Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    Есен....
    Топлење со волнено шалче....
    Го сакам вкусот на планинскиот чај...
    Мирисот на печено јаболко и цимет...
    Уживањето пред тв, под топло ќебенце...
    Печени костени...мњам....
    Целата природа е во волшебни бои...
    Чизмички....
     
    На Monna.Monna и Phyramide им се допаѓа ова.
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Сакам да кажам...

    СДК I feel good today. :) Се напав конечно после неколку ноќи неквалитетно спиење од причина што легнувам многу касно (4-5 по полноќ у просек), ама на добар праг сум да го сменам тоа и мора да го сменам тоа за поголема продуктивност во учење, меморирање и други работи кои бараат умствена и физичка работа! Затоа спијте квалитетно, сонот е најважен и во 90% придонесува за поздрав, поквалитетен и попродуктивен живот! :)
     
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК на форумот се прават некои стварно по малку глупави постапки. Извинете, ама така е. Се заклучи темата СДП за да се бриши од оф топици, а како резултат на тоа СДК се наполни со оф топици, иако јас лично не сфаќам колку можат да бидат трагични оф топиците во СДП ама ај.
    Од друга страна пак почнуваат расправии за глупости. И секако тука секој сака да си го кажи мислењето, ама не сфаќате дека така форумот оди во неповрат. Гледајте си ја вашата работа, ако ви се чита читајте, ако не скролајте и молчете. Или треба и оваа тема да се заклучи ?

    СДК 2 Едвај чекам да си дојде другарка ми. Ми недостига. Ми не достига и уште една другарка која не живее во мојот град, а мн сме поврзани, но ќе се видиме наскоро. Ги сакам и двете. :)
     
    На Gea, teddybear и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК стварно шопингот многу ме усреќува. Си купив некои работи денес, од кои најбитните се 2 пара нови чизми, едни над колена преубави, други до глужд истотака прекрасни. Тие до над колена од еленска кожа некоја беж боја се прилагодуваат на ногата од задната страна имаат карамела боја врвци по цела чизма и се врзуваат најгоре во машничка и паѓаат надоле, аххх прекраси се. Ги обожавам. Вторите, до глужд мааалку поткачени, сиви со црни каивчиња од страна врзани, со едни како монистри нагоре покрај работ. Многу се штосни! Среќна сум. :inlove:
     
    На crazylady и eli25 им се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    23.104
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК, во последно време повеќе ве читав отколку што пишував, ама ќе се потрудам да го сменам тоа.
    Денес ми беше исполнет денот, од сабајле до пред еден саат бев на факултет. А таму, кој паднал на испит, кој презапишал година, кој се откажал, кој останал во Америка, кој се нервира поради распоредот..Еден куп луѓе со уште толку различни приказни за себе. И секоја е интересна и шарена. Да не знаеш дали да плачеш или да се смееш. Во секој случај, сакам вакви денови кога има муабети, смеа, дружење. После толку време, осетив возбуда додека сум на предавање. Повеќе на паузите де, ама и тоа се смета, нели? :D
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми фали СДП. На сметка што ја нема таа тема моментално, ќе се отворат 600 други каде не добиваме одговор толку брзо..
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сакам да кажам...

    Неможам повеќе...
    Виновна сум и цел товар е на мој грб. Ужасното чувство на вина не престанува.
    Колку би сакала да го вратам времето, зошто бев толку наивна и непромислена, зошто не го послушав разумот?
    Можам ли да го вратам она што е изгубено? Има ли уште надеж? Јас не сакам да престанам да се надевам, се надевам на уште една шанса која нема да ја прокоцкам, а во исто време ми е толку страв што неможам да дишам.

    Сега да беше до мене би ти кажала се... Имаш право што не ми веруваш, имаш право за се што ми рече. Незнам дали те заслужувам. Но на срцето неможе да му се нареди, ситуацијата е таква каква што е. Мораме да собереме сили и да издржиме.
    Жал ми е... премногу. Моето извини нема значење, но сакам да знаеш дека тоа го мислам од срце. И сакам да биде подобро.
    Несакам ни да помислам дека има можност да продолжам да живеам без тебе, толку се навикнав на тебе, толку те засакав што ми е незамисливо да одам сама по патот.
    Би сакала да собереш сили и да ми простиш. Колку и да е тешко. Сакам лошите спомени да ги закопаме во минатото.

