Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    Едно време си се жалев Ех да имам кола, да не се маткам по автобусиве. Кој идиот боже.
    За ништо на светов не би го менувала градскиот превоз. Милиони лица, милиони дешавки. Имам развиено голема љубов кон новиве автобуси, ама ниските. Прво и најпрво затоа што кога влегуваш во автобус никој не ти ги зјапа задните образи додека се качуваш по скали. Второ затоа што можеш да гледаш директно во колие на луѓето. Таква сум јас, манијаче во душа. Ама само вака ги гледаш лицата на Скопје. Млади дами во моќни коли, работници во Југо или Фичо, бизнисмени во своите кочии. Сите ги мразат семафорите и се туфкаат на гужва. Освен таксистите се разбира.

    И сите овие имаат една заедничка работа, тмурни лица. Еве искрено се прашувам, сезонска епидемија е или што ама зошто се толку негативни бре луѓево? Немаат трошка надеж, трошка сон. Уште пред време се секираат и се туфкаат. Да купиш грепка и да кажеш Знам дека нема да добијам ама ај. Не барам јас вечни оптимисти, барам ентузијазам, желба. Млади на 18 ја гледаат само негативната страна на нештата. Тонат во бунар на темнина без врска. Мојот став е овој: Или ептен им се никакви животите ( за што веројатноста е 0,01%) или толку им е досадно па си смислуваат проблеми да им биде интересно???? Леле, што направивме!!!
     
    На Buttterfly, Rozich, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ах,ќе ме нема,ќе ме нема,ама дојдов до компјутер и одма да видам како ми сте на Фемина...читам некои се разочарале...немојте луѓе,окј ќе ја движи ФЕмина?Сакате навистина да премине во Гламстик? Па и пријавувајте повеќе мислења ако треба,опоменувајте и слично.Немојте да одговарате на глупави прашања од типот Дали да му пишам на ФБ? Тоа не е живоно прашање.Одговарајте на прашања како ова со помошта за Светомир,тие се важни! Не им завидувам на модераторите,ќе имаат доста работа...
    Како и да е,јас сеуште ве читам,сеуште ми сте интересни,сеуште читам убави совети и на сите теми има убави постови.Сепак,не е толку монотоно на форумов.Можеби и времето си придонесува,не е веќе лето,па да се пишува за сонцето,убаво поминатите денови и кој што направил.Тогаш сите имале повеќе време,а сега сите имаат обврски.Променливото време сепак си придонесува за нашето расположение.Ама нема да се дадете на времето,нели? ;) Продолжете да бидете креативни,паметни и расположени.
    А јас,еве се шетам низ Скопје (сепак убаво ми е,конечно и за мене малку одмор) не дојдов да си купам нешто,туку да си ја одморам душичката,да прошетам,да разгледам,да го видам светот :) ни дождот нема да ме запре! Убаво е...раздвижено,интересно,секакви луѓе гледам,не е како да седиш цело време во една соба и да се нервираш...А кога поминував низ трговски,онака потајно,си се мислам,сега сигурно некоја феминка ќе помине покрај мене,дали ќе распознаам некоја? И си се смеев онака,ги гледав луѓето и се чувствував како поблиски...незнам,сепак,фемина е како едно семејство,затоа можеби така се почувствував.
    Сега ми е убаво бидејќи сите луѓе кои ми се блиски ми се тука.Што ќе правам кога ќе сум дома?Досадно ќе ми е,но ќе ве читам и ќе биде подобро :)
    Мило ми е што се вклучив во ова семејство.И останете такви.Сакајте се сите! :*
     
    На LivingGlam, teddybear и Fearless им се допаѓа ова.
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    Да знам, ме нема во последно време.. Немам многу време сега, обврски бла бла.
    Искрено ми фали форумов :)

    Иначе сакам да кажам дека прееска се најдов себе си во многу деликатна ситуација.
    Наеднаш се свестив и погледнав околу себе: седната во кревет под ќебенце, лицево ми збеснува од нови бубулки, мисливе и чувствава - шпанско село, а како вишничка на шлагот е чоколадата околу мене која си ја ждерам така фино. После ќе се чешкам кога ќе застанам на вага.
    Проклет да си ПМС |(
     
  4. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Сакам да кажам...

    СДК имајте пријатна вечер и слатки сништа во оваа врнежлива ноќ.
     
