Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.938
    Допаѓања:
    123.515
    Сакам да кажам...

    Искреноста е скап поклон и не очекувајте го од ефтини луѓе :!:
    Ако ви е интересно да си создавате проблемчиња во главата и потоа да барате помош тука,тогаш навистина не знам што да кажам :| Само,пазете тој проблем што е плод на вашата фантазија,да не некогаш ви се врати во реалноста,е дури тогаш ќе биде-Леле,леле што направив :^)
    Ете јас да си кажам открив некои луѓе што подлажнуваат на темиве,па бараат помош,не капирам стварно,единствено ми паѓа на ум дека навистина им е здодевно :yawn: ,и се смеам и се чудам сега :lol:
    :nod: Смешни сте стварно.
     
    На Phyramide, blond и girl.23 им се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сакам да кажам...

    Ако можете гласајте на овој линк за Тоше, гласањето трае до вечер, а се избира најдобар проект за изминатава година во светски рамки, Спомен куќата на Тоше е меѓу трите финалисти, останатите два проекти се од Мексико и Индија.
    Ова е голем успех што проект од Македонија е влезен во последните три, затоа гласајте, луѓето го одбираат победникот.

    http://openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard
     
    На la-chicka и Hiii им се допаѓа ова.
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Абе тоа е, ве личи на годините. :worried:

    Вчера роденден славев, една година присуство на Фемина, не се најде јунак да ми честита, па да ми посака уште 101 год успешен престој тука....

    Па само посебе ми се наметна прашањето, толку сум бе интелегентна и интересна па што ми завидувате? :$

    :D :D :D

    Абе како и да е, дали ме сакате или ме нејќете, дали ме читате или ме скролате, мене ми напраивте кејф овие 365 дена.
    Мал е бројот на оние што вистински ме инспирираат, треба да бидам лицемерна да кажам поинаку, ама убавината во глупоста е тоа што е оригинална, колку и иронично да звучи. Сакам да кажам и оние безвезални постови за симпатијата што не ја покнал или слични ја карактеризираат нечија персона.
    Епа фала богу, не може сите да бидеме најпаметни, ако ништо друго, ќе биде монотоно.
    Плус, што би бил живот без фаќање сеир :devil: Кучешки живот.. :D

    Не спремав говор, не ми спремивте ни вие букет. :!:
    Ама што и да биде, Георгина Шварценегер ви порачува...I`ll be back!!!
    Оти мерак ми е бе :)
     
    На Neytiri, zhap4e, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    Had an Audrey Hepburn moment yesterday. Јас сум многу, многу лоша :lol:
     
    На BeYourself, Buttterfly, Jojoba и 10 други им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не дека разбирам ако ти дупнат гума, а си малце лошо паркиран, ама поразбирливо ми е од тоа да ти ги исечат цевчињата за уље за кочниците...
    Може да убиете некого, бе луѓе!
    Се испреплашив, се изнервирав и уште не можам да верувам какви луѓе живеат!!!
    Простотилук! :@ :@ :@
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека преку глава ми е секогаш да ми се раѓа меланхолија кога ќе се почувствувам среќна. Колку и да се убедувам дека лошите случки од мојот живот си заминале и никогаш нема да се повторат, ми се вртат можни лоши сценарија за тоа како може да ми се расипе сегашната радост. И не можам веќе вака.

    Сакам да сум среќна без резерва, да не се плашам дека дедо Боже има уште некоја гадост за мене. Сакам да мислам дека полошо нема да биде, и дека моите мили и јас конечно ќе можеме да здивнеме. Тешко е да живееш со полна плуќа и страв да издишеш, за нешто да не се скрши.

    Сакам да можам и да простам, и се обидувам, еве барем денес тато, дека ти е роденден знај дека ќерка ти што ја напушти уште те сака иако секогаш кога некој ќе и спомне за тебе гризе толку силно и си пушта крв од усните.

    Сакам конечно, да ми биде удобно во мојата кожа.

    http://www.youtube.com/watch?v=noe7f0MeKyI
     
    На MandyLane, mims-89, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Имам тешко вибрации во стомакот :wasntme:
    Ќе се случува нешто вечерва ...
    Ќе се случи пиење и славење со весели и мои мили особи :*
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Шаренило од бои во метафоричка смисла.
    Шаренило од насмевки, раштракани мисли, збрканост, помешани чувства и да, сега е моментот кога знам што сакам во обратна смисла уствари НЕ ЗНАМ ШТО САКАМ.
    На чекор кон нова етапа во животов, живеам за денес, се надевам на подобро утре како секогаш.
    На негативните мисли им викам ИШ, а смеата ја повикувам и предизвикувам.
    Си го сакам мојов град каков и да е и безразлика колку срања живеат во него пак си го сакам зошто си е МОЈ.
    Ухх, вистинско ова, она, не е вистинско, вака-така, овде-онде, денот пројде, муабети, малку дремење, шетање по продавници(какви штикли си пробав :inlove: ) ама не ги купив.
    Само што го допив капучиното и сега се думам што за понатака.
    Го сакам животов, иако некогаш знае да биде зафркнат, море малку и повеќе од зафркнат, ама вреди да се живее, уште повеќе е посладок после кога сите тие зезнати работи ќе ги надминеш со крената глава.
    Ух што су секси со плус 7цм. ^_^
     