    Но не се простува така лесно знам... и не се заборава. ;( ;( ;(
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    денешнмиот ден ми е права лекција што све ме чека нис живот и колку е тешко да си жена/домакинка...од работа дома спремање ручек па трк до супермаркет (дека пола флижидер празен) таман дојдов дома погоди што? Сум заборавила прашок омекшивач и зејтин пак назад,ајде перење џогирање миење садови и таман седнеш да одмориш-машинава готова :о ајде спрострирање и кога некој ке ми каже: ее голема работа си завршила е сум драга завршила сега тек седнувам кафево не е кафе веке али јбг ке се испие некако туку што за вечера м?

    ја гледам последната епизода на Клон завршува денес и баш е добра а сега чао одам да испружам леџа мало :)
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    СДК оценките не ми се лоши (пу пу пу Ника немој да се урочиш :lol: ) и среќна сум некако ради тоа, многу сум по исполнета и по горда :)
    Денес ке идам да се запишам во теретана, конечно решив дека мора да се "стегнам" на повеќе полиња во животов а и телово време е да си го стегнам хаха :$ :muscle:
    И уствари сакав да кажам дека ме фати носталгија и дека сакам да живеам во Скопје-да, мама ми е крива што ми почнува вакви муабети кога конечно ке решам да не мислам на нив! Алиии ете решив да си ги оттргнам малце мислите од тоа! ...Дефинитивно блогот е нештото што најмногу ме радува во последниве неколку недели, целосно сум му посветена, абе го обожавам! И вас ве сакам девојки, и ви посакувам да бидете насмеани секој ден од уво до уво!!!
    http://myfashiondiaryxo.blogspot.com/
    Ајде отидов јас да запалам :smoke:

    :d:
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    Како да и објасниш на девојка што платила за фото-сесија дека не е фото модел!?

    http://www.lajkuvaj.com/79062/

    .
     
    На Magnolija и SexyLady им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Незнам дали постојат вистински зборови за да го искажам се она што го чувам во мене,што ме стега и гуши веке месец дена.Незнам дали имаат логика овие страдања и измачувања,кога со течењето на ограничените денови,ми исчезнува секоја надеж,дури и најмала надеж,тогаш зошто е ова стегање во градите?Како лесно може човек да е на врвот,а уште полесно под дно,само ради една грешка,грешка можеби од преголема љубов.Многу очекував од сево ова,ми беше желбата,сонот,а го губам со секој изминат ден и се губам и себеси во просторот и времето.Веќе незнам ни што е сево ова,дали е можно,се прашувам каде се силите да се соединат за подршка над ова?Се уништувам се повеќе,но едноставно веќе немам сили,а ни живци,а солзи најмалку...Стегај во себе,исплачи се во себе и пак насмеј се пред другите,иако само гледаш крос сите тие ликови,гледаш таму некаде,и мислиш на твојот сон,прв и единствен досега,а најдалечен.И вербата ја губам,неможам,ова не е мојот живот,ова е повеќе од нефер!Не е целосно моја вина,мојот дел го признавам,и платив и повеќе од потребното,доволно е!
    Колку и да зборам,нема крај,а зборовите,немирот во мене,тагата и очајот,вртат во круг,и го докрајчуваат и најмалиот дел од мене кој едвај опстојува...Сепак,има сеуште трошка во мене што ми влева 1% надеж,и додека го чувстувам,не се откажувам,сепак тоа е мојот сон!
     
    На crazylady, crazyinlove19 и softqueen им се допаѓа ова.
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Се извинувам за оф топикот но сигурна си дека завршува денес Клон?Бидејки Жаде се уште нема сретнато со Даниел :o Наталија ке треба да замине да се лечи а Самира да биде со Карлос западњакот.Барем така беше во бразилската верзија.
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    My life wishes.
    Многу сум скромна, нели? :wasntme:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, angel92, la-chicka и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Сакам да кажам...

    Колку само светот е испревртен, изопачен,нереален.
    Дали нашите пет сетила не лажат?
    Бидејќи не се што гледаме со очите е вистинито, ниту пак се што слушаме.
    Некогаш ќе допреме, но што допираме?
    Мирисаме, вкусуваме..да. Хамбургерот е повкусен и со подобар мирис од брокулата, но што е подобро и поздраво?
    Мислам дека постои само интуиција..ништо повеќе.

    Знаете.. ја читав приказната за Светомир, бездомникот. http://www.plusinfo.mk/mislenje/331/Svetomir
    Се интересирав и за коментарите што ги имаше на уште многу страни.
    Некои кажуваат дека е шизофреничар, дека е само психички болен човек,кој собира стари работи.
    И која е вистината?
    Каде е интуицијата сега?
    Ете тука зборувам,како нашите божем пет сетила не лажат или ни будат сомнеж.

