Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам...

    Ми недостасува летото.
    Ми недостасуваат топлите денови, кратките фустанчиња, сукњички, шорцеви, маички на прерамки..
    Ми недостасува море, солена вода, миризот на млекото за сончање, убав тен.
    Ми недостасува седењето на лаптоп до 10 сабајле а потоа спиење до 8 навечер, спремање и искачање.
    Ми недостасуваат многу работи од летниот распуст, но пред мене е зимскиот, многу пократок, но ветувам. Ќе си го направам најубав :)
     
    На Hiii, crazylady, Breezy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    Трчање. Т + Р + Ч + А + Њ + Е! Избројте ги фонемите де, фонетскиот дел нека биде во загради. :P Ха, ха, мислите ние тоа правиме на факултет ?? Нешто корисно, паметно, организирано ?? Не не, се лажете. Ние трчаме.

    Прво до факултет. Трчам на предавања, мораш да трчаш за да го стасаш професорот додека те носи во предавална, нели, тие се божества па се телепортираат наоколу. Таман си дотрчал на час, оп стоп, не важи, пу пу! Дупка во предавања, мили Боже, како тоа навреме да се каже дека има дупка од 2 саата ?!

    Трчам до дома. Во трчањето, ми текнува дека не сум јадена. Трчам да јадам и сфаќам дека млекото е расипано. Успат, гледам да се разберам со проклетите Телекабел, зошто ни стасуваат сметки по двапати. Додека на телефон, трчанката сфаќам дека има брз интернет, па брже боље да нашкрабам нешто.

    Книгите, трчанката, од фотокопир. АМА мораш да трчаш, оти ако не се стрчаш ќе ти ги земат, и на сета мака и без книги ќе останеш. Кафето би го пиела трчаница, со млеко, ама ради некои нелогични дејствија на цимерката, скиснало млекото. Еми, ќе скисне, и јас ќе скиснам да стојам од минатата недела. :fubar: Логично на тоа, ноу милк, ноу кофи! Ќе тркнам од бифе да земам. |(

    Сега еве пак ќе трчам назад. До факултет, аха. Морам да се запрашам, дали се запишав уствари да учам за спринтер, пардон, трчач (да го чуваме и негуваме македонскиот јазик!) или за нешто друго ? :^)

    Арно ви се изнажалив, ви кажав што и како ми лежи, ојде Дузи. Ако видите некоја како џогира а воопшто не личи на ,,џогер,, јасно ќе ви биде која сум. :rofl:
     
    На Strumfeta93, teddybear, BoaVista и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    I feel perfect today.Ах...кај ми бил умот :lol:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    На пасење. :P :rofl: :D
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.834
    Сакам да кажам...

    Дека саксофон секогаш ме прави романтично безобразна.
    http://www.youtube.com/watch?v=5IHRWwDNwSo - ја слушам и си пловам.

    Чајче, јас и ти. Фантазија. Се смеам, во себе, како во секој пост овде се’ повеќе ти се радувам што си со мене. Ненамерно, провлекувачки.

    Водолијата ми е во Ватикан, Сај на Манаки преведува и ми се јавува со полно срце возбуда поради титлувањето и многуте фацки таму. Натка ја снемува, ќе ја карам. Важно сите сме на 4 страни на светот, како што тоа јас милувам да го речам. Јас мекнеам, и со професорката - менторка ќе одам на кафе деновиве.
    Димче ќе работи кај нас, упрпан целиот, ме прашува се’ и сешто, но драго ми е за него!
    Уште една мизерија од човека се обиде да ме искористи со куп информации, и реков гласно и јасно НЕ. Мислам дека ќе ме мрази сега ама ми е гајле. Убаво рекле старите - опружи се колку што ти е долга чергата!

    Време за непотребни луѓе не давам веќе. Ни минута.
    Сега одам под врел туш, па да си направам некој лесен ручек и на работа. Вторник, топол како костен што пуцка на рингла од шпорет. Наредено си е. Дури и разговорите, инспиративно ми влијаеја вчера. Од книжевност, до софтвери и хакерство. Ама е добро да е Добро! Толку, за мене останува оваа радост...
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Сакам да кажам...

