Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    ^ мојата поента. Само јас немам толку мила природа, стрпление и таков фонт на зборовови па да образложам.

    Не пишувам веќе на оваа тема, по ако сака и билката да ме рециплира! Нема смисла мислам...пошо другите мислат дека и го газам егото и ги сметам за неквалитетни. Нивен проблем :)
     
    На anuskaNESTLE и Kasha им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Секогаш пред да го направам утринското кафе ја отварам терасата и ја луфтирам собата. Верувам дека така ги бркам сите остатоци од претходниот ден, лошите сонови и вчерашните мисли.
    Ама некогаш минатото знае толку добро да се врати и да те касне што си ги триеш очите и се прашувавш дали е тоа возможно!!!
    Како, ама како, е можно да нашето минато никогаш не останува зад нас??
    И Адел си испеа многу убаво:

    When will I see you again?
    You left with no goodbye, not a single word was said.
    No final kiss to seal any sins,
    I had no idea of the state we were in.


    И така, денов го осудив на сеќавања и балади.
    Јеби га, мора да има и вакви денови.

    А на форумов ќе се враќам и враќам и враќам...
    Нема причина поради која дојдов, а нема да има и причина за да го напуштам. Верувам дека е не само на мене, туку и на сите форумџики, форумот им е станат дел од животот, од самите нив. И смешно би било да не се навратам тука, кога некои ликови, без да знаат, без да ги знам, ми влијаат на размислувањата, ставовите или едноставно ми се дел од секојдневие.
    Побогу, тука оставам дел од себе.
     
    На rossonerka, Miss-Independent, Monna.Monna и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=S5cVOVzrKLE

    е Љубовта.

    Ме разбуди мирис на пржени тиквички и кафе.
    Тато и мама знаат да ми го разубават утрото, дефинитивно. Си начекав кроасани во кујна, тишина и ливче на кое напишале - во комшиии сме, играме бриџ.

    А Морфин ми се дрога невидена.
    Смрзнав и носот ми е црвен ко на кловн. Вчера јадев мрсен тост во 1 саат после работа, со моиве кралици се смеевме дека патувањето во Италија е интерна шега а муживе ќе спобудалат. Сај ќе преведува на Манаки, а мене ме има во Медиумски речник. О, да! Успеавме да успееме.
    Што знам јас, само си пишувам и уште верувам дека книгите се прозорец кон светот.
    Со љубовот вчера беревме костени по улици и се смешкавме. Фативме муабет за деца. Да, и се загледавме во таква смеа, што дури ни стана нејасно.

    Секоја шега, малку и вистина. Па што. Во филм сум за семејство, нема ништо да ми фали да имам мали јуниори шарени. Само да сум здрава жива и полетна, да си го средам умот, зошто телото си е одамна спремно :rofl: Не ми се ни верува што зборувам еј!

    А, да, ме спопадна желба да бидам професорка по книжевност и литература, во средно училиште.
    Си се замислив со сите салтанати, од изглед, до програма, како ги носам на театар, во кино, споредуваме текстови, читаме. Не ми е лоша идејата, а можам и да си ја спроведам во иднина, а?

    Соништа, ако ги немаш, си мртов, а ако ги имаш, пожив не можеш да бидеш.

    Сакав да кажам... Има многу неправда на овој свет, нели. Но, некогаш, праведно се дели. Жал ми е само што одредени нешта, оставаат горчина и пелин, наместо мудрост од која ќе излезе храбар Човек.
    Си разговарам, ко нетука, монологијада на суштествувањето ми се случува. Се прашувам многу, си одговарам скриено. Музиката ми го храни телото, ритамот ми ја дава среќата, зборовите ми го хранат срцето, поезијата ми ја дава енергијата!