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ми е преку глава од се..Неможам да се борам против се, болно е кога твоите блиски ќе ти го удрат шамарот секогаш кога ти е потребна поддршка. 100 пати ме турна јас се исправив 101. Незнам до кога ќе можам да издржам. Но ветувам, ветувам дека ќе направам се за да страдаш ѓубре од татко. Ти не си татко ти си монструм. Можеби стварно сум дебела, може за тебе сум и грда, можеш се да ми речеш а после 1 ден кога ти треба услуга ти си оној „добриот“. Со тебе со добро не иде, со лошо не можам ни да се обидам. Те мразам..те мразам ;( ;(
    ТЕ МРАЗАММММММ!!!! Ти не заслужуваш ни трошка љубов и внимание.. ќе ја платиш казната и тоа скапо!
    ТЕ МРАЗАМ може за некој е чудно но посакувам монструмот од татко да умре му посакувам се најлошо..неможам повеќе да издржам неможаммм ;(
    ;( ;( ;(
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Don't let them lose
    We gotta give them a chance
    It's gonna come back on everyone
    If you don't make them dance
    Don't let them stay home and listen to the blues...


    http://www.youtube.com/watch?v=yoLoEw8D0Bg&ob=av2e

    Дечки правете ги среќни оние дома кои ве нервираат и кои ги сакате со цело ваше битие!
    Затоа што еден ден само тие ќе ви останат.
    Ако сакате правите лом од светот пред вас, газете преку сите, само нив не ги повредувајте.
    Никој, ама баш никој не ве сака како нив.
    Никој, освен вашите родители не ве мисли секој миг и не крое планови како да ви помогне да ги надмините тешките времиња и вашите мали или големи проблемчиња.
    Секогаш се само тие, тие и ќе останат!
     
    На L-enna, eli25, beached и 9 други им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ^ магнолија ме погоди со мислењево :( пред некои 3 часа се скарав со мајка ми и сега кога тргнав да и се извинам таа веќе спиеше (видов заспала во дневна,плакала и беше размачкана маскарата ) а ми беше жал да ја будам...ја навредив,а не сакав :(

    Сдк времево ми ги расипа плановите за излегување па лепо фино си седнав и си поучив два часа.


    Топло е а мене ми е ладно,ладно на душичкава.
    Се ми е џабе,се во врска со она што ме смрзнува внатрешно. :(
     
    На eli25 и Magnolija им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не е ни чудо што има застој на форумов. Може само да се збори како било, ама ретко кој сака да направи нешто за да се размрдаме. Темата сдп била заклучена. Оф мори мајко, како ли ќе преживееме. Многу беше подобро кога темата не ни постоеше, па ако сакав за нешто да прашам, ќе прашав во темата за нештото, или ќе прочитав што другите веќе пишале, на крај краева се отвора нова тема, што е и целта на еден форум. Отворање на нови теми за дискусија. Форум без нови теми што е? Па сигурно не е форум |(
    И чисто како член кажувам дека и мене ме нервира кога читам само жалење за минатото, демек Југославија е форумов.
     
    На Go-Girl, eli25 и Magnolija им се допаѓа ова.
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    6.734
    Сакам да кажам...

    .Додека ветерот ми ги галеше образите размислував за многу работи . Каде би била јас ако не сум токму овде, сега...
    Стигнав дома и уште од салонот ме пречека мајка ми која штотуку се врати од состанок ..фамилијарната вечера беше поставена , а јас и понатаму збунета..Отидов накај трпезаријата а татко ми го тргна столчето за да седнам .Сестра ми блескаше во новиот фустан . Татко ми се шегуваше дека некој ,, ме штипкал,, за обравчињата штом ми се толку црвени . Седевме четворицата кога ме праша сестра ми дали сакам да знам сега или после ....јас и реков дека неможам да дочекам и ми рече дека е бремена !!!!!!!!!
    Конечно луѓе, ван себе сум !! Ова го чекав незнам колку време , незнам што точно да ви пишам овде , сакав само да ви кажам вам феминкиве...
    сеуште си е меѓу нас оти нели рано е .. ама јас многу се радувам :dance: :dance: :dance:


    В петок кафанана ќе плачи
    ! :rofl:
     
