Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Res, non verba.
    Старото, добропознато - дела, не зборови.

    Моја другарка имаше дечко со кој многу се сакаа, меѓутоа неговите му извршија притисок да се ожени со гастербајтер невеста и да го спакува таа ко мираз и него и да го одведе со себе во некоја земја со повеќе можности. Некој ќе рече не ја сакал доволно. Ноуп, некои луѓе едноставно не знаат да се носат со притисокот на одредени одлуки и полесно им е да го извадат белото знаменце на капитулацијата отколку да се борат. Наредниот дечко и‘ беше од оние раф, таф типови емоционално неизбрусени, меѓутоа со молчаната направи многу за неа и всушност таа секогаш го потенцира она „тој ОСТАНА„. И навистина е така.

    Гледав вчера од оние воени филмови со подморници, секогаш настапува оној критичен момент на одлука кога торпедото е усмерено и опасноста е веќе извесност. Кога животот ќе ми упати торпедо сакам маж со кој остварувајќи контакт само со очи ќе знам дека ќе и‘ пркосиме на опасноста заедно, а не да не можам да остварам ај контакт, бидејќи гризе нокти пикнат под мојата сукња. Храброст - не е да не поседуваш страв, далеку од тоа, тоа е преземање акција и покрај стравот кој е присутен во секој неврон ама не му даваш да те парализира и херојството е да се одважиш на акција, бидејќи ама баш секогаш пасивното подвиткување на опашката в гз е полесниот избор. Мислам дека ова е причина што навидум поуспешните врски и бракови се распаѓаат како кула од карти на провев при првата криза или слично на личностите кои минале живот изложени на пријатната безбедност на стакленото ѕвоно и првиот поголем стрес неретко е и последен.

    Денес животот е бојно поле и една од причините зошто сакам партнер борец е токму онаа дека борците меѓусебно се бодрат и се наизменична мотивација еден на друг и она што најмногу презираат е некој од нивните редови лесно да се предаде. И друго, борците ама секогаш без исклучок знаат да го почитуваат значењето и големината на - слободата. И трето, борците често водат и битки кои не се нивни, што ќе правиш некој мора еве јас работава :D ...

    За крај честит празник, мојот пост се однесуваше на други борби и слободи, не дека немам респект кон минатото, тоа е вткаено во секоја сегашност, па и иднина, туку друго ми беше муабетот порано борбите биле територијални и за ресурси, сега глумиме некоја цивилизирана куртоазна љубезност дека тој процес навидум е завршен, иако и тоа е само уште една од низата заташкувана илузија за нечии виши цели. Но, најтешките битки всушност се на мал ограничен простор кога навидум имаш доста придобивки на цивилизацијата за олеснето егзистирање или вегетирање, но сепак и пак не си баш слободен.
     
    На Phyramide, EleMental, Neytiri и 19 други им се допаѓа ова.
  2. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    За една минутка неможев да редактирам мислење. :envy: Тух, да дојдев 1 минута порано... :| Баксуз.
     
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    Ова ќе биде долга зима.
    Нема да биде првпат.
    Многу кафе, малку слепило, еден млад кактус.

    Стапалата ти крварат.
    Дали дојде преку полињата со трње?
    Тажен си.
    Седиш со часови, без да ми ги повредиш зборовите.
    Само ја следиш нишката
    која ќе ме задави ако открие дека е следена.

    Фабрики со топол изглед
    закопани отпушоци и ноќни бегства.
    Младоста капе од покривот
    а јас не успевам да соберам ниту една капка.

    Јас незнаев ништо, но ти беше семоќен
    Твојата моќ беше очигледна како погрешна нота
    Избиваше, се двоумеше, ме обвиваше
    И повторно се враќаше назад.

    Јас незнаев, но умеев да насетувам
    И осетно те фотографирав
    Како си играш со носталгијата
    А прстите ти личат на тајни.

    Не ја затворај вратата кога ќе одиш.
    Никој нема да се осмели да влезе,
    нека стои поместена од тебе.
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Браво за Nightwalker! :up: шОубаво кажано!

    Јас денес станав порано, во 8 часот. Оддамна немав станато толку рано :wasntme: Невермајнд, цело семејство собиравме грозје за винце ^_^ Пак едно сонце убо шо не огреа мх мх! Сино небо, чист воздух, баш среќна бев што сум од помош :)

    Сега на капење, а потоа едно кафе покрај езеро - сосема заслужено 8)

    Честит да ни е празников, вечна да им е славата на оние кои го дале животот за слободна Македонија!

    Имајте прекрасен ден :sun: :f: :hug:
     
    На Nightwalker, TheCandy880 и Doozy им се допаѓа ова.
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми се ЦЕПАТ ДРВА :D.

    Шеткам низ населба да си купам перек и јогурт и глеам тук таму пред куќите расфрлани купови дрва за огрев и некое гревче ги цепи :D. И се сетив како старите боксери си ги јакнеле мускулите со цепење дрва и добив желба и јас да си поцепнам некое :D. Ем мускули јачаш, ем правиш корисно дело ем се будат машки инстинкти за борба со секирчето во рака :D.

