Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сакам да кажам...

    СДК обожавам кога ќе станам порано,пред да осамне и уживам без никој да ми пречи и да ме замара со глупости.Уживам сама со себе,со тивка музика,со своите мисли и се одеднаш изгледа така лесно и едноставно се додека не започне денот и не започнат сите разочарувања и проблеми.Го мразам денот,го мразам во овие моменти кога ништо не е како што треба.
    Некој кој си го сметал за близок наеднаш ти врти грб,си реков нема да се замарам со тоа но не можам.Премногу работи за решавање,премногу дилеми,ох само јас си знам како се чувствувам но не очекувам некој да ме разбере.Само едно ќе кажам.
    Не прави го она што не сакаш да ти го прават и кога не си бил во туѓи чевли немаш право да критикуваш.
     
    На Johny, Divinebutterfly и eli25 им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Утринско исфрлање на емоциите на фемина...
    Утрински нервози во вистинскиот живот...

    Добро бе луѓе... Некој малер ме затерал... Неќе да си иде... И овојпат стварно не правам ништо, нема ветување дека нема да правам, туку навистина седам и се нервирам и немам сили веќе да правам нешто...
    Искрено, не ми се ни прави!!!
    Ќе си преќутам и овојпат! Ама кога ќе капне капката што ја прелева чашата ќе биде јако!

    Утро како утро, мило ми е што успеав да станам рано за да си го испијам дома првото кафе... Колку-толку барем тоа е убаво... Да не се жалам после дека немало ништо убаво...

    Доџе ми да вриснем во овие рани утрински часови...
    Глупава сум што дозволив некој во 6 и 30 да ме изнервира! Во секој случај, еве јавно му се заблагодарувам за нервозата, бидејќи не можев да продолжам со спиење и си пиев кафе пред да отидам на факултет. :bow:

    Не знам колку е паметно да гасам телефони и да се исклучам од електронскиве средства за комуникација, но најверојатно и тоа ќе се случи денес после пладне! Не дека ми треба да бидам сама, ама не ми требаат веќе овие луѓе... Ми треба некој со разбирање за мене, не само јас да ги разбирам и поддржувам луѓето! Кај сум јас во целата приказна? Кој ќе ме поддржи мене? Само родителите?
    Да, тако му доџе! Затоа и неизмерно ги сакам и почитувам и ценам и разбирам и ми е возвратено! Барем од нив. Фала мамо и тато!

    Се извинувам за постов што е ваков уште посабајле, ама тоа е животот...
    Ви посакувам убав ден, а богами на себе си посакувам челични живци!!!
     
    На starfish и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  3. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Сакам да кажам...

    Добро Јутрооо..(мрш пизда ти материна)!!! :lol:

    Четврточно утро...интересно,малку луто и тажно но полно со надеж дека ќе биде подобро (ја надежна??? ма ќе врне 100% :rain: )

    Живот...неможе да врне засекогаш...ќе биде подобро
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Добро јутро џезери.

    Вчера ми капна солза од воодушевување и трогнатост за нешто што прочитав, нешто што неизмерно ме разнежни, денес несакајќи и сосема уникатно плачам со едно око поради чудоно кое ми влета во него. Толку мало и незабележливо а мораше ама мораше баш во моето окце да влета за да конечно го забележам. А пече и боли ко смрдлив прдеж :devil:

    Туку...имам нов љубовник. Односно стар е, ама повторно почнавме да се сретнуваме. Го запоставив едно време заради друг но видов дека без него не можам. Ме гали навечер, заедно легнуваме во кревет, се гушкаме, некогаш маста му ја вадам кога гледам сабајле како изгужван се тетерави покрај мене, а сабајле уште помалку го оставам да здивне. Ќе биде ова долга љубовна афера. Изопачена, несекојдневна, кинки. Не ви го кажувам името, само иницијалите. ХМ. И не, не е Харалампие :lol:

    Четврток ко четврток. Јас ко јас, хулахопка ко штикла, фустан ко шал. Се е во ред, само да не беа овие маливе бубачиња ќе бев уште поарна. Добро каде на студов излета сеуште се чудам?! И да ви кажам право се нервирам. Што може мало, црно и кисело (судејќи по тоа колку ми е отечен очниов капак) да ти направи.

    Иш. Една повеќе тривијалност за замарање, и уште една помалку од истата бидејќи јас по default со глупости не си го полнам главчето. Само можеби понекогаш онака en passant.

    Au revoir filles et bonne journée. Бакнете го сонцето, допрете го дождот, погалете го ветрот, гушнете го денот, клоцнете го студот, шутнете ги непотребните проблемчиња и проблемчичи и удрете чврга на по некоја бубачка која ќе ја сретнете. Јас немам време за одмазда, чекам кармата да ги зае*е сите кои ми згрешиле :D
     
    На Johny, Sparks, lolyta777 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    Долгите прошетки ноќно време, дури и на само неколку степени Целзиус, дури и без друштво, многу пријатно го бистрат умот, ти ги враќаат мислите на место, во строј.