    Cкд дека си зедов L сега можам да земам часови за возење,не е нешто големо,но ме прави срекна! :D

    A и фала што ми држевте срека :wasntme: :rofl:

    Aј нешто благо....
    [​IMG]
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сакам да кажам...

    Сдк дека Im back на форумов,изминатава недела поради обврски не ве дружев многу.И гледам дека сега имам многу работа овде да ве исчитам да ги дознаам новистите:)
    Сдк2 дека смрзнав,ова времиштево не е нормално....ех летоо сакам летооо....
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк вчера да пиев кафе и да брцнев со домалиот прст во талогот можеби ќе видев дека денес ќе си дојдам порано од предавања и дека наместо да спијам како што планирав ќе си уживам во макарончиња,музика и убави постови од вас.


    Вчера да пиев кафе може ќе видев дека денес ќе го видам и тоа онака на минување тој излезе од кола јас влегов.
    Се поздравивме,милина ми беше да го почувствувам неговото обравче на моето.
    Милина ми беше допирот на мојата марама и неговото џемперче :)
    Милина ми беше кога ги видов тие очиња така светли.

    (некако повеќе ми одговара во минато да си зборувам за него,намерно....или...)

    Многу се занесов јас бе,не чини :fubar: :D
    Шо вака не се занесувам кога треба,а не кога не треба :^)



    П.С. а Doozy ќе пробам да ја утешам,колешке и мене ми е исто така да кога ќе трчкаш сети се на Кенди и ке ти текне дека не си единствена што трчка по книги,скрипти,натаму -наваму :)
    мала утеха :hai:





    Останете насмеани,распишувани и ведри па денес имаме СОНЦЕ ! :sun: :bandit:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Растргната на две страни...тука ли сум дојдов до таа точка кога станува се потешко да се издржи???Незнам дали ќе добијам одговор ,со него убаво со нив исто ,без него тешко без нив исто толку тешко,ах глупава смотана далечино не те сакам ич ама со тебе го играм ова оро па ќе го тераме некако .
    Солзи куп пролиени од моја страна ,тој само едно благо -знам како ти е те, свајќам оди , а тажен од овде до месечимнана која ни свети , не мислев дека ќе пуштам солзи пред него ама проклет пмс и тој капак на се.
    Пуштив....солзи се промрсулив малце :$ си помислив да не беше машко и тој ќе пуштеше,но ако подобро без педерски манири си реков таков ми те сакам силен како што си .
    Можно ли е ова само да ми беше од пмс или се смени нешто....јас сакам и се надевам да беше псоледица од пмс таа е..на носталлгија кој ме ттрефна така брзински .
    Ми останува да се тешам со некои кои ги делат океани а не неколку километри како нас и ми останува да се борам за оваа љубов се друго е излишно и да го забуташ у кош како ситно џубре.
    Имајте убав ден и љубов !
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    И ете падна договорот..

    Одиме утре за Велес :lol:

    Епа форумџики спремајте кафе, сокче и по некое благо ние доаѓаме.. :rofl: :rofl:

    Шала на страна, утре идеме на прошетка, ќе го посетиме Велес. Заедно. Верувам дека убаво ќе си поминеме.. Денов е преубав, многу радосни моменти ме дочекаа уште изутрина, насмевка ми ставија на лицево.. Се чувствувам среќно, исполнето, многу се радувам кога нечии животи се менуваат, луѓето стануваат посреќни, се шири онаа позитивна енергија гледајќи насмевка на лицата на луѓето кои ти се драги..

    Се радувам и за некои наши форумџики на кои среќата им се насмевнува, им пуштам малку и од мојава, за да ја заокружиме, да биде целосна и вечна..

    Јас одам да го загреам столчето, да учам, за да утре спокојно си го поминам денот со НЕГО...

    Ве мислам.. :hug:
     
    На Doozy и N.A.T.A.S.A им се допаѓа ова.
  11. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Сакам да кажам...

