Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    |( Ако не да отвориме нова тема САКАМ ДА ПРАШАМ, пошто гледам дека немате намера да ја отклучите! :devil:
     
    На la-chicka, nesa, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    Возбудена сум, тргнувам на журка.
    Место на случување: Автобуси на ЈСП
    Времетраење: Цел ден!
    Цена: 30 денари
    Само за лица над 78 години!
    Ииии наградна игра, секој помлад од 62 години кој ќе издржи подолго од 20 минути на журката, добива награда - бесплатна шок терапија!
    :party: :dance: :party:
     
    На Go-Girl, nesa, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  3. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Сакам да кажам...

    Наместо да си пијам чајче од шумско овошје,јас „уживам“ во кафетин колд.Во глава ми ѕвонат ѕвончиња,а телово едвај го чувствувам.Проклет вирус.2-3 дена не сум мрднала од кревет и ужасно досадно ми е.
    A ѓ-ца Светот-се-врти-само-и-само-околу-мене ми се јавува наутро,јас кутрата со помислата сака да праша како сум,а таа:
    -„Капкеееееееејк,погоди штоо?!Добив петка канцелариско!!Морам да одам сега.Чаос!“
    [​IMG]
    Зошто помислив дека се загрижила,нормално сака да си се пофали или пожали. |(

    Друго немам што да кажам..Во ред е.
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Eyes wide shut. Има причина зошто така се вели. Понекогаш сме како кинеските мајмуни. Не гледам, не слушам и нема да кажам.

    Не можеш да си човек а да одминеш некој со мака без око да ти трепне. Тоа значи дека си го изгубил основното на твоето постоење - хуманоста.
    Не можеш да се правиш толерантен а во наредниот миг тврдоглаво да си стоиш само на своето.
    Не можеш да тврдиш дека си коректен и добар ако не знаеш некогаш да речеш извини, дури и по цена да си бил во право.
    Не можеш да се прекрстуваш во црква и да се правиш голем верник ако мразиш и избегнуваш секој кој не го нарекува Бог на ист начин како што и ти.
    Не можеш да си велиш дека е сеедно, кога не е. Не е сеедно. Игнорирањето не прави осамени и студени.
    Не можеш да си сигурен и да велиш дека си светски човек кога попреку гледаш на првиот црнец, хомосексуалец или транссексуалец на којшто ќе наидеш.
    Не можеш да си човек туку така. Таа номенклатура треба да се заслужи со нешто. За жал раѓањето не е доволно.

    Коњите имаат такви едни чуда на очите за да не гледаат лево ниту десно, туку за да можат да врват само право. Не би да омаловажувам ама некогаш е време и тоа како да ги тргнеме од очите. Колку и да ги сакам како животни, ние сепак не сме коњи. Малку пошироко размислување нема да ни наштети.

    Напротив, да го имавме, светов ќе беше за нијанса поубав и пошарен. Јас во мојот садам цвеќиња. А вие?

    И додека го пишувам ова некој можеби плаче, некој можеби се смее, некој го сонува својот принц, некој друг е опериран во болница, некој моли со надеж, некој полага колоквиум, некој се смрзнува, некој има оргазам, некој создава нов живот, некој си го чачка носот, некој си го брише г’зот, а некој нема ниту за тоалетна хартија, некој не надбљудува од вселената, некој мечтае да го види оној кого го сака, некој веќе е со љубениот, некој се раѓа а некој можеби умира.
    На крајот на краиштата битно е само едно - да сме живи, уште повеќе здрави и малку повеќе луѓе а малку помалку ѕверови желни за опстанок.

    Фала, пријатно и убав викенд.
     
    На la-chicka, lolyta777, Sparks и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сакам да кажам...

    ООоооооооу јеа! :rock:

    23 степени. Сонце. Пуштиле душа Топлификација, па, па, па. :D
    Продолжен викенд. Петок. Куфер. Дома. :wasntme:
    Топла пица од Специјал. Кратко предавање на факс.

    Дури и цимерката што не сака да чисти, или да оди до било каде, или да направи било што, било кога, не може да ми го расипе расположениево. :D
    Па сама ќе си се журкам со РАИД и метла бе, сама! :sun:

    Хакуна Матата!

    http://www.youtube.com/watch?v=7Ai53uYyUzg
     
    На la-chicka, TeddyGrey, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  6. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум многу поопуштена кога немам пари. Се пуштам во бесконечно лизгање, (јас тоа го замислувам како лизгање на најлон кеса низ удолница), така си знам дека неам кај да одам, неам што да правам, освен да си бидам самата со себеси и да си барам задоволства во малите нешта. Така сум си среќна ако надвор е убаво временцето, ако има малку сонце, ако врне дожд или ако истура снег (едвај чекам). Среќна сум си што можам да си направам кафе и да си лутам со мислите. Срекна сум што можам да си читам некоја убава книга, да тонам во шпански серии. Срекна сум што имам искрена љубов, што сакам и што ме сакаат. Си уживам во миризлива купка пола саат. Во текот на годиниве поминати надвор од дома( кај ми е домата веќе не знам) , научив да бидам срекна и без пари, научив да се радувам и да бидам среќна и без нив. Но научив и многу да ги ценам, па така не ги фрлам и не ги потценувам, не ги трошам за глупости и банални работи. Во секој случај убаво ми е што знам дека и без пари можам да се чувствувам УБАВО.
     
