Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    Денес е ден создаден за лежење.

    Без проблеми го проучувам таванот, долго и темелно, ги бркам милиониве муви кои влегле низ целиот стан за да се стоплам. Ме нервираат не затоа што се досадни туку затоа што ми ги мешкаат мислите. Имам енергија за се и за ништо. Делумни пријатели и посакувани непријатели. Се чувстувувам климаво како на стаклени чевлички на штикла.

    Мразам кога некој ме прашува Што ти е? Ако те интересира ќе знаеше до сега, тоа ми е.

    Зелен чај со млеко и јајца со течна жолчка. Убава боја на жолто, цинична како моево расположение денес.
    Ќе готвам Браунис затоа што готвењето ме теши. И инспирира. Ете.
     
    На zhap4e, Phyramide и SexyLady им се допаѓа ова.
  2. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Сакам да кажам...

    After the
    [​IMG]

    there is always
    [​IMG]

    Сигурен сум дека повеќето од вас кога се разбудија го видоа сонцето и низ умот ви помина мисла во стилот "сонце! нема да врне!" ... Епа драги мои во право сте...ама само малце, бидејки во приквечерните часови повторно се очекува дожд :worried:

    Dont panic please :)

    Задолжително земете си чадор ако планирате или ако морате да одите некаде. Не го напуштајте домот без еден :)

    [​IMG]
     
    На CharmedGirl и Hipica им се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Аларм...
    Го изгаснав! Ама друго нешто што не сакам да ме буди е мува. |( Се чувствувам како распафтан октопод при напад на луѓојадачко чудовиште. А тоа е толку мало, кротко... што никако неможам да го фатам! :@ Па умешно, мајчино, шиба низ собава како Шумахер на светско. :^) Си правам филмови... Влегувам во улога на Хана и Барбера и си ја визуелизирам атомската мува. Ми се крие зад шкафот, знам, ми прави завера како да ме нападне зад грб. Пу бе! [човече.што.плука]
    Си правам цртани...
    Опасна е мувава, ги ослободува од мене оние, фри мувз лајк а рапер. Yeah! :rock: Во присуство на мува станувам мулти талентед денсер, де балет кога рипам да ја мавнам у лет, де рап додека ја бркам кога ми се нафурала пред фаца... што да ти кажуем бре! Добра идеја е да си земам една со мене за на „Јас имам талент“, ќе ме вдахнува со инспирација... Yeah, I feel ya! :mm:
    Ма ќе види сега со тепалцето црвено, ќе ја отерам во три лепе.... :punch:
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=JR7i96CZN0E

    Ви текнува? Ех.

    Не дека нешто се сменил светов. Тоа, па тоа! Сестра ми оди на свадба денес, од сабајле тропаат штикли, крцкаат пегли за коса, мириса на масло за тело. А јас полууспана со покриена глава во сто ќебиња, си типкам на мобилниот и гледам - оп! Совршена слика.

    2 месеци.

    Да верувам дека поминаа? Поминаа, убави се, и уште траат. И тоа, јас изумив. Мачорот ме потсети. И се израдував сосема. Ми испратил романтики, срам ми е дури да си помислам дека навистина ова се случува. И затоа само ќе си се смешкам и ќе накривам шешир :lol: Денес после работа, ќе ѕенѕам малку невоспитано низ Чаршија, не сум излегла ко човек цела недела. Одморот ќе биде преодреден за работа, интелектуално понирање, концепт за книгата и секако за многу секс, љубов, храна и музика.
    До следните СДК сведоштва, чаос. :emo:
     
    На Hipica, Phyramide, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Учи, учи, учи, учи АМАН ВЕЌЕ!
    Од што имам за учење не знам ни како стигнувам. :o Вчера тест и испрашување, денес исто, во понеделник Бог ти знае што ме чека.
    Вчера до 12 ипол навечер учев, заспав буквално над книга, денес станав порано за пак да учам.
    Младоста ми ја зема учењево тек сега, за после не сакам ни да помислам што ме чека. :shake:
    И во Бардовци ќе си завршам од учењево, со жуто комбе ќе ме носат.
    Е ваква сум деновиве:
    [​IMG]
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    Добро јутро добри људи :)
    Денес не ме разбуди аларм хвала к*рцу. Го пијам утринското кафе, ја слушам стап енд стер од уан репаблик и ги задржувам зборовите во мојата глава, ги анализирам и ги толкувам, размислувам за неоствареното...за она за кое што сеуште сонувам. За нас. Се загледувам и се губам во синилото што ги спојува небото и Триглав на кој веќе има снег. Ќе го има и тука за некоја недела. А ќе го има и во Македонија. Би сакала да се разбудев ова утро во мојата соба, да го пиев ова кафе со баба ми, да се кикотиме со сестра ми испружени на тераса, само да бев таму... Како повеќе ги запознавам Словенците, се посигурна сум дека ние сме единствени. Топли, природни, со полни срца, грижливи.... Тука дури ни кучињата не те лаат. Ги пречкртувам деновите, толку е слатка помислата дека морам да се вратам, а всушност и не морам туку сакам. Вчера тој ми прашаше дали сеуште се чувствувам како турист или влегов во колосек на овој живот...Влегов во колосек, му реков. Со лажен ентузијазам додека ги криев солзите под косата, ги избркав мислите за таму. Не сакам никој да разочарам, морам да ги исполнам нивните очекувања па макар и по цена на сопствената болка. Тој е толку блиску, а го бркам од себе. Не ја сакам неговата блискост, не ми припаѓа мене. И слагалицата од нас, спомен од едно убаво време, поставена на рафтовите во собава го изгуби сјајот, се искриви и испука, и помина рокот на нашата среќа...
     