    И вчера во разговор со еден колега, правник, сфатив. Не сакам да бидам пропаднат конформист кој ја лижел секоја дамка на капитализмот, за само да има удобности. Сакам со уметност, да го разубавам светот и свој, и Ваш.
    Колку ќе успеам, ќе видиме. Со поезијата, знам дека до некое ниво стигнав. Времето, е пред мене. А со мене е Љубовта.
    Убав ден, феминки.
     
    На ines.h, Gea, Monna.Monna и 9 други им се допаѓа ова.
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Роденден на мајка му ....направив гризини ,по моја мерка и рецепт ризикував затоа што е премногу пребирив

    толку пребирив, што ти се чини од стакло е па ќе се скрши ако не му ги погодиш.

    Но гризините топ ни една не остана и тие од фрижидер ги извадивме не стигнаа абре на гостиве им се

    бендисаа премногу.

    Работава ти беше готви од љубов собирај љубов потоа , и јас добив поклон :lol: иако не ми беше

    роденден од неа со големи страмови го примив и си помислив секое внимание што ќе му го посветиш на

    некого со голема пажња ти се врајќа трократно.
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.033
    Допаѓања:
    123.900
    Сакам да кажам...

    Генерациска бариера на форумот шта чеш :)
    И ние сме биле пубертетлии.
    (Не ме трпеше срце па и јас да додадам шлаг.)
    И тоа треба да го сфатиме.
    Некому му е интересно да пише дека си ја видел симпатијата и с е израдувал пример.
    И јас да имав 13,14 и јас ќе сум пишела бе.
    Секој е различен како второ.
    Мистери така да не си во право воопшто.
    И јас не сакам може тоа да го читам и јас превртувам со очињата |( ама пак си велам- еее Ели бре,па ти на толку години што пишуваше во дневникот :wasntme: Иритираат некои постови,да,но не значат живот ако не ги прочиташ или ако ги прочиташ,што ви решаваат?Остајте секој да си пишува што сака,и спрема свој вокабулар,интелигенција и што ти знам.
    Така да да се обидеме некои работи да ги сфатиме! А квалитетни постови има и ќе има,како што има богати и сиромашни така му доаѓа поделбата.
    Секој со својата интелигенција,не сме сите исти.
    А сите споментаи форумџики и неспоменати ,јас сеуште си ги читам и не навлегувам во дискусија дали и зошто пишуваат или не пишуваат.
    Кој сме ние пак да кажеме и претпоставиме! Мислам :?:
    Ако не друго,секако дека имаат белег оставено па не ретко кога прелистувам пак се истакнуваат и пак ги читам.
    Така да олабавете :sun: :d:
    А јас пак си го сакам форумот ^_^
     
    На Doozy, Monna.Monna, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Сакам да кажам...

    Сдк-не би сакала дечко ми да пишува на женски форум,а и не сакам да чита.Нека прочита нешто онака колку да си ја задоволи љубопитноста(ако ја има),ама да се вклучи на форум,да прелистува и да бара,да коментира за женски проблеми-не сакам. :shake:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Сдк вчера преморена си легнав во 18:30 а станав дури денес на пладне!Можам да кажам дека конечно се наспав ко човек, батериите полни за следните 10 дена :lol: :lol: ! Сега уживам во прекрасниот зелен чај, и се релаксирам со вас феминки мои драги!
    имајте убав ден сите
    http://www.youtube.com/watch?v=co6WMzDOh1o&ob=av2e
     
    На Magnolija и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    :music:
    Shout, shout, let it all out, these are the things I can do with out
    come on, I'm talking to you, come on!


