Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    Сакам да сакам ...

    Сакам да љубам како никогаш до сега , сакам да ме љубат повеќе од што некогаш ме љубеле. Ми фали љубов ми фали проклето многу .Собрав храброст да си го признаам ова на себе . Сфатив колку многу ми треба некој во животов некој кој е постојано до мене ама овој пат да му биде возвратено .
    Ветувам кога ќе се појави ТОЈ ќе го чувам како капка ќе го почитувам и ценам нормално ако заслужи . Научив од грешките , многу лекции за кратко време долго си ја лечев ГОРДОСТА . Нема да се обидувам да се сменам . Да одмаздољубива сум не се горедеам со тоа но тоа СУМ ЈАС . Ако не се прифатам јас ваква не треба да очекувам друг да ме прифати . Сум се изменила дури сега гледам . Некогаш јас можев сама ? !

    Ми треба ПРОМЕНА !!!
     
    На I.v.a.n.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. unbreakable

    unbreakable Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Сакам да кажам...

    дека и јас незнам самата колку сум нездрава. :lol:
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Од кога не читам дневен хороскоп на Фемина, животот ми е поубав. Точка.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.032
    Допаѓања:
    123.899
    Сакам да кажам...

    Избришав по грешка мислење :envy: Можам ли да го вратам, чекам лп,го пишував пола саат и ми требаше совет :doh:
     
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Ги имам неколку, не се многу, на една рака можеби се бројат....но тие се најдоброто што може за мене, постојано ме потсетуваат дека сум направила правилен избор и сум им дала вистински назив - пријатели!
    ЧЕСНОСТ
    Животот на едната и отвори сосем нов пат, различен од мојов моментално што го одам....но таа е иста како кога поминувавме по 24 часа заедно, како да не ја сакам кога ми зачувала парче торта специјално за мене, зашто неможев да стигнам на роденденот....не ми е битно што поминувам по час и половина клацкајќи се со јсп да стигнам до кај неа, не ми е битно што можеби вчера ми се смееа нејзините соседи дека и помагав да ги пружи алиштата. Таа е онаа која ми направи преголема чест. Разговорите на сите теми кои ме засегаат мене, сите оние проблеми кои ја опкружуваат неа....ветив дека ќе ја посетувам почесто и ќе го сторам тоа, потребна сум и' неа, и таа мене :)
    РЕАЛНОСТ
    Другата е постојано тука некаде околу мене, беше далеку неколку месеци и тогаш сфатив навистина колку голема улога има во мојот живот, нејзиното волшебно нескафе и муабетите на сите возможни теми се незаменливи. Се критикуваме една со друга, се советуваме.....ме поддржува во тоа што го правам :)
    ДОВЕРЛИВОСТ
    Онаа третата скоро влезе во мојот живот но завзема едно одлично место.....нејзината способност да ме прочита од очи е зачудувачка, без да кажам еден единствен збор ме разбира. Ми докажа дека можам да имам доверба во луѓето, а јас и покажав дека може да се биде храбар, да се ризикува и да не се паничи. :)

    Тоа се тие, му додаваат боја на мојот живот......мора да сум направила нешто добро штом ги имам нив покрај мене!
     
    На Gea, MSkorpionka и SexyLady им се допаѓа ова.
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Ват д фак, мен?

    Симнувам, т.е. „симнувам“ филм.

    Time elapsed: 3h 2min Remaining: 35 weeks 3 days
    Download speed: 0.1 kB/s

    GOD DAMN! The speed of light is reaching for you! Ruuuuuuun, run save yourself.

    s-l-o-w motion r.......unning..

    kill me !


    p.s. Интернет - Fuckyou!
     
    На Monna.Monna, SexyLady, PussyHunter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Сакам да кажам...

    :lol: Јас го надминав лимитот на интернет сообраќајот за овој месец така што сега е многу спор - со 30 KB/s најмногу download-ира, а вака во просек со “убитачна“ брзина од 500KB/s до 1MB/s. Затоа имам алтернатива - крадам интернет преку wireless и екстра иде - со 300 KB/s. :D
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    А, бе, некогаш еден виц ќе ти го разубави денот.
    Најозбилно. :rofl:
    Се пукнав од смеење, и уште се смеам. И домче сум си, и убавко ми е и покрај лудакот кој цепи дрва во дворот. Знаете, тој улавиот што еднаш ручаше од на кучето чинијата. :D Пак се фамилијарно дојдени на цепење дрвца. Чарминг. :wasntme:

    Е, вицов де.

    Пишува Мујо дневник.
    Драги дневнику, еве веќе неколку дена како врне. Фата падна во депресија. Само стои пред прозорецот и гледа, и гледа и гледа.... :doh: Мислам дека ако не престане да врне деновиве, ќе морам да ја пуштам да си влезе внатре дома.

