Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    Мириса на зима..
     
    На Trendafilka, Monna.Monna, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Не да мириса, синуси корне.
     
    На Rozich, Elennaa и Ann.94 им се допаѓа ова.
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    :wasntme: Шо праите бе?

    Розите се црвени,
    синоличките сини,
    пак ја затупвте со некоја тивка војна на форумов
    или мене само ми се чини? :^)

    Пошто да бидам искрена, ѕиркав со едното окце, кај ве оставам туку така :D
    Само сакам да им порачам на некои досадни, веч видени ликови што се обидуваат да го трујат форумов со пред се небулози, а после тоа и самото нивно присуство следново:
    „ Користете го нетот во хумани цели и помогнете си себе си, наместо да кмишите тука и да завидувате на нечија оригиналност.Кога реков хумани цели мислев на средства од билни екстрати кои ќе ја намалат вашата хормонална пореметеност, или во краен случај пуштете си Пинк, воздивнувајте на бесните строфи на Сека Алексич и не мрчете ко мачка сред февруари пред контињер. Со вашето бесполезно и неиздржано критикување на вистинските вредности освен што се смешни, на преден план ја ставате и вашата очајност која нема да ме зачуди ако влече корени од детството кога комшиската другарка секогаш ја фалеле а вас не...Пријатно и имајте убав престој во вашата досадна затвореност.“

    Сите други...ве бакнувам, за инат на гореспоменатите :D

    Конечно пробав ајвар и во моментов тоа ми е најголем успех :D ...се друго ми е поврзано со работа, Либенце а тоа веќе ви е познато :P

    Бај бај. :hai:
     
    На Phyramide, SexyLady, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    СДК ... ми се наполнија очиве, ме полазија морници :x

    http://www.youtube.com/watch?v=W86jlvrG54o

    А вие добро размислете за себе и за животот ... дали вреди било кое банално незадоволство, банална нервоза, солза, кавга ...
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Дедо како дедо, пие чај само од мене.
    Баба го вика магаре дека нејзиниот не и го пие :P
    Тато како тато, подобро му е само јас кога ќе го гушнам или измасирам.
    Мама го вика вол затоа што од неа ништо не сака :P :D
    Јас како јас само се смеам. И пружам љубав бре.
    А моето теле прееска се јави да ме праша ме сакаш ли? И отиде да полага.
    Целата среќна и лепршава, со слушалките во уши слушајќи мирно музиче од типот оливер драгоевич, боб марли и тако даље газев по скопските ми улици да стигнам до саканата дестинација.
    Капучино од чоклит, лешници и денов не може да е поубав бе.
    Сум изолирала денес де ен ка, јака сум бееее. (кога следам прописи :rofl: )
    И такој, морав нешто тук таму да ви кажам оти немаше да ја бидне работата.
    Имам и за мрчење, ама во наредни нервозни прилики.
    Денес јок.
    Денес сите ги сакам. Дури и тие што не ги сакам :emo:
    И да ... ми се всадија нови бубалки во глава. Абе само ми никнуваат идеи, просто срцка сум.
    И ќе ги исполнам па мајка Јана нека е. :!:
    Ха ха.
    Чурук створење ме вика дедо, се што ќе зацртам морам ама морам да исполнам.
    Соу, мама'с новчаник или папа'с џеб, гет реди ќе ве напаѓам во брзо време :D
    Имајте фина лепа убава вечер, за мене работен ден е уште утре, љубоморете ми бррррм :P
    Пс. Утре одУм на шоп шопинг по капутче. Иха 8) На здравје.
    Ај чаос одам да го гледам Чак :hai:
     
    На la-chicka, firequeenn и MacaLove им се допаѓа ова.
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сакам да кажам...

    Немам време за ништо...
    Растргната сум на сите страни, не знам на што да мислам попрво. Дали на себеси, мене да ми биде добро, или на другите? :|

    Преокупирана сум со многу работи, и битни и не толку битни. И едните и другите неможам да ги извадам од глава.
    Незнам што ми се случува, ама сакам што побрзо да заврши периодов. Толку многу ми е потребно да се одморам. А такво нешто изгледа дека ема да има наскоро. :?:

    Како и да е, на другите никогаш неможе да им се угоди.
    Зошто мора да постојат чувствата... само ме измачуваат. Кога не ги искажувам сум ладна, бесчувствителна, а кога покажувам емоции сум слаба... :?:
    Но јас знам дека од себе неможам да избегам. Џабе ми е... каква и маска да ставам, колку и да се смеам а во себе плачам.