    Фемина е форум.
    Не е индивидуа, а е колектив од индивидуи меѓу кои сте и вие.
    Каков, таков, бил пред мене, ќе биде и по мене.
    Кои се тие неквалитетни луѓе.
    И јас на почетокот бев неквалитетна де.
    4етвро4ето смета6е.
    Тие луѓе се оби4но нискоинтелегентни м?
    Имате доволно квалитет тука, а дури не го ни споменувате, не го поздравувате, не го ставате во топ 10 форумџики итн, итн.
    Инспирацијата може да се најде и во еден обичен црв во јаболко, некои ја наоѓаа и ја наоѓаат во еден мирис на кафе, истото кафе кое го пиете и вие, во едно обично сонце, истото сонце што го гледате и вие, па го објасниле и опишале зилиони пати низ страниците, на зилиони различни начини и си го подтурнале својот ден и го подтурнале и вашиот ден.
    Така што, земете го „досадниот“ пост од една тинејџерка која пишала дека и е преку глава од средно и напишете нешто ваше од средно ќе ми го развеселите денот и ќе ме натерате и јас да напишам, на сите маки што ги имам ќе ме насмеете, пошто ќе ми текне на моите професори, ќе ми текне на моите соученици, на тоа како ги броевме секундите до ѕвонење за да не те испрашаат.
    Љубовниот проблем... не и пишале и се потресувала, хеј! :) и јас ги имав тие јадови еднаш :D и многу веројатно дека ќе ги имам.
    Можеби нема да споделам со никого, но не значи дека испариле во воздухот.
    Направете ги интересни досадните и глупи проблеми, пошто се е психологија и игра на зборови.
    Дискусијава требаше да заврши пред три дена. Очекував да заврши и денеска да ве читам во поинакво светло, пошто токму решив после денови, недели всушност, да ве прочитам и ги погодив деновите кога за едно исто се зборува.
    Ме нема не бидејќи се досадни луѓето, не бидејќи фемина е досадна.
    А, бидејќи има нешто и надвор од фемина, кое ми го голта животот и времето. Фемина ми го загорчува денот, кога е исполнета со кавги и величење на одредени, омаловажување на други, повредени ега и себе-издигнување, гледање на другите од високо итн.
    Тогаш и само тогаш, фемина ми станува бљак!
    Се останато, почит од моја страна. Бидејќи на истите тие небитни луѓе јас лично сум им ставала лајк, затоа што ме насмеал нивниот досаден ден, пошто ми се смотал мојот филм од минатото. И да не биле вашите кавги во изминатиов период, и објаснувања кој е вреден кој безвреден, ќе сум нашла време да пишам нешто, наместо да замавнам со рака и да се одлогирам.
    Без да филозофирам што сакам да кажам, оти доволно филозофии имаа напишано сите на оваа тема.
     
    На pink4ever, Marilyn-Monroe, HardSex и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Сакам да кажам...

    кога веќе секој си кажува што му смета во врска темата старо-нови членови ќе си дозволам и јас.
    мене посимпатични ми се постови во стилот на свршува без сперма и слични, барем ќе се насмеам, отколку некои долги текстови со незнам таму какви стилски фигури, ја тие ги викам ау зборови. :)
    поубаво е кога некој искрено ќе си праша нешто без срам покажувајќи го своето незнаење, отколку кога некој со сила се прави паметен. сите сме имале по 13, 14 години и тогаш тој е паметот. не дека сакам вакви постови, секако дека сакам да ги гледам што поретко, ама на никој не можеш да му забраниш да пишува.
    и мене лично еве ми сметаат машки членови, едноставно некако не можам да ја сватам нивната поента на женски форум, па никогаш не сум се бунела. толку од мене, поздрав, имајте убав ден.
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Трчкај ваму,трчкај таму сите,секој ден ....а едвај чекаме да си се прибереме на крајот на обрврските дома и да си се раскомотиме кој во пижамки,тренерчиња,топлите папучи веќе почнав да си ги носам,топлото чајче,кафенце и оп овде на фемина.