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Моментално го имам онај осечај на без’рбетник. Не со она доста познато и често употребувано метафорично значење, туку она буквално значење. Па и ако размислам подобро не само без’рбетник, безкоскеник сум... не осеќам ни една единствена клетка која припаѓа на скелетниот систем. Аха! :nod: :(
    Ај да не кукам: Think positive! :!: КОНЕЧНО, мислам, КОНЕЧНО дојде викендов. :dance: И тоа со + еден ден бонус. :dance:
    Инаку што друго сакав да кажам е, дека секој петок одам со арома на диферентен и различен парфем на школо. Денес не беше ништо посебно, пак онај - веќе впиен во мене - мирис на кромидо-лукава селска манџа или пак ракијо-потна реа и б’здоина - тај филинг со литературни уметнички изрази не се искажува, потребни се нови зборови во речникот на македонскиот јазик! :!: Па и ако атмосферата е украсена и декорирана со шуместа и влажна старечка мишка у фаца - просто неодоливо. :P
    Туку сега со мама да си поклониме по една масажа гага, па да си се нафрцкам и фиу! - на корзо, со друшките да си се видам.
    Се надевам имавте убав петочен ден.
    Имајте поубава петочна вечер...
    ...А најубава петочна ноќ.
     
  11. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека време е за одмор!!!! :D
    Петок!!!!!!!!!!!! :inlove:
     
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Сакам да кажам...

    Немам дечка и волим га........ :devil:
     
    На Elennaa, Chocolate.me, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Повеќето луѓе љубат кученца фини крзнени и мили услужно настроени суштества со топли очи. И јас ги љубам да се разбереме, но за нијанса помалку од мачките. Мачките имаат толку многу својства кои знаат по неброен пат да ми изнудат восхит - прво, неприкосновената елеганција на движењето е права мала уметност на која ни штитеничките на дамнешните школи за креирање млади дами нема никогаш да и се дораснати ни до колена. Понатаму пред да изведат скок, можам да потпишам дека вршат визуелизација на активноста, кој барем малку практикувал јога знае на што мислам. Трето, кај мачките тотално се разграничени времето за активност и времето за одмор, а на квалитетна организација на време симнувам капа. Понатаму иако може не сите сме свесни ама ноќе нашите мили галеничиња се врвни предатори смртоносни за топлокрвни животинки од помали размери, значи пак успешно вршење на работата без елементот на фалење и демонстративно покакување на истото од губење во самобендис моментот и квази-ептен-несеситиорнесесери на кој се склони не секогаш милите, ем драги хомо сапиенси. И она што најмногу мене ме восхитува мачката нема господар, нема потчинета волја ни услужлива наклоност, има став да,став поцврст од многу демек супериорни човечки персони кои го немаат. Плус има и стил, како што веќе напоменав. Јас почитувам луѓе кои ги совладале сите овие вештини жени-мачки и мажи мачори во вистинските чизми, кои знаат и да ја одбранат својата територија и да предат од задоволство.
     
    На BeYourself, Buttterfly, Lov3 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мој човек Теодора. :)
     
    На Chocolate.me и Theodora им се допаѓа ова.
  15. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Lady-Cha и baguf4e им се допаѓа ова.
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сакам да кажам...

    СДК... Па незнам ни јас самата што...
    Всушност знам ама неможам да ги најдам вистинските зборови. Немам инспирација.
    И да, чекам да ми се случи едно чудо. :$
    Нешто навистина убаво после толку време, да видиме колку ќе ми се посреќи.

    Феминки, држете ми среќа. Дефинитивно ќе ми треба... :$ :$ :$
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Сакам да кажам...

    Велат...
    До кога да го чекам сонцето ??? :^)
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Љубовта не умира....луѓето ја убиваат.......
     
    На julie77, AIT, Hiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    :rofl: :rofl: сдк денес пукнав во банка :lol:
    бевме со баба ми да и сменам пари
    првата жичка ми пукна коа онаа на шалтер со ладен тон и фацка |( Hели глеаш дека не работи?
    или мислиш нели глеаш дека не работам :^) ?
    Oк, прекутев!
    Oтидовме на таа благајна каде што треба да се сменат пари, и само една жена стоеше, баба ми застана, јас на страна бев
    леле овој коа и се равика :o
    ау, нели гледаш дека е гужва(молим само една жена) па чекај таму што идеш јас ќе те викнам
    што е ова?
    Aма и се развика, не да каже љубезно

    E тогаш лудо на сцена Kоа почнав да се дерам, излагај бабо, има број ќе се жалам за непрофесионалност
    :lol: :rofl: на што личи ова
    па да се дере уште ?
    Aло ти се слушаш ли море??
    па ние странките ти го носиме лебот

    и мене ич не ме интересира ти на која нога си станал денес, има да ме дочекаш барем со љубезен тон

    Aко не има соодветен број, и жалба!
    па на крај краева што сме должни ние фрустрации да трпиме овде |(
     
    На girl.23, MandyLane, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Богами одамна не сум се чувствувала вака :wasntme:
    [​IMG]
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.