    Но на кого да му го кажам ова???
    Кога треба да те осудуваат и да солат памет први се, а за совет и поддршка ги нема никаде
    Штета што нема кој да ме разбере, така ли треба да се однесуваат пријателите? А јас, глупава, сеуште верувам во ВИСТИНСКОТО пријателство. :x
    До кога?
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК сакам да оздравам што побрзо, ја сакам есента, и сакам да шетам секоја студена есенска вечер или да киснам во мојот омилен кафич со чајче од портоал и рум, и бидејки сум редовна гостинка и еврибади лав Црешичка ми ставаат и малку Рум (пијалокот) во чајот. :wasntme: Не сакам веке да бришам мрсули, не сакам да ми биде црвен носот и да го имам она одвратно чувство како во секој момент да ми испука устата... Не сакам да сум болнааааааааааааааа :@ Инаку еве кој чај го пијам ако имате прилика обавезно да го пробате, преубав е
    [​IMG]
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    САКАМ ДА КАЖАМ:

    Почнувам да го спознавам светот во кој живеам
    Се повеќе ме заплашува, колку повеќе го согледувам.
    Ги гледам луѓето што ме опкружуваат,
    Разни фанатици што ме загрижуваат,
    Го доведуваат моето постоење во опасност
    Со нивната безгранична суровост и безмилосност.

    Среќавам луѓе со желба за центар на внимание
    Таквите по се изгледа ми станаа секојдневие.
    Опкружена сум со луѓе без идеи и разни фејкери
    Дволични проклети суштества, но прави актери.
    Осудена сум да гледам секакви луѓе и фаци,
    Што живеат во некој розов свет и летаат во облаци.
    Денес способноста за идиотизам стана човечка вредност,
    А мене ми е преку глава од кретенизам и секаква неправедност.

    Живеам во општество полно со стереотипи и дискриминација,
    Лошо воспитување и секакви негативни влијанија.
    Општество во кое нема ни трошка либерализам
    Место каде и уметноста е дел од тој пуст комерцијализам.

    Си велам дека сигурно живеам во некоја погрешна ера,
    Јас не можам да опстанам онаму каде на алчноста и нема мера!
    Користољубие и непријателство на сите страни
    Сурова борба за предимство и високи пласмани.

    Од достоинството не остана ни трага ни глас,
    За успех во животот се гази и сопственото „јас“!
    Слепо верување и потчинетост кон идолите
    Мене ми се чини, или се отишло по ѓаволите?
    Се гнасам од она што секојдневно го гледам,
    Бесполезно се обидувам овој хаос да го средам.

    Се губам во денешниов простор и време.
    Затворам очи за да одморам во меѓувреме.
    Да одморам од ова лудило што се случува,
    Со доза страв дека можеби и јас ќе полудам!
    Правам обид со ова безредие да се справам
    И се што сакам е на овој хаос точка да му ставам.

    Намерно не ја ставив песнава во „Ваши дела - поезија и проза“, затоа што баш ова е она кое сакам да го кажам во моментов
     
    На Crixus, Johny, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам да кажам...

    СДК,Некогаш навистина едвај се воздржувам да не им кажам на другарките за некои мои работи ...
    Едвај премолчувам да не им прераскажам за некои работи кои треба да ги премолчам и многу се нервирам за оваа моја особина!

    There are many things in your heart you can never tell to another person. They are you, your private joys and sorrows, and you can never tell them. You cheapen yourself, the inside of yourself, when you tell them. -Greta Garbo

    Арно рекла Грета Гарбо .секоја чест :)
     
  10. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам...

    Се наоѓам во многу тежок период.
    Дури мислам дека треба да одам на психолог, да подискутирам за некои работи
    но кога би им кажала на моите дома којзнае што би помислиле нели?
    Сите пушат околу мене, ме печат очи од димот... Едноставно тоа ме прави :Down:
    Незнам веќе кај се наоѓам. Тешко ми е. Ми доаѓаат солзи моментално.
    Дефинитивно ми треба помош
     
  11. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Навистина треба добро да се размисли за животот после вакви потресни приказни. Како ли е да живееш со такви деформитети? Како ли е да не знаеш кој ден од годината да го празнуваш како свој роден ден? Им се восхитувам на ваквите борци, тие знаат и како да ја ценат секоја ситница во животот. Секоја чест и за мајката што ги посвоила!И пак се потврдува правилото, оние со вистински талент, оние со енормни квалитети се најскромни и несвесни за она што го поседуваат.
     
    На mims-89, Grunge и julie77 им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    во разговор со матичниот гинеколог, ми објасни дека инфекција не се појавува за 3 дена, туку мозе и да потрае подолго време(како на пр. година дена) затоа сите сексуално активни треба да прават 1наш во годината ПАП тест(и доколку не биле активни, вази истото, штом веке еднаш " се пуштиле во промет :lol: "
    а мене ми е страв леле мајко, ама морам да отидам да стиснам заби и да издрзам(на стоматолог ке отидеш ке ти стават инекција, нема да почуствувавш ништо, ама овде треба храброст :wasntme:
    блазеси им на машките, а тешко на нас зенските :worried:
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК преку глава ми е од овој круг.
    Се` се повторува, истата приказна кружи. Изгледа дека ќе морам јас да пресечам.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Манџа се некои луѓе. Ем оксис, ем морон.
    Од тие манџите баба што ги прави. Во нив се' се става, се' ќе најдеш.

