Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Господе со какви луѓе јас сум се дружела?!?!?!
    Како да разберам,бре, на 20 години да се затвориш дома со дечко ти! Ајде, бидете лепенка, мочкајте заедно, држете се за рака и кога сте во кујна, низ све тоа ќе преминам.
    Ама да не сакаш да се видиш со другарките притоа измислувајќи бедни оправданија :fubar:
    Пари оделе на искачањата?!?!?!
    Па сега ако не ми одат пари на искачање, кога??
    Да се разберме, парите не се проблемот, реално. Тоа е уште едно мизерно оправдување.
    Зошто некои луѓе си ја кратат младоста? Не ми е јасно... :shake:

    Немам зборови веќе. Ако утре се венча ќе и дојдам со лигавчиња. Едно за бебето у иднина и едно за нив двајца, да си ги бришат меѓусебните плунки додека се лигават.
    Ми се гади од таквите парови, од таквите луѓе. Официјално ми се гади и од неа.
     
    На CoverGirl10, Phyramide, Trendafilka и 21 други им се допаѓа ова.
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК не знам што ќе правам попладнево... :?: си останав сама дома и еве почна да ме фаќа досада...
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.044
    Сакам да кажам...

    Сдк сакам да се облечам како тиквичка и да се шетам по улица.
    Да!
     
    На stylishh, Jojoba, Isidora-Veles и 2 други им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ајмо цурице, ајмо дечаци...
    У планине...
    На малце снегче, да се тргнеме од градскиов смог... Да мирисаме снег, а не издувни гасови...
    Би идела и сама на некоја планина во некоја дрвена куќичка со камин... Добра книга... и тенко ќебе, ама од оние што топлат... A да, и ШИШЕ црвено вино во убава чаша

    Нешто вакво...
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Сакам да кажам...

    СДК ... Сите сме "светци" и "светици" на овој свет. :)
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сакам да кажам...

    Да или не???
    Разумот или срцето?
    Тешко е да одолеам на искушението. :$
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Розите се црвени, синоличките сини,
    Роси денес смрзна или така ми се чини?
    Саботно наспана и за шетање спрема,
    чизми, кошули, панталони сепак за мене таму нема.
    Но меше полно и насмевки ми нуди,
    пастрмајлии најдобри тој град ни нуди.
    Некои фабрики акции си качиле,
    па по 100 евричи чизмите ги направиле.
    Е нема да трошам јас толку пари,
    ќе си одам на југ во јануари попуст ќе ме мами.
    А Роси така низ град си шета
    и една феминка ме виде на мета.
    Се изгушкавме и избацивме за миг,
    но Алиса следен пат пиеме кафе сеедно дал во Скопје ил Штип.
    Одам да се стоплам и дремнам,
    црвеново вино за мерак ми легна.
     
    На CoverGirl10, AlicaInWonderland, Buttterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сакам да кажам...

    Прв портокал сезоонава, оууу јеа. Лепливост до бесвест.

    Го читам Балзак зашто ми е фин. Тепам време со тепалка за муви и чекам за нешто големо. А чекањето е најлоша работа што постои. Најдов работилница за изработување на ловец на сонови, ама ете беља работа тогаш не сум тука. А баш се мислев вчера колку добра работа е да си истетовираш ловец на сонови, топ значење.

    Без планови за денес, само сонови за утре. Разговори со битни луѓе за максимално небитни ствари и нови чевлички. Дуњи и бујни женски гради. Високи цени и празни новчаници. Ете на тоа ме асоцира денов.

    http://www.youtube.com/watch?v=Thls_tMuFkc
     
    На Trendafilka, Strumfeta93 и starbucks им се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    СДК видов бел ден, освен книги и книги!

    Мала вожња, задоволителна, малку кафица, малку поинаков народ од овие дома, не само домашни муабети со моите и тропање зелени, не дека не ми годат, баш напротив, но ми требаше муабет и со некој на мое годиште, да слушнам некој лаф муабет и некој трач, и баш штета, есента ги замрзнала трачевите, ги нема многу.

