Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    долго време не сум ви пишала..
    а зоштоо???
    врне ладно ми е само седам у кревет, гледам телевзија и УЧАМ :@
    ама ајде што можам јас тука
    даваат за учење мора да се учи
    денес нема многу што да напишам само ќе ве поздравам со сликава ова специјално за учениците (на неа се си е опишано врне надвор учениците пишуваат ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На L0ve му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК1 Денес некое магаре ќе цркне, дефинитивно. Ова се случува еднаш во 100 години, не ми се верува. :|

    СДК2 Зини земјо, г`лтни ме. :tmi:

    СК3 Од толку што сакав да ме г`лтне земјата, почнав да се туширам со шампон за коса.. Женски. Ај нема да ми биде прв пат.. Еднаш со машки, и после кога видов.. :headbang:
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    Народов е - не си ги сакам проблемиве, дај ми ги твоите да ги решам. |(

    Не сум разочарана, песимист, оптимист, фанатик, идеалист... само сум реалист. Затоа и јасно ми е дека со оваа диплома, речиси магистратура, ќе варам кафиња додека не си купам кафемат.

    И 100 пати поарно се чувствувам кога ќе изнудам поздрав отколку „Ми се допаѓа“. Второто ми се допаѓа и мене :bow: и тоа неизнудено.

    Текстов е каша-попара, како и главата ми. Арно поголемиот дел од зимницата се среди, па останува само теглите со диоптер 1 да ги наполнам.

    И уште поретко ќе ме има да ви кажам. Можете да ме пцуете слободно, нема да имам можност да ве изгушкам за истото.

    Планирам да ја средам пријавата, да магистрирам за брзо, да се мажам, да изродам дечиња и ајт, неколку гајлиња помалце. Да не ми тежи на главава.

    Овој ПМС-ов, како што пишал еден колега на тековниот Фејсбук статус, е само фраза зашто соодветната „кравјо лудило“ веќе е зафатена.
    Во врска со истово пак, знаете ли вие женички што значи 9 месеци да заштедиш за впивачи на сината течност која се претвора во гел? За тие парички не прасе, туку цела маторица не ни стига. :fubar: Оние кои не знаат, не знаат што значи да си член на ројал фемили. Тапа фраерки. 8)
     
    На crazylady, ines.h, TeddyGrey и 7 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    СДК ... т.е. сакам да ви кажам (превземено од Марли со една изменета буква)

    Девојки, момци ....

    [​IMG]

    Толку
     
    На Phyramide, Gordana10, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  5. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Пред десет страни реков дека ќе тонам во животот.А не дека не тонам.Само незнам во што.
    Ова не изгледа како живот.Се чувствувам како надвор светот да е застанат.Скоро цел ден го поминувам меѓу четири ѕида,со музика и компјутер.Се што вкусив денес, е кафето.
    Ако ова е живот,јас не би.
    Има моменти и места кога неможеме да лажеме,ни да крадеме.А јас ко за беља дозволив сонце да влезе во собава и да ми покаже дека имам прашина.Немаше простор за изговори.
    Полица по полица.Книга по книга..дрангулија по дрангулија.Ги светнав..и ко изразена девица
    да не се сфатиме погрешно
    размислував.
    Од каде,до каде,зошто,како..
    Се фатив во замката,пошто ни сама незнам по кој пат доаѓам тука и ко глупа ја пратам ситуацијата во темава. И да бидам реална,овде е тапа.
    Јас цел ден успеав да не го уклучам телефонот.Цел ден не сум го слушнала и ми фали.
    Што,кога,како..во последно време изгубив желба да користам сарказам и иронија. Не ми е таков периодот.Ниту па сакам на некој да му контрам.Најмалку да му докажувам. Се што сакам е да не ме замараат. И да не се враќам пак тука. Сакам живот,воздух,насмевки.
    Ги сакам сите улични кучиња.
    Сакам..да сакам.Но, не преземам иницијатива.
    Да,тапа сум.
     