    Ани мила,убаво да си поминеш :)

    Ми фалат топлите денови ,ама ни ова не е лошо ;)
    Навечер ,ти студи ,ке се пикнеш во ќебе :) ке се топлиш ,па не е само капењето на плажа во животот :rofl: Феминки сега викате дека ви фали летото ,а кога ке се мавате со снег ке викате дека од зимата нема поубаво.Лани ја гледав братучетка ми 7 години е.Се врати од школо и право се пикна в ќебенце.Само колку ми фалат тие денови :(
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Проклетство!
    Зарем се што правам е малку??? Што сакате, душава да ви ја дадам на подарок???
    Јас ли не се трудам, јас ли не учам, јас ли не носам домашни, јас ли бегам од часови, јас ли имам 1 на секој тест?? Јас ли не сум доброволец на секој час??? И со мене најдовте да истурате бес??
    Не учат, не се мирни, појма немаат од животот не пак од книгана и ја разбирам фрустрацијата на професорите, но побогу, зарем ги заборавија пофалните зборови од лани??
    Во клас сме 2-3ца кои сме навистина примерни ученици и наместо тие нас да не користат како примери, да не посочуваат што лани беше секојдневие, сега сите сме во ист кош.
    Сега мојата е*ена 5ка има иста вредност со 5ката на оној на кој професорката му е лута и не го станува да поправа, а не е за 5. Господе, можете ли да го сфатите сето тоа?
    Кога ќе ти предаде тест со сите поени и во дневник ти пишува 5ка, но и на тапчото до тебе му пишува 4ка, со тест единица од причина што тој не дошол на дополнителна и сгеа му е лута, па не му дава 5ка која тој ја посакал, туку 4ка. А дека го нема на час ни А да каже, на тестот две реченици на скплопил, кому му е гајле....
    Дали ти седиш мирен на час и ќутиш како устата со селотејп да ти е залепена или дрдорш како навиен з анив е исто. Сите сме во исти кош ставени.
    Викаме, не се трпиме... тие се криви. Тие кои немаат храброст и карактер на совет да кажат тој и тој е таков и таков. Ама пак, јас не сум должна да трпам некого. И од мене и од него земаат плата, ама јас сум таа која ќе донесе диплома за школото, а тој смао нарушува углед. И сега што?
    Сега ништо-е вечниот нивни одговор.
    Дали ти се свиѓа или не, лани прашуваа, годинава и тоа го нема!!!

    И по ѓаволите нека оди оваа тастатура на која спејсов зеза, па морам по сто пати да се враќам и да видам дали се оставило место или не!!

    И знам дека многумина ќе си речат дека сум самобендисана, дека сама си се фалам, ама знаете, малку ме засега тоа. Научив да не штедам на пофални зборови кога се заслужени, а ако сам не се пофалиш никој не те фали...
     
    На L-enna, blond и enca.69 им се допаѓа ова.
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    WELCOME TO THE CLUB на тажачи з а миленичиња :(
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Пред 5 минути ми ѕвони вратата..
    Ѕирнав низ шпионка и гледам така нискичок непознат човек што држи нешто в раце, се помислив десетина секунди гледајќи го низ шпионка и ај реков ќе му отворам и отварам, едниот прст му беше завиткан во завој и во истата рака носеше еден лист (некакви си документи).
    И му викам кажи и тој ми рече дека му требало помош за болно дете(дека така некако чудно зборуваше го препрашав што ми вика) и истото ми го повтори, и дека сами со сестра ми дома му реков само не можам да помогнам изивни, ми рече здравје и си замина, му ја затворив вратата.
    Жал ми падна :( , па дури си стркалав една солза после тоа, не дека не му помогнав иако и 10 денари многу му значат(не знам колку ќе му отворат врата и колку може да собере пари по врати, и не ми е за верување дали вистина за дете собира пари или за нешто друго) туку ми падна жал од тоа што беше така нискичок, слабичок и со стара облека, предпоставувам беше смрзнат, барем да кажеше ако навистина му требаше храна или пари за палто, ќе издвоев 100 денари од мојот џепарлак или ќе му дадев едно јаболко или парче леб, а вака не знам, требаше да му дадам барем 50 денари, ама ништо си замина....
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.029
    Допаѓања:
    123.897
    Сакам да кажам...

