Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Толеранција и почит, што ли тоа беше? А темава се вика сакам да кажам.

    Епа сакам да ви кажам, дека времево конечно се оправи, ме боли левиот палец, ме чеша десното уво и ужасно многу ми е досадно! Ќе пукнам!
    Не знам шо да праам а и лепотанов мој го нема да ми се јави ќе си пукнам. У левиот палец кој ме боли со чаталче и тоа :@

    Нема потреба од зајадливост, секој има да си каже нешто што сака да си каже. Мене ме интересираат интересно склопени реченици и јас тие луѓе можеби повеќе ќе ги запамтам но не значи дека сите останати ги игнорирам. Исто како ливада со цвеќиња - не сакам розева боја и тие цвеќиња нема да ги запомнам, но не значи дека не сум ги забележала. Прашајте ме уште еднаш за полските цвеќиња со есенски бои да видите што ќе ви речам. И ако ги нема, јас, лично јас ќе забележам дека ги нема. Некој друг ќе забележи дека ги нема розевите. Затоа ливадата е ливада - разновидна и шарена. Таман работа да беше здодевно зелена.

    Метафорава сфатете ја добронамерно. А сфатете и дека сите сме биле некогаш - „нови“.

    Јас токму од таа причина сите ги почитувам подеднакво ;)
     
    На crazylady, Miss-Independent, Marcey и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не генерализирам, но јас моментално така ги гледам работите и Дај Боже од новиве форумџии, да произлезат квалитетни форумски ликови. Веќе забележав дека од новите извесна Ана Каренина ми се издвојува и пак е ова субјективно, зборувам од моја гледна точка. ;)
     
    На Mistery и Phyramide им се допаѓа ова.
  3. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Си направивме ајварче [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На crazylady, Phyramide, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Геа извини, ама генерализираш. Тие и тие се квалитетни, а другите пишуваат само за гомцата.

    И знам каков мубает може да се извади од мојот пост, знам за што може да ме обвините. Не сум воошто навредена. Ова го пишувам и сум сигурна во себе, затоа што ги имам читано мислењата и на другите ;)

    И само да додадам дека не се сите толку речити, па од едно гомно да направат цела канализација ;)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ова расправање може да оди во недоглед, можеби ти тоа го сфаќаш како генерализирање, јас не мислам така. Мојот пост што ја поведе оваа дискусија беше инспириран од постот на Мистери, во кој човекот рече дека нема повеќе да пишува. Размислував доста, се сетив на луѓево со кои се дружевме и шегувавме на форумов, а кои веќе стануваат се помалку активни и сега постов се стави под лупа, што сум јас уствари сакала да кажам и некои работи се вадат од контекст.
    Ок е, ја стварно веќе нема да реплицирам, кој што сака тоа нека мисли.
     
    На Mistery, EleMental и sesilija им се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    Ладно, нек си ибе мајката.
     
    На Johny и Offspring им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.330
    Сакам да кажам...

