Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Добро утро на сите... Среќен празник... Нека се угоде неработниов ден... :)
    Јас се спремам за на планине, јер тамо нема зиме.... Да испијам едно кафе на чист воздух... :coffee:

    Многу убав почеток на денот... препрепреубав... Ретки беа ваквите денови годинава... На прсти се бројат.... :l:
    Тој пак спиеше кај мене, и иако вчера брзаше на работа и стана рано, денеска имаше гушкање... Па дури и кафе... Ми кажа неколку убави вести што како планирал... Ептен се порадував... дури не ми се верува дека е вторник... :sun:
    Отидов да се спремам за планинана... Оф, колку ме мрзи... Ај барем, брзо ќе се вратам, а и сигурно освежена ќе бидам... :muscle:
    Останете ми поздравени феминки...
    Со извиднички поздрав, ЗДРАВО! :hai:
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    Just love it :inlove:
     
    На creshicka, Bright, ines.h и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Сакам да кажам...

    Ееее јас ќе пијам кафее поблаго. :coffee:
    Инаку честит празникот 11 октомври. Не знам точно што означува овој ден, само онаа реченица што првачињата ја повторуваат Денот кога пукнале првите пушки. Каде? Во Прилеп и Куманово.
    Хах. Се знам. :clap:
     
  4. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    Сакам да кажам...

    ајде добро утроо феминкиии :)
    Колку убавоо утроо :) празнично расположени сите (претпоставувам) ..освен тоа што е празник за мене е и нешто другоо :P јас и моето миличко додаваме уште еден месец на нашата врска :inlove: :inlove: ..
    имајте убав ден! :*
     
  5. Queen-b

    Queen-b Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Сакам да кажам...

    сдк дека го обожавам мирисот на топло ирско капучино мммм
     
  6. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК по што е познат 11 октомври како датум:

    a) Тогаш се основала познатата и истоимена фабрика за автобуси; :x
    б) Пукнале првите пушки во Прилеп и Куманово (генерализација во сиот свој сјај, не е важно кои, зошто, што, како...); :?:
    в) Нешо у Македонија као имало бунт (аха, а каков бунт?); |(
    д) Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ (формиран во месноста Црвени Стени, близу до Прилеп) извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа, предизвикувајќи нивен прекин. Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот/германскиот/италијанскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани, чии одреди по првичните судири со окупаторот биле разбиени. Почнала четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечно ослободување на земјата која завршила со успех само во еден дел на Македонија. :clap:

    Запомнете го последниот, и точен одговор, ништо не губите, а се збогатувате со делче важна историја на нашата мила и мала Македонија. :)

    Исто така СДК дека ја сакам... Не, не, ја ОБОЖАВАМ Струмица; било да е сончева, облачна, дождлива, топла, студена... Едноставно во тој град се чувствувам како дома. Врие од интересни места за посетување, има што да се прави... Тука е Глобал со своите фенци, а сепак евтини кафичи и секако, првиот спрат полн со тезги со обувки...
    Тука е и елитниот кафич „19“ на нашиот ни мил Горан Пандев на патот накај паркот, иако јас повеќе го сакам Vogue - да се разбереме, не заради фенцерското модно име, туку зашто гледа на самиот плоштад. :$
    За јадење, човек може да бира од низа фастфуд киосци, ресторани и пекари, иако мене „Тинејџер“ ми стана, и остана прва љубАв. :angel:
    За шетање и разгледување, си бирате помеѓу прекрасниот нов плоштад, неодоливиот и единствен парк, стариот дел на Струмица или главниот булевар каде најубаво ќе ја осетите „живоста“ што е составен дел од секојдневието на овој источномакедонски бисер. Луѓе, но и насмевки, опуштени разговори насекаде.

    Се вратив вчера вечерта максимално уморен, исцеден и ненаспан, но и максимално исполнет. Односно, како што и’ кажав на една драга пријателка покрај мене некаде 8 часот вечерта, „Да може сега денот да заврши, наместо на полноќ, веднаш би прифатил. Максимално сум исполнет и направив се’ што сакав, за мене денов е позитивно завршен.“ Ретко човек има денови во кои може да се пофали дека му останало вишок, а не недостаток на време... Се надевам дека и Вие, драги форумџи(к)и, што е можно почесто уживате во таквите денови.
    За нив и вреди да се живее и остане позитивен. Денешново утринско сонце ми е само шлаг на тортата што ја „смесив“ уште вчера. =)

    Ви посакувам прекрасен, празничен, па и сончев ден. :hug:
     
    На Cacy, Asterion, Go-Girl и 13 други им се допаѓа ова.
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Вчера завидував на сите кои станало околу 10-11 часот, ама денес си наплатив и за вчера. :sun:

    Имајте убав ПРАЗНИЧЕН ден. 11 Октомври. Нека пукаат мислења секој ден ( :^) ) . :rofl:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    Конечно соооонцццеееее :D :D :D :* :* :* :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На MalataNena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Не верував дека ќе напишам мислење на оваа тема толку рано, ама ете. Mirracle happens!