    Утре е прв ден на работа. Моите ме прашуваат како се чувствувам, дали сум спремен, имам ли трема...

    Смешни прашања...
     
    На Theodora, Divinebutterfly, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  6. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Сакам да кажам...

    ...дека денеска сум некако сентиментално расположена, секакви мисли ми поминуваат низ глава, секакви чувства ми се плеткаат, размислував и сфатив колку е важен родителот во животот на едно дете и колку мене ми се важни моите родители...

    па поради тоа сакам да кажам дека им се заблагодарувам за секој еден мил збор упатен кон мене, за сите моменти на поддршка кои многу ми значеле, за секоја една непреспиена ноќ поради мене, им се заблагодарувам за тоа што целиот живот работат за јас да имам покрив над глава, храна и облека, што ми одат по ќеф за се што ќе запнам :tmi: исто така и на караниците кои биле со намера да ме поучат на нешто, и највеќе поради тоа што ме воспитале и изградиле во личност каква што сум сега, што ми покажале што е праведно а што не :) МАМО ТАТО, ВЕ САКАМ ! :)
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Сакам да кажам...

    :clap:
    Се моли и тоа како, се плаче на глас...
    А мрчат за фејсбук :x
     
    На JuLleE, manja666, anuskaNESTLE и 4 други им се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    I am not going to loose you again, I don't know if my heart could take it :u:
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК некои луѓе немаат воопшто осет, ниту пак трошка срам :fubar:
    Но можеби и така е подобро да се правиш прост и будала за некои работи :?: гледам таквите подобро поминуваат... :@
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Сериозно? И овде некој моли за лајк?! :o
    Јес да мене и тоа на фејсбук молење ми е научна фантастика, прв пат за тоа дознав тука на форумот - ама јас сум друга возрасна категорија, веројатно такви работи не ме интересираат ниту пак некогаш би ме интересирале а ниту пак сум ги доживеала.

    Забележав друга работа. Пред некој ден прочитав некоја тема заради заклучена категорија - На два три реда муабет, и сфатив дека се работи за стара рана, која била залепена со ханзапласт. И тогаш ви пречеа цветчињата. Не знам на кој точно, но пречеле, извинете ми го второто лице множина. Денес лајковите. Утре што? Имињата? :)
    Поентата ми е таа што секогаш нешто ќе му пречи на некој.
    А се додека има такви на кои им пречат ирелевантни работи, се дотогаш еден форум нема да личи на форум. Се додека некој субјективно поставува критериум за пишување, коментирање и го презентира како објективен, се дотогаш луѓето нема да имаат воља да пишуваат. Се додека се брише беспотребно и се воспоставува некоја си „воена доктрина“ по темите па уште и се игнорираат неговите членови, се дотогаш нема да има ниту пак ќе се создаде желба да се пишува.

    И не разбирам како не е здодевно за едно те исто да се врти нон стоп. Не бил форумот она што бил. Мислиш постои со векови па као у времето на Јозеф Втори не беше ваков, не не, образовните реформи на Марија Терезија го уништија :^) Не знам каков бил, гледам каков е сега, и признавам заради горенаведените причини ни мене некогаш не ми се ни отвара ама наоѓам теми кои ме скокоткаат, инспирираат или на кои што мислам дека можам да дадам по некој добар совет, и си пишувам. Што ми е гајле што прават другите?! Нека си коментира кој како сака. Ќе си помислам свое ама не им се мешам у штипки јавно. Мрчатори и негативци ќе има секогаш, неискрени лигавштини такоѓе, но побитна ми е мене културата на водење на една дебата. Доколку ја нема, нема ни да имам воља да се вклучам во истата. Колку порано сите тоа го сфатиме, толку поарно. Ама изгледа во кодот ни е како и секаде така и тука, повеќе да се грижиме за останатите отколку за себеси.

    Кој како сака нека ме сфати, јас искрено почнувам да се проѕевам веќе.
     
