Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    :music: Мама, зар то је онај свет, у коме некад причала си, :dance:
    био сам зелен био сам слеп, сад кад смо зрели грех нас краси 8)


    http://www.youtube.com/watch?v=wk8WFekF ... _embedded#

    Тужно ми и е ружно ми е, штом отворам очи а, главата празна.
    No sound, no words, nada, niente!
    Ќора тишина.
    Ал ми е пренапорно бре коа сите можни звуци и зборчиња, некад испеани низ времињата епски, се туркаат кој погласно, кој прв.
    Некој ми ги измешал фрекфенциите ]:)
    Анд ју бетер мејк дем ворк ју сан оваганова
    Бат итс а глориас деј, Алелуја! :angel:
    Д’сан из ап енд ит’с реди ту шајн!
    Се молат облаците да се потргнат, благодариме 8)
    О хепи деј, о хепи деј!
     
    На marama, Strumfeta93, caroline.costa и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Ским си такав си? НЕ! Иако сме друштво, секоја е посебна индивидуа. Секоја со свој ум и неум. Не се замарам веќе. Само не знам како не ќе ја мрзит да се враќат нагоре од удолницата што ја фатила. :^)



    Се вртам кон моите најмили. Се‘ што имам ќе им дадам. За нив вреди... вреди...


    Имајте среќен ден...

    Илјадници свеќи може да се запалат со само една свеќа, а животот на свеќата нема да биде пократок поради тоа. Среќата никогаш не ослабува ако е поделена.
     
    На zhap4e, Theodora и crazylady им се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    25.246
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ми се случија некои работи изминатиов период што ме натераа да размислувам за една тема што апсолутно сите секогаш ја форсираат, а тоа е искреноста.
    Mене не ми е јасно што се запнуваат сите по таа искреност, кога ништо добро не носи..
    И јас сега да бидам искрена со професориве и да им кажам дека поглупо напишана книга немам читано у животов и дека и да си член на Менса нема да сфатиш што сакал да каже авторот, таа искреност ќе ми донесе само студирање 5 години плус.
    Mа да, не е битен примеров, зборот ми е друго...

    Прво и прво, факт и единствена ВИСТИНА е дека сите, без исклучок, сите лажат.
    Некои помалце, некои повеќе, некои за да се заштитат себе, некои за да не повредат некој друг, некои лажат нонстоп, ама тоа е веќе друга тема, патологија...
    Ама оние со синдромот 'светец/светица' кои најмногу се залагаат за искреност, се растураат од лажење, од чисто задоволство..
    А со колку светци сум опкружена, ауу, мислиш први април дошло и време е за преправање. Jухуууу.

    И уште нешто сакав да кажам, ама некако се изнервирав пишувајќи. :D
    Небитно...
     
    На Bright, crazylady, sesilija и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Вградивме нов кујнски мијалник дома. Секако со многу помали димензии во било кој поглед од претходниот, кој рака на срце време му беше веќе одамна да замине во (пра)историјата. Пред да се вгради гледав на нет мијалници и др. делови за кујни и купатила. Се‘ е во стилот - минималистичко, мало, ама практично и функционално, па вградено, па штеди простор... Мене во принцип оние од таван до под гротексни стокрилни ормани и огромни делови од било каков мебел и опрема џоа за мини-џинови од минатиот век ми се смешка демек грандиозност некоја, ама и ова денешново во најмала рака ми е - ајмо народе, куќичката на Барби за возрасни!

    И мала напомена околу стариот кој беше прилепен од две страни и кога го извадивме бидејќи требаше да отстои извесен период во делот од ходникот на зградава, изложен на будните, критички настроени очи на сите станари, го чистевме детално до наша изнемоштеност и до негов највисок можен сјај, а всушност е за фрлање. Истовремено ми е смешно колкава е патетичната зависност на македонскиот ген од туѓото мнение за неговите домаќински способности, ем квалитети.

    И кога сум уште на тема домаќинлук, денес ќе правиме слатко од дуњи. Кога ќе го одземам студот на есента, само ајварот, дуњите, костените и колоритот составен од огнено-пламена палета можат да ми ја направат издржлива.
     
    На julie77, Bright, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ...... дека ме нервираат ретардирани луѓе, ме нервираат празноумни лејки, и дека се радувам на неработниот понеделник... ете така (полунервозно и полусреќно)...
     
  6. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сакам да кажам...

    Епа девојки посакајте ми среќа. Утре ви прикачувам слики за да ме видете каква сум била на веридбата. Ај сега позз :)
     
    На Asja, Strumfeta93, Bright и 15 други им се допаѓа ова.
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Сакам да кажам...

