Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Ич не сум заприметила -ми никнало бело цветче :)
    не во градина ами под аватаров ,можеби зато што скоро година сум на форумов ја знам секоја феминка каков стил има на пишување тука дури и дел од карактерите на некои научив,и се осејќам како староседелец на форумов па цветов кој го видел |(
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    или некој лаже :?:
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека е мошне глупаво и иронично кога добрите и паметни луѓе страдаат од лоши и глупави луѓе. која е тоа иронија. кога понекогаш ќе се свртам назад и ќе се запрашам, кој, кога и како ме повредил, тогаш дефинитвно одговорот е дека сум бил жртва на мојата добрина, скромност и разбирање за другите од една страна, и суровоста, глупавоста и нискоста на другите луѓе. скоро сите сум ги преценил и згора на тоа сум се надевал дека ќе се променат. или кога веќе сум сфатил дека се човечки ѓубриња, пак сум очекувал од нив човечки да се однесуваат, што е крајно наивно. а тие упорно ми покажуваат дека со своето однесување, не само што не се однесуваат подобро, туку дека можат и уште полошо. ете тоа е лекцијата за однесување со лошите луѓе, со кои за жал, се уште, морам да комуницирам, било професионално, било приватно. отсега, пред да почнам комуникација со нив, ќе го очекувам истото лошо однесување, а не е на одмет да бидам спремен и на полошо. на човечката глупост дефинитивно и нема крај. секогаш можат да те изненадат со уште поголема глупост, себичност и лошотилак.

    а најидеалното решение е воопшто да немам контакт со такви луѓе, арно ама бројот на морални ѓубриња во македонија е огромен, па каде и да се свртиш, ќе налеташ на некој од нив. ќе треба да направам „Прирачник за однесување со лоши луѓе во секоја ситуација“ :devil: Како да се преживее неколку саати со злобниот шеф или директор, завидливиот другар, фрустрираниот родител, досадниот роднина, лажливиот и самобендисан менаџер, политичар, екперт, професор итн...Книгата ќе биде бестселер :P
     
    На ljubam, Divinebutterfly, PussyHunter и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Сакам да кажам...

    Денов е прекрасен! Убаво се погодија овие неколку дена после дождот...времево почна да наликува на есен.
    [​IMG]

    Наредниот месец ќе ја видиме вистинската магија на есента. :D

    [​IMG]

    [​IMG]

    Имајте сите убав ден!

    http://www.youtube.com/watch?v=uCg2BoKiuOM&ob=av3e
     
    На zizela111, crazylady, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    Покрај сите споменици кои нашата држава ги иницира и гради јас лично планирам да поттикнам иницијатива за да се направи еден споменик во облик на книга. Една огромна, 5 метарска книга за да ги запознаеме децата со тоа што е книга и да ги потсетиме младите со тоа што беше книга. Најсериозна сум за ова. Како бе стигнавме до оваа необразованост?? Зар е можно луѓево околу мене дотолку да затупавеле? Еј, буквално забораваат реченица да направат, за просто проширена да не правиме муабет. Ако успее некој како да докторирал. Бог да чува, само тоа ќе кажам.

    Гледам вчера телевизија и даваат реклама за најнов албум на животинско царство каде незнам како сликичките преку компјутер се гледале во 3Д. Животинско царство на компјутер, е ај сеа. Следно ќе смислат ќе биде да ја внесеш храната што си ја јадел денес па компјутерот да ти предвиди какво ќе ти биде
    гомцето......пардон мај френч

    Јасно и гласно кажувам, ако некогаш имам деца ќе ги гледам во планина, 2000м подалеку од сите. Па барем тие ќе знаат дека температурата на човечкото тело не е 40 степени, за разлика од некого....... |(

    Трагедија сме, трагедија. Заборавиле луѓе да сонуваат, да размислуваат, да живеат. Како да имаме незнам ти какви обврски во живот па за се ни треба компјутер и технологија. Тие што работеле на унапредување на ова во гроб се превртуваат сега. Заборавивме дека целта на овие технички ПОМАГАЛА е да ни овозможат повеќе слободно време за да уживаме во животот. Па денес тие ни се животот.

    Си се крстам, вакви фацки правам :x |( . Каде со овој мозок, каде?
     