    Се оптеретуваме со ова,со она кој за љубов,кој за работа,пари,здравје,губрето на комшијата пред врата што шири смрдеа низ цел влез,маалските кучиња што уште рано рано лаат како беснило да имаат,сите не мачи нешто.
    А тогаш зошто потајно посакуваме да ни се појави некоја нова љубов(а со неа нови главоболки),посакуваме нова работа (а со неа уште полоша плата или слична),сакаме здравје(а се шеткаме со малку облека на нас)чист влез во зграда (а незгодно ни е да го опомениме комшијата),не нервираат маалските кучиња (а пак понекогаш им даваме на минување од кроасанот)....Луѓе оди па разбери не . :) :| :)


    Денес денот :?: кршење јазик-голтање јазик ʊ̈ ,ä ,ɔ ,ʊ,ʌ....
    Некои 2 км пешки,ветрот на мотор и конечно топол компот во друштво со фемина убавина.!


    Внимавајте што посакувате,можеби ќе ви се оствари .

    (јас така посакав нешто ,а сега тоа нешто ми е проблемче )
     
    На crazylady, TeddyGrey, Hiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    24.100
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Да не отварам нова тема, сакам да кажам дека ми требаат поголеми кеси за вакумирање (може и за една употреба)... :wasntme: :D
    Ако знае некој каде може да се купат, нека ми прати ЛП (please) .
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Tрагикомедии сум.Самата барам нешто што не е можно да се случи.Е ајде де па :( Не за џабе рекле забранетото е најслатко.
     
    На ViktorijaMari, Gordana10, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    велат дека денот по утрото се познава( но не е секогаш така) утрото беше катастрофа
    пред малку една колешка со која не сум блиска ми каза за обука која би мозела да ми помогне за наогање на работно место-секако се наплака, ама се добива и сертификат, само што сега доага двоумица мегју надоградување на странски јазик, или обуката-финансии и за двете :shake: :wasntme:
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.033
    Допаѓања:
    123.900
    Сакам да кажам...

    10 работи кои ги уништи интернетот
    Многу работи ни даде, но некои работи ни ги зема, или промени засекогаш. Поголем број од нас не можат да го замислат животот без интернетот...



    ...кој ни овозможува поглед на светот од дома, дружење, откривање нови нешта и уште еден куп други чуда.

    Но, постојат и работи кои интернетот (засекогаш) ги уништи или значајно ги промени:



    1. Енциклопедија. До пред неколку години енциклопедиите беа најважен извор на знаење за луѓето.

    Книгите во кои се собрани сите знаења, денес најчесто собираат прашина на полиците.

    2. Совршена поранешна љубов. Без разлика дали сте сами или во сериозна врска, секој од нас понекогаш се препушта на носталгијата и се потсетува на убавите моменти со поранешниот дечко или девојка.

    Во мислите поранешните партнери изгледаат речиси совршено, но, денес го имаме Facebook кој ни открива повеќе отколку што сакаме да знаеме, а тоа ја убива носталгичната магија...

    3. Расправии со пријателите. Некогаш знаевме со часови да седиме со пријателите и да се расправаме кој е во право за одредени историски, технички, спортски и други факти.

    Денес со само неколку клика можеме да ја дознаеме вистината кој е во право и едноставно овие долги разговори почнаа да изумираат.

    4. Преслушување музички албуми. Додека некогаш со нетрпение сме чекале да излезе некој албум за да го преслушаме од прва до последна песна, денес симнуваме од интернет само дел од песните кои ни се допаѓаат.

    Во последните 10 години продажбата на албуми оппадна за 55%, но истовремено порасна и он-лајн продажбата за некои песни.

    5. Правопис. Необразовани новинари и опуштени блогери придонесоа за загрижувачки пад на писменоста на интернет.

    Кога на тоа ќе се додадат кратките SMS пораки и твитовите, станува јасно колку правописот пати во денешно време.

    6. Тежок пат до славата. Некогаш мораше да изгледате добро и да имате талент за да стигнете до телевизија.