    Инфантилност без мера и непресметливост. Безобразлук. Плус врткање во круг. Па добро бе луѓе имате малку мозок за меѓучовешки односи и почит? До кога само Ноел да попушта и толерира? И чека? А? Па и јас сум човечко суштество побога. Си имам и јас црвено дугме. Добра сум да ме газиш да ме газиш, ама молете се да не ми се уклучи тоа дугмето дека црно ви се пишало. Мн сум топла ама кога ќе заладам ни пеколот не може да ме стопи. Боже мој дај ми трпение.
     
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Ma јас не сум здрава еј.Ми треба кофа ладна вода да ми ја истури некој.Доброволец? |(
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.781
    Сакам да кажам...

    Ама оние со синдромот 'светец/светица' кои најмногу се залагаат за искреност, се растураат од лажење, од чисто задоволство.. - Менди Лејн, баш ова пред некој ден сакав да го кажам, и фала ти што овде го спомена.


    Сум забележала дека оние што патолошки ја растураат својата таканаречена Вистина, Искреност, се болно осамени. Или можеби немаат кому да му го доверат својот внатрешен бол, па ајде, ќе се опајдариме и ќе кажуваме се’ и сешто. За да види светот колку сме добри,а животот не бил фин со нас! Да, животот е куп гомненици, а среде него има и бисери.
    Јао, дали тоа ги интересира другите?
    Мислам не.
    Имаше и таков постер - Кога ги споделувате вашите проблеми, 80% од луѓето не им е гајле за нив, а на 20% им е драго што ги имате.

    Животот е баланс меѓу црни и бели лаги, црни и бели вистини. Умереноста е она што ги одржува.
    Пречиста искреност е еднаква на највалкана лага.
    Теорија на релативност, обоена во шаренило, драма.

    Форумов некогаш ја игра таа карта. За жал. Но што знам јас? Ништо. Не можам да судам. Можам само да пишувам и да му благодарам на животот што ми е ок.
    И покрај грдите моменти што немам потреба да ги собирам како лајкови по постови, радо ќе напишам автобиографија...

    Одам да си готвам саботен ориз со печурки и да сонувам дека улицата ми е во магла.
    Попладне на мезе кај тазе дојдената Италијанка, вечер на љубов.
    Chiao!
     
    На Springy, Strumfeta93, green.eyes и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Сакам да кажам...

    Расизмот е најдлабокото дно што може човек да го допри.
    Сум среќавала секакви луѓе, ама онолку нецивилизирани не сум сретнала.
    Како да ги натераш да сфатат дека бојата не кожата не го прави човекот.
    Епа драг белцу, ти штотуку ни ја засрами целата раса со твоето амебовидно однесување.
    Што ти сметаше добриот кавер на talking about a revolution на пејачот и гостинот црнец? Сите уживаа, сите аплаудираа и слушаа со воодушевување, додека ти драго сушстество со маса на мозок колку маса на еден електрон мислеше дека си многу интересен со постојаните гласни дофрлувања и пцовки.
    Мило ми е што остана засенат и изигнориран од секој што за голема жал го делеше кислородот со тебе во просторијата.

    А,јас..
    Јас имам нова книга која со нетрпение чекам да ја прочитам.
    Се вистинито и преголемо.
    За момент да помислиш дека си среќен со ова ситно животче што го живееш.
    Интересна ќе биде.
    Никогаш не верував дека ќе ја добијам во рака.
    Сепак е добро.
    Точно еден месец..
     
    На TheKiketoo, marama, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Ме разбудија. А јас решив да спијам малку повеќе денес. Овие мајсториве се нешто ко Господ во реалноста. Се вели, сакаш слатко да го насмееш Господ? Кажи му кои ти се плановите за во иднина :)

    Ај што не успеав да ги отворам убаво очите, ниту да се измочкам, ниту заби да измијам, знаете што прво фатив во рака?
    НЕ! тоа што би си помислиле, ама нешто у сличен облик - правосмукалката. Скоро мижејќи ја докачив и земав да усисавам. Потоа ми текна дека не е лошо и ролетните прво да ги кренам за да видам што јас тоа усисавам. Кренав ролетните, отворив прозор. Потоа видов дека е валкан ко 3 неделни гаќи. Земав го измив.
    Потоа видов дека има и прашина. Ја избришав и потоа се свртев и гледам правосмукалката на паркетот оставена така - аха, јас уствари усисавав. Епа го направив и тоа. Си ја вратив на место и си реков, денот може да почне, ајде сега да се измочкам и измијам заби :D
    Го чекам денот кога како Ајнштајн на сопственото дете ќе му речам - а чија беше ти?
    Среќа што немам мозоче ко неговото па сум само просечно расеана.