    На Buttterfly, Strumfeta93, marama и 13 други им се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Моето „добра ноќ“ е искрено. Да, само тоа е искрено!
    „Добро утро“ морам да кажам на секој познат кој го среќавам наутро, на секој професор, на секој соученик. Не дека сакам на сите тие да им посакам добро утро, туку морам од учтивост.
    „Добар ден“ исто така морам да кажам секому, само што сега бројот на луѓе кои ќе ги сретнам се зголемува во споредба со утрото...
    „Добра вечер“ пак секому, ама бројот е помал...
    Ама „добра ноќ“ не морам никому да кажам ако не сакам. Ако разговарам со некого, едноставно можам да речам „чао“ и „добра ноќ“ да го изоставам. Ама ако сакам ќе речам.
    Кога праќам порака со „добра ноќ“ таа е искрена... Ја праќам зашто сакам да посакам добра ноќ...
    Ако на крај од разговор кажам добра ноќ, велам зашто сакам, не зашто морам.
    А велам само на оние кои ми значат, кои ги сакам и кои сакам да имаат добра ноќ.
    Затоа само „добра ноќ“ ми е искрено...
     
    На Theodora и Grunge им се допаѓа ова.
  7. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк не ми се јасни луѓето кои се оптеретуваат со туѓите животи.
    Што го него интересираа таа кога прв пат се е*ела. Врв на се беше што го засрами девојчето пред сите.Значи каков недораснат првооделенски акл.
    И колку можеш да се изненадиш од личностите од кои не си очекувал. Секако, се работи за непријатно изненадување. За жал. Да и помогнеш во животот, да ја советуваш како да оди напред и да не запаѓа во депресии, а тие вака враќаат. Абе си кажав јас на никој не верувам повеќе.

    Не е крај на денот, но ова е последно нешто кое го слушам денес, позитивно.
    Ја примија професорката на одделение. Во текот на денот или утре би требало да се породи. Многу ми е мило за неа. Се надевам дека ќеркичката или синчето ќе биде живо и здраво.
     
    На Monna.Monna, Doozy, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Сакам да кажам...

    Верувате во нешто како lucky charm?Јас да.И покрај тоа што сабајле се успав и за малку ќе закаснев во школо,видов паричка ,денарче,на сред раскрсница.Оууу јееаа!!Не постои ништо,само јас и паричката.
    (Mode:Ninja)
    Не дека немаше свирки,али..еј,паричка!Немам најдено од 7мо одделение.
    И така фино-лепо си ја собрав. 8)
    Во школо милина!
    (Знам дека не е до паричката,али среќна бев..и сум)

    А во клупите простилук колку сакаш.Не сум експерт за мајчиниов јазик али да не се знае именка и придавка,а да учиш едно исто од прво одделение,ако не и од забавиште па не малку,ма претерано е срамно.И вакви генерации ќе решаваат светски проблеми.Кхм..Кого залажуваме?!


    Сега одам да си го бодрам момчето.


    П.С.Едно „здраво„ може да направи да се чувствуваш прекрасно,исполнето,посебно!Мило ми е што денес го добив тоа „здраво„
     
    На Go-Girl, Trendafilka, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК јас денес откако си го испив кафенцето и милион мисли уште ми шетаат низ главата(кога ли ќе им се смачи :) ) планирам да излезам малце на воздух и да одам во природа...Паркот не е како на некое ридче да одиш и убаво да прошеташ,ама сепак добро ќе ми дојди. Сме ја заборавиле природата...Барем малку мир да имам,ако ништо друго...не дека ќе ми поминат мислите,ама сепак,малце ќе се опуштам.
    Убаво е да се видат жолтите лисја кои паѓаат надвор (а не само пред телевизор да се гледало Кога лисјата паѓаат :D ,одете таму прошетајте,сегде има паркови) убаво е сонцето кога свети вака и не е дождливо времето,иако е ладно,убаво е да попешачиш,макар и сама,и онака ми е доста од лажни луѓе...Ми се чини на фемина има поискрени луѓе,од оние во мојот живот...Како и да е,да не губам повеќе време,само ќе кажам,сакајте ја природата и чувајте ја и имајте ми убав ден... :*
     
    На LivingGlam и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Кафе и колач со вишни.
    Нежно сонце и груба музика.
    Денес нема факс,уствари има али нема.Зошто не ми се иде,ми се ужива.
    Со мама.Каква жена.Би можела со денови да седам само со неа да збориме,да ми дава совети,да ме нервира и да ме сака.И да ми прави колачи со вишна секако.

    Сакам моите деца да ме доживуваат како што јас ги доживувам моите родители.Такво нешто треба да се заслужи,а не секој родител го заслужува.
    Ги гледам со восхит,со почит и пред се со љубов,многу љубов.

