сме си ние луѓето,ама ете тоа е. Како да не уживаш во храна? Во мирисот, текстурата, бојата, вкусот ...цело пакување си е тип топ. Луди се оние кои можат да јадат а не јадат. Е големото чудо кога ќе седнеш на столче задникот ќе ти заземе еден милиметар повеќе. Хинт хинт Светот преживеал и полоши работи.

    Ете ве поздравував сабајлечко понеделнички и ви велам : Јадете луѓе јадете, како хедонисти, како богови. Кога можат тие можеме и ние.
     
    На la-chicka, MandyLane, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека најубаво ми е утринското кафе кога сум втора смена. :)
    Времево е грч, не памтам кога последен пат волку многу ми студело. Го донесов радијаторчево до мене, ми доаѓа да го гушнам, ама ќе се попарам, чури од љубов, само тоа ме грее. :( Ми се оди во школо единствено поради тоа што после часови ќе одиме на кафе ( or пиво, whatever :rofl: ) во Кастом, инку со тешки маки ќе ме истеруваа од дневнава.
    Дека сум во тотална збрка покажуваат и моиве сонови. Те едниот, те другиот. Не знам што да правам повеќе, плус пропатно каде и да одам во сон каснам на школо...

    http://www.youtube.com/watch?v=3plt6wMQyQE

    Ви праќам топлина. :)
     
    На SexyLady и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    СДК дека кога ке залади врмево, им завидувам на сите кои живеат во Скопје поради парното.

    Децата кашлаат ли кашлаат, милина :@

    Ме чека многу работа... Да ги прередам плакарите, да извадам и складирам летни алишта, да наредам зимски и се пута четири. Децата што израснале, мало, големо, таман... Па чевлите... :@
    Сонувам за една ваква просторија (и ке ја имам во следниот дом!) , каде сета гардероба ке биде наредена и нема да има потреба од вакви психо-физички подвизи секоја пролет и есен.

    Друг момент кој тешко ми паѓа е што треба да купувам алишта за децата и за дома. Керката е порасната од лани ништо не и е таман, синот да носи розово не ми е мило. Баш сега е облечен во розова тренерка, љуби га мајка :D Три пара тренерки, пута два, пута иљадарче, ете ти 100 евра само за алишта за дома. Плус нова зимска гардероба, плус чижмички, плус патичиња за дома, лелеее, подобро да престанам :worried: Може требаше да пишам во темата Испукајте се, така испадна постов :)

    Ви посакувам убав ден и да ве грее некое друго Сонце кога вистинското е скриено зад облаците.
     

    Прикачени фајлови:

    На la-chicka, LilBaby, blond и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Од сабајле се тапшам по челово ми. Ми се гади од сликата на Меркел и Саркози. Е*ем ти Европа која повторно и повторно ќе ја спасува Грција, односно себеси.
    Гледајќи ги глобалните гомненици ми се иде во некоја колиба, да си засадам основни овошки и зеленчуци и да не ми чуе за цел свет. Какви банки, какви камати, какво ми ти тресење за светска финансиска криза. Оние во Бразил кои си живеат во амазонските прашуми да не ги мачи случајно вакво нешто - а глеј ги колку се среќни и сложни!

    Се снимал филм за Џастин Бибер. Господе прости ми јас сеуште не успеав да видам што пее детулево, едвај го перцепирам како фаца а веќе се прави филм за животот негов? Па уште и Кардашијанките ќе настапувале во него?!
    Добро со какви информации не клукаат секојдневно? Кој е Џастин Бибер сериозно и што направил за светот? На некое детенце на кое штотуку му ја одземале невиноста за малку пари, за да преживее, некаде во далечните Филипини му е гајле дали Џастин Бибер снима филм или не.

    Да ја цитирам другарка ми која пред некое време се чудеше како можат луѓето да си го хранат своето его и пополнуваат досада со трачање - да ми беше трачот најголемото гајле во животот, втор пат ќе се родев.

    Ма ајт! Решив да игнорирам глупости а колку и да се трудам, некако бре ми влегуваат во полето на перцепција. А толку други многу побитни работи постојат во светот за исправање и поправање. Да тргнеме од себеси - секој од нас би нашол барем една работа која би можеле да ја смениме за подобро утрешно будење. Наше и на останатите.
    Само - забораваме. Баш сме ко Дори од Немо. 10 минути ни трае меморијата и потоа забораваме кои сме, што сме си ветиле, кој ни помогнал, на кого што сме му дале...

