Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    На Monna.Monna и LilBaby им се допаѓа ова.
  3. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    Сакам да кажам...

    СДК дека разочаарана сум од понашањето на една блиска личност.. како можишш брее да си дозволишш ццц
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Сакам да кажам...

    Колку само љубовта може да го промени човекот. Неверојатно е што тие зборови доаѓаат од мене. Зарем јас која не верував во љубов, која ги сметав за патетични сите девојки кои секоја вечер плачеа по некој идиот, која викаше дека љубовта е состојба на умот, а не на срцето... зарем јас сега кажувам дека летам, дека сум заљубена, дека сум среќна, дека тој е мојата сила, мојата надеж, мојата инспирација.
    Зарем дојде време кога и јас ќе можам да заплачам на некое роматично клипче на интернет, да се соживеам со среќниот пар и да си помислам дека и јас го имам сето тоа...
    Ех, љубов... Фала ти што конечно и пред мене го покажа своето лице.
     
    На snake, esperanca и Libera им се допаѓа ова.
  5. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Сакам да кажам...

    скд. ме гушнааааа !!!!!! јухуууууу !!!! ме гушна срцето мое !!!!!! ахххх.......душа моја ! :inlove: :inlove: :inlove: :hug: :hug:
     
    На Hiii и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сакам да кажам...

    СДК дека доста ми е од ку*ви кои изигруваат светици. :@ :@ :@
    ДОСТА,ДОСТА,ДОСТА!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Многу глупав ден.
    Просто не можам ни да си поверувам.
    |(
    среќа при крај е ...

    Не дека нема време да се опорави и да се расположам ... ама како тргнало Њет.

    Можеби треба да си легнам.

    Понеделнику оди си побрзо ...
     
    На Cherry03, Forgotten, Hiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сакам да кажам...

    Преска менувам програми на ТВ и оп гледам на CNN Скопје во живо, Eye on Macedonia.
    Се изненадив позитивно, баш убаво така да не има по светските телевизии.

    После прочитав на нет дека всушност од денес до 19ти октомври на CNN во 18:30 часот ќе емитуваат прилози за Македонија, поврзани со Проектот 2014, новиот аеродром Александар Велики, кариерата на Есма Реџепова и Милчо Манчевски.

    http://www.youtube.com/watch?v=cLNn-pjY ... r_embedded
     
    На innablood му/ѝ се допаѓа ова.
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК овие од пописот многу глупи и банални прашање поставуваат. |( Со што оделе моите на работа, колку километри им било оддалечено работното место, демек мерат они кога одат насабајле... |( А јас, колку пати сум раѓала :rofl: па 5-6 пати има :rofl:
    СДК2 едвај чекам да бидат готови најубавите домашни кифлички од мајка ми. Ги обожавам, преубави се, а пак кога се топли се најубави :mm: Ве честам сите
    [​IMG]
     
    На kristii, Rubiii, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК раката што дава не се суши ..
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    СДК ... Знаеме дека премините од едно годишно време во друго, екстремните промени на времето и сл. доведуваат до депресивно расположение. Па еве нешто во врска со тоа за да помогне колку толку да се ублажи оваа состојба ... Го постирав зашто читам има од вас тука кои се ваква некоја состојба поради промените но и поради др. икс причини ... :)
    Депресијата е тешка психо-физичка состојба, а претставува големо пореметување на вашето расположение. Симптомите на депресија се: повлекување на болниот во себе, чувство на потиштеност, пад на нормалното енергетско ниво, несоница, губење на апетитот, опседнатост со црни мисли, забавен тек на размислување, безнадежност и безпомошност. Доколку сметате дека се чувствувате депресивно и особено ако имате биполарно растројство и големи промени во стилот на живеење, треба да посетите доктор, но доколку веќе одите на психијатар и консумирате медикаменти, постојат многу работи кои можете да ги направите за да си помогнете себеси да се чувствувате подобро, а нема да ве чинат ниту денар.

    Забелешка: Ако сте моментално нерасположени или тажни, не значи дека боледувате од депресија. Повеќето депресивни епизоди траат подолго од две седмици и можат да траат со месеци, па дури и со години. Сезонските депресии, најчесто се јавуваат кај луѓето во текот на зимскиот период од годината, а состојбата се подобрува кога ќе настапи пролетта и летото.10 начини за справување со депресијата
    1. Не обвинувајте се себеси

    Ова е наједноставниот, најважниот и најевтиниот начин да се борите со депресијата. Самата депресија, плус чувството на вина и не исполнетост во животот, можат да се излекуваат, но за да се случи тоа, потребен е практичен, научен пристап и трпение.