    Ме испровоцира Јипмен...не сме суперхерои.Впрочем,ние сме никој и ништо,а сите вакви напухнати идеи за себе го отежнуваат животот и својот и многу туѓи околу тебе... Мравка што пие кафе на својот балкон и прави ху. Суперхерој е некој што прави големи дела и не се нарекува Стив Џобс,ниту бара потврда за тоа,не?! Суперхерој на нечиј ден,но не ко константна карактеристика. Откако ќе заминеш 2 метри по земја и ќе те жалат едно 10,па и 20 години останува фактот дека сепак не си бил никој и гробот ти е сега обраснат,а може и коските ти се собрани,а парцелата продадена на друг.
    Муабетот е што некогаш ти прави времето оп стоп за тебе дур јас си течам,ти немаш време,јас те влечам.Денес си тука,утре те нема,некој има време,ти немаш. Равенка со сто непознати е како да го оставиш тој твој жиг забележан дур си ги гризеш усните,а очите крвави од задржани солзи.
    Денес ме јадат многу работи...егзистенцијални,социјални,хумани,љубовни...не знам веќе какви. Ме болат луѓе кои сакаат да се пофалат со едно хумано дело,а ти си голтнал стотина и не си кажал ебан збор за тоа. И нема бе,не ти дава да му се издереш директно во фаца.Кога стоиш на работ и си викаш,па ко последен крик да ми биде да го кажам тоа за да има да ме спомнат за нешто. Ромчињата по центар ми го знаат ликот и ме гушкаат,дечко ми го нарекуваат шваљерот и еднаш на зезање му реков,ај за мене пљукни го зошто не ме сака и ова,шљап(не дека ќе му беше тешко,стигурно му беше 100тиот за тој ден),мене не ме плукаат. Една млада дама од форумов можда ќе се сети на една приказна што и ја кажував еднаш,а сосем заборавив дека и таа ја запозна Кате кога ги подаваше рачињата за 5 денари.Е со Кате потоа се возевме во автобус и ми рече,јас тебе те знам,секогаш ми се смееш и те сакам! Еј те сакам ми рече! Ми се чини единственото те сакам кое повеќе ми го стоплило од мајчиното секојдневно!
    Не сакам да мерам полови органи,ама да,ме заболе зошто сме толку проклети.Сакаме да правиме дела за да бидеме потврдени.Колку е тоа фер?! Зошто воопшто го правиш?! Чувствуваш ли вина некоја во себе?! Светот или те сака или не,дозволи да те почувствува.
    И денес,не се ставам себе си пред никого и тешко ми е зошто секогаш на добри луѓе им се случуваат лоши работи... последователно. Се молам за нив,се молам и за себе,ама толку небитно се чувствувам,што не можам да ви објаснам. Тој изгубен поглед засекогаш ќе го памтам и зошто да ти рече,пази ги и нека напишат домашна за утре, кога има уште многу да живее.Сега се сепнувам на секое ѕвонење на телефонот. А преходната недела ме праша некој друг,дали сум се молела за него...
    Се голтам од вчера...ми стемни,ми се згади,ме заболе.Не сакам да се чувствувам беспомошно и не сакам да се прашувам зошто мене?! Ајде да е зошто мене...туку зошто па пак?!
    Деновиве се одвратни,а вие не бидете малодушни,себични и обземени со себе,зошто ве прави еднакво одвратни ко оние што вам ви се чинат такви. Секоја планина своја тежина,имам слух за сите,разбирање за сите,но знаејќи ја болката на мнозинството...ќе речам,бубачки.Не пијте инсектициди, разбистрете го погледот само,доволно е.
    Форумот е форум и тотално е небитно кој со кого и колку си го има. Ако еден ден бидам милионер на сите ќе ви уплатам одмор на Бахамите ко фемински,новогодишен подарок. Ми бевте место каде што се оставав и несебично се давав,но одеднаш сфаќам дека многу скап подарок сум давала и повеќе ме исцрпува,отколку што ми нуди... Не дека некому ќе му биде гајле,ама стварно се претварате во чудовишта многу често.Ама што се изненандувам,сепак се работи за жени.Дојдов со скептицизам во себе со надеж дека ќе бидам освоена од мојот род,а јас повеќе се разочарувам. Некако да ја средиме работата за трајно,не бива?!
     
    На crazylady, Theodora, zhap4e и 22 други им се допаѓа ова.
  8. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакам да кажам...

    СДК дека синоќа си поминав прекрасно. Ми се врати она чувство на обединетост и еуфорија која ја имаше за време на кошарката. Пак ќе кажам,ПЕКРАСНО БЕШЕ. БЕвме неми гледачи на еден спектакуларен(сигурно дваесет минутен) огномен. Немаше Прилепчаниц и по некој гостин што не уживаше. Буквално над нас беше. Гордост е да си Македонец,Прилепчанец особено.

    СДК 2 преска го гледав филмот ’’ Еднаш браќа’’, солзи ме течеа на крајот.Ете зошто секогаш простувам и ќе простувам,но и ќе барам прошка и ќе се трудам и дадам се од себе да ги поправам пријателствата. Не се знае кога ќе не снема од овој свет. Не сакам не завршени работи. А, нивното пријателство баш такво било... Сватив и дека некои НЕ сакани погрешни чекори можат да сменат многу. Нешто за што подоцна многу ќе се каеме.
    Подобро е некогаш да се избориме со себе си и да ја премолчиме вистината,затоа што некои едноставно не ја прифаќаат.
    Доста поучен филм,но само ако читаме меѓу редови...
    Ме фасцинира и воодушеви.
    Браво за Владо Дивац.
     
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Глупаво време,глупави чуства,ништо не помага да избришам се од моите секавања.Па кога навистина ке изгрее сонце? ;( на 70 години?Не фала,доста ми беа 5 години мачења на сите полиња.Што барам јас овде на овој свет?Ако постоеше Господ немаше да дозволи толку страдање.Знам дека не е секаде розево но јас не можам да издржам.Не велете ми дека сум силна зошто се лажете.
     
  10. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68
    Сакам да кажам...


    ладно? хахах само што се вратив од градски парк, времето е прекрасно за прошетка :)
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Сакам да кажам...

    Вторник.
    Празник.
    Есен. .. или можеби зима?
    Ладно.Толку ладно што не ми преостанува ништо друго освен да навлечам некој дебел џемпер на мене и купишта книги околу мене со шолја чај во рака.
    Едвај успевам да ве читнам,а камо ли да шкртнам по некој пост.
    Ама ете добив вчера инспирација..

    vH1 ..CountDown...Movie Songs
    Number 1..Céline Dion - My Heart Will Go On

    TITANIC..прегледан безброј пати..никогаш досаден!

    [​IMG]

    Секој пат доживуван како прв пат..секој пат со надеж за поникаов крај.
    Се обидуваш да ги потиснеш солзите,кои полека се лизгаат низ твоето лице.
    Плачете како дете.Чисто и невино.
    Има нешто во филмот..има нешто што го прави толку добар,едноставно направен да омекне сечие срце.
    Базиран на вистинска приказна.Уште потажно.
    _____________________
    Па колку и да не сте романтични нема кој барем еднаш не ја посакал сцената!
    [​IMG]

    Сакам да го гледам уште еднаш,сакам.
    Блиску ми се солзите.Па нека течат..

