Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    СДК дека љубовта повторно затропа на мојата врата.Да и отворам или не? :wasntme: Но...и претходната е овде се уште.
    Ама изгледа и на крај ке ги шутнам и двајцата в г'з па ке бидам калугерка. |(
     
  2. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СКД... Одамна не сум ви напишала нешто овде. Седам и мислам. И се си мислам дека кога ќе почнам да мислам, поубо е да не мислам. Денов одличен, сончев, чист есенски ден по мој вкус. Ќе беше совршен да не ми беа речени некои зборови кои секогаш ќе оѕвонуваат во моиве уши кога ќе помислам на таа личност. Не постои збор со кој можам да ви ја опишам таа личност. Да се разбереме, остави многу неубав впечаток кај мене. „Другарка.“ Впрочем, сите ми се исти. Како од еден калап да се правени. Само тие знаат и никој друг ништо не знае. Јас сум менталната, ненормалната... Затоа што не можат да си го прошират видикот и да видат колку е светот пред нив. Тотално сум разочарана од луѓево во градов. Не знам како е во другите градови, но мене овде ми е неподносливо. Се’ е deja vu. Луѓе, настани, зборови... Не знаат што сакаат да постигнат со себе, а мене ми солат памет. Стил на облекување, да не правам муабет. Стил на размислување, no comment... И јас сум ненормалната?! Океј, рано е. Штотуку следат моментите во кои ќе се пресметаме, во кои ќе докажеме кој колку е паметен. Не ми е јасно зошто ми се пикаат во животов. Секој со својот, не ме интересира. На крај од денов се надевам дека ќе уживам во еден разговор, разгововор кој ми е потребен, со таа единствена личност со која, барем за сега, имам заеднички мислења и ставови.

    Пријатен ден. :angel:
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Сакам да кажам...

    ^ За Пеликуна
    Дете палам колата и идам во Штип да те натепам...Фати тоа книгите и учи штом ти е дадена можност, не туку бедосувај тука за љубов... :*
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    ^

    Испиен ми е мозокот,не паметам нешто. :D Патем не сум од Штип ами од друго место,види локацијата.

    Хав а најс деи :*
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денес ми е прекрасен денот па и продуктивен, многу сум срекна бидејки завршив одлична работа. :)
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Сакам да кажам...

    Мое кога ќе имам инспирација.
     
  7. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Сакам да кажам...

    СДК дека денов досега се на се ми беше добар,а се надевам дека така и ке заврши зошто баш вечер ми треба добро расположение......А сега одам на спиење,а вие останете ми поздравени :hai:
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.068
    Сакам да кажам...

    Добро јутро џезери.Надвор е свежо,но пријатно,а најмалку пак е утро,но е петок.
    Џезери со Џ,не се бунат зошто картите се скапи.Уште тоа ни преостана,најдобар филтер од вана би снобови.Не дека ќе ги нема вистинските,ама пак лишен си од проста маса.
    Денов најмногу приликува на Божиќен. Не е важно дали си заслужил,битно добиваш накит и во суштина само посакуваш духовни желби.
    Поверојатно е да е од мирисот на топлото чоколадо со цимет. А и турско кафе со цимет не било лошо,препорачувам.
    Утрински се појави од никаде,ете го добив тоа топло чоколадо и еден розов гербер.Ми го бубна носето токму во врвот,ми ги насолзи очите,ме завитка во ќебе и ми го отвори прозорот за да ме видел светот или јас него...филмска магија,заокружена со Брекфст ет Тифанис. Да режирав,немаше да добијам ваква магија.Па си викам оваа констелација дали е судбинска,кармичка или нешто трето,а можда и е едно од последните задоволства кои ми лизгаат низ раце,а јас планирав разговор кога е надвор ладно,а некаде каде што е топло што поверојатно ќе беше дека нема воопшто да се случи зошто...ја сакам својата удобност?! И јас имам мр.Биг,а светов ни малку не ми е ко на Кери. Толку реално суров или сурово реален. Ако ме опитуваат мене,серијата е толку глупа,а тие две личности никогаш не требаше да завршат заедно.Да.
    Еманципатор и стиснување.
    Резултати ко факултетски.Ми недостига факултетот.Би учела само за 6ки.Свиткани,а драги.
    Луѓето до срж се расипани без исклучок,но благодарам на неколкуте искрени,ама навистина искрени со кои и критиките се фини,а искреноста и директноста не се проблем.Презирам површности,особено зошто некој не ми се противи или јас нему.Нот мај кајнд оф френдшип. Тешка сум,ама Прекраснаја моја особено многу ја почитува горчината. Ваљда до вкусот е,некој сакаат горко,а таа не е мазохист,туку е фор д рил шит.
    Го чекам својот животен гуру и пожртвуваната посветеност. Денес е денот кога ќе прочитам каде уствари ќе половиме.
    Сакам да се замоткам во топла,портокалова светлина и да не ми биде грижа. Да си седнам во дворчето надвор,со лимонада во рака и книга.
    Се извинувам ако некому тука сум му тешка.Искрено сакам ја лишам атмосферата од себе и своите глупости. И се извинувам што не секогаш сум ви по ќејф,иако не се извинувам на сите,зошто грото имаат сериозни проблеми со акутна хистерија и лицемерие.
    Ама нејсе,имам 4 часа да ја се измолкнам од жабина кожинка и да направам чудо од себе,зошто би требало да биде ветувачка вечер со неколкумината кои не ги мери кантар колку се добри,вистински,пријатни,топли,прекрасни,на моменти напорни, детинести, субјективни, ама па мои си се и ги љубам.
     