    Имајте убав празничен ден. Ако сте слободни, одморете се максимално, или како мене, појдете на здрав шопинг во Шутка. Ќути, ја намолив мајка ми па со арно нека е. Уживајте во сонцево кое ве мами да излезете надвор и покрај тоа што температурите се релативно исти од вчера. Слишнав ќе затоплело денес ?!? :?:

    Сеедно, 11ти октомври.
    Имам многу спомени поврзани со празников.
    Нека е честит празников а и патронатот на ОУ каде завршив, и среќна годишнина Ц.
    Уште многу многу години да си се сакате и живеете сложно како до сега.


    Убав ден! :hug: :*
     
  10. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Сакам да кажам...

    Е колку е убаво насабајле кога ќе се разбудиш и срамежливите сончеви зраци ѕиркаат низ џамчето :) Не дека сонцето е којзнае колку јако,ама и те како влијае на моето расположение. Имам една купа обврски,ама ќе си дозволам 1 час да уживам во сонцето,топлото чајче и фемина :) Имајте убав ден женцки.
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Ми текнува на времињата кога си игравме Партизани и Германци. Јас секако го имав почесното место на медицинска сестра и секогаш чекав да ми донесат по некој паднат партизан за да го лечам. Лечев рани од експлозии и рафални пукотници небаре лечам каснатина од комарец.
    Си игравме, баш беше фино. Уште пофино беше кога симпатијата глумеше ранет и ќе ми се струполеше во прегратка, а јас со црвени образи го преврзував и му велев - е за жал, ти мора да останеш да лежиш во болница. И лежеше. Не зборувавме, само си крадевме скришни погледи. Многу сериозно ја бевме сфатиле играта. Професионално. Детски професионално. Филмски, со занес.

    И ми текнува дека реченицата „првата пушка пукнала во Прилеп и Куманово“ ја знаевме ко оче наш. Освен се разбира - братство и единство и - ќе и служам вечно на Социјалистичка федеративна република Југославија. Луди комунистички времиња. Времиња во кои се правеа торти од кал и лечеа партизани. А Германците одеа во аут.

    И рака на срце во тоа време никад не сконтав - како тоа пукнала една пушка, после настанала веројатно ргабу ситуација, г’з преку глава, не се знаело ништо и ОП востание, слобода, демократија. Смрт фажизму - слобода народу.
    Тривијализирав. А секако дека не било така.

    Прилепчани и Кумановчани додека да се договорите каде тоа пукнала првата пушка, дозволете на сите да ви го честитам празникот. Уживајте во слободата, тешко му кој ја нема.

    На лево круг!

    Ајде малку историја ;)

    http://www.okno.mk/node/14093
     
    На Smilly, JuLleE, BeYourself и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ми се живее на плажа. Бидејќи сум скромна, сосема е небитно дали ќе биде покрај езеро, море или океан.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Па уште некоја романтична вечера...
    [​IMG]
     
    На Smilly, TeddyGrey, Gordana10 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Добро утро :) Има сонце надвор, ронка надеж :)

    Утрово го почнав со една интересна песничка, што ме расположи за цел ден. Јок бре, нема да дадам никој да ме изнервира. И битно е и итно, вечер да си пијам греано винце :)

    http://www.youtube.com/watch?v=uG0h1SrN ... re=related
     
    На Hiii, GarpovaV, Jojoba и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Море то прсветители, научници, море то умни луѓе. Веќе не знам кој да слушам, од кој попрво да научам.. море то професори, насочувачи накај треба да си го насочиш живото. Море то умни луѓе! Пааа пааа просто да се изгубиш во интелегенција... Море то космонаутиии! А и Аиша жена наша, религија и секти ги окупирала...море то жена просветителка.. Све на све просто да не верујеш... Ц!

    Сите ќе ги послушам ма сите, еве да си направм листа од кој прв да почнам..

    Хаха се извинувам на постов многу сум возбудена од народов многу!!!

    http://www.youtube.com/watch?v=XRk8KmmK ... re=related
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сакам да кажам...

    20 години Сам дома :)
    Ме потсеќа на детството :inlove:

    [​IMG]
     
    На creshicka, crazylady и Jojoba им се допаѓа ова.
  16. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК Ќе ми пукне главата :devil: .
    Дома имам неверојатна комбинација од деца ПРВАЧЕ и БЕБЕ. Незнам кое е полигаво, дали ова големово или ова малово што едвај отвара очиња.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ахахха Неса да си жива и здрава, ме пресмеја со постов хахах :*
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    честит празник нека ни е за многу години :)
    едвај чекам да дојде денот за :dance: :$
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Sun is shining, the weather is sweet
    Make you want to move your dancing feet
    To the rescue, here i am
    Want you to know, y'all, where i stand

    Ги крадам ваквите денови затоа што знам дека иде зима, а не сум некој љубител на зимата.
    Друго би сакала да знам колку чеесто дечковците ви ги фајка оној намќорест период (ова од намќор доаѓа секако :D )мојов кога ќе го фати ми иди да му врзам една така воспитна со надеж дека нема никогаш поке да го стрефи .
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Честит празник.Денов наликува на неделата ама ај.

    И само што ми поминува еден заб ме заболува друг.А тоа благодарение на тортата.Епа не можам да и одолеам. :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.