Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Сакам да кажам...

    Преземено од black/white

    јас се изненадив од случката ]:) ]:) :rofl: :rofl: :rofl:




    Во денешно време и со нашиот менталитет чести се оние кои знаат да кажат: “Знаеш ли ти кој/а сум јас?“. Ако се најдете во ваква ситуација важно е да...



    ...останете прибрани. Верувале или не оваа приказна е вистинита. На вработената на шалтер на Загребскиот аеродром треба да и доделат признание за духовит и интелигентен одговор.

    Еве што се случило:

    znaes-li-ti-koj-sum-jas

    Заради бурата во Дубровник, летот на релација Загреб - Дубровник е откажан.

    Водич од една туристичка агенција на шалтерот правел нова резервација за својата група нетрпеливи патници, кога еден лут и нервозен господин се избуткал до шалтерот.

    Ја фрлил својата карта на шалтерот и викнал:

    “Јас морам да бидам на овој лет и тоа во прва класа!“

    Службеничката на шалтерот му одговорила:

    “Господине, жал ми е, но јас морам прво да направам резервација за групата луѓе која чека пред вас, ако бидете трпеливи сигурна сум дека ќе можам на некој начин да ви излезам во пресрет.“

    Лутиот господин не бил воопшто импресиониран од љубезниот одговор туку и се развикал на жената зад шалтерот: Знаете ли вие воопшто кој сум јас!?

    Без нервоза, жената го зела микрофонот и се јавила:

    “Ги молам посетителите на Загребскиот аеродром за внимание. На терминалот за домашни летови имаме човек кој не знае кој е. Ако може некој да помогне во откривање на неговиот идентитет, итно нека се јави на шалтер број 2.“

    Покрај хистеричното смеење на патниците кои чекале во редот, нетрпеливиот господин со бесен глас и дофрлил на службеничката:

    “Ќе ти *бам *атер!“

    На тоа таа љубезно му одговорила:

    “Жал ми е господине, но и за тоа ќе треба да почекате во редот!“
     
    На I.v.a.n.k.a, Neytiri, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Мене ми се јаде, мене ми се јаде, мене ми се јаде печена кокошка.
    Мене ми се јаде, мене ми се јаде, мене ми се јаде печена кокошка.

    Три кила баааааааанани.

    Мене ми се јаде....ма - ле, ма - ле.

    http://www.youtube.com/watch?v=OhtTRgRfsDk
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    Ах, толку многу емоции во мене.. Измешани емоции..

    Страв, беда, храброст, тага.. Нигде среќа..


    Во оваа една недела животот ми се смени за 180 степени и повторно назад.. Нигде ни тронка светлина, нигде копно.. Ах, не го сакам периодов.. Сакам се да помине, да дојде пролет, да гледам ведри насмевки надвор.. Никој не заслужува да биде повреден, ниту осамен, а таква сум јас моментално и многу други верувам.. Животот е тркало, се се враќа, и тоа дупло..

    Имам грутка во грлово, некоја голема грижа.. Знам од што, но не сум само јас виновна.. Веќе и да сакам, работите не можат да се поправат.. Велат животот оди понатаму, но некогаш е тешко да се одделиш од саканите личности, од оние кои пред некој ден ти биле СЕ во животот, со кои си се гордеел и си го делел последното залче леб. Не знам колку можете да ме сфатите, ама тешко е..

    Се руши империјата на моите сништа, моите планови, мојата иднина.. Се се руши поради една нејзина грешка.. Нема назад.. Барем збогум да си кажевме... Не, не, не !!!!!.. Не можам повеќе да ја трпам ситуацијава.....
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Гледам страстите предизвикани од мојот пост уште не стивнале.
    Потрудете се некогаш работите да ги читате онака како се напишани без да барате посебна симболика во нив, без да читате меѓу редови и без да ги вадите работите од контекст.
    Сум навела неколку луѓе што според моите критериуми се издвојуваат од другите и ајде прогласете ме за вештерка и спалете ме на клада.
    Ако според некого јас сум направила капитална грешка, тогаш целата тема „Топ 10 форумџики“ треба целосно да се избрише. Тоа не ли е возвишување на одредени форумџии? И што ќе правиме кога ќе прочитаат новите членови, кои наводно јас сум ги навредила? Повторно ќе се демотивираат и ќе им е страв да пишуваат по темите?
    Темата „Специјален поздрав“, што претставува ако не фаворизирање на својот омилен форумџија? Или и за таму јас сум виновна што некој ќе се искомплексира, што не бил поздравен?
    Темата „Кого би сакале да запознатете од форумов“, не е издвојување на одредени форумџии?
    Тоа се цели теми, а јас напишав еден пост, кој ако го прочитате онака како што е напишан, претставува сосема обичен исказ. Меѓутоа на форумов мора нешто да се случува, да се заситат нечии апетити на кои кавгата им е основна духовна храна.
    Кажав што имав да кажам...и немам намера повеќе да се правдам.

    Ова беше последната моја дискусија на оваа тема...
     