    На Buttterfly, la-chicka, Strumfeta93 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Ми ја стопли душичката :clap:
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК пуста љубомора, завист |( зошто ти да имаш, а зошто ја да немам? Вечна борба на која и нема крај, без излез... :| |( Оф...а како би било кога сите би имале се што сакаме/посакуваме, м? ^_^ ^_^ Сите задоволни, насмеани, убави :emo: :D Следуваат нечии размислувања, па како успеа, па ова, она...Како? Така, фино лепо, за се има време ако се сака нешто, ако не сака нешто човек да направи - наоѓа изговор, обавезно :!: Кога сакам нешто, наоѓам време, па макар и сто работи да правам истовремено :fubar: што најчесто се случува :rofl:
     
  11. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Сакам да кажам...

    СДК... Среќен роденден на Ким! 31 ги опна :D
    [​IMG]
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денес цееееееееел ден ке гледам Божикни филмови, со снег, романтика, малку комедија и топла семејна атмосвера, додека пијам цедевита (бидејки немам чај) и јадам чоколадо. :wasntme: Многу сакам вакви денови кога единствена преокупација ми е кој филм да го гледам и каде ке одам вечер. Петок е драги мои, долгоочекуван, најпосакувн- ПЕТОК!
     
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    25.246
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денов преубав,остава без зборови,а како контраст јас го поминав учејќи за прилично грди работи... Не одвоив ни две минути да излезам на балкон да ме фати малце сонце. A продолжен демек викендов,ама си знам јас како ќе ми биде од денеска до 18-19 ноември, здравје.
    Каде ми е мотивацијата, каде ми е концентрацијата, што ми се случува..ќе стигнам ли да научам се?!
    Ноќеска еден сон ме здрма, стресов по малце почнува да се јавува, ама минимално, не доволно да ме фати страв и да згреам столов асално.

    A за малце расположение, вечерва ќе ми биде чоколадна.
     
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Сакам да кажам...

    Нака пробаат сите барем за момент да го ослободат детето во себе :) Чуството е незаменливо, а моќта која доаѓа од срцето и љубовта која се дава без да очекуваш ништо за возврат е сила пред која не може да се одолее :) Денес не ми требаат никакви "сериозни" проблеми со кои е окупиран светот, нити пречки со кои ме сопкаат тие околу мене. Можам да ја почуствувам животната среќа и храброста на едно детско срце кое е смело да каже што навистина мисли и сака без разлика што ќе речат големите, и да продолжам понатаму со насмевка затоа што тоа сум јас. Истапете и погледнете право во очи. Тоа е она што не можат да го поднесат лажливите. Почуствувајте го ритамот на детското срценце ;)

    П.С. Нели е сладок Роби со точакот :lol: :inlove: :)

    http://www.youtube.com/watch?v=jlapv48d7VQ&ob=av2e
     
    На Phyramide, crazylady и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.440
    Допаѓања:
    91.718
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Есента е можеби романтична, но не и кога си настинат.

    Можам да кажам дека имав преубава недела, полна со љубов, разбирање, пријатни разговори со луѓето кои ги сакам и почитувам. Дома работно, ајвар се правеше ама преубава семејна хармонија имаше. Гости колку ти душа сака, а богами и несака. Кафиња да можевме и во тенџере да вариме. Убавини!
    Тој ко тој, ако не ме насмее, ќе ме изнервира. Ако ме изнервира ќе ме насмее. Си го запозна ривалот, а потоа и двајцата си дадоа по некој пофален збор пред мене. Но, знае дека само него го љубам. А оној другиот е толку мил, прекрасен понекогаш. Но, џабе!
    Е многу е незгодно кога спроти тебе во автобус седи згоден и неопходен момак, кој под око, море кое под око онака фини лепо те мерка. А, не дека и јас останав поназад, што фино му се насмевнав на симнување.
    Денес долги разговори со другарка ми. Ретко се гледаме , но квалитетно. Понекогаш не ми се разделува, ама се мора, обврски на претек.
    Зошто би се нервирала за небитни луѓе, кога имам неколку толку важни и квалитетни. Отрпнав на глупостите, никој и ништо не ме допира.
    Имајте ми убав викенд, јас ќе се топлам со чајче и со книгата ќе се дружам. Морам да се оправам до наредната недела, љубовта ќе ме чека.
     
    На la-chicka, Miss-Independent, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ...I don't care if Monday's blue, Tuesday's gray and Wednesday too, Thursday I don't care about you - It's Friday, I'm in love! ^_^
     
    На Divinebutterfly и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  17. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека многу сум среќна што е петок и што ќе имам еден дооолг викенд!! :)
    It's Fridayyy.. Fridayy :D :rofl:
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Сакам да кажам...

    Девојки, бидејќи не можам да пишам на СДП би сакала овде да прашам , дали работи некоја аптека во недела во Битола? Ми треба итно па ако знае некоја феминка која ен од таму нека ми пише во лп, ќе и бидам многу благодарна :$ и се извинувам уште еднаш што овде го поставувам прашањето....
     
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    СДиК на Калиас воопшто да не се извинува за поставеното прашање тука. ;)
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    Рачињава ми се тресат од толку хепи хормоунс од последните 24 часа....

    Вчера вечер добив повик од неа. Колку е поразлично без инает, горчина...колку е најубаво кога ќе чуеш така некое слатко шкрипаво гласче како ти вели дека ни за момент не престанало да те сака...

    Денес беше прв ден на работа....УБАИНИ едноставно, млада фирма и интелигентни менаџери што го прошетале светот, мултикултурна средина....

    Не, денес не сум среќен, денес сум chuffed to bits.
     
    На Buttterfly, green.eyes, mysterious и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.