Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И јас...кога ли ќе ми дојди паметот? БТВ мразам кога моите ми се мешаат и ми о уништуваат животот! :@

    И СДК подобро да не идев ич во Ск,или да останев повеќе...Наместо да ги поминам најсреќните денови,јас ги поминав најболните :( Се каам што повторно,не го послушав разумот,туку срцето...Па кажи ќе си идам кога ви реков и готово...Ах,никогаш нема да си простам... :doh: Не велам дека не си поминав и убаво првите два дена,ајде 3,ама четвртиот,ме уништи! Прошетката беше убава...Се надевам кога наредно ќе дојдам во Скопје да е за убаво и да ми донесе среќа,а не тага...

    Ве поздравувам,ми фалевте! Можда со вашите постови ќе се расположам...

    И СДК2 Ми фали Тошенце,еве сега си ги слушам песните,ама сакам да можеше да твори уште и да не радува...НЕка почива во мир! :bow:
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.837
    Сакам да кажам...

    Дека денес врската ми порасна за едно шест чекори.

    Прекрасно е што можам со зрел маж да се разберам, налутам, насмеам, да водам љубов, да му ги грицкам ресичките од ушите, него тоа да го нервира ем да му е слатко, да му носам панцероти и да се смееме на глупавиот денс со се влечки среде соба.

    Сполај ти животе, за него! Мислам дека денес, свесно можам да си речам - да, заљубена сум, не во чувството, ами во него, така. Степен на проучување и радост.
    Си мјаукаме, стандардно, го тинтрам зошто го боли грбот од тетоважата. Си ветивме дека секогаш за се’, ќе разговараме. Лесно е да бегаш од ситуациите. Драго ми е што ме смета за доволно зрела и паметна, и не мора да му се докажува тоа. Супер.

    Во среда промоцијата ќе биде без посебни салтанати, мене искрено, ми е малку дежаву сето тоа, али ај. Да излезам во пресрет, ем да си оставам фин впечаток, кога веќе ме бива за нарации и говори.

    Дома смрзнав, во собава моја парно уште не е пуштено, а цел стан е топол. Си мцкам колач со јаболка и се смеам на вечернава збиранка. Со Ленка, Бритни и Бобе сме си направиле таков реминесцентен разговор, што Процес, Елемент, Браво,што Кабрио сме спомнувале ем смееле, за пиењето Витач со степ сред зима на СФ, Плаја Виста и МНТ, подрумчето у Буњаковец кај што сите наркомани земаа данок а ние на драменбејсови рипавме ко да ни фали даска... Пиевме чај од портокал и цимет, слушавме Азра, ко во старите добри факултетски времиња. Постари за 1 година, помудри за милион реченици. Што фина вечер. Супер недела. Мека и миризлива, полна со секакви емоции. Сега, раат, си тропам тука, си мижам со очи ширум отворени и запалив миризливо стапче од орхидеја и самувам. Даде е на роденден, ми оставила ред кокосово чоколадо. Сонска ми е, освен кога ме нервира.
    Утре, нов ден, нови радости.
    Планови - на оптег, како чатал. Камчето - прв погодок, Љубовта.

    Пријатна ноќ, феминки.
    Ш.
     
    На Strumfeta93, LivingGlam, Miss-Independent и 5 други им се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    СДК дека утре ми е првата проба за фустанот ^_^
    So excited,не можам да ви опишам,нема да заспијам вечерва...Ко да ми е утре свадбата :lol: А како ли ќе биде кога ќе дојде и денот Д,нема да заспијам ни со цела шака дијазепами :lol:
    Полека почнува да ме обвиткува среќа,чувствувам како ми струи низ целото тело.....не можам да ви опишам.
    Сакам да ги заборавам сите кошмари и посакувам да не се случеше ;(
    Се трудам да заборавам т.е. барем да не мислам ... :)
     
    На MacaLove, LivingGlam, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Моменталната температура во Скопје е 1 посран степен.
    Јас сум наоружана со два пара чорапи, јорган и топло ѓеврече што ми го донесе дечко ми. [​IMG]
    Ми фалеше ваква вечер. Ми фалеа и свеќичките од ванила. И близината...
    Некој ми кажа да ја прочитам Љубовта трае три години.
    И треба.
    Зошто мојава изглеа има помал рок на трење.