    На Miss-Independent и De-lovely им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека не е фер навистина. Три дена го чекав да ми дојде а ми дојде дури денес кога настинав и кога сум на работа. И сега стварно не знам како да се справам со овие две состојби кои ме нападнаа. Како капак на се, после неколку-те безболни доагања ова пак си почна по старо да боли :( а немам кетонал во моментов.
    А денес демек требаше да одам на шопинг, што за разлика од повеќето девојки јас мрзам, колку би сакала да имам некоја слугинка како во филмовите па она да ми купува наместо јас да се малтретирам. Ама тоа во некој друга реинкарнација.
    Има ли добра есенска гардероба по Скопјево, да не масирам и во СДП, ми треба некое кафеаво кратко палто.
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Сакам да кажам...

    Ајде сите на кафенце
     

    Прикачени фајлови:

    • coffee time.jpg
      coffee time.jpg
      Големина на фајлот:
      137,9 KB
      Прегледи:
      393
    На Hipica, mops, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Да можев да заминам сега негде, ќе беше кај нејзе - Пирамитка, ќе ја грабнев за рака, и ќе шетавме по калдрместите улици, ќе пиевме коктели, ќе наблудуваме мажиња и ќе правевме скокотливи муабети, ќе ги мемориравме моментите со мојот апарат, осмехот ќе ни беше храна, животот предизвик. Може ќе кукавме за некои ситуации, ама знам дека ќе се вратвеме. Замислувам викенд со нејзе, или новогодишна средба во еуфорични градови.. Богатсво е да ја имаш вака од далеку, но знам дека ќе го смениме тоа.. ветувам..

    Седам во библиотека од лево седи плав маж, погледи ни се сретнуваат преку мал простор направен од книгите на сталажа. Сонувам за ситуации што знам дека ќе се случат не знам како ќе се одвиваат. Организирам прошетка за Штип, роденден на Мила, фотосесија со М, се од далечина ама успешно. Проектот за ромите покажани во позитивно светло, ќе ми почне со В.. не сакам да ја покажам сиромаштијата, туку нивниот напредок со текот на времето.

    Срцево мирно, таа ме смири, малото ми праќа моќности, колку се смени нема ни С од оној во минатото, на кој му реков не си маж за посакување со вакво однесување и стил на живот тргни се од мене. Еве го 3 месеци е друг и мој.. горда сум.. љуби искрено, дава несебично.. а јас сум тука да му помогнам за што било..
     
    На Hipica, Peppermint, Gea и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Сакам да кажам...

    Ете тоа, ќе заборавев!

    Сакам да спроведам една идеја - не е нешто оригинално, ама може да го разубави и разведри сообраќајов наш.

    Место класичните светла на семафорите - да има мостра во облик на јаболко? Сакам да прашам некој што се бави со светла и стакленца и фолии, чуда и врагови, како да ја спроведеме идејава у реалност.
     
    На Hipica и Neytiri им се допаѓа ова.
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Синџир - македонски синдром!
    Се формира една алка,
    до неа се залепува уште една,
    веќе наредната се гледа дека е тука некаде се фаќа за дел од втората,
    доаѓа и четврта да надополни,
    петтата видела дека има нешто заедничко со претходните и им се придружува,
    шестата оди онаму каде што се другите,
    седмата мора да се вмеша и да се докаже
    осмата секогаш е онаму каде е "забавата"
    деветтата ќе мора да им каже дека џабе се закачиле, но ја повлекуваат со нив
    десеттата веќе и да несака, штом дошла до местото на настанот ја повлекуваат со неа
    ....се редат до недоглед :|


    Така се формира еден синџир кој го заробува Македончето и не му дозволива да мрдне од тие стеги, го ограничува и спречува да отиде подалеку, да види повеќе да слушне нешто помудро!
    Да се потсетиме кој го формираше синџирот на (ментално) заробеништво.....па нормално самото македонче!


