Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Сакам да кажам...

    Незнам дали мојот проблем е за во оваа тема ако не кажете ми каде го напишам. Еве вака.
    Моето дете идеше цела година во танцов клуб, беше најредовна членка а и во плаќањето бевме први пред сите родители. Сега на 29 .10 имаат концерт и што се случи претходната недела во понеделникот цел час седеше од страна на таа една дотична особа несакам ни името да и го спомнам колку сум повредена и навредена, отидовме и на вториот час и пак ја седна но кратко беше влегов на сред час си го земав детето а она не ме ни погледна за разговор. Се јавив на главниот во клубот и му раскажав све како било, ми рече дека ќе направи и она да учествува на концертот и дека тој бил хуманитарен концерт, по два дена повторно му се јавив прво беше изненаден кое а кога го потсетив за случајот ми рече дека као наводно зборел со таа и дека неможело ништо он да делува како еден главен одговорен и еден газда да неможе да направи не ми е јасно значи во нашава држава во фирмите кажуваат вработените што и како ке се работи. Уште ми рече дека може да иде детето само на часови да вежба со нормални деца е тогаш луге мои се извадив од контрола и му реков она не е ненормална и каков вие овој хуманитарен концерт кога ги дискриминирате и ги двоите децата. А нај трагично е тоа што прво кореографијата е многу лесна два напред два назад и во круг. Моето дете премногу сака да иде да игра цело време си ги носи патиките со неа. Таа што ги учи децата само да ја слушнете како се дере на нив а тие душицки се деца од 5 6 7 години.
    П.с. заборавив да кажам дека одговорниот ми рече дека има и човек што учи и игра со такви луге а тој никаде го нема или кога е таму цело време седи на столче, најбитно е тоа што пред да почне таму беа запознаени со све детенцето има проблем со говорот послабо збори а моториката е супер, такт и ритам пресупер и ја водат како дете со посебни проблеми. Дури им понудив да плакам како да носам две деца на часови. А има и девојциња сто неработат да речам се досадуваат па можат да земат.
    Како може лани на концерт да игра дете со церебрална парализа на бина да излезе и тоа што е многу потешко и со рацете и со нозете а сега оваа година за моето дете неможе кога им го реков тоа и на нив кога ги прашав ми рекоа тоа оставете го тоа е друго, а што е тоа друго па кај нас нема таков проблем. До кога ке бидат овие деца дискриминирани делени од светот па дајте да живееме и ние нормално како во цел свет. Сакат напред да иде државата да бидеме како запад но верувајте мора да се разбудиме и да видиме околу себе дека и ние постоиме.
    Па нели Тошка ни остави хуманизам, остави да идеме по неговите стапки но верувајте дека многу многу многу малку луге има такви а што е тоа тешко. Толку ли е мачно да се биде добар. Не е. Ех само да знете сега додека го пишувам писмово како ми е, колку ми е тешко цела недела неможам да се помирам и кога ке го погледнам детето мое како игра на музика.
    Зашто никој несака да прифати дете со посебни потреби да игра без разлика во играорно или танц би играла едно од тие две работи. Па нели и овие деца имаат секакво право да бидат активни како и сите други. Има закон што никој не зел да го прошита изгледа или пак го знаат а си прават по свое.
    И уште ова ако слушнете ако може некој да ни помогне да игра детето затоа што има слух има памтење има такт и има и ритам подобро од било кој друг некој што игра со години можам да кажам. Напишете каде да се обратам , каде да ја носам. Верувам во вас дека вие нема да ме одбиете дека ке ми помогнете.
     
    На Buttterfly, Gea, sesilija и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Колку само би биле осамени доколку не би можеле да ги споделиме нашите емоции со некој?

    Сабајлево додека си го чекав кафето, забележав една девојка пред мене на која и пријде очигледно пријателка или познаничка со која не се виделе одамна. Оваа вторава значително се израдува и ја погали по грбот првава, малтене ја гушна, а првата се поттргна небаре оваа вторава има чума и ќе ја зарази со еден невин, пријателски и ако ништо друго - позитивен допир.
    И тоа ме замисли. Јас не ги познавам девојкиве, немам поим дали се пријателки, дали некогаш биле пријателки или можеби во некоја далечна хиљаду и некоја си ги кубеле взаемно кадриците заради некој дечко, но гестот на поттргнување ме замисли. Колку студени станавме? Ко ледот на Антарктикот кој никогаш не се топи.
    Не плашат човечки емоции и воедно скржави сме кога станува збор за давање на сопствените и тоа е многу - тажно бре.
    Се вели дека секој од нас има сопствен приватен простор кој не треба да биде нарушен освен ако тоа самата личност не го посакува. Но ако никогаш никого не пуштиме во тој простор, животов би бил навистина сив, здодевен и пред се многу осамен. Ќе ни преостане само да си го обвиткаме телото со нашите сопствени раце и да си се сакаме сами. И толку.