    Така да ако на некоја феминка и треба некој за цепење дрва (за беспари) нека ме вика :D. Не мора ни на кафе да ме кани јас ќе ја поканам :lol: :D.

    Пс. Не ме сфаќајте озбилно, ме имаат фатено будалите денес или пак напуштено да се одморат, се е можно :lol: :D.

    Ппс. @ Theodora КЛАСА ТЕКСТ си напишала погоре, тоа е тоа :bow:
     
    На mims-89, ludoto19, pupi.girl и 8 други им се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Гадно ми е денес. Си зедов обрвска, а сега не знам дали ќе успеам да ја завршам до крај. Имам решение, не велам не, ама нема да биде тоа-тоа.
    Зошто не кажав едноставно „не знам, среди си сама...“?
    Ама не, јас морав пак да излезам во пресрет и сега наместо да одам и да си ги купам чизмите за кои три ноќи сонувам (а по принцип нема да најдам бројче), јас треба нечии маки да решавам...
    Ај нема везе, имам и мала поткрепа...
    Ама мала... А таа мала поткрепа некогаш ми беше се на светот.
    Тркалото се врти. Таа се сврти кон некој кој не повреди двете. Ќе сфати дека згрешила кога мене целосно ќе ме изгуби. Касно ќе е за се...
    Нема везе...
    Како и да е, животот е убав за тој што знае да живее! :)
     
  7. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Друже, дали поканава за цепење дрва важи и за некој феминЕЦ? Зашто веднаш имам „еден“ на ум на кој добро би му дошла твојата вредност. На кафе не ме кани, јас ќе те послужам за трудот, и пиво ако сакаш. :rofl:
     
    На stella83, Go-Girl и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк сакам да сум пак 6,7 или 5 години :( :(

    И мене ми се насолзија очите од девојчето :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=OOpOhlGiRTM
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сакам да кажам...

    НЕ, само за феминки важи :rofl: . Нема љутиш ама за машко инспирацијата да цепам дрва ќе ми биде равна на нула :D.

    Ама поканата за пивце некој ден важи 8).
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  10. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Сакам да кажам...

    Сдк :) Денов е прекрасен ! Убав за шетање :lol: Камо денес да беше први мај ,сите ке беа растрчани по излети

    И ке кажам со тешко срце ! Збогум фемина ;( Следните неколку денови нема да се дружиме :(
     
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Наместив слики на деск да се менуваат на 30 секунди ,чудно е како тоа тие 30 секунди не ги забележуваме како поминуваат,а вака како што се менува секоја слика на 30 секунди си викаш леле пола минута пошла ,времето лета со рапидна брзина, а ние луѓето така некоѓаш го користиме
    карајќи се,
    мразејќи ,
    завидувајќи ,
    поминувајќи го беззззполезно
    не луѓе сме некогаш ние луѓето!
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    Најтворкер, браво за постот бре! Посебно за тој делот за Струмица. :wasntme: Викам јас се’ е убаво во Струмица, вие не верувате. Е сега, прочитајте пак постот на Најтворкер и се’ ќе ви биде јасно. :P Море, во „Корзо“ тостовите се поубави од „Тинејџер“ . Добро е, убаво си прошетал. Ама кажи, Струмица е незаменлива? ^_^
    Патем, „Вог“ е најубавиот кафич, од летоска е, ама најмногу гужва има таму, исто во „Екстрим“ и „19-ка“ . Струмица е светски град бе, светско чудо. :D


    СДК - Се спремив за ексурзијата. Уште да тргнеме. :rofl: Неготичанки, Кавадарчанки, Битолчанки, Прилепчанки, Охриѓанки, Стружанки, Скопјанки (мислам дека толку беа) чекајте ме. Во четврток тргнувам, па ви идам. Скопјанки - кај вас доаѓам во сабота.
    Сакам убав пречек. :rofl:

    И да, денеска сум си најрадосна. Не знам која е причината, ама среќна сум. Одамна не сум се чувствувала вака, исполнето. Како експлозив сум, од радосни емоции. Имам енергија и за увоз и за извос.
    Среќна сум. Многу.
    [​IMG]

    Сега сфаќам дека порано, кога бев со негативни мисли, сум грешела цело време.

    http://www.youtube.com/watch?v=26jKtELitQE
     
    На Cacy, Theodora, Nightwalker и 2 други им се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сакам да кажам...

    Незнам што сакам.
    Се чувствувам како растргната на две страни, се двоумам. Незнам што да одберам, што е попаметно. Дали да го слушам разумот или срцето.
    И вака и така можам да згрешам, но за кое ќе вреди повеќе? На кој начин ќе изгубам помалку, и ќе има помалку штета?