    Секоја сличност со веќе постоечки случки и настани е сосем случајна.....кој сфати сфати, кој не.....останете ми со добро :hai:
     
    На XMaN, Magnolija, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ја слушам
    http://www.youtube.com/watch?v=p4kVWCSz ... re=related
    Ептен ме потсетува на лето. Сакам да се врати летото и распустот. Уште 7 месеци кога ќе помнат, за да можам пак да го доживувам најубавиот дел од годината, кога спијам до касно, седам до касно, без обврски, шетам и мерам улици и уживам во сонцето, го гледам изгрејсонцето во 4.30 и незаситно го вдишувам утринскот свеж воздух.
    Ептен се занесов. :lol: Ама летото ми е најубав период од годината. :sun:

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сакам да кажам...

    I own my fantasies, my dreams, my hopes, my fears. I own my triumphs and successes, all my failures and mistakes. Because I own all of me, I can become intimately acquainted with me. By so doing, I can love me and be friendly with all my parts.

    Се ми е монотоно!
    Па ако ми е така и мене,такви ќе ми бидат и мислењава.Јес,јес. :wasntme:
    Душава ми плаче да излезам надвор да сликнам нешто,ама пуста мрза,ме заковала на ова пусто столче,и ме тера да ви пишувам.
    И да мислам.
    Да мислам за тоа како сум можел да бидам толку проклето слеп,и да не го приметам девојчето кое осум години чувствувало нешто повеќе од другарство спрема мене. :)

    Чувствувам дека ова ќе биде уште еден "forever alone" петок во кој друштво ќе ми прават само мислите и шољата чај.
    Ама не ми смета. Се повеќе почнувам да ја ценам самотијата. Кога само се замотуваш во ќебенце,со чај во рацете,и гледаш во некоја точка со часови. Ме прави да се чувствувам моќно...
    И се поразлично почнувам да гледам на овој свет! И ми се допаѓа тоа.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    ^^Е тоа ти се вика сите сред село играат оро.

    Имаш избор, или да се фатиш и веселиш со нив, затоа што ритамот не ти дава да седиш мирен.
    Или ќе се фатиш на орото да не биде срамота дека не си се фатил и едвај некако гураш оптан топтан. Не ти е по ќејф, правиш фаци ко да играш со дилдо во г’зот ама играш и гураш мушки.
    Или ќе останеш да гледаш затоа што немаш поим од играње, а ти се игра, душа ти пука ама ти цело време викаш - нека нека, ќе се фатам на следната песна. Сам себеси го лажел а богами и другите.
    Или доброволно остануваш да гледаш и фаќаш сеир и мрчиш и оговараш кој како дошол облечен и правиш злочкасти фацки. Во моментот кога погледот ќе падне на тебе, веднаш земаш да тапшаш во ритам со рацете и се смешкаш највештачки што можеш - а во следната секунда пак се муртиш злочкасто ]:)

    Синџир или оро, не по врат, по шија :D А коловоџата ти е најјаката алка у синџирот, или е најхрабриот, или најталентираниот за рипање, или само сака да се покаже и докаже. А има и такви кои упорно сакаат да му го зафатат местото, па пред нив ќе се тупне некој друг, и така они упорно се обидуваат да бидат први притоа заборавајќи да уживаат во ритамот на музиката.

    Гоу, да ти кажам, јас Македонија ја обожавам :) Ова горе, тоа сме ние, јбг, таков народ сме во сите сфери на животот.

    Него, Charlotte Gainsbourg после долго време како фино ме гали со музичето, ау! Пробајте ја, нема да зажалите. Можеби не е наша, но е болно добра. Е така ти е кога ќе се смучкаат добри британско - француски гени.
     
    На Gea и Go-Girl им се допаѓа ова.
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Ау :)
    Денес вака поцрвенев :$ Што од срам, што од убавост ... налет нека е, преубаво ми е. :$ :D

    Туку болна сум, епа сама си го барав ... јас џоа Шира мислев дека сум јака и си шетав полугола(според баба ми). Знаете онаа Шира од цртанот Химен.
    Не не ... баба ми свари супа, јас си сварив чај, се истуширав со вруќанакајептенжешка вода, и денес не мрдам од дома па што сака нека е. Факултетот нема да пропадне заради мене. :D

    Сакам да готвам денес. Сакам да им готвам на моиве дома а и него.
    Ќе видам колку економиите ќе ми го дозволат тоа, оти ептен ми се тнки, си ја пуштив чергата малку повеќе деновиве. :lol:

    Синоќа по не знам кој пат сфатив, поубаво се спие кога неговиот глас е последно нешто што ќе го слушнам пред спиење. Поготово неговото смеење. Аххх.

    И оп, продолжен викенд. Ау.