    На De-lovely и MandyLane им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК Офи нема време, затоа не пишува толку :) ...
    Нозеве ме болат, ми се плаче, а и прееска ми се плачеше, ми идеше да оставам се и да си отидам дома, ама не :!: мушки издржав, стиснав заби, сама во смена за прв пат. Немав време ни да се измочам, камо ли да седнам да се најадам и така гладна и неизмочкана си работев, за на крај да си добијам солидна дневница. 8) Јеа.
    И по ѓаволите ќе се најде ли некој да ме исфарба?! Се ужаснувам кога ќе се погледнам у огледало :drunk:
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.875
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Чај од јаболко и цимет, со плус цимет и лимон. Вкус и мирис боженствен.
    Понекогаш посакувам ноќта вечно да трае, не оној дел кој го поминувам будна, туку оној дел кој го отспивам. Ги сакам утрата кои ветуваат нешто уште од вечерта, но не ги сакам оние утра кога не знам што носам, а првиот момент е вриштечкиот, нервозен глас кој ме буди. Помнам уште како мала се плашев да заспијам затоа што не знаев дали другиот ден ќе се разбудам. Сеуште се плашам да заспијам зошто не знам што да очекувам кога ќе станам.
    Почнав да ги мразам телефоните и нивното ѕвонење. Долги разговори помеѓу луѓето во кои н екажуваат ништо корисно, туку гледаат да си створат и пренесат негативна енергија. Доста ми е од разговорите зошто Станко и Петранка не се земале, зошто Петко и Стојанка се три години разлика, па и она епостара. оста ми е да слушам дека љубов не постои кога страшно верувам во неа. Доста мие да слушам дека парите го вртат светот и дека се вечни. Е да ми простите не се, си осетивме на своја кожа ама очигледно не научивме дека не се толку важни. Преку глава мие да слушам дека тој, таа е пијаница затоа што некогаш се вратил пијан дома. Е де!
    Го мразам и маргаринот и неговиот вкус ми е одвратен затоа што е во секое јадење. Едно време го јадев секој ден зошто морав,а сега не морам и не го сакам.
    Па и влегувањето во продавница ми стана одвратно затоа што ќе разбереш за некој што нит го познаваш нит збор си размениле дека се оставил со жената или ете не се омажила, стара мома ќе остане. Соседиве со насмевка си посакуваат добро утро, а кога ќе поминеш- Аха слушна синоќа имале расправија по дома. А тука ми е и мојава сосетка која секое утро летово ме опоменуваше дека седам до 4 часот наутро, а ете ја сега во 4 часот наутро вришти по дома.
    Денес сум без ручек, а и не ми се јаде. Не знам што човек ќе бев кога одам против се. Алергична на млеко и млечни производи вчера се најадов павлака, малку ми беше си смутив шлаг, нели со млеко, за вечерта да си направам пудинг. Вака така внесов литар млеко, па се наклукав (збор од сосетката) со апчиња, нели за да ја преживеам ноќта.

    Ми фали другарка ми за да и го кажам сето ова!
     
    На Monna.Monna, zhap4e, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Сакам да кажам...

    СКД 3 работи

    1 работа за Мистеру
    кај ке бегаш , верувај сум пробал разни работи ... сум отишол на лекар , кај гатачки и чуда и ништо не помага , нема бегање од фемина ... освен со бан :lol:


    2 Дотолку некој има некое недоразбирање или проблем или иритирање со некое мое мислење би го или ги замолил да ми пишат ЛП "yipman ne mi se dopaga toa ova ona " и јас или ке го редактирам или ке средиме работа или ке се извинам или било што ,
    бидејки ако сеа се цитираме и пишуваме ке настане препукување и 5-6 поста непотребни работи каде ке се наруши хармонијата на темата



    3 . Jeff Duhnam
    [​IMG]

    Постар маж со голема карактеристика = хумор , просто секое негово шоу трае 1 ипол саат и тоа време ке го поминете на земја плачејки од радост :rofl:
    значи како може толку брзо дечкото да ги освои срцата на публика за само неколку секунди
    тука се и неколку негови познати кукли како Achmet the dead terrorist ( silence i kill you ) , Peanut кој е лудак :lol:

    дотолку не сте го гледале на замунда или Google можете да ги најдете неговите изданија (4-5 се мислам )
     
    На crazylady, Monna.Monna, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    За кого-како и каде-како ;)

    СДК ептен сум уморна, омалаксана, таква истоштена психички... битно тој се уште ме сака, се гледа, и се замара. Се надевам работите меѓу нас ќе се средат па доста беше вакво измачување од двете страни, мислам дека почнуваат да се средуваат, или само продолжуваат, ама битно јас чувствувам дека одат во нагорна линија, се гледа... едно е сигурно - ќе бидеме ние пак, тоа знам. Љубов.
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК или јас сум будала што верувам во се‘ што ќе прочитам или па маживе стварно си имаат проблеми со тој трет date.
    [​IMG]
     
    На Doozy и Go-Girl им се допаѓа ова.
  11. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека тотално времево ме отепува и дека сум ко недоквакана.
    Мајками вика сине зедов нов шампон не знам дали го виде, земи си го. И јас и викам, џабе ти е, изгубена ми е спермата наместо формата, никаков не ми ја прави убаво. :tmi:
    Убо.
    Друго, сакам да почнам да одам да вежбам и да прекинам да пушам. (ама само на збор ова)
    Не знам како да си се кандисам и да го започнам ова.
    сакам да сум мечка и да одам во зимски сон, да хибернирам, ме мрзи да дишам и мразам есен,ме отепува! |(
     
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Зошто бе го кудите временцево? Есен како есен. Променлива и чудна. Ни прв ни последен ладен ден нема да е.
    Погледнете од друг агол. И ден денес се радувам кога газам суви лисја.
    Ја сакам есенската облека. Ни тенко ни дебело. Таман :) .
    А кога ќе ме гушне за да ме згрее затоа што јас херојот сакам надвор да седам на цигарче, можам да му го почувствувам здивот, ме полазуваат пријатни морници.
    И во деновите како овој, кога ноќта е за мене и сум сама, нема ништо подобро од џез и топлинки.
     