    На Jojoba, julie77, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Отворена е пред некој ден, и заклучена. Нажалост.
    Инаку би сакала да кажам..
    Ифх њфиеф њох л. КОПјдјњекфјфјсдх дисахфќцапсд нцксдофцсдјцксднфвцсдчфкн ф фќпсдфцј сдј јфќсд јфќсдфќс јчлцефипојњеојсцџм,вдфој сфцј сфчјс фсфој сќцџмнвќсдкчцвклнфджшкцсдчквфдиќвЧСдквнф јф двј дсчф јќгјдфихбнфцвксдофнџцвдсфвбфјвдфвидфлкв.
    МИ СЕ СПИЕ. :smirk: Мх..
    [​IMG]
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Сакам да кажам...

    Се што ми треба во моментот е искрен пријател кој ке ми каже “ Еј Се ке биде Во ред ;)
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=dXNJKceiQJE :D
     
    На Divinebutterfly и WildCherry им се допаѓа ова.
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Отворив тема во Политика и настани пред недела дена и искрено очекував барем една десетина од членовите да биде заинтересирана, but I guess I was wrong... :|
    ....али на крај.....whatever... :emo:
     
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се успав денесссс :yawn:
    ојдовв првен да попијем кафуу и после да се едуцирамм.. :lol:
    Ко топол ден ми се гледа .. :angel:
    Имајте убав ден ..Ве гушкам :hug:
    :hai:
    [​IMG]
     
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Умре човечкото во мене ]:)
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.787
    Сакам да кажам...

    Добро утро во сиот сончев сјај, драги мои!

    Денов е добар за преместување летна со зимска гардероба, ама онака, со џиткање се’ на под и вриштење дека ти фали ова или она, а имаш, речиси се’.
    Се смеам со сестра ми, ни треба уште една соба само за чевлиња, чизми, марами и ташни, што почнаа да скитаат под кревет веќе. Петок, ден за чистка!


    Вчера бев на Скопје Џез Фестивал. Со Ленка се придвиживме накај МКЦ, и што да видиме - се гради City Hall, некој бронтосаур од градба, а џезери никуда. :^)
    Се испостави дека е преместено во Милениум, а таму - столче за столче, место за ѕенѕ нема. Внатре чат пат луѓе. Млако го доживеавме. Се смеевме као и за на Блуз енд Соул, дека утињаме локации и по пат се церекаме за к - 15 скечеви. Си го правиме ноќот, така милуваме да речеме. Од обвивките од бомбони си направивме носови и си ги навревме у сред кино. Ко ултимејт вештерки. Важно не беше тажно! Го видов Б, и другиот Б. Душички они, едниот со лизна мазна, другиот клот дојден. Приказни можам за нив да смислувам! Нејсе, после тоа крцнавме еден чекор у Џубокс, али не. Над 30 годишни, многу цигари и лош бенд. Од СЏФ на таква музика, ко од убава вечера да си отишол на повраќаници.

    Ете, и тоа пројде.
    Пиев вино во пар, си купив топлинки со ѕвездички, а сакам да најдам и такви чорапи за мојон мачор. Ме гушка ко да сме 100 години заедно. Топло е и убаво. Ми вика : донеси си пижамки кај мене, да стојат. Му треба мојот мирис наутро.
    Зрела врска, насока --- јеее! Можам, можеш, можеме.
    Ко слоган за некоја владина кампања :lol: :lol: .

    Среќна сум, што го имам. И што Сме.

    Убав петок момички!
     
    На Buttterfly, Springy, la-chicka и 10 други им се допаѓа ова.
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    за инает на душманите убаво ми е бе ;)
    си се прошетав до факс чисто онака,да ја видам зградата ( ќе немате денес предавања) папапа... за арно за убаво,вчера ти вртеа мори зелко зелена Дојдете ќе видиме :^)
    си се подиграва старкава со нас,убаво ми дојде мене мхм
    си дојдов си се напив кафе,се избањав,е сеа уште да си сварам 2-3 виршли и таманка :clap:
    и да,вечер е вечерта !
    пред точно една година на денешен ден,на истото тоа место каде што ќе бидеме вечер.. но сега се е поинаку
    имајте убав ден мили мои и ако одите негде вечер убаво да си поминете :hai: :hug:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.559
    Допаѓања:
    201.695
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК... во животот никогаш не го добиваш она што го сакаш, го добиваш она што го заслужуваш 8)

    Имајте убав ден драги мои феминки, убаво нека ви почне викендот, уживајте во сонцето! :*
     
    На Theodora, TeddyGrey, Go-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  16. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам...

    Anyone? :wasntme:
     
  17. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Се навикнав денот да ми почнува со Нина Симон. Сакам да ја гушнам!
    Уметност и некаква топлина врие во мене и баш би сакала да ја пренесам на другите. Чиниш многу е полесно како штафета да се подава негативната од позитивната енергија.

    Денес баш сум цветче. Мирна и кротка под сонцето. Имам некоја без веза насмевка цело утро и ја сакам баба. Ќе се гушкам и дружам пошо е убаво времето и јас сум среќна!
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Сакам да кажам...

    Денес станав во 9 (моето просечно станување)
    Кафенце ,доручек и оп на фемина :rofl: :rofl: :rofl: Весел ден ми е искрено :rock:
     
  20. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    СДК дека нема поубав ден од денес..
    Петок, јас си станав рано, си истерав саат ипол во теретана, бев до продавница, си се избањав, си се исфенирав си се испеглав, тип топ. ПЛУУУС што не одам денес во школо а за точно 9 саати и 15 минути ИТАЛИЈААААААААААААААААААААААААААААААААА!!! :party: :party: :party: :party:
    Јејј јејј

    Убав викенд на ситееее :*
     
    На la-chicka и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.