    На EleMental, Johny, lolyta777 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк го сакам бре луѓе, го сакам човекот! Ко постар татко ми е. Како личен психолог. Како..
    Не, неможам да најдам соодветен збор да опишам што е тој за мене. Ми рече дека во мене гледа многу интелегентна девојка, и дека би сакал да му бидам пријателка. Го прифатив пријателството уште од првиот разговор со него, и му кажав дека ми помогна во многу тешка ситуација. Ме советува како да излезам од неа. Разговорот е отворен, и буквално за се ме советува.
    Синоќа го побарав. Седнавме разговаравме. Поминав еден час со него, но научив многу работи. И ќе учам многу од него. Му реков дека неговите синови имаат голема среќа што имаат таков човек покрај нив. Тој се насмевна само, и ми рече мило ми е што ти помогнав. Ми постави една реченица и ми рече, кога излезеш од овде размисли убаво на ова. Кога би имала пак потреба од разговор, ми рече да го побарам пак.
    Неможеш таков човек да не сакаш. Многу е постар од мене, но нели од постарите се учи.
    Му го посветувам овој пост само за него. И воедно да му кажам дека му се :bow: .
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.836
    Допаѓања:
    40.004
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека можеби ама не е сигурно 11 -11-2011 (иако многу би сакала) ]:) иако е петок
    да биде денот на мојата свадба :^) :^)
    Па драги мои се надевам дека ке биде така :*
     
    На marama и Rubiii им се допаѓа ова.
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека мразам кога сум во лошо расположение. :(

    Не ми се оди едноставно никаде. Сакам само да спуштам ролетни, да пуштам радио и да го преспијам цел ден.
     
    На Johny, KrystalTears и Fearless им се допаѓа ова.
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека математикава годинава ми остана во заден план. Толку потресена од испрашувањата, комплетно заборавив на коренчињата, синусите и косинусите, се до денес БАМ! - кога ми текна дека уствари денес правиме вежби за следниот час - тест.
    Епа ајде да си се потсетиме на the „good“ old times, my dear math.
    И сега сфаќам дека ништо не сфаќам, дека сето тоа што сум го сфатила на почетокот избледило и дека сега одпочеток треба да го мозгам пак за да ми стане сфатливо. Шит! |(
    Ај бар имам викенд на располагање...
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    Не дека нешто имам против некого или не дека сакам посебно да го уважам машкиот пол, ама ЖЕНИ бе?!
    За здравје Божјо, не се трпат!!!

    Форумот е сето она што отсекогаш си беше. Со додаток на константни мрчења од оние кои се малку запоставени од фамата на која се навикнале.
    Лајкот и да го има и да го нема, не е соодветна тема за постојано бумбаресто брчење.
    Она што е соодветно за секојдневна буна и узбуна е ЖЕНА бе!
    Што да ви кажам друго, ЖЕНА!!! :fubar:

    Колку убава, толку неубава.
    Колку згодна, толку незгодна.
    Колку човек, толку ЖЕНА бе!!!
    Колку мила, толку во душа гнила.

    Тензии на страна и ако нешто некогаш не ви чини, едноставно, мирно и спокојно, испратете го во Невратија, како што јас сум сторила со многу работи кои не ми чинеле.

    Замарате. Следствено и форумов се празни од корисни мислења и здрави мозоци.
     
    На JuLleE, angel92, Theodora и 19 други им се допаѓа ова.
  16. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Сакам да кажам...

    дека не ми е јасно оти никогаш не ми стигнува време :@ |( и 10 саати порано да станам пак ќе задоцнам аааа :?:
     

    Прикачени фајлови:

    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Некако ми се чини, гледајќи од историјата, најискомплексираните и најфрустрираните луѓе сакаат да држат одредена група, држава, цела раса во рака. Желбата за моќ баш прозлегува од таа нивна немоќ.

    Како што и желбата да се биде нешто доваѓа поради тоа што си ништо, многу лочигно нели?
     
    На crazyinlove19, Johny, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакам да кажам...

    Кога почнав да го читам форумов мислев дека е ова некое рајско место во кое се собрани сите паметни девојки и жени. Ама некако во последно време се замина по ѓаволите. Олабавете бе феминки. Само се расправаме за нешто. За лајк,за избришени мислење,за нови и глупави теми....Мислам дека само причина се чека и да се почне кавгата.

    Една форумџика неодамна имаше прашано ’’КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ФОРУМОВ КОГА СИТЕ ДЕВОЈКИ БИ БИЛЕ ВО ПМС?!’’
    Мислам дека го дочекавме тој момент.
     
    На crazyinlove19, green.eyes, Phyramide и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.791
    Сакам да кажам...

    Се разбудив, и оп Љубов.

    Од сите страни на светот!

    Благословена сум, сигурна сум.

    Словенија, Италија, ми испраќаат бакнежи и снегулки. А јас чистам низ соба, со позадина озарена од гласот на Нет Кинг Кол и мирисот на бадем, печен и со сензитив на радоста што зимава ќе ми ја пружи.

    Сонцето вреска од радост, небото секаде се радува!

    http://www.youtube.com/watch?v=l-6QknAOsVo

    Глас кој се топи како карамел, на срцево. Ширум отворено, да го апсорбира светот.
     
    На Trendafilka, Phyramide, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Ојдов да си го проверам рејтингот....некаде 22 сум на листа 8)
    Не сум јас крива што ја сакаат Гоу :wasntme:
    Ама и ова девојчево позади мониторот не ги остава рамнодушни во реалноста :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.