    А да, мајка ми го откажа парното. Ако воопшто тоа беше парно.
    Ги чекам да дојдат чичковците со алатки и да им објаснам убаво што значи ЛАДНО!!!
    Лонг лив печки!!!!
     
    На Strumfeta93, Miss-Independent, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Сакам да кажам...

    Феминки, читајте квалитетно мислење од мене хехе. И на ниво сметам е, можеби ќе се изненадите од мене, сепак не сум толку зезнат/брлив и покрај јузернејмот. :D

    Браво девојче одличен пост морам да те пофалам. Јас како иден т.е. како веќе интелектуалец и академски граѓанин сакам да ти кажам дека за таквите што купуваат оценки да поминат испит ич да не им се секираш, се надевам ќе ја научат лекцијата во животот на потешкиот начин (порано или подоцна се случува тоа).

    Јас никогаш не сум купил оценка и нема! И кога положувам со 6ка сум среќен затоа што знам дека положениот испит е резултат на мој личен труд. За да се положи со 6ка треба целиот материјал да се знае, после нијанси и ситни разлики во поените одлучуваат за погорни оценки. Не случајно е кажано, најтешко е да се добие 6ка, после останатите оценки се полесни. :) Сето ова го зборам за државните факултети, бидејќи на државен студирам.

    Тие што купуваат испити и оценки мора да сфатат дека мама и тато нема да се вечно живи и да им помагаат и секогаш да ги гураат. Оние што се материјално обезбедени за неколку генерации блазе си им нив, буквално ќе си ја купат дипломата, иако ќе останат со дупка знаење по таа област, ама ќе имаат финансиски благодет и нема да ги гајле дали имаат работа или не, битно имаат високо образование. Повеќето не сме во таа група да сме натоварени и пуни ко брод за наредни 100 години. :) Затоа мора да истакнам дека ние самите мора да се бориме и гураме во животот, не да чекаме од други! Према тоа купена диплома е безвредна диплома за мене.

    Ја нејќам диплома без знаење (без ниеден положен испит, сите купени хехе), што ќе ми ја кога не можам да аплицирам за соодветното работно место пошто ќе немам појма. Џабе ќе се брукам само. Редно време е да се сфати дека живееме во свет каде што победува знаењето (или во бајките ова само хаха?) и квалитетот секогаш испливува на површина. Време на капитализам е и на приватни фирми. Ако газдата не е задоволен од твојот труд и знаење покажани на работа добиваш отказ, па ти имај и диплома од Харвард ако сакаш. :) Значи, битно е знаењето, никогаш не го потценувајте. Исто ги жалам и оние што се надеваат да најдат работа преку партиска книшка или такви слични работи. Работно место преку врски е нормална пракса, знаеш некој роднина или пријател и ќе ти помогне. Ама не би дозволил да бидам партиски изманипулиран, да ми се ветува работа и на крајот да останам само со партиска книшка в раце. :) Тоа никогаш нема да си го дозволам.

    Тоа е тоа, не знам што друго да поентирам. Бев мотивиран од цитираниот пост да реплицирам, бидејќи почувствував должност да им кажам на сите тие што си учат вредно и со знаење си ја печалат дипломата, да не се секираат воопшто за тие што си ги купуваат испитите и оценките. Времето ќе покаже кој е кој. Мислам дека вистината и квалитетот секогаш победуваат. Ако не во Македонија, на друго место во светот сигурно! Не се сите како кај нас да ви ставаат сопки и да ви се љубоморни ако успеете во животот. Да живее запад и високите плати кои стварно се во размер со покажаното знаење и труд на работа. :D Сметам дека таму колку и луѓето да се ладни и не блиски еден со друг, кога е во прашање професионалната работа се закон и поштено вреднуваат квалитети (нормално како и од секое правило, и од ова има исклучоци). Затоа ако нема чаре во Македонија, секогаш има на друго место. ;) Дипломата во џеб, знаењето во глава и преку Атлантик во Америка на “берба“ на зелените банкноти ака долари. :rofl:

    Респект од PussyHunter, добролошиот ловец на мачиња, ама и кој застанува во одбрана на женските кога се во проблеми. :lol: Имате IronMan во мене, ако ви затребам тука сум! :rofl:
     
