Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    Денес случајно открив еурека. Седам така и си пијам какао,си пушам цигара и ми светна.

    Луѓето многу ретко ме прашуваат како си бидејќи и од пред тоа го знаат одговорот.
    Супер сум. Добро е,се држиме. Добро,да речиме.

    Затоа и никогаш не ме прашуваат. Абе ти па,снага си,како и да си,ќе ти помине.
    Што ми е гајле. Од денес,односно од вечерва,веќе ништо не кажувам. Ни како сум,ни што сум,ни зошто...

    Не знам што ми е. Цела кутија цигари ја пушам за четири дена. За четири! Што ми е бе.. Порано,кутија цигари одеше за ден и пол.. Изгледа ми ударил у главата филмот од економскиот - биди секаде економист,а не само за полагање колоквиуми.

    Некако сум.. Ко потиштена. Многу сум тивка деновиве. Не зборувам. Така ја тропам.

    А што тропам,не знам ни јас. Барем да се создаваше од тоа некоја музика,можеби и ќе заработев некој денар. Вака,ни за свирка не ме бидува.

    Изморена сум...
     
    На teddybear, crazyinlove19, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    СДК ... Жени вс Мажи

    Секој човек е различен на свој начин и различно реагира во дадена ситуација. Иако постојат голем број стереотипни размислувања, сепак некои работи можат да се издвојат како докажани и општо важечки. Ова се 10 интересни факти кои се поврзуваат со природата на двата пола.10 интересни факти за човековата психологија. Мажите се премислуваат два или три пати повеќе од жените. На повеќето жени им е потребно многу подолго време за да одлучат нешто, но штом го сторат тоа, тие се држат до истото.

    2. Според просекот на сите луѓе кои досега направиле тест на интелигенција, откако тие постојат, жените имаат малку поголем коефициент на интелигенција од мажите.

    3. Жените полесно помнат фаци од мажите, особено женски ликови.

    4. Мажите почесто помагаат отколку жените.

    5. Жените се по песимистични од мажите во очекувањето успешни резултати од својата работа.

    6. Повеќето жени веруваат дека умеат успешно да извршат одредени задачи, но не сметаат дека се способни да направат сè.

    7. Жените се по загрижени и поплашливи од мажите.

    8. Жените се двојно по зборлести од мажите. Во просек мажите кажуваат 12.500 зборови, додека жените 25.500 зборови на ден.

    9. Во просек мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди.

    10. Женскиот мозок е повешт во читањето фацијални експресии и емоционални изрази. Жените тврдат дека голем број од мажите, сè додека не видат дека почнуваат да течат солзи, не сфаќаат дека нешто не е во ред.
     
  3. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Сакам да кажам...

    СДК дека 3max пакетиве T-mobile се сра*е!!! Кога зборуваш на телефон ти кочи телевизијата а скраја да е и на Интернет плус да си приклучен. Ауууу :@
     
  4. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Сакам да кажам...

    Ништо паметно нема да кажам,денес не ми е баш паметен денов па само ќе си кажам видете го Мет од Седмо небо каков лепотан да ти бил :wasntme:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Да знаев порано..
    омилен ќе ми беше :wasntme:
    Не,се шалам ама стварно кога ја гледав серијата ми беше исклучително грд.
    Личи на лепотанов
    [​IMG]

    Имајте убава вечер а,утре со нови сили ќе кажам нешто по корисно,по паметно,по интересно :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.566
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Вечерва правам добредојде на себеси.
    И после толку време на бесознание и барање на тоа нешто што си го изгубив, успешно е.
    Никој не може да ми фали толку, колку што можам јас, сама на себе.
     
    На Magnolija, zhap4e, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Јас еве посветив квалитетно време на темите, со секс, забременувања, љубовни проблеми. Можам да кажам, жал ми е да видам толку голема неукост, во 21 век, каде сите знаеме да го седнеме газот на фемина и да штракаме, а да не земеме да прочитаме ниту една едукативна тема на дада Вики или бате Гугл. Срамота е да имаш по 21-2 години да поставуваш толку банални прашања. За се' ама баш за се' имате луѓе на нет, или кога ќе решите да се убивате на 19 години за ГОЛЕМИ љубови, си викам само каде се мозочните клетки да почнат да функционираат. Животни вредности на таа тема мора да се поработи.

    Се извинувам ако се изнмрчев, може сега пак некој ќе рече дека не сте очекувале од мене, ама тоа е, реалност е..
     
    На crazylady, Doozy, crazyinlove19 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК Болна сум оу јеа :rock: Апчиња, Контрапен маст, и марамчиња/паломи/тоалет хартија, на сите страни и нозете во топла вода со сол. Наоблечена со 1001 блуза и дебели бабски хулахопки, некој да сака да ме силува сега ке се откаже бидејки има многу за соблекување. Мрсули течат, главата ми тежи, и само десната рака ми е ладна. Подочнаци имам до колена и утре не одам на факултет бидејки не сум во состојба да мрднам. :worried: Ох колку мразам настинки, у пм, носот ми е црвен како пиперка. :@
    [​IMG]
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    12.053
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што тоа направило човекот да се чувствува како најсупериорен на тлово? А некои примеоци од нашиов вид имаат интелигенција на амеба.
    Кога ќе подразмислш човекот е животно. Не успева да ги контролира своите нагони, гази и раскинува како гладен лав. А најбитното е што нели како човек треба да ја има човечноста како карактеристика? Е каде е?
     