    А од друга страна, среќна сум што животот ми пружа шанси. Знам, мое е дали ќе ги искористам.
    Понекогаш е добро и да не се размислува многу, да дејствувам според инстинктот.

    Имајте убав ден, Феминки. И не дозволувајте да ви помине туку-така. :)
     
    На Ivah му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    сдк
    сонце греее, а срце фаќа :)
    баш е убаво времево, ми се допага..
    ми скисна веќе од летово и од 45 степени, и од плажите, морињата, и другите летни зарзевати :yawn:
    едвај Чекам уште малце да прошетам низ снег, да носам капа и шалЧе, и да ми замрзнат трепките од ладно :lol: да се вратам дома и да седнам така покрај каминот, да си пијам ЧајЧе и да ги слушам звуците на дрвјата внатре како горат :) .
    ми недостига зимата, даааа, скапав од летново време ]:)
    :!: и да едвај Чекам да дојдат декемвриските денови, и новогодишните и божиќните презници.
    баш ми е кул денес, пред компјутер со ЧајЧе и 20 блузи брз мене :wasntme:

    ептен убава ми е глетката, пејсажите на зимата :)

    [​IMG]
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Која само разлика меѓу понеделник и вторник ја имаме, неспоредливо.
    Ми доаѓа да почнам петиција да собирам за да почнува работната недела од вторник. Не се плашете саботата и неделата ќе се викенд, а во понеделник ги префрлуваме неделното чистење и бањање :wasntme:
    Него мекициве на тета утрово беа прсти да излижеш мх мх.
    Плус убаво е кога луѓето се радуваат на мали работи, мали поклончиња без повод. Ко што ја израдував мама со марама а таа мене со лилјаковата прекривка. Исто како што се израдува Мис независна на теглата ајвар, ко Пирамитка на папучките од мама, ко Старфиш на мачето, ко Тедибеар на миризливата свеќа. Малите работи ни даваат мала среќа и голема насмевка од шестка до шестка.
    Цел ден ќе се излежавам, мутавко ми е во главата од временцево ќе да е, а и ќе гледам серијалки, дури мислам дека станувам зависна од серии и документарци на дискавери.
    А и посакувам дете. Ама вакво исто со дупченца.
    [​IMG]
    Цел ден си го гледам и се насмевнувам. Ескимче најубаво. Нему не му го покажувам, ќе ми рече одма да ми направи и ќе упрпам од страв :lol:
    Плус денес мислам дека нема да гледам фудбал. Колку и да го сакаш тимот сепак не сакаш да гледаш аматери кои се зафркаваат со националниот дрес и играат за заебанција. Затоа протестирам и не гледам македонски фудбал. Не гледам додека нема промени во ФФМ. Место да учат од кошаркарите и од КФМ тие се зафркаваат и се прават мангупи со капитенската лента. Мрш бре.
     
    На Miss-Independent, LilBaby, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Значи како може еден сон да ми влијае на расположениево, на цел ден, мисливе да не можам да си ги средам. A најинтересно од се е тоа што сонот и не го памтам толку, ама чувството ете го. Безврска.

    И си слушам музика, читам што ми се чита, пишувам што ми се пишува, нема пак да се изгубам себе поради обврски. Можда нема време за се, ама за себе ќе најдам. Се е добро, додека сум јас добра.

    Уште некој изговор или сепак не...
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    :hug:
     
  18. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68
    Сакам да кажам...

    СДК дека треба вечер да се отиде на стадион и да се навива за Македонската фудбалска репрезентација а не само за кошаркарите. И немојте сега да речете не ги бива, незнаат да играат, и незнам уште што.
    Извини ама ти подобро да не знаеш да играш? 90% од девојките овде незнаат ни топка да шутнат правилно а само гомна се јаде. Срамота е тоа...што мислите нив како им е? Сакаат да губаТ? Разберете, се додека е тој претседателот на ФФМ претседател, нашиот фудбал ќе тоне и понатака.

    Затоа вечер кој може нека отиде на стадион вечер, нека изгледаат трибините вака

    [​IMG]

    а не вака

    [​IMG]

    ПОДРЖЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА!

    ПС:
    За малце ќе заборавев.

    Имајте убав ден девојки.

    [​IMG]
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк денес викенд е или вторник? Од сабајле се замислив за ова пет пати.
    Му благодарам на календарот што ме спаси денес од напорен ден. Ден кој секогаш ми завршува со главоболка, ко да сум пиела цело време.

    Времето ладно. Јас бев фебрилна. Собата студена, фури од четири страни.
    Отидов во станот на блиска пријателка. Се стуткав таму на топло и по препорака од феминките на кои сум им премногу благодарна, денес ми е многу подобро.
    Можам да се дигнам на нозе, и мозокот ми работи 300 на час.
    Прекрасен е денот надвор. Би сакала да прошетам, но денес морам пак да се посветам на она пусто учење. Ајде море, си барав обврски еве ми сега.

    Феминки имајте убав ден. И секако среќен 11 Октомври :) .
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.