    Их, и да не е смешно, се искркотив за сите пари и кусурот. :rofl:

    Сега ќе одам на детски роденден и ќе јадам детска чоколадна торта и ќе се смеам на детски глупости! :D
     
    На Buttterfly, Gea, Miss-Independent и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    И си реков веќе не ќе пишувам.. Но, повторно она познато празно ветување . Затоа и се лутев на себеси кога очекував од другите да го исполнат ветеното, можеби верував дека се посилни од мене , а како и обично се лажев одлично..

    Јас лажливка, тие лажливци.. Се си врви во неповрат.. Некои работи никогаш не ќе се исправат, колку и труд да вложиш за нив. Едноставно не биле за тебе нели така, и ќе почнат луѓето со своите утешни зборови како се ќе биде добро, а ти знаеш дека денес , токму денес во овој миг и во ова време нема да биде.. Но климаш со главата уверувајќи се себеси во нешто за што не си сигурен.. А за што да бидеш сигурен ? Од денес до утре те демнат нови опасности и нови ризици.. Ако денес имаш се, утре можеби ќе немаш ништо, и обратно..
    Таков е животот..

    Ме натера животот да склопам уште неколку зборови, пред да ги заборавам , пред да ги избришам од сеќавањата .. зошто се проклети и болни. Нив нема да ги пакувам во моите нови куфери. Во нив би сакала да си ја спакувам чиста душата, без никакви чувства за тебе , без оние исти отрови со кои се будев и заспивав.. Колку горчливи знаат да бидат некои нешта, па спобудален почнуваш да се прашуваш како ли умееш да ги проголташ без приговор , а потоа ти текнува, друг избор и немаш...

    Можеше ти многу повеќе од тоа да избегаш ..
    Можеше многу подобро , но не сакаше..


    И не , нема повеќе да ти додевам. Нема ни да се прашувам зошто се ова заврши.. И така е се неважно кога ќе се скрши едното на повеќе парчиња..

    Секогаш бев двојно посилна од тебе ..Се разликувавме токму во тоа- Јас те сакав онолку колку што ти мене не..
    И затоа..

    Летај, оди, замини..
    Внимавај само да не те стигнат моите лудила ..

    Јас ќе постојам онака како што постоев, но овојпат двапати посилна. Ти благодарам за тоа. Благодарам што љубовта ја претвори во проклетство и остави на нејзино место празна празнина..
    Тоа место сега јас ќе го пополнам, а никогаш и не требаше да ти го отстапам.. Но, се се случува со причина..

    Тука завршувам. Биди среќна ако некогаш се провлечеш низ моите зборови. Тоа е пак само моја добра волја, или можеби е тоа онаа љубов..Онаа љубов од која ти се откажа.. :bow: :hai:
     
    На Gea, vendiii и SexyLady им се допаѓа ова.
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека не очекував некоја феминка да ми го честита роденденот ,затоа што мислев дека никој не приметил дека ме има тука меѓу вас ,НО очигледно сум згрешила.Од се срце ви благодарам и ви посакувам многу љубов,здравје и среќа .Ви благодарам што вака пријатно ме изненадивте и разнежнивте :* :)
     
    На MacaLove, Miss-Independent, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ким да беше така, убаини, што ќе ти се мобилни и што уште не, само ќе отежнуваме, вака, одма, директива, а не од околу преку телефони, дупла работа :D .Добро, не можам да се пожалам, ама до сега таман ќе помислам на некој и тој некој одма се појавува, како по нарачка, ама само коинциденција, ништо друго :wasntme:

    Сдк, добро е понекогаш да ги слушнеме другите луѓе што имаат да кажат, можеби се во право, без разлика на сопствените убедувања ( проценки ) за нивните тврдења, бидејки во спротивно, не прифаќајки ги нивните сугестии, подоцна истите нивни зборови можат да ни се моткаат низ глава, со самото тоа утврдувајки дека биле во право.
     
    На Gea и k.i.m им се допаѓа ова.
  12. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
     
    На sugar, crazylady, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се ми е испомешано, незнам повеќе што да мислам. :worried:
     
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    Сакам да кажам...

    СДК сакајте се луѓе затоа што љубовта е the greatest feeling to ever "walk" on Earth. :)
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Совест, нешто?!

    Е, баш така со испружена дланка како да бараш ситно и со истиот очај на скитникот дека мала е веројатноста да го најдеш, тргнуваш да ја чистиш својата, онака детално и предадено на работата, да не остане ништо, да нема ни едно конче што виси надвор од контролата на било чие критично око.
    И пустата човечка потреба за компарирање ќе те натера да помислиш на потсмевот на оние совест фри индивидуи, кои од птичја перспектива ти го сметаат трудот за безвреден или пак аналогно на труд на мравка. Тие истите што само посегаат и во чии домови сигурно и лебарките имаат инвентарски број на грбот, заради потребата од истакнување сопственост, сопственост, сопственост. Хм, макар и цел свет да се освои под нечија колонијална чизма сепак постојат неосвоиви нешта над кои не се стекнува право на владеење со имотен лист - пр. човечките мисли, мои, нејзини, нечии...