    На Hipica, crazyinlove19 и maca99 им се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека многу сакам кога си правиме муабет, ама ич немам храброст прва да му пишам никогаш. :wasntme: Од 22:00 се туфкам. :rofl:
     
    На crazyinlove19, zhap4e, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.131
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ми е смачено. Смачено ми е од самата себе, мојата неспособност за адаптирање на, дури и најситни, промени. Како е можно тоа? Како си минат годиниве станувам се позатворена за нови работи, понедоверлива, се по во најнегативна смисла. Не е можно за една ситница да си мислам дека е готово, ми се сруши светот. Каков човек сум станала дури ни самата не можам да си поверувам. И тешко ми е ова додека го пишувам, додека согледувам појасно од ден некои работи за самата себе. Никогаш не сум ги држела очите затворени, добро си знам која сум и што сум, ама ова веќе не може вака да оди.
    Не може и точка. Утре го превземам првиот чекор да сменам нешто, без да приумирам на самата помисла од промена. Па мајку му, едно нешто знам за себе, а тоа е дека не сум кукавица. Никогаш не сум била, а богами нема ни да бидам. :!:
     
    На Go-Girl, Divinebutterfly, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сакам да кажам...

    Ми недостасуваат времињата кога со дедо ми заедно гледавме фудбал.Секогаш му велев дедо кога ке почне утакмицата да ми викнеш.По 5 мин ке одев и ке прашав:
    -почна?
    - не почна
    ке си одев па по 5 минути еве ме пак:
    -дедо почна?
    - не почна, ке ти викнам јас кога ке почне.
    Откако ке почнеше почував и јас да бомбардирам со прашања дедо кои се ови?Како се вика овој?Кои се подобри?А ти дедо за кој си? Сакаше не сакаше мораше да одговара на моите прашања.Потоа па ќе почнеше да ми раскажува како играл за Кожуф и колку голови постигнувал.Каде се прошетал,колку публика имало...Колку било убаво во тоа време имало вистински фудбал а не како сега :)
     
    На Buttterfly, Hipica, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк вечерва сум полна со оптимизам.

    Се осмелив за нешто, и не згрешив добив повратен одговор ...Каков-таков собрав храброст и прашав ^_^ :rock:



    Што добиваме со тоа што немаме храброст за нешто,НИШТО само се мислиме дали би било ова,дали би било она...
    А доколку пробаме имаме шанси да го дознаеме одговорот за она што се интересираме...



    Соберете храброст и "мечка страв,мене не страв" (се секавате мали така си викавме кога се плашевме од нешто,да прескокнеме дупка,да скокнеме од височина,да влеземе во темна просторија,да претрчаме до вц со изгасено светло... :rofl: ) и направете го она што навистина го посакувате...

    Можеби ке добиете повратен одговор,резлутат,мислење.
     
    На crazylady, Hipica, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    6.638
    Сакам да кажам...

    .. Во моментов само би го цитирала Гоце Тодоровски со неговите легендарни зборови "Три дена од ќенеф нема да излезам, кашкаица ќе се напраа!" Епа сега, кога не слушам кога треба, ќе си трпам. :!:
     
    На LilBaby, zhap4e и ludoto19 им се допаѓа ова.
  14. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај ...
     
    На Divinebutterfly, crazyinlove19 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  15. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    4.582
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Најнова мода е изгледа да се заборава друштвото отако ке се фати дечко.. или поточно другарка да се заборави откако ке се фати дечко... зарем толку е безвредно другарството во денешно време? страшно...
     
    На crazylady, Hipica, strangewoman и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    Сакам да кажам...

    не нема повеќе нас,го нема повеќе тоа мило гласче секое утре.Се прашвам дали беше се до тука или.. :( те сакам ...
     
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    СДК дека животот е мн убав. Секој нов ден, секое заоѓање на сонцето..секое ветре,секоја минута помината со најсаканите. Мило ми е што и јас успеав, и што и јас конечно почнав да го гледам животот на друг начин . ЗБОГУМ АНКСИОНОСТ !!!!!
     
    На TeddyGrey, Monna.Monna и ludoto19 им се допаѓа ова.
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека е смрзнувачко ладно и дека нигде не се иде и дека времево е само под кебе или за секс :$
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Капијата одамна се затвори. Спекратот на бои е веќе мрачен, а јас сум внатре. Само уште да најдам чувар за моите фантазии.
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Ееее што си сакав да кажам, пак ќе кажам.
    Ме нема овде, па ме нема, што би рекол Миле Папапаника. :D
    Не е до мене луѓе, брат ми сменил пасворд овде на компјутеров, оди погоди го, НАЛЕТ!


    Туку немам ништо продуктивно и паметно да кажам, само да ве поздравам.
    А и сакам да кажам дека секој си го добива тоа што заслужил. Некој со право нема другарки, нема со кого да се насмее од срце, нема веќе дружби како некогаш, епа нема. И нема никогаш да има кога се нема искрен пристап како некогаш. Се чудам бре! Како луѓево се сменија за толку кратко време. Или отсекогаш биле такви, само јас касно сум воочила.


    Арно велеше Џастин-он, what goes around comes around.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.