    На Ariel, FortuneTeller.xD, Miss-Independent и 12 други им се допаѓа ова.
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам ГОРДА СУМ !!!
    Тие знаат зошто!
    Ве сакам! :l:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.032
    Допаѓања:
    123.900
    Сакам да кажам...

    Само колку да си знаете :!:

    ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На I.v.a.n.k.a, Magnolija, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Сакам да кажам...

    Ете уште една 5ка,па нека ми се множат.
    Убав ден,раздвижен.
    Крајот го краси делото.Уживам во моментите кога ми докажува колку ме љуби,кога ми посветува внимание,кога ми дава до знаење дека тој секогаш е позади мене без разлика на се,дека сум му во мислите и се тоа со само една ситница.Но тие значат најмногу,не?! :angel: Му се воодушевувам на неговата грижливост и способност да љуби,без да бара нешто за возврат. :inlove:
    Ќе завршам со:
    Volite nekog..i neko ce sigurno voleti vas.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    91.860
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ем свадба , ем шоп, шопинг, ма кој е како мене? :wasntme:
    Утре и да врне и да вее ќе направам да го имам најубавиот ден во последниов месец, а задутре ќе правам џинлака, џикица, опа, са, са :rofl:
    Ме фатија будаливе. Имам уште страна од преводов и веќе не можам, не, не!
    Ајде убава ноќ :hai:
     
    На Monna.Monna и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК синчето ти е прекрасно, но нема да ти стиснам ми се допаѓа, затоа што многу се нервирам кога ќе видам голи деца на интернет. Господи секакви манијаци и педофили имаат пристап до интернет. Несакам ни да ти се мешам во тоа дали ќе го ставиш голо или не, твоја работа си е, ама барем според мене, не е убаво. Не ме сфаќај погрешно, се ужаснувам од помислата што би правел некој педофил/манијак/настраничав на таква слика.

    СДК денес втора смена, утре прва... Почнувам да се чувствувам како роб, ама ако, убаво ми е, чувството кога ги држиш во раце СВОИТЕ ЛИЧНО заработени со толку труд и напор пари е бесценето :)

    Редактирам откако го исчитав муабетот дека форумот не е тоа шо бил... Епа не е, и нема да биде, се додека постои тоа фаворизирање, умилкување, делење комплименти наоколу... Аман разберете, многу ми е мене гајле дали и колку вие се сакате, сакајте се преку ЛП/скајп/мсн/фб, немора да се уништува секоја ебена тема на форумов со муац, прекраснотија, итн. Мене лично ми се сере од тоа, незнам за другите а и не ми е гајле дали некој ќе се согласи со мене или не. Еве на пример кога ќе видам рандом форумџика, одма знам која друга на мислењето и стегнала ми се допаѓа. Ама без исклучок, на секое едно мислење. Смешно е, небаре ве плаќаат за да ги воздигнувате до небеса. |( И не ми е криво воопшто дали вие се сакате или не, и дали мене некој овде ме сака, , напротив смешно ми е, зашто искрено си имам у животов кој да ме сака безрезервно не ми треба тука некој да ми кажува колку сум паметна/прекрасна/начитана или шознамшодруго. Кога ќе ги изоставите овие клишеа од секојдневната дискусија, ТОГАШ форумов ќе биде нешто. Во спротивно ќе биде тиња, и многу ќе си одат, зашто и на многу други им се сере од патетики/лигавења и воздигнување на едните те исти форумџики, во кои некогаш сум била и јас и ми пречело. Несакам на некој да му оставам впечаток на незнамтикаква, туку сакам да ме читаат, сакам да применуваат мои совети, сакам да помогнам тука кога можам, а дали ќе им бидам прекрасна на некои, или ќе им се сере од мене, тоа Не ми е гајле, ама ич. Многу зборував за ова, не само еднаш, туку и повеќе пати, а последиците еве ги, тензии, делења, табори, на кој како му чини така е, секој си ја ишка мувата, еден вика како да не, исто си е, друг вика не е зашто така им одговара и крај. А јас ќе речам, да, сите сте во право, форумот не е тоа што беше, но во право се и форумџиките што се чувствуваат запоставени, затоа што и имаат причина да бидат.
    И многу ми е гајле дали некој ќе се пронајде во мислењево, па ќе ми контрааргументира, дали за некој ќе излезам дрска или вечит мрчатор, ова е мое мислење, кое го имам веќе месеци и месеци уназад.
     
    На velesanka, SexyLady, De-lovely и 5 други им се допаѓа ова.
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Пирамидко една низаедна, се изнасмеав прибидејки песнава ми направи еднаш да пропаднам во земја од срам.
    Стоиме така јас и Петко пред поранешно Гирадико, а јас наместена со ваква фаца
    [​IMG] зошто сакав да јадеме пилешки крилца а не гиро.
    Петко не ме ни рецка и ми се врти и ми вели:
    -За тебе едно или две гира?
    Јас готова да заплачам ко од пушка : Ниедно!!!
    А ми се врти, со лута фаца:
    -Добро, а што ти се јаде сега :devil: ?
    И јас како што сум така секогаш несвесна за околина си почнав „...печена кокошка, три кила ба-на-ни мене ми се јаде...“.И пеев сигурно цела минута ако не и повеќе се додека Петко не ми даде еден остар поглед што значеше-Заќути веднаш, се се вртам и гледам позади мене едно 7-8 души, девојки и момци се смеат ама она хистерично смеење.
    И немаше да биде трагично да не морав да стојам таму во наредните 10 минути зашто за време на мојата соло изведба Петко си нарачал вечера.