    А јас сакам да покажувам емоции кога ги мислам и искрено чуствувам. Сакам искрено да сакам, да чезнеам, да почитувам, да посакувам. Сакам да погалам, да гушнам, да згмечам, да стиснам рака. Сакам и го правам тоа.

    Тажни. Тажни и за греотка се оние кои не го знаат тоа и не знаат што значи искрено да си наклонет кон некој човек. Уште потажни се оние кои на каква и да е покажана емоција гледаат со презир и потсмев :( Што знаат тие за животот? Ако не знаат што значи искрена насмевка, понудена рака, помош, бакнеж, гушка, галење им преостанува само да се изолираат и поттргнуваат пред секоја емоција од друг човек на која што ќе наидат.

    Студени времиња се ближат, дај да се гушнеме и стиснеме, ќе ни биде потопло а? ;)
     
    На Sparks, Go-Girl, Gea и 13 други им се допаѓа ова.
  3. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    Сакам да кажам...

    Денот започнат со солзи.. хмм..обично велат утрото по денот се познава..Значи знам што ме очекува во текот на цел ден,не ми се излегува никаде.Подобро во кревет и да го преспијам цел ден илиии нема да решам така се ?
     
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Оооо, па имаше поента твојот пост? Може и ќе ја сфатев да имаше, вака сеа...... :?: Зашто бе не кажувате вакви работи? :?:
    СДК, умрев од страв. До толку што не бев ни свесна дека сум се преплашила, видиш богати требаше овде да прочитам дека сум се преплашила......Зашто бе не кажувате вакви работи? :?:

    СДК.....сериосли, Vendiiiii, кулирај девојчице. Нит сум се преплашила, нит сум те разбрала погрешно. Имај убав ден!! ;) И сите останати!! :)
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    Доброутро :)
    после цел ден поминат наваму-натаму (а на пилатес везби и за размрдување, затегнување-филингот после тоа беше екстра :rock:а имаше девојчиња што се отказаа, но јас упорно везбав, дури една зена се чудеше како издрзувам :lol: слабичка, ама упорна и храбра :!: и така загреана трк до дома, се дотерав, штиклосав и трк на обука, и бев ваква :$ ама супер беше,и еве денес нема ниту трага од замор, ненаспаност
    (само малку проблеми имам со пукање на капиларите-и колоскопија, и лековите, и аронијата што ја пијам, и маслинки што јадам во неограничени количини џабе ми е се, а понекогаш како пред малку крварењето е како од циклус, пецка по малку(и ако казам на моите дома, мајка ми инфаркт ке добие :sweat: )
    се надевам дека веке еднаш ке престане овој проблем, оти навистина ме загризува :worried:
    имајте убав и пријатен сончев ден :)
     
  6. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Сакам да кажам...

    Ех зима.
    Порано ако некој ме прашаше кое ми е омилено годишно време без размислување ќе му речев - Лето! :sun:
    Сега без размислување ќе кажам зима.
    Осетив дека се наближува уште една зима,така што сакајки да проветрам го отворив прозорчето..и тоа беше тоа.Мирисот на зимата.
    Иако е крајот на октомври и нема снег,мене мирисот на воздухот ми е ист како кога врне снег.Се потсетив кога бев мала,ќе се враќав од негде и секогаш го проверував сандачето да видам дали има нешто.Знаете ли што чекав?-Честитка од роднините ^_^ Леле,каква радост беше тоа.Ми се исполнуваше цело срце кога ќе примев обично честитче(обично беа вакви)
    [​IMG]
    на кое пишуваше Среќна нова година.А радоста беше уште поголема доколку добијам честитка со дедо мраз кој пее(со батерии).Детенце бе :D Сега веќе никој не праќа честитки,изгубена е таа вредност,се се сведува на телефон,интернет..Па зар ако ми напишат роднините на Фејсук јас ќе се израдувам,исто како да ми пратат честитка?!Не знам за вас,јас сум сеуште дете во душа и се радувам на такви работи... :nod: Малку забегав од темата за која сакав да пишувам,ама морав да се олеснам пишувајки го ова.Зима - седиш пред компјутер,во хеланки,дебел долг џемпер,чорапи над хеланките,косата во несредена пунџа,со чај од нане во рацете и ужваш...
    За новогодишната ноќ пак..Мама пече колачиња,цела куќа замирисала на нив,ти си мноогу стрвна,пружаш рака да земеш колаче ама :!: тие се за вечерта,не се за сега.Порано кога бев помала,имавме обичај да викаме роднини дома и заедно да си ја прославуваме новата година..Полна маса,разборувани луѓе,гужва но се се стишува кога почнува оддбројувањето..10,9,8,7..аплауз,гушкање,честитање..Сега си слават мама,тато и дедо,додека јас славам надвор,иако би сакала и една нова година да си ја поминам дома..
    Бадник ми е најубавиот празник,искрено.Се пали оган,цело маало излезено таму,а таму ти даваат топло чајче..Тоа што е шербет,не е битно,сите уживаат во чајчето,пиејки го веднаш до огнот.А,кога ќе се вратиш дома,те пречекува топло домче,убаво сервирана маса на која има костени,тикви,смокви,риба.Убавини..
    Јас последниве денови малце сум зимо-носталгичарка,ама ќе прекинам,ќе дојде и зимата..

