Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    Сакам да кажам...

    Зошто е животот толку тежок? Или пак срцето е она што многу сака?
    Што ако некоја шанса не успееме да ја фатиме со рака?
    Постои ли живот после смртта, има ли пекол и рај? Каде ќе биде нашиот крај..
    Што ако нешто се згреши, кога на крајот сè ќе се реши.
    Понекогаш е потребно да нè крене голем бран за на крај да уживаме во мирниот океан.
    Потребен ли е стравот во нас дека животот може да ни згасне за час?
    Колку ќе бидеме среќни ако за сè се грижиме, ако мируваме во место и не се движиме.
    Живот ли е тоа така, ако сè се добива без мака.
    Која ќе биде нашата цел ако за тоа што го сакаме не вложиме ни дел.
    Што и да правиш верувај во себе, и никогаш не гледај го тој пред тебе.
    Слушај ги твоите мисли, а не на некој друг и не оставај сè да се врти во круг.
    Зграпчи го секој момент што животот ти го дава и за сè двапати размисли со твојата глава.
    Никој не е толку верен како што се прави, сите твои муабети еден ден на виделина ќе ги стави.
    И секој твој совет ќе го искористи против тебе, затоа што така ќе се прави горд со самиот себе.
    И после сè што си направил треба себеси да се цениш, колку и да си различен имај свое јас и немој да се смениш.

    [​IMG]
     
    На la-chicka, Gordana10, Chocolate.me и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК

    Си имам една баба.. Всушност не е баба таа е ЦАРИЦА... Луѓе многу си ја сакам иако често ме нервира |( .. Ееее ако почнам да ви кажувам за неа крај нема да има.. Жената е уште "млада", се шминка, си искача, се дружи.. Гајле си нема..

    Ја пуштам песнава
    http://www.youtube.com/watch?v=wyx6JDQCslE&ob=av2n
    и она ја слушна.. Глеам се дере од дневна Ани попуштииииииииииииииииииии, јас таква :| Искачам од соба ја глеам се качила на троседот и меша: секси секси баба сум си јас :music: :rofl: не оти знае што се работи во песната битно игра.. Не можам да и замерам, си пивна малку сабајлево со мене.. Сега се праи фраерка и цигара запали :rofl: :rofl: :rofl: 8) Газдарица.. Алал да и за годините што ги има.. Нека ми остане таква весела и насмеана уште многу години..


    Те сакам бабоооо !!!!!!!!!!!!!! :l: :l:
     
    На snake, la-chicka, teddybear и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    СДК колку една песна може да ти разбуди сеќавања..
     
    На snake, la-chicka, sweetyears и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сакам да кажам...

    Можеби на некои личности му изгледам како робот, зошто е тоа така не знам.
    Откако почнав посериозно да гледам на животот, добив коментари од типот не знам како ти успева да бидеш ладна и смирена во одредени ситуации. Не знам како ти успева да не покажеш ниту една емоција, ниту да трепнеш. Што да правам, таква сум, секогаш кога некој паничи јас го смирувам.

    Денес бев сведок на многу непријатна ситуација. Kај мене се падна паричката јас да соопштам една многу лоша вест. И го направив тоа, најнормално. Јас си знам што почувствував тогаш, колку само сакав сето тоа да е сон, колку само сакав сето тоа да е фикција. Kоментарот од нејзин близок ме погоди, ми рече како можеш да бидеш толку сурова и да го кажеш тоа така?! А како да го кажам? Да заобиколувам ли, правејќи уште потешко отколку што е? Јас дали тоа ќе го кажам во една просто проширена реченица или во 10 сложени нема да го смени тоа што се случи. Готово е. Крај. И подобро да го кажеш тоа директно отколку на некому да дадеш дури и неколку милисекунди надеж, па да го лупнеш од земја.

    Што сакав да кажам? Колку само работите не се како што изгледаат. Да имаше некој скенер како што се скенира дел од телото и се покажува на монитор за чувствата ќе видеше како ми беше мене. Ама нема.
    И тоа е тоа уште еднаш нема да ја видам таа личност. Не ни ми се прави муабет веќе со никој денес а таа желба нема да ми се оствари до 8 вечер.

    Но најмногу од се сакав да кажам дека работите не се така како што изгледаат.
     
    На la-chicka, teddybear, Theodora и 5 други им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    СДК дека сега ќе си ги пишувам маките по форумчево :lol: .
    Ама и не е за смеење ова. :!:
    Ете, бев со другарки на понеделничко кафенце. Со кои не сум се видела цел месец. Јуху. Ама, два збора не втасав да кажам. Тие дветте другачки си ги накажаа маките, ме изнапрашаа оговарачки муабети се` што можеа да истават од мене. И ајде чао. :hai:
    Кога дојдов дома бев полна со негативна енергија. :worried: :x
    И ете, остана форумов, каде барем некој ќе ме прочита или ќе ми одговори на дадено прашање. :)
     
  6. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Какви луѓе има, просто да се чудиш, чудиш и чудиш.
    Такви како нив, го загадуваат воздухот :x
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Добив два дена порано.
    А добив и кревет десет дена покасно.
    Добив и тегли ајвар.
    И една голема желба за масовно излежување под ќебе и буљање во екран.

    За три недели од прилика, полагам. Ама наместо наведната врз книги, јас си печам колачиња со нутела, си галам мачор, упорно си симнувам филмови за гледање и се давам во неизмерливи количини капучино и какао. Се водам по мантрата на една блиска френдица: Еднаш се живее! Гуру ми станува, жими се!
    Мрзливо си поминуваат деновиве...
    Имам чувство дека запаѓам во зимски сон.
     