    Вчера за првпат после не знам колку време плачев онака долго и исцрпно. Интересниот момент тука е што почнав да плачам за одреден настан случен на други луѓе и после долго време сфатив дека всушност потоа продолжив да плачам за себе и над сопствените проблеми. Трагедијата од мали размери е во тоа што ми требаше изговор за да обрнам внимание на себе, требаше својата тага да ја шлепам пред себе врз туѓа несреќа ко стартен покренувач или двигател, како ексклузивното право на тага за себе да е луксуз. Веројатно и е.

    И друго, дозволив да уживам денес во една констатација изнесена од една блиска личност, без оној очекувано од моја страна упад со ама...И иако за момент се осетив како да губам дел од себе бидејќи не се посветив на сложени причинско-последични врски и барање мотиви и користење на целокупен арсенал на аналитичката психологија во мој вообичаен стил, туку дури согледав дека е потрошено време и труд и емоции на истото и зошто да го уништам моментот и чувството беше убаво. Уште еден доказ дека некогаш треба да се загубиш за да се пронајдеш пак. И светот е многу подобро место без најстресното зборче на светот АМА или па како што и Јестрдеј немаше да е толку крипи после сднли, :D ... Да се разбереме јас ќе се навратам на брејнсторминг анализите повторно, само не мора да се уништува магијата на одредени хармонични мигови, бидејќи за се‘ има време, а времето за сите расипувачи на забава и спонатност ко ова зборче - нека бидат сместени во некој друг не така ласкав миг од иднината. Шшш смајли со прстот на носе, пред сите ама со намера да бидат изговорени кога не е ни време ни место ни било која друга или трета одредница...
     
    На Gea, crazyinlove19, MSkorpionka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ако е ден - нека е среќен
    ако е месец - нека е успешен,
    ако е пијалок- нека е вода,
    ако е кафе - нека е нескафе
    ако е љубов - нека биде јас и тој или нека биде љубов.
    ако е бакнеж - нека биде филмски и сладок,
    ако е дожд - нека биде тивок ...
    Ако е телефон - нека биде корисен
    ако е телевизор - нека биде во боја,
    ако е музика - нека биде милозвучна.
    Ако е компјутер - нека биде брз и корисен
    ако е разговор - нека биде паметен
    ако е лага - нека биде убаво осмислена.
    ако е вистина - нека не боли.
    Ако е среќа - нека биде секогаш.
    Ако биде секогаш - нека биде вечно.
    Ако вечно биде среќа - нека цел свет биде среќен.
    Ако љубиш - љуби без мерка,
    ако почитуваш - барај взаемна почит..
    ако има почит - нека има слога.
    Ако е тага - нека е брзо минлива.
    Ако нештото брзо минува - нека не биде заборавено.
    Ако е спомен - нека не избледе..
    Ако е осаменост - нека трае кратко.
    Ако е пријателство - нека биде без корист
    ако е самодоверба - нека не биде изгубена никогаш.
    Ако го читаш ова - ти си на вистинското место! ;)
    Ете нешто ме спотера и сами буквиве си излегуваат од мене, можда требаше да оди ова во проза и поезија? - Како и да е, Ако е ФЕМИНА - тогаш НИЕ СМЕ. :hai: :*
     
    На Gea, TeddyGrey, AIT и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК си купив прекрасни угг бутс од Чајна шопинг, разбира се, за 750 денари 8) Толку ми е мерак што еве сега со нив си седам :lol:

    Оооо да, утре слободна! Слободна луѓе еееј :dance:
     
    На enca.69, Miss-Independent, BoaVista и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    после сат време молење сама со себе се наканив некако да направам пенарлија,и сега додека да се излади малце мене лиги ми течат-а знам дека е штетно да се јаде врело де...


    надвор времето дожд ладно а јас сама околу мене тв пуштен чисто некој да збори, сите прозори врати затворени се осекам ко у затвор барем либето да ми беше дома да си се гушкаме бе-а он запнал мора да работи епа ајде јбг ти работи јас ке лежам и онака сабајле јас кога станав за работа ти си спиеше ко прасе мало хиххи
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.134
    Допаѓања:
    67.267
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сите си имаме проблеми. И нормално секој си ги мисли своите за најголеми. Ама сепак, има разлика од проблем до проблем да речеме
    [​IMG]
    еве некој со навистина големи проблеми. И јас кога се нервирам за нешто, а ќе погледнам во некој ваков си викам, а јас за што се нервирам? Ама, дали поради овие луѓе треба нашите проблеми да ги сметаме за безначајни или сепак за нас и тоа се големи проблеми?
     
    На Gea, Gordana10, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Епа време беше и јас да почувствувам умор.
    И така дремката од 5 минути се претвора во три саати спиење.
    Колку имам за учење не сакам ни да замислам. Од каде да почнам да го фатам истото темпо како лани. А толку сакав да се опуштам и ете ми, ама почнав да претерувам, знам.
    Реченицава не звучи реално веќе, ама стварно од утре почнувам да учам, ама асално.

    И некако едвај го чекам 31ви... Ау, едвај.
    Ама само ако не добијам тикви, некој ќе си го добие.

    [​IMG]
    :l:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.