    Праазници се ближат,праазници се ближат,празници се ближат..Хо,хо,хо
    http://www.youtube.com/watch?v=B2DHvCc7MoY

    Имајте убав ден :hug:
     
    На Hopeful, zhap4e, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Абе еден месец може ли да помине без болка само еден, аман веќе ми се смачи од апчиња и од чуда аман :@ :@ :@ :@ : ќе те откорнам некој ден и ќе се спасам :@ :@ :@ :@
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    На Divinebutterfly, blond и crazylady им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.706
    Допаѓања:
    116.405
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Го обожавам овој период од годинава. Ладничко ветраче, а сонце грее. Дотерани девојки со капутчиња шетаат низ град и ги фаќаат есенските зраци сонце. Ехх колку само сакам да сум сега надвор. Ама ако, тука ми се неколкуте зраци сонце што ме галат преку прозорот. Иде викенд. Се надевам сончев.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Повторно ќе паднев во истата стапица, повторно ќе ја направев истата грешка, ќе ме кошташе живот но се извлеков во последен момент. Добро ме послужи интиуцијата. Жално е, повеќе за него одколку за мене, јас се спасив навреме. Никогаш не мислиме на тоа колкава болка може да предизвикаат зборови кажани на шала, зборови што во моментот не ги мислиме, зборови што ги кажуваме по секоја цена за да добиеме нешто... врежани се сега во мене и ме болат, неможам да ги заборавам, ни љубовта не е толку силна за да можам да ги заборавам тие зборови упатени на друга. Ах, вистината боли но секогаш е подобро да се знае.
    Она што боли повеќе од самото предавство е тоа што си бил тежок будала во очите на другите, гледањето со потсмев... но се се враќа, дојдоа моите 5 мин. и го направив своето. Се испратив во неповрат, ги избришав сите негови траги, му кажав се и не се каам. Ми олесна конечно, иако на потешкиот начин сега барем повеќе нема двоумење и размислување, слободно дишам со полни гради.
    Овој пат немав ниту грам жал за него, заслужи се што му се случува сега. Жално е кога прекасно сфаќаме кој навистина вредел во животот и кој заслужил се, а тој тоа дури сега го сфати, сега кога е веќе касно и кога направи премногу работи што обичен смртник може да ги прости и избрише, а јас сум само обичен смртник. Не вреди...

    Се враќам нова и во полн сјај, подобра и посилна од било кога, со новата љубов на повидок ... заслужува да му се посветам I`ll do it.

    Ех драги мои, научете нешто од ова.
    Кога гледате дека некој ве сака и се би направил за вас не го испуштајте, не го повредувајте, не го лажете, бидете искрени ако нема надеж, ако има дадете се од себе за да му го возвратите тоа. Ретки се таквите луѓе денес кои сакаат искрено и безусловно, јас сум сеуште таква, нема да се променам колку пати и да се изгорам, јас не се каам за тоа што сум го давала и правела затоа што сум љубела многу, може да се кае и да се треска од земја само тој што ќе изгуби нешто толку вредно дадено искрено од срце. Никогаш незнаете кога ќе ви дојдат над глава работите што сте ги направиле добри или лоши, а кога ќе стигнат лошите тогаш најмногу боли.
    Мене ми дојдоа добрите работи и конечно можам да кажам дека сум навистина среќна.

    Ова ви е порака за убав ден :f:
     
    На Buttterfly, Theodora, Neytiri и 13 други им се допаѓа ова.
  11. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Оваа категорија моментално ја разгледуваат: BeLLaDona23, Moira, scarlet, Steff.Unique, thatsmysecret, Twilight и 10 гости
    СДК стајте по едно кафе за гостиве, срамота е :!: :)
     
    На MSkorpionka, Divinebutterfly и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.396
    Сакам да кажам...