    „Морате да научите да ја прифатите реалноста дека депресијата е телесна болест, исто како болеста на срцето, дијабетесот и ракот“ – вели проф. д-р Ричард Раскин, клинички психолог во Њујорк и Личфилд, Конектикат. „Можете да ја надминете така што ќе се трудите повеќе да се борите и ќе го приспособувате вашето однесување. Потребно е да прифатите дека имате физичка болест на која е потребно да ù обрнете внимание и нема никаква смисла да се обвинувате себеси за тоа.“
    .
    2. Зборувајте за тоа

    Нема да биде лесно, но ако им зборувате на луѓето за вашата депресија е подобро, отколку да ја чувате во тајност. „Нема секој да ве сфати и да ви даде поддршка“ – вели Раскин. „Ако имате скршена коска на рамото, болки во грбот или главоболка, сите кои го искусиле тој проблем ќе ве сфатат бидејќи можат да се споредат со вас, но не и кога станува збор за ментална болест. Но, и покрај тоа што не ве разбираат сосема низ што поминувате, пријателите и семејството можат да ви пружат емоционална поддршка и да ви помогнат да ги истражите опциите за третирање на болеста. „Немојте да си дозволите да се изолирате од луѓето во вашиот живот. Комуницирајте со луѓето, до степен до кој можете да издржите “- додава Раскин.10 начини за справување со депресијата
    3. Редовно вежбајте

    Можеби вежбањето е последната работа која ви се прави кога се чувствувате депримирано, но џогирањето или вежбањето фитнес може многу да ви помогне да си ја подобрите психичката состојба. Енергичното спортување може да се бори со симптомите на вашата депресија, доколку вежбате редовно по 30 или повеќе минути. Во едно истражување, депресивните пациенти кои вежбале редовно на лента за трчање или на статичен велосипед во текот на 12 седмици, забележале намалување на симптомите на болеста за околу 50%. Вежбањето има и краткотрајни бенефиции. Друго истражување покажало дека вежбањето може да го подобри вашето расположение во наредните 12 часа.10 начини за справување со депресијата
    4. Одложете ги крупните одлуки

    Депресијата може да влијае на вашата перцепција и проценка, така што најпаметно е да ги одложите одлуките поврзани со вашите персонални врски и кариерата, до оној момент кога ќе се чувствувате подобро.

    „Еден од симптомите на депресијата е да имате негативен став околу повеќето работи кои се случуваат во вашиот живот“ – вели Раскин. „Тоа влијае на вашиот суд за речиси сè, а вие може да не сте ни свесни за тоа. Така што, одложувајте ги важните одлуки колку што можете повеќе“. Ако морате да донесете некоја одлука, немојте да бидете импулсивни. Пред да ја донесете одлуката, Раскин советува да се консултирате со луѓе кои ви се блиски и во кои верувате, како што се вашиот терапевт, членовите на вашето семејство, пријателите…10 начини за справување со депресијата
    5. Грижете се за вашето здравје

    Ако се чувствувате депресивно, предизвикувачки ви е да му дозволите на вашето здравје да се „лизне“. Но, ако си дозволите да изгубите желба да се грижите за вашето здравје, тоа може да ги направи симптомите на депресијата уште полоши. Поврзаноста помеѓу депресијата и здравствените состојби како дијабетес и срцеви болести е голема. Истражувањата покажуваат дека депресијата може да ги влоши овие состојби, но и обратно, луѓето болни од овие болести, стануваат депресивни. Така, луѓето кои искусуваат компликации поврзани со дијабетесот, е многу веројатно да станат депресивни, а постојат и некои докази дека стресот предизвикан од срцевите болести доведува до депресија, особено после срцев удар.
    .
    6. Одржувајте секојдневна рутина

    Држењето колку што е можно повеќе до некоја секојдневна рутина, е многу важно за луѓе кои се борат со депресијата, според Раскин.