    Незнам што ме разнежнува волку..есента?Можда.
    Знам дека секогаш ќе останам мамина и татина маза.Баш како и они што се извор на мојaта среќа,секогаш.
     
    На teddybear, marama, Gea и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Сакам да кажам...

    ...се смеам на stupid bIACHes што научиле само да јадат, пијат, спијат и да се дотеруваат и после пукаат фејсбук филозофии со цитати од Грета Гарбо, Мерлин Монро, Сузана Гавазова.

    Сапун!
     
    На Buttterfly, Strumfeta93, la-chicka и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=FJgwnUwauPA
    Ова хартијава све држи, е си се пресмеав
    сеа со мерак ќе продужам да си решавам задачи иако моиве се економски
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    Дека по незнам кој пат, пак ќе си го гледам Memoirs of a geisha!
    Проклета да сум, како не сум се родила во тоа време, и по можност Јапонка!
    Фасцинирана сум од нив.
     
    На Magnolija, Doozy, creshicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам... Пак раскрсница... И кај да тргнам??? Give me a sign!!!!!!!!!!!!
     
  15. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    дека се заљубив и без да размислам кажувам МОЈ Е :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На ViktorijaMari и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    Живеам јас за себе. Немам потреба од никој ништо да барам ... имам свои правила и пред други не потклекнувам ... Живеам како што знам и умеам ... Само така никогаш нема, никого да обвинувам.
     
    На Johny, Strumfeta93, Go-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Со книгата пред мене, какото во рака и моето мрзливо мачорче што ми дреме на рамо, пробувам да го совладам овој обемен и апсолутно непотребен, пренатрупан материјал.
    Носам два пара чорапи, очигледно премалку за мојов шокиран организам и се смеам на позициите што ги зафаќа малиов додека спие. Имам нагони да го згмечам од гушкање.
    Едно време имав идеја да фаќам битни белешки, ама сконтав дека тоа ми е трошење време, зошто по дифолт на испит се паѓаат прашања што се тотално небитни и се содржат во најмалиот пасус што практично не се ни гледа на страната.
    И не ми беше тоа поентата на постот.

    Ние сме страшно глупави луѓе. Наместо да се држиме до поентата, кружиме околу неа како пчели, ама за разлика од нив, ние сме страшно непродуктивни. Информации имаме триста од кои само 3 ни се всушност корисни. А упорно си зуеме и си собираме срања од сите страни.
    Мене барем главата ми е преполна со муабети, датуми, ирелеванти и хаотични мисли.

    Мразам зима.
    И ако не се стабилизрам наскоро, пак ќе ви напишам пост со преводот на -мразам зима- на сите можни јазици во светов.
     
    На Strumfeta93, crazylady и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Сакам да кажам...

    Teжок е животот кога неможеш да си дозволиш да се возиш со такси и кога врне истура. Тежок е животот кога гледаш како секојдневно луѓето влегуваат во McDonalds а ти не се ни осмелуваш да погледнеш внатре. Тежок е животот кога неможеш да си купиш нови обувки и приморан си да ги носиш оние старите од пред 2-3 години за кои едвај собра пари да ги купиш. Тежок е животот кога дома ти се трупаат сметките една врз друга а немаш пари ни една да платиш. Тежок е животот кога секој пар чорапи ти се скинати и си приморан да ги шиеш истите секојдневно. Тежок е животот кога алиштата ги переш надвор со ладна вода и со сапун. Тежок е животот кога доаѓа зимата а ти немаш ни половина собрано од парите што ти требаат за да можеш да се грееш, да не умреш од студ. Најтежок е животот кога детето ќе ти побара пари за смоки или за чоколада а ти немаш да му дадеш, и срцето ти се расцепува и почнуваш да плачеш.

    Тоа е тежок живот, а не оној, не ми даваат 1000ден од дома за излегуање, само 500. Несакаат да ми купат нов Iphone 4, несакаат да ми купат нов лап топ, не ги купуваат најновите аirmax патики, добри ми биле тие од минатиот месец
    (според мене најшит патика ама јаде)
    не ми се живеее , не ме сакаат дома родителите. Бедно.

    Не ги отварајте сликите ако неможете да поднесете потресни содржини
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На zizela111, Look, Whatsername и 13 други им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    ^А уште потажно е што родителите ги носат на свет тие деца, а притоа знаат дека неможат да им ги пружат потербните услови за живот.
     
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сум добила 4ка физика. :o
    Е ова незнам што чудо ќе беше, ама се случува еднаш во милион години. :rofl:
    Ај да ве почастам по повод оваа прилика, зашто ретки се ваквите прилики. :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.