    Па хедонизам по редослед. Вода со цеден лимон. Кафе. Цигарче. Омлет со многу кашкавал. Тазе леб. Цигарче. И се мислам кое шаренило да го натерам да ми ја љуби денес кожата. Хулахопка ти е права ствар. Кога се друго е сиво, знаеш дека имаш на избор црвени, зелени, жолти хулахопки кои секогаш ја прават есента поубава и моите чекори ги прават пошарени.

    Денес шарено ќе чекорам и ќе го лапнам денот ко бонбонче.

    Убав нека е! Ви реков ли колку ја сакам саботата како ден? Не? Епа сега ви кажувам. Spread the love girls :emo:
     
    На blueeparadise, Strumfeta93, FBI и 14 други им се допаѓа ова.
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Најдобриод дел во ПМС е што ци*ките се поголеми. 8) Најлошиот?! -променливото расположение. |(
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Сакам да кажам...

    СДК денес од спиење кога станав појадував и одма за книга се фатив. Ми остана само уште еден расказ да раскажам од лектирата :clap: Следно на списокот е хемија |( мразам хемија ама мора ако сакам добра оценка. :lol:
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.045
    Сакам да кажам...

    Јас бев као :o ,сите беа као :rofl: ...ја гледаш,средена,натокмена,фрц,фрц,никој не гледа,тааап,гаќа доле,во тој мраз ладен жена парк...видов,се,почнаа да се смеат,ваљда и падна незгодно,ама више кога тргна...знаш како ти е на ладново,оди па запри го!
    Омг...животов никад нема да престане со искуствата.Што е најтрагично,скоро бев сведок на таков момент и еве ти сега пак.Ајде ова беше една жена што важи за шлакната,па сега мајка ми кога ќе ја сретнеме,ме буцка и се смее,а јас ролам со очињата.Тогаш писнав,сега само :o направив.Ајде оваа викам шлакната,ама оваа...мома тргната по дечко да бара! Ттттттт што се не има во градов,тттттттт!
    Ме пратат жени мочливи! :worried: МЕ ПРАТАТ!!!!!
     
    На Bright, Neytiri, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  15. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Велат денот по утрото се познава. Епа aко е така тогаш овој ден ќе биде преубав. Искористете го максимум Феминчиња.
    Ајт, ојдов јас на кафе.
    :) :sun:
    [​IMG]
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Сакам да кажам...

    Велат денот утрински се познава, а што кога ќе се разбудиме попладне? :D
     
  17. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    Aко на некој му фали уште малку за да изврши самоубиство,нека ги слуша песните на ДавајГазова. :headbang: :headbang:



    Него,батали тоа. Сакам да кажам дека најпродуктивна сум наутро. Многу сум задоволна до сега што сработив,а не пак до вечер.. :D

    Станав,перев ( :emo: ),си го испив кафето и учев. И еве сега сум тука,а после ќе бидам на друго место.

    Убав викенд девојки.

    :hug:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сакам да кажам...

    Денов, денов, сите сте запнале за денов, ајде и јас да кажам што и како за денов. :D

    Створен е да биде мрзелив, завиткан во ќебе, полиен со жежок зелен чај плус мед, пропратен со добра серија, залиен со добра храна и уживање без замарање! Па си блееш низ прозорецот, ти мириса на дрва, чад, мачкетината те зјапа од прозор, така со искривена глава. Да бев љубител на мачки ќе си ја гушнев. Штета што не сум. :D Ти текнува дека треба да читнеш нешто, ама освен добра книга, друго не те тангира. Сите сетила насочени кон медитирање, релаксација и уживање со самиот себеси. :wasntme:

    Иииихх, продолжени викенди. Секогаш така добри, бавни, спокојни.... А завршуваат додека трепнеш. Нејсе, само нека ги има почесто.
     
    На Strumfeta93, green.eyes, sesilija и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Готово,го делитнав фбто.ФалаЧаоПријатно.Доволно беше.Ајт ;(
     
  20. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    Буричкав низ темиве, во апарати за домаќинство да пишам не иде затоа што не е, не знам кај да прашам. Ако некој ми одговори пред да ме бришете, ок! Ако не јбг!
    Значи ми треба такво калапче (ако може да се каже) за јајца ставање за во фрижидер, не знам како се вика. Дали се продава негде посебно или јок :?: Се надевам ме сфаќате на што мислам.
    Ако може некој нека ми пише во ЛП, тенк ју!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.