    „Без разлика за каква активност ќе се определите, обидете се да ја извршувате секој ден во истото време. Рутината, без разлика дали е џогирање, пазарење или миење садови, ви помага да го избегнете синдромот на седење дома по цел ден во пижами, кој само може да ги отежни работите. Рутината ви докажува на вас, а и на останатите, дека ако сте способни да го издржите денот, ќе успеете да ја победите и депресијата.“10 начини за справување со депресијата
    7. Јадете здрава храна

    Храната која ја внесуваме не делува само на телото, туку и на мозокот, па така доколку се чувствувате депресивно, многу е важно да јадете здрава храна. Тоа може да биде зрнеста храна, протеинска храна, зеленчук или овошје.

    Храната не може директно да ја победи депресијата, но сепак различни видови храна можат да влијаат врз расположението. Како на пример, јаглехидратите и храната која содржи витамин Д, можат да го зголемат нивото на серотонин, невротрансмитер директно поврзан со расположението. Некои истражувања докажуваат дека омега-3 мастите, кои можат да се најдат во рибата и рибиното масло, можат да помогнат во борбата против депресијата.10 начини за справување со депресијата
    8. Избегнувајте лекарства и алкохол

    Иако депресијата полека ве тера да се фатите за чашката, попаметно ви е да не го правите тоа. Луѓето кои патат од ваква состојба, често се решаваат за вакви мерки за да ги сокријат симптомите, но сето ова може да биде многу штетно во иднина.

    Пиењето и употребата на разни апчиња влијаат врз мозокот и подоцна можат да направат проблем во односите со партнерот и пријателите, работата и сите други аспекти на животот. Особено е опасно доколку се помешаат заедно со антидепресиви. Иако чаша вино одвреме-навреме нема да наштети никому, сепак луѓето во ваква состојба треба максимално да избегнуваат внесување на алкохол и лекарства.10 начини за справување со депресијата
    9. Обидете се да спиете убаво

    Обично депресијата и недостатокот на сон одат рака под рака. Проблеми при спиењето се чест симптом на депресијата, што е во директна релација со расположението.

    Иако ова не е генерално правило, сепак ваквата комбинација може да биде краткотрајна. Лишувањето од сон кај некои луѓе кои се наоѓаат во состојба на депресија, може дури и да го зголеми расположението. Исто така може да создаде и манија кај некои луѓе со биполарно растројство.

    Многу работи остануваат непознати за конекцијата на депресијата и сонот, бидејќи секој има различна потреба за спиење, но сепак експертите препорачуваат, луѓето кои се соочуваат со депресија да спијат доволно и да воспостават редовно и точно легнување и станување.10 начини за справување со депресијата
    10. Не преземајте премногу обврски

    Доколку се борите со депресија, многу е важно да не си го преполнувате распоредот и времето со повеќе работи отколку што можете да направите. Доколку имате комплицирани задачи на работа или дома, работете ги чекор по чекор.

    Сетете се: „Во ред е да го намалите темпото. Можеби не сте свесни дека не можете да работите со полн капацитет. Можеби можете да дадете само 75% од себе. Сепак и тоа е успех. Но, доколку навистина не можете да функционирате, мора да бидете внимателни со себе. Земете слободен ден, сепак заслужувате пауза.“ – вели Раскин. 10 начини за справување со депресијата
    Што да не му кажувате на некој кој е во депресија?

    Не му велете: „На многу луѓе им е моментално полошо отколку тебе“ – дури и ова да е вистина, лицето не се чувствуваа така во тие моменти и тоа воопшто нема да му помогне.

    Наместо тоа, речете: „Не си сам во ова.“

    Не велете му: „Никој никогаш не кажал дека животот е фер“ – ова значи дека сте безобѕирни за чувствата на вашиот пријател.

    Наместо тоа, речете: „Ти си ми важен.“

    Не велете му: „Не е твоја вина“. Нормално дека не е негова вина, никој не ја одбира депресијата.

    Наместо тоа, речете: „Ќе бидам цело време покрај тебе.“

    Не велете му: „Верувај ми, знам како се чувствуваш. Еднаш и јас бев во депресија неколку дена“ – депресијата е сосема различна состојба од онаа кога сте тажни.

    Наместо тоа, речете: „Ќе се обидам максимално да се ставам во твоја кожа.“

    Не велете му: „Престани да се само сожалуваш“ – вашиот пријател не може одеднаш да престане да биде депресивен. Депресијата е физичка болест, исто како дијабетесот и срцевите заболувања, и оние кои патат од неа не можат туку така да се ослободат од нејзе.