    Денес, можете да станете “славни“ преку ноќ – никогаш не било поедноставно да се придобие вниманието на медиумите

    (Превземено од ЦрноБело)
    ТАЖНО И ВИСТИНИТО
     
    На angel92, Monna.Monna, MSkorpionka и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И покрај толку прочитани книги, тоа ми е, не ме надарила природата со она што се нарекува вербална флуентност. Низ мозоков ми се плеткаат разни мисли, чувства ме преплавуваат, а се тоа се слева во една обична просто-проширена реченица без многу китења и метафори.

    Но, затоа пак умеам долго и трпеливо да го слушам она што другите го кажуваат, а најмногу она што не го кажуваат. Да ги разбирам пораките кои ги праќаат луѓето со секое делче од своето тело, со секој тон од гласот.

    Така и на форумов, поголемо задоволство ми претставува да читам одошто да пишувам. И затоа ги поздравувам сите оние кои умеат да читаат, но вистински да ги читаат редовите и тоа што е меѓу нив. Затоа што и најубавиот напишан текст, без некој вистински да го прочита и да допре во неговата суштина, ќе остане само обично изгубено делче од овој виртуелен простор.
     
    На Buttterfly, Gea, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК значи леле колку ми се сере од оние курвите на Бекстејџ. Цела една емисија му посветиле на Бранко Црвенкоски и на тоа како тој не бил на Бихаќка за неговиот роденден кога оо нивното Височество Бекстејџ му дошле со торта да му честитаат. Да, требаше да ве пречека, се согласувам дури и црвен тепих да ви постеле. Пропаганда, готово, Бранко е лош, не ги прими, ама затоа пак Груевски е толку добар што дури и свеќичките ги дувна.
    Одете бе, убијте се, нека не оди кислородот зијан од вас. |(
     
    На girl1985, Miss-Independent, BoaVista и 8 други им се допаѓа ова.
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Како што сте тргнати со прашања во несоодветнава тема, и од оваа ќе треба да се збогуваме наскоро.
    Предлог: наместо Сакам да кажам нека се преименува во Напиши се што ќе ти дојде на ум...
    А другите теми низ форумов, слободно нека одат во канта, оваа нека биде универзална, се во едно.
    И готово.
    ***
    Колку повеќе растам толку повеќе сфаќам дека некој цело време очите ми ги мачкал и себеси се претставувал како жртва, мирно и невино јагненце, а тој другиот како мачител, погана и лажлива личност.
    Ако, така ми треба. Се во свое време, секого нешто го чека...
    ***
    Денес си зададов уште еден предизвик. Мислам дека ќе успеам да го исполнам. Треба труд, но јас можам.
    Ако сакам, можам, а ова сакам да го направам!
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    ^ :rofl: па што дробам јас вчера и завчера :)
    и како го нарекоа на крај, мургало или маргуд или мргуд појма немам што е тоа |( |( Tака нешто, не ги ни памтам нивните излишани фрази
    него сдк сега станав и уште нерасонета :drunk: оваа фаца, и да ја изнесам кучкава у двор, мислам дека помина една феминка, и јас се скрив позади врата :$ :$ :$ :rofl:
    па срам ме фати бруки леле :D
     
  19. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    [​IMG]

    А срцето сега ми вели... -Изеди го чоколатцето и оревите. Тој те сака и дебела. :lol:
     
    На Go-Girl, ViktorijaMari, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    СДК дека оддамна не сум се смеела вака.
    Многу ќе ми фали класот од основно.
    Имаме генијалци, музичари, математичари, будали, деликвенти.. Ама сите сме дел еден од друг.

    А и многу сум носталгична, признавам.
    Некогаш, дури и се плашам убаво да си поминам, затоа што знам дека еден сето тоа само спомен ќе биде, а не сакам.
    И да си на истото место, и да си со истите луѓе.. Никогаш нема да биде како тогаш, никогаш нема да бидат истите чувства и срцa и мисли. Никогаш нема повторно да го доживееш тоа што си го доживеал тогаш.

    Не за џабе рекле

    http://www.youtube.com/watch?v=RsEOXZlYLbo
     
    На SexyLady и LivingGlam им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.