  13. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    СДК денов си го посветив само на себе... Си бев на фризер па дојде другарка ми кај мене и покрј тоа што по цел ден сме заедно уште 3 саати се смеевме и си теравме муабети.
    Се шишав... И се шмекав до еден тип што многу личеше на [​IMG] :lol: Не сум имала такво чуство многу одамна. Буквално како што одеше до мене, помина улица и така се загледавме. Он од едната страна нагоре оди јас од другата надоле и си одиме по својот пат свртени еден накај друг и се смееме. Сепак, градов е 2 милиони незнам колку пак ке го видам...
    Иииии тоа беше тоа воглавно, сега одам дас и ја игушкам мамичка и да нанам :D
     
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека само сакам да бидам СРЕЌНА, ништо друго не барам.....НИШТООООО! :doh:
     
    На Ivah и Hiii им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Каков свет ли направивме кога во него веќе ни неписмените не можат да бидат среќни? - Зафон :)

    Јас не си фантазирав за ваква есен :( Сакам да има магија и не толку ладно. Сакам портокалово и жолто насекаде. :(

    оффф јас па сега прочитав,морав да едитирам.. ах тие мирудиички.... шлап шлуп паметен да се излезе и сите да те љубат.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Уште си се чудам што не знам да изреагирам кога некој упорно ме зјапа.
    Ама она баш зјапање, следење со поглед, како да те зграпчил во некоја друга димензија. Неугодно, мајке ми, а интригантно. А уште појезиво, што налетуваш на тој кога одиш на кафе, во продавница, до кај другарка ти во најудобните, а воедно и најружните хеланки. И си викаш, ваљда судбино не си толку очигледна??
    Или си? :^)


    Денес го отворив тевтерот со омилените стихови и цитати кој датира уште од пред, грубо преброено, 8 години. Дневникот престанав да го пишувам, ама затоа оваа моја лична збирка ја чувам како омиленото парче накит. Разлистував 3 саата.
    Уште ми текнува кога ја прочитав “Огледало„ од Шилеа и си ја запишав. До денес ми е една од омилените нејзини песни и ми се чини дека колку пати да ја препрочитам нема да се заситам од зборовите. Можеби мојата инспирација се намалува пропорционално со годините, ама се надевам дека нејзината ќе расте, за да ми пружа толкаво уживање.

    И освен листањето на страници, денес не направив ништо продуктивно. Испив едно капучино под надзор над мајка ми и дремев под новото ќебенце заедно со Цуф.
    Си реков убаво, сум била мечка во прошлиот живот.
    Бегам да си дремам со веќе потонатиот во сон мацол. Есенски гушки!
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0515 (2).jpg
      Photo0515 (2).jpg
      Големина на фајлот:
      16,1 KB
      Прегледи:
      298
    На Hipica, Monna.Monna, rossonerka и 8 други им се допаѓа ова.
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    4.908
    Сакам да кажам...

    Разбирам зошто СДП е затворена ама каде сега да го поставам прашањето за мојот драг плејстејшн? Се надевам во иднина ќе се отвори "катче" за технологија.
     
  18. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Сакам да кажам...

    Не ми се оди утре на работа, убаво ми е дома!
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  19. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    487
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам утре ми е роденден и веќе го добив првиот поклон. IPhone :)
     
    На cinderella5, Elennaa и esperanca им се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Сакам да кажам...

    ... ни Краш не е тоа што беше. :|
    Какаото им има вкус на песок, едно Алпико од Кам го шие.

    После вчерашниот мини нервен слом, во кој ја испотресов мајка ми за сите пари на светов, а после се апев за гзот зошто оооо зошто ми е крива жената која се труди околу сите нас, па уште јас и фалам со моите нервни испади.
    Но, беше убава таа глетка, навистина, девојка, речиси жена од малтене 26, да плаче на подот и да се превиткува од болка, додека загрижена мајка ја гушка и гали по косичката, а после и дава некое апчуленце јакичко да смири живци.
    Навистина, да не е трагично, еве ќе го наречеме поетично.

    Инаку, благодарам на грижата, денес сум била џоа свежо откината краставица на сонце, и културно си прашав, овојпат смирено - дали збудалувам?
    Мајка ми рече кратко и јасно - сине се' уште не, будалите не прашуваат вакви работи, тие не се ни свесни дека се, и убаво им е така.
     
    На crazylady, maca99, Isidora-Veles и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.