    Нејсе. Ајде нека ве грее парното, фенот, печката или шпоретот во овој октомвриски ден, затоа што искрено - да грееше љубовта цел свет ќе беше Хаваи, а не е :)
    Разгорете ги страстите - е тие греат малку повеќе. Гарантирано. Бидете палави и умни, и малку повеќе чукнете си ги главчињата. Светот е отиден јабана, да се трудиме да му пркосиме малку а? Што викате? :)
     
    На green.eyes, la-chicka, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Сакам да кажам...

    Да нив не ги мачат такви работи

    нив ги мачат помали работи како ... ПИРАНИ , ЗМИИ , ОТРОВНИ ПАЈАЦИ , цвекиња што те јадат и комарци што кога ке те забодат ти прават рана поголема од твојата рака , придржувано од страна на господ тука се мравките кој јадат све пред себе и се разбира анакондата која не е змија него чудовиште ....
    :lol: :lol:



    СкД
    Jim Carrey човек кој нема направено филм а да не се згазиш од смеење
    освен што ги поседува тие карактеристики да те смее на секој чекор
    он е истотака и одличен пејач

    ве молам погледнете :rofl: :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=pls6Z-Z9u5g
     
    На Miss-Independent, tigerlady, Trendafilka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Некој глуп немир во мене, ама нема да му дадам да ме совлада. Два дена ја барам Мила не можем да ја добијам ме ремети помислата дека не сум ја чула. Одам да дишам свежина, да го разбистрам умот, да му купам на сонцето мое подарок за роденден, и порачав часовник. Ми фали, си патам денес за нејзе.. боли..
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Абе да, ама види, земам вага, и на едната страна ставам пирана, змија, анаконда, а на другата го ставам Џастин Бибер - па сеа да видиме што е поопасно. За ова првото имаат они лек, не се секирај, истренирани се а за ова другово јас не знам што ќе смислиме бре? :D

    Како и да е, оќу да кажем, да овај свет смрди, а још није ни прднуо :lol:
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека си ги имам најѕверските мачки. :rock:
    Ненаситни едни, јадат се’ што ќе им дадам, вклучувајќи и пиперки, помфрит, кечап, маслинки па дури и ајвар - македончиња се бре или краставици? :rock:
    А не дека се гладни, колку да набутаат што повеќе, дрчни. :D После ќе ми се влечат со задните нозе по дома зашто стомакот им е ко балон.
    Ете баш вака. :D

    [​IMG]
     
    На eli25 и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    СДК дека вчера ми дојде на гости црвената точка, и за прв пат се случува додека ми е прв ден да сум нервозна, бесна, ми се чинеше дека ке експлодирам-дури и плачев од нервоза :emo: ама друзба со драга : пријателка ја ублази ситуацијата , и криво ми е што оваа недела ке паузирам од пилатес, и медитацијаама барем ке :dance: и други активности (компензација) :wasntme:
     
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк сама дома, топло какао,блуза на долги ракави,тренерки,музика ТЕ САКАМ ПОНЕДЕЛНИКУ :)
    :inlove:

    [​IMG]

    П.С. ми се допаѓа шарата на чашата на девојчево од сликава :D :D
     
    На eli25 и Rozich им се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Сакам да кажам...

    Понеделничко утро со Жоел и Анатх.
    Ве сакам многу ^_^ ама ептен многу...
    Со еден збор, ангелчиња сте :angel: :angel: :angel:

    Едвај чекам да ме донесе пат накај Ск (или обратно), да се видиме.
     
    На Annath и joelle им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    [​IMG]

    СДК ... Добар ви ден, имајте убав и исполнет ден ...
     
    На Annath, crazylady и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  19. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    после МНОГУ ДОЛГО ВРЕМЕ...денес е понеделник и некако ми е сосема ок...не се чувствувам проблематично...немам никакви маки...за еден саат треба да излезам на ова студов
    кај ладно таму и студи |(
    али некако се е ок...незнам зашто...доста смирено... :wasntme:
     
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    Нека е на арно и оваа нова работна недела, времето како брзо мине...
    Облечете се топло.
    Имајте убав ден.

    [​IMG]
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.