    На кому да веруваш?
    Некои викаат дека најтешкото прашање на светот било "Кој сум јас?", јас мислам дека е "Кој си ти?"
    Затоа што сите сме опкружени со луѓе кои неможеме да ги препознаеме,а и тие се опкружени со нас.
    Чудно ми функционира светов.
    Кога сите барем за еден момент би биле она што сме,а не она што сакаат другите ќе имавме момент на среќа.
    Кога за момент би ги оттргнале сите скриени работи и кога секој би си гледал во својот двор, ќе функциониравме многу подобро.

    Во контекст на муабетов ми текна. Познаник во Данска. Вели, таму немале завеси. Тој додека шетал по маалото гледал кој каков телевизор има и кој како е наместен.
    И самиот се искритикува дека сме чудни луѓе.
    И да. Виде и ми пренесе мене за тоа колку инчни телевизори имале и уште на неколку кои го слушавме како да кажува рецепт за подобар живот.

    Незнам до каде одиме.
    Или до каде ќе стигнеме.
    Јас сакам да се вратам на почетокот.
    Сите да се вратиме на почетокот.
    Тоа е најмногу што заслужуваме.
    Човек,колку тоа гордо звучи.-Максим Горки
     
    На Gea, Phyramide, Grunge и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес ја видов marama во една бижутерија во град :lol:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека во друштвово мое мило почнаа да зборат за фемина. Ахам! :!:
    Муабет од типот: „Знаеш дека...?“ со реплика: „Еј стварно? Од кај знаеш...?“ па контрареплика: „Го прочитав на фемина форумот...
    И одпозади другар се избацува: „Е кој веќе не чита на фемина? Сите киснеме на тоа!“ со онај смешак „јас најмногу читам од категоријата секс“. :D
    Ме зачудија бре, не знаев дека феминка е толку позната, што сите од мое друштво, и машки и женски редовно ја посетувале. :D
    И си се скупчив онака ко клопче, наивно во фацичето надевајќи дека не ме препознале. :wasntme:
     
    На AnaKarenina и crazylady им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Гледај вака на тоа, убаво што се случи моментот на Светомир, ни ги отвори очите и фејсбук почнавме да го користиме корисно! Од оваа инцијатива за која почна за да се помогне за него, се прошири и не си свесна колку сите се собравме и направивме нешто. Се собираат алишта, и се планира да се отвори невладина кои ќе ја држат млади луѓе или пункт каде што ќе се донираат многу работи и ќе ги испратиме во прави раце. Се собравме 1000 души за еден ден. Моќно е и чисто е.. А сега нема потреби да се докажува дали тој е шизофреничар или не, сега се собра помош и за него, се собира помош и за други.. мене ми е МОЌНО и искрено што со овој потег се отвори свеста и бргу се реагираше..
     
    На enca.69, sesilija и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам...времево е надвор од нормално прееска сонце сега ветер дува надвор ке те однесе..незнам дали е до времето или можеби е до мене што се чувствувам некако депримирано,разочарано,тажно,безживотно.Секој ден е ист како претходниот не се случува ништо ново и тоа е проклето досадноо :@ сакам да се случи нешто ново,нешто убаво,нешто различно ми се здосади од секојдневие и од слушање на туѓи љубовни прикаски..сакам да си започнам своја :$ ахх се надевам и мене ќе ми се насмевне среќава што и ја немам баш во изобилство..се надевам... :roll:
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Во право си, но, свеста за да се помогне некому треба да е константна, да се помогне колку може, без разлика дали тој што побарал помош, лаже или не за причината за која бара помош, важно е да се помогне.Бидејки на некаков начин животот ни поставува тестови за тоа колку сме спремни да помогнеме, не само за ова, туку и за милион други работи, се од нас зависи каков ќе биде резултатот од тој тест ;) во однос на ова се поврзани други животни не пишани правила „ се се враќа, се се плаќа“ итн. Се е меѓусебно поврзано во тој процес живот.Секако не е можно одеднаш на секому да се помогне, но, да не се заборави :)

    И како за крај на постов да си кажам: аман од тој пмс :fubar: :D ме мрдна |(
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Сакам да кажам...

    Го спомнав во друг контекст и сето тоа го кажав тука
    Го кажав за тоа како испревртен поглед понекогаш имаме и никогаш нема да сме сигурни во вистината,а не дали сме развиле хумана свест кај луѓето или не. Тоа е друга тема, за која што не беше наменет постов.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.