    На Doozy, lunicka, beached и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Магнолија камо да беше така. Но кога има некој татко садист кој си мисли само на себе и ги повредува сите околу себе , а најмногу мене, верувај тоа не е љубов. Тој незнае да сака, не сака да помогне. Сакам да кажам дека им се радувам на родители кои им се посветени на своите деца, ги воспитуваат, ги сослушуваат, им помагаат во проблеми, им даваат совети, го бодрат и охабруваат во животот, и што е најважно им пружаат љубов на децата.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум бесна многу бесна.Не знам дали попрво треба да се лутам на животот што ме врти во свиокот на една безизлезна ситоација или на ѓубрињaта околу мене.Ох,ѓубре е премногу нежен и добар збор за да те опишам тебе драга моја "пријателке".Всушност,не знам дали постои толку низок,лош и безвреден збор со кој би те опишала.
    Но еве ќе те прашам:Како не ти здосади секојдневно да глумиш?. Што постигнуваш со тоа? Како моето патење може да ти го храни егото? Што ти згрешив со тоа што ти го посакував само најдоброто? Пред некое време некој да ми кажуваше каква всушност си била,ни во сон немаше да му поверувам,но ете за жал животот уште еднаш ја покажа својата сурова страна кон мене и повторно ме удри со најсилниот удар кој можеше да ми го даде.Како утре ќе ме погледнеш во очи, а јас ќе се смешкам како ништо да не било,кога не можам ништо да сторам.Кога не можам да викнам и да те заплескам како скапан лист како што заслужуваш.Зошто ме влечеш во твојата игра кога јас не знам да глумам и да бидам дволична?
    Само едно ќе ти кажам-И ТЕБЕ ЌЕ ТИ СУДИ,а јас ќе станувам,ќе закрепнувам и ќе се борам се додека дишам и постојам....
     
    На martinuska и eli25 им се допаѓа ова.
  12. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Сакам да кажам...

    Претпоставувам мислењето што го напиша Rainbow, се однесуваше на мене бидејќи последна спомнав дека темата СДП е заклучена, и да, се пронајдов.

    Доколку некој со над 500 мислења, пишеше немаше да има можеби такво мислење отпосле, но за тие понеактивните и новите нема место најверојатно, и не им се дава ни простор да се истакнат, т.е. пречекани се со контра коментари и мислења, и нападнати ако отворат нова тема зашто се нови де, а нели ова е форум секој има право на свое мислење, не дошол некој тука да се умилкува и да лајкнува нечии мислења за да биде примен во друштвото нели, и како што имаше пишано една форумџика да имаше опција за самолајкнување ќе си се самолајкуваа некои.

    Доста и од активните членови се појавуваат одвреме-навреме затоа губи форумот на квалитет а не заради моето или нечие друго мислење постирано тука.

    Крај краева СДП е посетувана тема и баш во моментот сакав да прашам нешто, а бидејќи не можев да прашам пишав тука и замолив да ми се пише во лична порака. Сигурно да отворев нова тема како што кажа рејнбоу, за моето прашање немаше ни да ми го прочита некој а и темата ќе завршеше во канта или ќе останеше со тоа едно мислење непрочитана од никого како и многу теми на форумов и ќе се мрчеше како непотребно отворена уште една тема од некоја особа која ретко се појавува на форумот.

    Доколку вака продолжи форумов со исфрлање на цела негативна енергија тука од сите членови, непочитување туѓи мислења само се движи кон полошо. Доколку ви се допаѓа нечие мислење коментирајте доколку не ,не го читајте, доколку можете да помогнете некому помогнете а не да го исмевате, ако побарал помош некој,како многу и од девојчињата помали а и постари што не се информирани побараат, побарале бидејќи мислат дека некој од тука е спремен да им помогне, можеби нештата за кои вие сте информирани некој првпат ги слуша, ако имате време и трпение објаснете ако не не пишувајте навредливи коментари во темите и не го исмевајте нивниот проблем. Можеби за вас е смешно но за некој не е.
    И да не се распленувам можеби мислењево ќе ми биде и избришано но јас ова сакав да го кажам, можеби повторно ќе наидам на контра мислења, но ќе се воздржам од коментирање офф на темава.
    Поздрав
     
    На SexyLady и anamariia.x3 им се допаѓа ова.
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК не ги прават веќе вакви... :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=A7QIOo0qS5k

    Една од најепските и најурнебесно смешни сцени во анимиран филм... EVER!!! :rofl:
     
    На Buttterfly, LivingGlam, J.Ivanoska и 4 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Јас ко што гледам не си баш нов член, те имам читано и по темите. И не знам дали си забележала, не си само ти за СДП, други исто имаат пишувано, а се однесуваше на сите.

    Со ова не се сложувам воопшто. Можеше да отвориш тема Фиксни оператори, да наведеш некои точки на дискусија и да си го поставиш прашањето. А вака ќе прашаш ти во СДП, па по некое време друг ќе праша, па трет ќе праша и се така се врти во круг. Поради тие некои мега-тема другите не се читани, а тоа е жално. И не знам дали си го прочитала мојот пост во предлози и идеи за сајтот за отворање на нови теми и дека му се потребни на форумот. И воопшто немам намера да зборувам против нови членови и нивно отворање на теми. Секоја тема е пожелна доколку е на место. :)
    Толку сакав да кажам на оваа тема и не би повеќе да дискутирам за истото.
     