    СЕКОГАШ ПОЧНУВАМЕ ДА ЈА ПОЧИТУВАМЕ ФАМИЛИЈАТА ПОВЕЌЕ ВО МОМЕНТИТЕ КОГА СВАЌАМЕ ДЕКА ЌЕ СИ ЗАМИНЕМЕ ОД ДОМОТ :fubar: ;)
     
    На Go-Girl, blond и Serafima им се допаѓа ова.
  13. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сега кога слушнав дека постои емисија "I hate my mom" на MTV, се згрозив од тоа до каде стигнал светот.
     
    На Theodora, Gea, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Правосмукалка, средување, бришење прашина, мирис на политура и турбо фолк... Совршено ми е!!!
    I feel like Cinderella... Where is my prince?
     
  15. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека сум напред светлосни години од Ферги и Ким Кардашијан 8)
    хаха шала на страна, НОВ ХИТ ФРИЗУРА: ПУНЏА НА ВРВОТ НА ГЛАВАТА.. ( http://www.me-chitash.com/stil/moda-i-u ... na-glavata ) демек познативе сеа така почнале да ја прават косата. па јас ја носам така цел живот бе :D :dance:
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Денес убаво и сончево.Иксористете до максимум.Ама внатре е смрзнувачка :sweat:
    Ама да не се жалите дека многу ви е ладно,земете фатете нешто по дома и ќе имате двојно задоволство.Ем ќе се загреете ем мајка ви ќе ја израдувате кога ќе се врати од работа.
    Така јас вредница отсабајле,смукам,бришам прашина,го средив шкафот и уште малку ќе правам ролат со виршли,со готови кори.Домаќинка,нема што.
    СДК на татко ми дека не требаше да не напушти ,не не.Знаев тато дека се се сруши како кула карти кога не напушти ,но не знаев дека ќе станува полошо и полошо.СД ти кажам дека ми фали да ме пофалиш,и да ми дадеш подршка.СД ти кажам дека и денес ме боли кога ќе го видам твоето празно место на масата.Повеќе нема топлина.И знам дека не треба,ама лута сум ти што не напушти ;(
    Ех,девојки ве читам некогаш како сте им лути на родителите.И тоа за ситници.А во суштина сте големи среќнички што ја имате сета фамилија покрај себе,здрави и живи.Навистина ценете го тоа.Знајте дека само фамилијата е најголемата подршка.Таа ја дава најголемата несебична љубов.Знам дека некогаш и тие грешат,но знам и дека го посакуваат најдоброто за нас.
    Сепак среќна сум што имав таков тато,и што со задоволство се сеќавам на животот со него,иако со солзи,сепак убави и среќни мигови со него
    И ден денес прашањето-ЗОШТО ;(
     
    На Rubiii, najubava2010, enca.69 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Хахаха како мала само вака ја носев и јас се сејќавам дури препознатлива бев по тоа
     
  18. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека секое утро по пат за на факултет среќавам исти личности. Интересна работа :P Прво дечкото во униформа од кабелската телевизија кој постојано си хуха во дланките од студ. Потоа следува една секогаш средена и дотерана млада девојка (веројатно оди на работа, само не ми е јасно како не смрзнува по некои сукнички, танки хулахопчиња и сосем некое лефтерно сако :) ). Од другата страна на улицата се навикнав да ги гледам жената со нејзиното малечко преубаво кученце, дури и ми доаѓа да преминам и да ја прашам за расата и од каде и е земено. :P Исто има понатаму и една госпожа обавезно по домашни папучи, излезена пред двор и мети. Како што одам нагоре, при крајот среќавам обавезно една фацка, ама жива тиква во тоа главата, некако гледа и настрана. Не знам што станува толку рано, важно секогаш се мавта со таксистите тука на паркингот и ваљда му досадува.. И на крајот пред самиот двор на факултетот, секогаш се разминувам со уште една висока женичка со многу мило, кротко лице и поглед, што некогаш си помислувам дека и таа ме запомнила од секојдневното гледање, па сега сака да ме поздрави.. :) Е, ако ја сретнам неа некаде подолу на улицата - знам дека сум задоцнила па фаќам спринт.
    Утре ќе тргнам од друга страна и баш да видам дали и од таму ќе се случува истава работа :D
     
    На mims-89, Johny, BeLLaDona23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Абе убави песни имале Ареа. Овие денови си ги слушам...
    Порано по малку ги слушав, ги запознав со ,,Сите мои слики‘‘, а сега гледам и поубави песни имале.

    [​IMG][​IMG][​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=G3eQ71NY ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=btlZVAel ... re=related

    :)
    Ајде сега пак школо, секој ден истото, истата рутина... |-)

    btw: Have a nice day! :rock:
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам... :)
     
    На irenna и enca.69 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.