    На Miss-Independent, WildCherry, maja0 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сдк Oфи го има најоргиналниот аватар, аватар број еден во историјата на фемина и пошироко :rofl: :rofl: :rofl:
    затоа да потпишеме петиција за давање поклон за феминка со најкреативен аватар
    и тоа мора да биде Oфи :rofl: :rofl:
     
    На MSkorpionka, Monna.Monna, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Си имам нов аватар 8)
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК и јас 8)
     
    На Cacy, Peperutka90, MSkorpionka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.003
    Допаѓања:
    4.884
    Сакам да кажам...

    Иако не е можно човек да е потполно совршен, јас можам слободно да кажам дека дечко ми е потполно совршен човек на планетава. Секако дека ги вртите очите сега, и мислите дека сум некоја крената фуфица ама пред да ме осудите само да ви кажам дека тој можеби е совршен но ние не сме во совршена ситуација. Врските во далечина не се лесни ама ич. И искрено не би му препорачала на никого, а најмалку не би му пожелила на мојот непријател.
     
  10. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК се смрзнав [​IMG] a,ако ставам уште некое ќебе нема да можам да се свртам во креветов |(
     
  11. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ако прочитам уште еден ваков глупав фб статус

    се ќе искршам! Прост глуп народ! Судена му била смртта! Шо зборуеш бе?! Уште некоја математика нема ли? На кој му истекнал статусов му се поклонувам.. Кретенизам на ниво! Се напнав упм! Уфф!
     
    На crazylady, angel92, Extraordinary.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    ^^

    Затоа Венди денеска не приклучи фејсбук зошто знаеше дека постојат мноооогу глупо луѓе со двојни поглупи статуси и коментари . Значи правилна одлука сум донела .. Е браво за мене и паметна сум можела да бидам .

    Инаку денеска денов е полош од не знам кога имам многу солзи во мене трбаше да ги пуштам ама не ги пуштив ги потиснав . Ми се вреска онака силно се што е во мене да излезе . Долго време молчам се апсорбирам и на крај доволна е капка да ја прелее чашата . И не знам до кога вака . Само знам дека повеќе нема вака да биде . Денес само изгубив ништо не добив и се разочарав . И се тоа го претрпев стоечки . Ми треба тапшање по рамо ми треба некој да ми каже дека не е се отидено у пм .
    Интересно е кога одиш напред сите се |( кога одиш напред сите ќе се најдат еден куп малограѓани , неиживена раја шаблон луѓе за да те турнат , за да те спонат за да паднеш да НЕ
    УСПЕЕШ !! Да не бидеш некоја да не постигнеш ништо . Да не бидеш повеќе од нив .
    А кога си на дното ... Никој не ти подава рака , само ти фаќа сеир , се сити , се полни со себе . Се задоволува со твојата несреќа .Со твојот неуспех . Чинам некогаш колку е поголем твојот неуспех на душманите (кои прикриени кои апла си ги знаеш ) си го чувствуваат ко личен успех . Па добро бе дали е можно толку злоба да собира во една човечка душа ?

    Подобро мижи на моменти , биди слеп , биди глув ... Ако ги активираш сите сетила многу ќе се покаеш !
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК уште малку ќе почнам на учебников по историја да му пеам: „Сите спијат, а ние сме сами“. |(


    Се навраќам на ропството кое ќе трае во наредните 3 недели. Грдо тромесечие. Најтрагично е што цело време имам некое гадно претчувство дека денеска ќе спалам некој кец, ама ајде.

    http://www.youtube.com/watch?v=IGTHzZ0wB6E
     
    На Monna.Monna и Rozich им се допаѓа ова.
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Сакам да кажам...

    сдк добро утро драги мои се надевам дека уживате во вашето утринско кафе бидејќи нема ништо поубаво од топло утринско кафе во ладно понеделничко утро.

    песните на радио се позитивни и некако ми навестуваат дека денот ќе биде убав. и додека се спремам да почнам сериозно да си поработувам си размислувам на тема промена кај луѓето.

    една случка синоќа ме предизвика да размислувам како може после 2-3 луѓето уште да се исти?