    На Wild.Child и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  15. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Сакам да кажам...

    Врнежливо од 16:30 па навака цело време, повеќето од нас сигурно беа изреволтирани заради ова... нечии планови пропаднаа, некои од нас целосно накиснаа на дождов, но сепак...

    да го погледнеме дождот од друга перспектива. 8)

    Се надевам дека ќе ви се допадне селекцијава. :)

    Уживајте!

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]



    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На zizela111, Neytiri, Magnolija и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сакам да кажам...

    Охохохохо :D :D :D
    Хахахахаха :rofl:

    Thirsty?

    Mене од ова ми нема посмешно, се имам смеено 10 минути без престан.

    http://www.youtube.com/watch?v=OFx72zvk ... re=related

    What a weapon :D
    Леле, леле :D :D :D
     
    На I.v.a.n.k.a, LivingGlam, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Јас ќе бидам груба и ќе ви кажам денес тапа сте, само ке*ате и реплицирате за една и иста работа цел ден..

    Мразете ме, или речете ме дека претерувам ама дај научете се некогаш да игнорирате...
     
    На Monna.Monna, Go-Girl, JoxyTheFreak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК некој распуст, штрајк, грип... Hишто, м ? :(

    Во последно време многу ми се спие, буквално како отварам книга, така затварам очи. Не помагаат ни кафиња, ни енергетски пијалоци, ништо, апсолутно ништо. :x
    Утре решив да се пријавам како доброволец за одговарање, колку ќе успеам да научам - не знам. :D
    Демек да си расчистам побрзо дур не не` бомбардирале со тестови и испрашувања, ама осеќам дека ќе ја уплескам работава. :D
     
  19. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    На форумов владее рекла-казала.Муабетите дека овде не е ко порано,се тапа.Досадно е и јас да повторам дека ова е отворен форум,а не твој,мој или нечиј капитал.Ниту пак стаж ни тече на форумов.Ма до сабајле нека се глупави постовите за тоа како ќе му пишела на фејсбук,скролајте ги и крај.Неможат сите да бидат Паметњакович и да пишуваат секое утро колумни ко Пирамид.
    Да и јас сум дел од тие форумџивки што никогаш не го прескокнуваат постот на Пирамидата,пошо знам дека секое утро има различна тема на муабет..но, дајте малку простор за промени.Има личности кои и те како придонесуваат за форумов,но тоа незначи дека форумов е нивни.Далеку од тоа.
    Затоа,олабавете. Не сфаќајте го форумов толку лично.
    Искрено се надевам дека наскоро ќе престане гњавењето околу тоа , дека 'не е ко порано' .
    ~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~
    Вечерва,не сакам да завршам на време.Времето во реалниот свет не постои.Барем не,како што ние го доживуваме.Не сакам кога сум ограничена со време.Ми здосади да си легнувам во 10 заради сабајлето да не мрчам шо не сум наспана.
    И не наспана ќе преживеам.Вечерва ми е гајле ако легнам во 3,во 4 и станам во 6:30.Гајле ми што цел ден бев без'рбетник и ништо не направив.А богами имав многу.Ќе направам вечерва.
    И кафе ќе пијам.Не им се плашам на обврските,чудо големи и да не ги завршам.
    Сакам да сум сама.Сега, одам под туш,а прозоров го отворам. Баш како што рече Старфиш, да излезе негативната енергија.
    Од се,само ритуалот пред спиење ми фали.Да го слушнам него.Е тапа фраер,сега ќе му се јавам да му посакам да спие медено.
    ~Препорачувам:
    http://www.youtube.com/watch?v=HzYsUL9d ... re=related
    Феминки имајте медена врнежлива ноќ и не се напнувајте. Пијте кафе кога ви се пие,а не кога го препорачуваат. Експрети се.
    О,јас би и чоколадо.И лешници..и љубов.
    :rain:
     
    На Phyramide, zhap4e, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Мене пак денес баш ми бевте интересни за читање.Шо убаво си кажавте се и реално.
    Не знам зошто пак мрчења.
    Љубам јас на пример знам за тебе однапред што ќе кажеш во секој пост на СДК ,ама денес имаше навистина разноликост,не знам зошто така велиш :^) стварно ретко пишувам вакви ствари ама ете појде веќе постот.
    Ај со здравје сите,бев на страната на оние што нема да се откажат од форумов ама некои навистина прават да изгубиш волја и све.
     
    На ljubam, Rozich и Magnolija им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.