Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Сакам да кажам...

    СДК дека највеќе од се што мрзам е да бришам лични пораки од феминки :@ зошто 100 е максимум?

    И да, ужасно се осеќам кога треба да станувам рано, а приота надвор е ладно |(
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Обожавам, кога ќе станам рано, и ќе се завиткам џоа кифла со ќебе, пред телевизор. :mm:
    За тоа, не жалам ни порано да станам, ама од сабајле, и цело сабајле да го поминам на телевизор. Ама после тоа веќе вечер не ми се гледа ич.
    Завчера си станав во 9 саат, и воопшто не го уклучив компјутерот, цело време висев пред телевизор. Обожавам кога така си го искористувам сабајлето. Дури и не изчешлана отидов во школо, за да догледам. :tmi: Ама не се приметуваше. :rofl:
    И така, сега ќе одам да догледам уште малце тв. :hai:
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Фалат стариве! :worried:
    Ми фали она мило добро утро! и тоа сочно бацувче на образот од баба, тоа загриженко како спиеше? од дедичко.
    Потоа оној појадок кај нив во кујна, во атмосфера со температура неиздржлива за човечко суштество, собичка каде што ќумбето се распукало со сета своја моќ и немоќ на сите страни. Тие меки банички што се топат во устата, сеуште вруќички, направени заедно со првите утрински зраци.
    Па утрински маратон низ населба со баба, буричкање низ пазарон да си искажуваме ручечки желби па да си селектираме храна за ручек.
    Заедничката дружба при правењето ручек, баба меси кифлички, па и ми откинува и мене пуфче тесто да правам и јас кифулиња, такви малечки, чиниш маче ќе ги јаде. Во меѓувреме додека се печат, со дедо „кинеме“ една партија шах, домино или табланет. По ручекот одиме со дедо во шупа и разгледуваме што има за правење, поправање - дедичко секогаш ми даваше да одмотувам/замотувам едни жици или извитканите да ги исправувам со тесле. :D
    Па вечерта уште една-две партии тонч или табланет, потоа телевизија со македонски народни приказни и на крај приказни од баба, додека лежам стутулена во старите груби ќебиња и јамболии кои за мене се најмеките, најтоплите и најмилите покривки.


    Сакам да сум пак детуле!
     
    На maca99, Monna.Monna, Smilly и 6 други им се допаѓа ова.
  4. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    854
    Сакам да кажам...

    СДК денес сите ми згазија на нерви.Од сабајле домашните,па другарките кои ги чекав сто саати и смрзнав,па наставниците и на крајот тој! :tmi:
    Ама некако ја истурив нервозата на сите по малку и сега расположена сум :D Тука само позитива ќе ширам,ветувам....сета негатива ја исфрлив од мене (за моја среќа,туѓа несреќа).
    Не сум нормална,знам,осеќам.

    СДК друго,татко ми ми донесе 3 гајби јаболка ОГРОМНИ! Црвени,зелени,жолти,сочни...мх мх мх :inlove: :wasntme: Еве сега само што згнетив две зелени :) Можда од нив почнав да се понашам како зелена,све је могуче. :?:
     
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Сношти вино-црвено,исфлени мои муабети на лево и на десно ,море и напред и назад и веќе незнам во која насока ,беше ли од црвеново Александрија или од куражот што божем се добива од алкохол ,тресев прашував, дробев, пецкав која ми беше поентата и сама незнам да ме прашате .
    Ама убаво си поминав исходот беше јас и тој фатени во тесно на маса во растојание од 50см ај контакт љубов...потреба ...и надеж за подобро утре.
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Jaс пак :geek:

    Се средив целата,и коса и нокти и нова гардероба,пошто нели ако средиш надворешен изглед самодовербата расте повеке .
    Мама ми рече дека сум луда зошто и реков дека кога ке умрам сакам да ме кремираат. |(
    Што има лошо во тоа?и онака ке нема да чуствувам ништо.Барем да не ме јадат црвите :D
     
  7. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    да либера обожавам марами и Чанти на LUIS VUITTON, но само кажав дека не е се во LUIS VUITTONонот туку во паметот.
     
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Комплимент, не е повеќе само именка, не е тоа вистина, не е повеќе толку едноставен. Комплимент е веќе цел стилски правец. Си има и тој свои особености: емотивност колку сакаш, тропи и стилски израсни средсва се дозволени, оние по речитите прават пак цели продолжени метафори и ги владеат фигурациите. Стилскиот правец дури си има свои клишеа, посебни правила и изрази со кој се служи. Многу е битно и да се внимава на интонацијата на гласот, на погледот и на допирот. Колку повеќе се расфрлаш со комплименти, толку повеќе културно се воздигнуваш пред другите и ја придобиваш нивната почит, го привлекуваш нивното внимание. :x

    Си кажав јас и вчера - сакам само некој да почуствувам!