    Се испреплетено едно со друго,друго со трето...Колку и да се прашувам што и како понатаму добив само главоболка и болки во желудник а не и одговор.Оставам на времето,друг избор немам. :|

    И да преку глава ми е од луѓенца кои ни Т не виделе од зборот тешко,на кои се им е подмачкано за се во животот и кои со прст не мрднале за себе туку се добивале преку туѓ грб,да ми кажуваат како треба.Баш вчера ми се изнасмеа еден тип кој има приватен бизнис од мама и тато,како сум седела во Скопје кога сета плата сум ја давала за кирија :^) Да донекаде е и во право,но му одговорив дека животот не им е на сите нареден од дома,а јас наместо да чекам пари да паднат од некаде-а знам дека нема од каде,најдов работа.Вложувам во мене,колку толку. Не чекам пушти мамо,тато.Може немам пари за се,и немам но барем малку се чувствувам корисно.

    Ете такви луѓенца дури ми се за жалење.
    А што ако се сврти тркалото-зошто скоро секогаш се врти.
    Ми се гади од таквите мамичка,татенце деца,а родителите со тоа свесни ли се дека ги прават децата дебили,уште поголеми.Еве ти убав на тато фирма,директор на тато тој убав,еве ти мамичка кола,убав на мајка...Ахаха смешни луѓенца :D
    Секоја чест на исклучоците-се надевам ги има!

    Ај да не испадне дека сум исфрустрирана ,иако некогаш стварно сум,сакаш нејќеш ми доаѓа,имам моменти и јас :doh:
    Вечно останува-Калимеро-нема правда :shake:
    Сепак во секое лошо има добро,знам јас,само.........некогаш ти доаѓа преку глава,особено после многу пролеани солзи и прашања без одговор..........
     
    На la-chicka, Strumfeta93, Neytiri и 6 други им се допаѓа ова.
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Понекогаш, оној што изгледа силен, оној кому не му пречи туѓото оговарање, оној кој се насмевнува постојано, оној кој е весел во друштво на пријателите... токму тој е човек кој, длабоко во себе, се распаѓа на парчиња! :|
     
    На la-chicka, green.eyes, ViktorijaMari и 2 други им се допаѓа ова.
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Сакам да кажам...

    сдк ајт со здравје феминки мои, ја оставам македонштинава на една недела и одам да подишам европски воздух(загаден колку сакаш од секакви го*мна али ајт )


    ај па ќе ве поздравам со чаша винце наредниве денови :* бидете среќни весели и насмеани ве гушкам
     
    На Strumfeta93, BoaVista, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Сакам да кажам...

    Сакам да ја кажам вистината:
    Кога една врата се затвора, друга се отвора. Но, често, толку долго гледаме жалејќи во затворената врата, што не можеме да ја видиме онаа која се отворила за нас.
     
  19. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Сакам да кажам...

    Ебате наставничката глупа,ебате. :swear:
    Зошто не можеш да ми дадеш барем една шанса?
    Цел живот сум се провлекувала за петка а?
    Твојот предмет со мерак го учев,омилен ми беше,а сеа ради тебе го замразив !
    На памет сум учела,КАКО ДА НЕ !
    Што можам јас,кога неможам да се снајдам на таа твоја ебена карта од пеесетите? :@
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  20. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сакам да кажам...

    Си одберавме бурми за веридбата. Прекрасни се на задната страна си го напишавме датумот на веридбата заедно со Мојата и неговата буква. Жал ми е што ќе се разделам од дома не е исто кога живееш блиско до мајка и татко па да ти текне и да претрчаш до нив. Ќе ми фалат многу работи но ете љубовта си го прави своето. Чудно е малку јас жена ке станам :^) а до вчера со куклички се играв. Е летат годините :tmi:
     
    На marama, Monna.Monna, blond и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.