    Наместо тоа, речете: „Дозволи ми да ти помогнам.“
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    На snake, Srekicka, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Понекогаш кога се чини дека се наоѓаш во најмрачниот тунел доколку светлината на неговиот крај би се претворила во зборови тие веројатно би гласеле - ќе биде се‘ во ред :nod: . И не постои надраснување на потребата да се чујат одново и одново.

    И секогаш исти зборови за (не)задоволство, ама никогаш исто (не)задоволство во тие зборови.

    Уморна сум од тоа што луѓето неповикани се обидуваат да наметнуваат избори, се надевам дека ќе дојдат до сознание колку е неблагодарно да му сугерираш некому нешто за „негово добро„ |( , всушност под нешто читај нешто неприфатливо за таа личност ама крајно корисно по нив па им изостанува должната благодарност што одбиваш да си го минираш животот по налог вака :@ , веројатно пеколот е лоциран во најодалечената галаксија од сите галаксии, бидејќи од олку поплочувачи на патот со добри намери, досега барем трилион пати ќе беше готов и ќе си одеа за викенд да си прават скара на тоа огнот. Порано било во мода во кино да викаат - Уа, шнајдери! сега ми доаѓа да викнам онака силно, јасно и гласно со мојот сопран кој повеќе претпочитав за оваа намена да беше алт, ама нејсе што е тука е - Уа, плочкари!
     
    На LivingGlam, marama, Ivah и 6 други им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Смирена сум.
    http://www.youtube.com/watch?v=QZWAMPfPHmQ
    Вака нешто. Благо депресивно, ама толку благо што ми одговара ненормално...
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Отворив нова тема. ^_^ Во мода и стил. :) :lol:
     
  16. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    сдк
    ме боли глава, никава сум уффф
    кога само би нашла некој лек :(
    [​IMG]

    :!: сдк на анние.мк1 да дојде на скајп веднаш :)
     
  17. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    ^^ Апче? :?:
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=l_HnkwzbAIk

    Прекрасната моја водолија ова ми го прати. Некогаш ме фасцинира како слухчето и проработува на мој бран! Ги љубам денес, сите три, моите страни на светот. Бевме на ручек во Торос, си шопингувавме, се изнасмеавме за сите дешавки, трач муабети, мачорести мажи, лажги со опашки, вести од светот во мало, Ние, Тие, и така... :?:
    Имам побрз компјутер, нови чизми, розе пепито хулахопки, самодоверба над нос, прекрасна љубовна приказна, страв за иднината, онаков Индијански, чекалница полна со мапи од непознати држави, нов албум од Magnolia Electric Co. и ведрината на мама и тато додека ручаме музика.

    Не ми треба ништо повеќе од ова. Можеби само некоја мала глетка кон море.
    И, да. Главата горе.

    Што и да е ;)
     
    На anastasija85, TeddyGrey и la-chicka им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Дека не знам дали само мене ми се случува ова, ама почнува да ме нервира.
    Гледам дека истите работи ми се јавуваат во исто време. Знам дека е нормално ова, ама не е нормално и што им го знам крајот, и почнувам да полудувам, а не можам да ги спречам.
    Еве најпрост пример, секоја година кон Март, Април ми се јавува жеба за вежбање, за затегнување (сигурно поради фактот што се ближи лето), си мислам пример дека ќе вежбам многу, па ова, па она, и за нецел месец ми се здосадува и оставам.
    Еве и сега, ми се врти истиот филм што ми се врти секоја година истово време, вака ќе направам, онака ќе направам и на крај ништо. Ќе си се вратам во моето секојдневие.
    Значи цело време во ист период ми се повторуваат истите желби и мислења, и почнав да го знам крајниот исход, и пак ништо не можам да сменам. И се нервирам. |(
     
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Ако не те израдуваат мама и тато,кој?
    Срцки тие,ќе ме носат утре на шопинг у Солун.Се осеќам ко на мало дете бомбони кога ќе му дадат.
    А и добив нешто слично на бомбони.Тегла ајвар од дечко ми. :D
    Дури и посладок ми е од било кои бомбони или чоколади.
    За ајварот зборам,не за дечко ми,да се разбереме. :!:
    Се движам и подрипнувам бе.Као риба на суво сум.
    Иии...сакам да добијам пољубац за лаку ноч!
    Дали дали дали...ќе падне?
    :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.