    Love was when I loved you...


    11 Октомври..Среќен празник. :f:
    Smilly
     
    На crazylady, Monna.Monna, Buttterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денес бевме на Водно со жичарата,супер си поминавме-одличен семеен ден,ни се погоди празникот,срекен на сите и уживајте и вие! ;)
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Со цела моја почит!!! :bow: :bow: :bow:
     
    На Smilly, teddybear и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  14. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сакам да кажам...

    Морам да се согласам со Пирамид.
    Ова е форум,секој има право да се изјасне и да се искаже без разлика што поединците мислат за тоа. :)
    Јас сум делумно нов...
    И ретко пишувам. И како не би пишувал ретко,кога некој зборува дека јас си пишам за тоа какво гомно серам и какво ми е лозјето во Бабин Дол. |(
    Можеби е вистинска носталгија,но е навредливо,и во исто време демотовирачки за поновите членови да пишуваат мислења,па без разлика какви и да биле!
    Причина? Што ќе помислат за нив постарите,членовите кои се сакани и величени од другите за нивното мислење.
    Ова е мое мислење,па се надевам никој нема да се навреди,бидејќи немам скриена агенда,само кажав тоа што го мислам. :)
     
    На SexyLady, enca.69 и angel92 им се допаѓа ова.
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сакам да кажам...

    [​IMG]

    :lol:
     
    На crazylady, Smilly, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Еден ќе се фати за стапот, и идат сите по него.

    Знаете што?!
    -Како ќе дувне ветрето, така и вие. Ви ги наметнуваат мислењата како што сакаат.

    Кој сфати - сфати, кој не - здравје.
     
    На FortuneTeller.xD, enca.69, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сакам да кажам...

    Сдк ништо не е како што изгледа!
     
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    Немаше никаква намера за навреда или генерализација, едноставно како форум, според нејзиното субјективно мислење, таа се поврзала повеќе со споменатите членови.
    Ти наместо да започнеш некаква интелигентна контрареплика на нејзиното мислење, ти го нападна.

    Таа едноставно ја изрази својата носталгија по некои времиња кои ОЧИГЛЕДНО си минуваат и не се враќаат. И има полно право на тоа. Со ништо не беа омаловажени и понижени другитe членови.

    Ми текнува пред X време машките ти одговоривме со некои твои проблеми со дечковци, ти дадовме опширно мислење, за да ти помогнеме, а ти ни еден лајк не стави, ни едно фала не кажа.

    Не дека ние патиме за такви работи, ноо тоа E форумски гест на благодарност.

    Да избрзам сега јас со мое мислење?

    Тоа што го кажа Геа си е на место, и сите ние имаме право да ни се допаѓаат одредени форумџики повеќе од другите и да ни недостигаат некои работи без да си извинуваме за тоа.

    Class dismissed.
     
    На Phyramide, Neytiri, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    Karma - What goes around, comes back around.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    сдк..
    ахххх каков е народот знаЧи, фалење фалење и фалење..
    и што ако носиш DOLCE & GABBANA или LUIS VUITTON или незнам што, кога мозокот ти е на најниско ниво, имаш памет само за основни потреби,(јадење, пиење) навистина срамно.
    не е се во DOLCE & GABBANA или LUIS VUITTON или незнам што, тоа како дошло така и ке си замине ;) а за жал паметот кај некои луге е секогаш ист, завист, завист и само завист,и од завист, да, ќе ти го уништат животот ако им дозволиш, ме вЧудува светов навистина..
    на некој ке и подадеш прст, тој и раката ке ти ја земи, алЧност и само алЧност..
    ретки се лиЧности на овој свет кој се со тебе и во добро и во зло, навистина ретки.. но тоа е.. паметот, размислувањето воопшто љубомората, алЧноста, зависта итн итн, и макар со еден збор ќе ти го згорЧат животот..
    а најмногу боли тоа што да отидеш и на крај свет, сето тоа ќе го препродиш и таму, затоа што тоа е ЧовеЧкиот менталитет, и така ќе си остане за жал.
    боли кога Чуеш разни нешта и работи од твојот најблизок од твојата крв, навистина боли.. дојдое време и со нив да си вртеме грб, и да си правеме лице.. но тоа е, нема друго.. како проагаат годините се повеќе е свртено на лошо, негативно..
    сето ова го зборуваат сите, ситее да. но за зал никој не го применува, изгледа забораваат, да си гледат повеќе за себе отколу за другите, баш не ми е јасно ни што имаат корист од тоа навистина :^)
    многу нервози без потреба, многу испаниЧувања без потреба.. но што да правиш луге сме, и ние имаме срца..
    незнам каде ојде доброволноста, насмевката, поЧитта на лугето, каде??! :^)
    едни од други гледаат и си вртат грб.
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.