    А мојот живот, сега сфаќам, се движи по совршена патека.
    Ај ем задоволна.
    :f:

    УбаФ ден. :)
     
    На SexyLady, JoxyTheFreak и firequeenn им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.314
    Сакам да кажам...

    Ми оди да викам на секои 10 мин,но се стрпувам.
    Ме убива атрофијата на светов и неговите емоции.Ме нервира кога некој се нервира за глупости. Ме обзема иронија со доза на цинизам. Среќа што не знаат за друго,ама штета што не сме природно предодредени да знаеме за важноста на некои нешта.
    Ме нервира што стануваме свесни за останатите само кога ние сме осамени или кога ние се ставаме на местото на некој,а не затоа што навистина сочувствуваме. И не ме потресе за Светомир,туку ме згади.И пред некој ден пишав за тоа! Се злоупотребува секоја форма на хуманост за себепромоција. Па ниту ОН,ниту црвен крст не се водени од подобри суштини,па што да очекувам повеќе од обичен човек.Но на крајот ме смирува дека сепак,без разлика од што водено,некој ќе добие пар чевли и топол оброк!
    Како да гледам некого со разбирање кога светот му тоне за глупост. Дури и што не се разбирам во градежни работи,вадам нзс и викам,па ете логика и тука...на многу влага,секој објект ќе ти клапне.
    Не можам да сфатам како може некој да не поседува силен дух кога нема ниту една разумна причина за тоа!
    И сфаќаш дека убавото кафе и пријатната атмосфера не се ништо,ниту занесувањето по некои виши работи.Сакам само едно нешто!!!Многу сакам!
     
    На Dulce, Magnolija, beached и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Сакам да кажам...

    Там, там, там, там во ритамот на Макарена, Бомба, Асереје и други латино хитови...
    Ladies night прво во стан од 6 саат по пладне, па вечер на фиеста :)
    Епа така, денес во топ форма, ниту дожд, ниту бутур не може да ме смени. Не сум веќе уморна од животот, ниту од градов, ниту па од излегување, а камо ли од пиење. Кренав раце со се, решив да го отуштам вентилот и да покажам знаци на живот.

    Cheers за мене 8)

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Serafima и SexyLady им се допаѓа ова.
  18. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам да кажам...

    Знаете шо??
    Сега добро ми би дошло да ми зазвони тоој и да му го чујам гласчето,мило и весело.Да ме расположи со неговите недозреани мисли и шеги.

    А јас вака дома си седам сама,си правам чаај и чекам да ми зазвони телефонот.Тој да ми зазвони.
    Божем случајно да ме праша што планирам за вечер и божем случајно да се видимеее ...

    ахх ахх....

    Ајде јави се веќе да не те мислам,. аман од тебе :inlove: :inlove:
     
    На ViktorijaMari и SexyLady им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.406
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Петок сме, или боље речЕно, Спасовден, ден на средношколското ослободување и тако даље и даље.
    СакавДК, дека пак дојдоа периодите кога со душа го чекам викендот - да се видам со другарки, да се наспијам, едноставно да се одморам од се' што ми го заморува мозочево, кое ептен го оптеретив неделава - ал није до мене - нек се жали кај лимеси, софисти, питагористи и такамунатаму.
    Него, исто сакав да кажам дека се осеќам многу бескорисно.
    Сте имале ваков период, кога сакате да направите едно, а како резултат испаѓа нешто десетто, или пак, во најлош случај - ништо не ви оди од рака. Е, ова сум јас, мило ми е. :hai:
    Како врв на сево ова љубав цвета, ха ха ха.
    Трагедија, чисторквна трагедија - нема место за комични елементи, све је фул по траги-списак.
    Единствена real love, така да кажам, ми остана Фокс Лајф - ма си имам пратња до 2 ипол или 3 (до колку им беше третата смена бе? -смајлиштосемисли) и што е најдобро, а и најекономично, не ми ги јаде пуканките/чипсот/лепчето и све остало што ждерам пропратно. Ниту пак изразува желба да се напие од моето пијалоче - ноу уеј.
    Аир видов од гледањево комедии - стомачни стакло - на природен начин, од жлембење.
    Ај нек се угоди.
    Убав викенд, ќе ве поштедам од останатите глупости. :angel:
     
    На Monna.Monna и SexyLady им се допаѓа ова.
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Добро бе аман,ми пукна филмот од дегени,ретардирани суштества кои замараат за моето минато и за личноста која ја сакав.Аман,гледај си го твојот живот и оди плескај си девојката.ДОСТА МЕ ПРАШУВАШЕ КОЈ Е!

    Тој е мое минато и ако не сакаш со добро да сфатиш ке мораш со лошо.

    Боже какви суштества шетаат.Оправи се мори,внимавај со кој збореш.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.