    Среќа што ја немам таа желба да бидам сакана и љубена од сите и да потрипнувам на комплиментите и да ме занесуваат туѓи зборови. Не! Се е што е претерано не е арно, а веќе доволно работи не се арни. Нити пак ми треба Доријан Греј на Оскар Валјд нити пак сакам да бидам Ребека на Дафне ди Морије!

    Вистински луѓе, ве молам? Нема?
     
    На marama, Doozy и julie77 им се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Сакам да кажам...

    ^
    Ја ме ја :D
    (превод:еве ме мене)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. I.v.a.n.k.a

    I.v.a.n.k.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Цело утро и вртам никој не ми дига. Едвај чекам да поминат две недели и да ја зграбам. Се сеќавам колку не бев спремна да бидам мајка на 22, а сега не можам ни да си го замислам моето постоење без нејзе. Онака ме болат во себе некои причини, ама знам дека се борам и со нив, за да еден ден заврши со мене.

    Опколена сум со небитности ама ги туркам со нозе во ќоше. Не ми требаат..

    Денес морам да ги завршам обврските, да ги залепам тие плакати за барање работа, да пратам мејлови, да коленичам за секаква работа, да завршам со средување слики, да ја направам поканата, и да седнам да учам..

    Глумам дека се е ок, и да не е. Го мразам зборот тумор, кој ми скрати децении од животов и не стави во борба, особено нејзе, која е херој и секој ден почна да мипишува пораки со ведар дух.. и благодарам што ми го овозможи постоењето.

    Ме убива самотијата. Сакам некој свој да седнам да го погледнам во очи и да му кажам тешко ми е ми се плаче, паѓам.. многу ми фали, секогаш ги поштедувам своите од моите проблеми, ми се таложат ама еве утрово избија.. си изнаплакав за цела година..сега ми заврши сцената драма и моментално самосожалување прдоложувам да го правам тоа што треба..

    Имам причина таа и тие..
     
    На bittersweet, green.eyes, eutixismena и 12 други им се допаѓа ова.
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Незнам шо е со народов.

    Утрово одам да ставам кредит во тобако а пред мене дечко купува цигари, го чекам да заврши и да си отиде за да кажам број, а манијакот да се потргне на страна и да го запамти или запише бројот.

    почна да ми пишува некакви безвезни пораки и звони упорно дури и страв ме фака.
    Мислам дека цел ден нема да излезам надвор, незнам шо деа праам ко избезумена сум
     
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    блокирај го да не може да ти прака пораки или оди во Т мобајл да ги известиш да му го блокнат бројот.Трето нема
     
    На XMaN и simoncelicius им се допаѓа ова.
  14. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    Сакам да кажам...

    Животов постана борба за опстанок, да, да, баш како во документарните емисии за животните. Човештвото наместо да напредува, ми се чини се уназадува, се враќа во примитивноста. Се губат сите вредности, посебно онаа од која што и доага самотоиме, а тоа е да се биде хуман. Жално :x
     
    На Monna.Monna, julie77 и Magnolija им се допаѓа ова.
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.670
    Допаѓања:
    8.585
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    од т мобиле може да блокираат број на 075?
    да не ми се јавува и да не прака пораки?
    и колку се плаќа?
     
  16. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    89
    Сакам да кажам...

    :swear: Манијаци бре , знам истото ми се има случено и мене ај да не раскажувам тука, туку јас го решив проблемот, му го дадов дечко ми тогашен де да се слушнат :lol: и од тогаш ашшшш го снема :lol: 100% делува само дај му некој постар немора да ти е дечко, пријател или татко ти ке видиш како ке се ука*а :devil: и немој да се плашиш и да му покажуваш страв. Знам како ти е :worried:
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    24 степени?! [​IMG]

    How yes no! ( :D )
     
    На Monna.Monna, Magnolija и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  19. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Сакам да кажам...

    СДК за да ти помогне некој треба да е побудала од тебе.
     
    На maca99 и Grunge им се допаѓа ова.
  20. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Марамке не можиш да мешаш вакви чувства ,тоа за некој е еден од најсреќните денови а твоите потреби за шопинг се задоволуваат во било кој друг ден ;)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.