    јас одкога излегов од факултет работам, живеам во заедница, независна сум, и ми е чудно кога пријатели постари се однесуваат уште како студенти, како во времето кога студиравме...

    и неможам да не се запрашам дали јас премногу сум се променила или тие стојат во место?
     
    На TeddyGrey, eli25 и blond им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Волненото капутче е извадено, а и чизмичките. Смрзнувачка, ѕивра! :!:
    Цел пат што го пројдов беше со бело-лилјакови знаменца, му се улизабаваме на шеиков.
    Ајт пушти срце инвестирајте малку.
    Само не застанувајте на Макпетрол да видите цена на бензин, оној кој кај вас е бесплатен, ќе ве стегне срце. А и цена на струја не гледајте, онаа која кај вас е исто бесплатна. И вода исто, и таа е бесплатна кај вас.
    Додуше он доаѓа со дел од кралското семејство може има леп млад младич принц, а да ме земат со нив у Катар може ли :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Go-Girl, Miss-Independent, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    Сакам да кажам...

    Добро утро добри луѓе, додека си го пијам првото утринско кафенце и додека го внесвам потребниот никотин САКАМ ДА КАЖАМ ДЕКА ДЕНЕС МИ Е РОДЕНДЕН :D :makeup: :party: :^: :beer: :ninja:
     
    На I.v.a.n.k.a, zhap4e, MacaLove и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Зимата уште не ни почнала како што треба а јас веќе посакувам лето. Всушност, отсекогаш сум била зимурлива и отсекогаш сум сакала да не му ја мислам многу што ќе облечам. Едно до две основни парчиња на тело и ги освојуваш улиците, парковите, плажите, калдрмите. Рипкаш и подрипнуваш и цел свет е твој. Фустанчето лелеаво де покажува де не покажува, буди фантазии, привлекува погледи а само ти знаеш што навистина се крие под него.
    Денес се чуствувам како кромид бре. Не - не да плачеш кога ќе ме видиш, туку мене ми се плаче кога ќе ми текне колку сум облечена :D Илјадници слоеви. Ме нервираат. Добро во времето на Марија Антоанета сериозно ме интересира како оделе на мала или голема нужда. Ај да те видим биди дама и клекни таман на време за да не направиш беља :^)

    А викендов играв летна самба. За загревање. Не прашувајте како и зошто, битно играв и сфатив дека бразилските задници се најпознатите во светот, заради самбата. Сте пробале самба ама онака, чесно да ја одиграте барем саат време? Не? Пробајте. Brasil ain't got shit on you!
    Денес ми се игра танго. Ми се става цвет во коса, ми се облекува црн елегантен фустан и ми се заведува. Сакам исправена, мускулеста нога која полека се спушта додека тој со својот несменет поглед го следи секое мое движење. Ај милонга ми амор.
    Вчерашната вечер односно ноќ беше баш скокотлива. Бев безобразна :lol: Мураками ги разгоре страстите - за се е виновен тој. Човек ако си одмисли какви работи се кажуваат за азиските момчиња, доволно е да прочита неколку еротски реченици од маестро Харуки и да почне да се препотува. Ете зошто толку го сакам бе, ете! Инспирира и мотивира. Белким доволно за да можам да го преживеам понеделников.

    Да сте ми живи, здрави, весели и растресени. Нека ви биде денов - танго. Држ не дај - тој ве брка вие не му давате и на крај вие да го зграпчите онака како што вие сакате ;)
     
    На la-chicka, Sparks, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тух бе, повеќе нарциси над, отколку под земја. :D
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Сакам да кажам...

    СДК
    [​IMG]
     
    На la-chicka, Jojoba, martinuska и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    На луѓето не и е во крвта да повредуваат, ами да направат се што е можно да не бидат повредени и да си ја заштитат невидливата черупка. Самото тоа си ствара некои си подгранки кои секако некој оставаат повреден.

    Не по врат, по шија! :!:

    Се ти е тоа еволуција, се е тоа Дарвинова теорија. Најдобриот победува. И сперматозоидите се борат...
    Една китка треба да се приспособува, а не па ние.
    Или си инсајдер или си аутсајдер, трето нема!
     
    На la-chicka, Strumfeta93, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.