    Одам да ја читам Норвешка Шума на Мураками и да одморам. Убав ден иначе :)
     
    На Johny и Oxymoron им се допаѓа ова.
  15. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека ја листав темата „Кое е најубавото изненадување што ви го приредил саканиот?“ и си се разнежнив. Чувајте си ги таквите цурици мои мили, а не по незнам ти таму колку години брак ко мрцина да седи само и да му готвиш да се тови.. Брееј.
    Едни пријатели на мајка ми и татко ми се така уште заљубени. Тој па пустиот колку ја сака, нон стоп и купува нешто, се рчкаат, се гушкаат, па ќе си се бацат.. Абе бетер од дваесет годишни се.
    Ама ако, нека си се сакаат луѓето. На никој не му штети љубовта, нели?
    Убаво ми е така кога гледам љубов. Кога ја чувствувам, примам и давам истата.

    Добро де, незнам што зборам.
    Денес сум посебно среќна и те мрчам нешто, те се фалам..
    Цел ден зборам без престан! Тешко на тие што седеа со мене :)
    Ајде ојдов јас по уште љубов. Се повеќе и повеќе ми е потребна.
    Како дрога е мајке ми... :wasntme:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Си оделе две девојки, едната глупа, а другата исто група на фејсбук. |(
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес за прв пат после 15 години,низ прозорот ми одекна зборот јанино од децата собрани пред влезот кај баба ми.Јас сум растена во маало каде се е нови згради и немало деца на моја возраст,па затоа и се изненадив денес.Веднаш искочив на балконот од "мојата соба" кај баба(иако на сите нејзини внуци е таа "наша" соба кога сме кај неа) и почнав да ја следам нивната игра,џагор и смеа.Беа измешани и момчиња и девојчиња и беа скромно облечени.Беа гласни,иако беше ручек време,но на никој не пречеа.Беа среќни,дефинитивно многу среќни и исполнети,таква порака испраќаа нивните насмевки и раце кои ракоплескаа на моменти.Се насмеав и ги набљудував уште некое време,ми годеше свежото ветре од многуте дрва кои се наоѓаат до самиот балкон.Зелено-жотлите лисја висеа во недоглед,нема сомнение си реков,есента е очигледна.
    Додека стоев,ме обземаа две чувства.Едното беше можеби себично и љубоморно,бидејки ми фалат овие денови од детството,иако имам многу пријатели и другарки блиски,сепак се незаменливи оние со кои растеш,а мојата зграда и улица ми го ускратија тоа.Другото чуство,беше непроценливиот спокој што го осетив за прв пат во последниве најтурбуленти месец дена од мојот живот.Се осетив безгрижно,заборавив на грижите кои ми го газат животниот сон,на периодов низ кој минувам и го среќавам и во соновите како кошмар најголем,иако е само реалност најстрашна.
    Среќна сум за сите благодети,и пред се за ова семејство што го имам,за родителите кои страдаат дупло повеќе од мене и дупло повеке ја осеќаат мојава празнина,загуба и немир.
    Тој спокој ми даде сила и надеж да верувам дека ке помине сево ова што го направи мојот живот да добие обратна димензија и да тргне во обратен правец.Чуствувам,силно чуствувам дека многу брзо ке прекине овој малер,а јас ке бидам старата девојка со насмеано лице и насмевка за која сите зборат и по која сите ме паметат и знаат.Сјајот ке се врати во моите очи,а јас посилна од било кога,порешителна од било кога,ке "газам" од таму каде застанав пред 2 години,стремејки се кон мојот животен сон,охрабрена од сето искуство ,а пред се од желбата која од ден на ден се повеќе расте и ме исполнува.
    За крај би го додала советот на моја пријателка,доказ на нејзиното лично искуство-посакај си сон,и нема сила што ке те спречи да стигнеш до него.
     
    На LivingGlam, BurstBerry, Miss-Independent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам
    БРАВО за девојката која го покани примерокот од спротивниот пол на кафе!
    :wasntme:

    Гоу :$
    Покана прифатена и реализирана....ахам 8)

    Е не, ќе се заебаваме :bandit:
     
    На Neytiri, AnaKarenina, Monna.Monna и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Сакам да кажам...

    СДК девојки, се здебелив како СЛОНЧЕ! А по некое големо чудо, не ме боли за вишокот сало околу половината и задникот. Продолжувам да јадам како свиња (еве баш, сеа изедов две огромни кифли со растопен кашкавал! yummmy :P ) и продолжувам да се дебелам. Порано, да ми се десеше вакво нешто ке праев стомачни и ке вежбав дури и у сон! |( лооол! И не ми е јасно зашто елегантно пополнетите девојки ги сметаат за непривлечни?! Ја, баш сум срцка, си го напраив задникот 3 на 3. :$ И да не ве замарам више, позз до сите оние piggies како мене :inlove: не се нервирајте, срцки сте баш онакви какви што сте! а и позз до слабите, убавите, неубавите и просечните! :D сите ве сакам! :*


    пс: без нервоза, ке ослабнам, само сеа за инат неќам! 8) :* :devil:
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Doing something is not important.
    Doing the right things at the right times is crucial. ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.