    И патем СДК ја сакам есенва, и го сакам дождот, зошто уживам кога ќе се ушушкам по ќебе и ќе го зграбчам Петко :inlove: , но ја мразам зошто целата моја тазе ископана улица е со кал до колена :devil: .
     
    На Gea, LivingGlam, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    тишината зборува.....и каќува многу повеќе отколку што треба....многу е искрена..поубаво да се лажеме и самите себеси и другите..се ќе е во ред...
     
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Си поминав феноменално во празна дискотека.
    Другарките, нив ги обожавам.
    Прекрасно луѓе, прекраснотии... Играв низ цела дискотека.
    Ги сакам.
    Го сакам и Скопје!
     
    На SexyLady и K.e.ll.y им се допаѓа ова.
  13. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Сакам да кажам...

    Се сложувам со Тедигреј,ваљда пошто бев дел од нејзинито друштво и сега гледам дека безбедно стигнала со таксистот :D
    Прв пат да си поминам најубаво во празна дискотека и да не се замарам со ништо,за тоа се должни моите другачки ,ве сакам девојки :*
    Епа да владееме,да живееме и да ги е*беме :lol:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Почна 3 Светска што велев бурно, ама мирно заврши со наоѓање на заедничко решение хахаххах :* :*
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Friday...a good day to EAT! :rock:

    [​IMG]

    Ах, бре Гарфилд, те обожавам. :lol:
     
    На I.v.a.n.k.a, Magnolija, Go-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  16. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    Сакам да кажам...

    СДК дека постот на фемина за машките модели ми го разубави утрото, мх мх! Отиднав да си направам кафенце и да си уживкам во денот.
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека во последниве неколку дена се‘ во исто време се будам, како да си имам часовник некој внатрешен таму и секој ден во исто време ми ѕвони. Убаво е да се имаат вакви ритуални навики, со оглед на тоа што сум се навикнала рано да станувам. Да станував доцна, немаше да ми биде убаво.

    Ми настапуваат промени во животот. Почнав утрата да ги започнувам со чај, наместо со кафе. Чај со лимон и неколку суви колачиња. Лимон, за доза на непријатност што ќе ме очекува во текот на денот и колачиња три пати повеќе, за да ја ублажам непријатноста, да воспоставам рамнотежа и да стежне убавата страна на терезијата.

    Пари немам, а и не ми требаат. Си имам јас планински чај и кифли.
     
    На Neytiri, LivingGlam, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Фантазија. Завиткана во ќебенце, мижам како маче, си ги греам дланките со шољата топло кафе и предам. Буквално предам. И утрото можеше да почне.

    Околината околу мене е квалитетно зае*ана, прее*ана, и сите можни суфикси и префикси на основниот сексуален збор кој често пати го употребуваме за да кажеме сликовито колку нешто не чини. Да беше реалноста претворена во сексуален чин, или ќе банкротирав на кондоми, или ќе ги фатев сите можни болести.
    Се она што не чини е моментално апстрактна уметност за мене. Шпанско село. Кинески буквар. Јапонски фетишизам. Африкаанск ручек.
    Не го разбирам.

    Ама разбирам едно и знам едно - сме ги преживеале најтешките инфлации за време на Маркович, во време кога се распаѓаше Југославија, во времето кога миЉардата не значеше ништо, затоа што утредента ја снемуваше. И тука сме. Дишеме.

    Наследив тупаница од татко ми, оптимизам од мајка ми, кловновски начин на сањарење - е тоа сама си го создадов. И мижам и предам. Дишам длабоко, собирам сила.

    Сакам да ме скокоткаат и колку и да биде од лошо полошо, нема да се предадам. Само ќе си речам, денес е вака - утре вака не мора да биде. И ќе предам, како маче под убаво есенско сонце. Како бубаче под тешките есенски лисја.

    Нек е убав. Петоков.
     
    На Sparks, XMaN, Gea и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК денов попревртен - здравје! :D
    Планот ми беше да станам во осум, да се избањам и одма да седнам да учам. Станав во осум ипол, се избањав, си седнав пред компјутер и ставив кафе да се вари. Кафето ми претече, изгубив пола саат пред компјутер и како и да го моткам времето никако не ми преостанува време за уште една лекција. Ќе гледам да се спасам за да не ме испрашаат, нема друго чаре. :rofl:
    Ако по утрото денот се познава - овој ќе биде екстра испревртен. :D
    Само се надевам дека нема да ми заминат и автобусите. :worried:
     
    На Monna.Monna, zhap4e и beached им се допаѓа ова.
  20. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК Се ме боли! Абе секое мускулче, ковче, косче, лигаментче, ноктите ме болат! И косата ме боли! Ај барем да мавнам еден тушшшш, белким ке ги однесе водата сите болки и несреќи што ми тежат на душичкава... :x
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.