    На Miss-Independent, la-chicka, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    сдк
    епа знаЧи нема, ке се намаЧи Човек за таа возаЧка, нервите ке си ги потроши бре,оди рикверц-па не така, стикај коЧница-не па онака, блендирај, стај жмигавец та ова та она, ма иЧ не ми се влага ни во кола :^) сериозно.
    но пак од друга страна кога размислиш, оххх возаЧка да имаш в џеб и терај си работа бе, иди кај сакаш, шетај, пушти маклу мозок на пасење :?: па уште и кога ке си ја купам мојата љубов за некои време ах ах ах.
    знаЧи дефенитивно треба и мора да се положи!!! :emo:
    [​IMG]

    мојта најмила, да ја даи господ, секој ден ке ја мазам и пазам амин :rofl: ]:)
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    СДиК на Ива,човече дај пишувај со мало Ч ,значи кога ти ги читам постовиве звучниве осцилации во мозоков ме мрднуваат. :D
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    Кога ќе надојдат спомените како пријатен и бистар дожд и ќе ја измијат калта од сите недоразбирања, од сите грубости и дрски, горделиви каприци и кога тие капки спомени со треперлив допир ќе гиразбудат страста и немирот, немој да се плашиш да уживаш во тој дожд.
    Победи го тогаш стравот и побарај ме мене.
    Ќе застанам до тебе под облакот од таа носталг...
     
  11. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Сакам да кажам...

    Колку убав ден ! :f:
    Да го занемариме фактот дека утрово кај 7 часот, ќе ме одвееше ... Колку облека ставив на мене ни сама незнам, али реков да го занемариме фактот. :emo:

    Енивеј, прекрасен ден. Дојде братучетка ми од Франција, после 2 години. Толку многу ја изнагушкав што мислам дека снема воздух. Дури пуштив и солзичка - радосница . Незнам како издржав 2 години. Но сега е тука :inlove:

    Седиме, пиеме милкшејк. Сите ве поздравува ... и и се допаднала изјавата на Анние.мк1 :*

    Милкшејкот јас го правев, па го бендиса. Чудо ! ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • Eat thing 48.jpg
      Eat thing 48.jpg
      Големина на фајлот:
      21,3 KB
      Прегледи:
      348
    На anastasija85, Ivah и MacaLove им се допаѓа ова.
  12. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Сакам да кажам...

    сдк дека смрзнав и официјално ја почнав грејната сезона, си го пуштив панелот да ме стопли и баш ми е фино!
     
  13. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    :clap:
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    Сакам да кажам...

    Сдк...ми стемни скроз.
     
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Часовите минуваат, деновите, седмиците, месеците, годините...
    Ти мислиш утро сме, штом ќе трепнеш, оно приквечерина станало, ти мислиш понеделник, пак ќе трепнеш сабота станало...
    Времето минува со експресно брзо темпо. Оди и, не се враќа. Oстануваат спомени, и планови за иднината која што е толку далеку, а сепак блиску.
    Ми текнува на претходната година, на 10 Октомври 2010, и ми се чини како вчера да било...

    Panta rei. Се‘ тече, се‘ се менува...

    П.С
    http://www.youtube.com/watch?v=mC5HhCLVf8s
    на 2:20 е најважното. :rofl: :rofl:
     
    На la-chicka, Marcey, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сдк ако ова е точно, ондак едно зло помалце на земјава!

    Евтина работна сила, експлоатација на деца и прашања за човековите права

    Фабриката на “Епл“ во Кина вработувала тинејџери и лица помлади од 16 години кои се обидувале да го прикријат тоа судејќи по извештајот на компанија во Кина. Во 2011 година, извештајот на “Епл“ наведува дека проблемот со детскиот труд се влошил.

    “Дејли Меил“ во 2010 година успеал да уфрли репортер во фабриката во Кина кој пишувал за 24-часовната работа, опишувајќи дека типичниот ден започнува со кинеската национална химна “Станете, станете, милиони срца со една мисла“.

    Пишувал и за тоа како работниците спиеле во тесните ходници кои личат на затвор, на кревети на три ката заради заштеда на простор.

    За време на летниот период и високите температури од над 35 степени, со голема влага, фабриката немала клима уреди.

    Работниците признале дека повеќе од 40 луѓе спијат во простории преполни со мравки и лебарки.
     
  17. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Снеже, Снеже, Снежана, моја си симпатија, ќе ти шепнам нееежно, ти си само мојааа. :music: :D
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК нешто што најмногу мразам во животов е како некој ги дели луѓето, вакви, такви, онакви :@ од кожа се вадам, а да и егото на власт качено на трон, сметајки дека е сезнајко |( а незнае дека појма нема :D

    И сдк :!: море тоа паричето што ми падна годинава, ептен ефикасно :rofl: а ја мислев да подметнам два пара еври :rofl: а тоа немало потреба :D :wasntme: нареден пат, две ќе подметнам 8) :D
     
  19. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.122
    Сакам да кажам...

    Се молам да не биде ништо, не би преживеала. Сериозно, Горни, не можам да издржам такво нешто. Знаеш и сам колку сум дала, не заслужувам. Дел по дел, малку по малку средувам, само да биде се` во ред.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк учев 3 часа со само една пауза од 10 мин. оууу јеааа 8) 8)
    успех е ова да се учам историја за Британија цели 3 часа :rofl: :rofl: ( мразам историја овоа чудо некое денес )


    Имам желба за учење :)

    [​IMG]


    P.S. дај Боже и утре да имам желба за учење :lol: :lol:
     
    На eli25 и Springy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.