    Мачката моја денеска штом не пукна, не пука никогаш. Па добро бе, незнам дали некој некогаш и некаде имал ваков рис мачка, шо само скока како кенгур, јаде и гребе, и јаде ненормално многу, како желка е, главата од салото на стомакот не и се гледа! Ме загрижува дури, од утре и она на диета со мене, па не може да ми умре од прејаденост, само оти е како дада и Ана, стрвен газ!

    И, еве ме пак дома, во нови пижамки, кои мирисаат на Semana омилениот, да земам да си вечерам од рибчето шо ми остана, и што друго, да се мавнам на книгите пак, за вечер да има место за релаксација, секако со некое филмче.

    Химната, чао.
    http://www.youtube.com/watch?v=sIvLbDNwhMQ
     
  10. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК
    [​IMG]

    си имаме и сега убави песни, ама минливи, а тие тогаш, засекогаш останале хитови...
     
    На Monna.Monna, blueeparadise, L-enna и 6 други им се допаѓа ова.
  11. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    fuuuuuuuuu :@
     

    Прикачени фајлови:

    На blueeparadise, Gargamel и angel92 им се допаѓа ова.
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    Неизбежна дискусија меѓу тебе и мајка ти пред искачање:
    Мајка ти: Ќе искачаш?
    Ти: Да.
    Мајка ти: Лелелеле, колку касно се бањаше! :!:
    Ти: Мамо си ја исушив косата..
    Мајка ти: Не е сува! Два саати пред излегување треба дома да седиш, коренот да се исуши убаво, ако е сува надоле не значи дека и кожата е сува! :swear: 10 степени е надвор!
    :?: :?: :?:
    :x
     
    На CoverGirl10, cecilia, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Kој и да се обидува да ги наруши нашите односи слушај добро КЕ ТЕ НАЈДЕ КАЈ И ДА Е ПА УЛИЦАТА ИМА ДА ЈА ИЗМЕТИ СО ТЕБЕ.
    Leave Him Alone ok??
     
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    Шопинг и сите делови од сложувалката си доаѓаат на место.
    Шопинг и образите заруменуваат.
    Шопинг и насмевката е со непроценливи амплитуди.
    Шопинг и очите менуваат боја.
    Шопинг и прамените од косата си се враќаат на патеките.
    Шопинг и убавината се потенцира.
    Шопинг и маж е непотребен.
    Шопинг и срцето е лудо заљубено.
    Шопинг и сите женски проблеми исчезнуваат.
    Шопинг и знаеш дека среќа се купува.
    :inlove:
     
    На BeYourself, ines.h, Asterion и 8 други им се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Да јас можеби сум од оние болно осамени луѓе кои на форумот си ја искажале својата болка. Можеби сум згрешила можеби не, можеби на повеќето им е гајле, можеби некои се среќни зошто ги имам. Но некој многу погрешно ги доживува работите. Многумина овде си ги искажуваат проблемите, секој со своја причина ама многу е плитко кога ќе прочиташ дека е поради собирање лајкови.

    Да се искажав и полесно ми е. Многу! Некој има човечко во себе кој знае да осети што е вистинска болка. Нечија болка не е за осудување.

    А да не го интересирал некој, немал да ги прочита тие постови за да ги осуди тие луѓе. Јас се извинувам што не сум била умерена. Што не успеале и некои други и затоа им ги паматам приказните, ама не ги гледам како некои што пробуваат да бидат светец/светица. Туку како живи суштества на кои судбината не им дала еднакво како на многумина овде. Вклучувајќи совршено семејство, прекрасен татко, љубов, работа, интелегентност, и им одземал нешто. Се извинувам што сум помалку од другите поради моите проблеми и што сум пишала искрени постови и што сум потенцирала дека живот не бил фер со мене.

    Јас би сакала сите да се безгрижни и среќни, и способни да се контролираат и да бидат умерени. Ама ќе кажам еден муабет на Пирамитка кој многу држи вода- ниско е да се поосчува индиректно и да се игра на карти на интелегенција. Не сме сите исти, и нема да ја имаме истата способност и кога ни е тешко, да пишуваме колку е убава пролетта, и се што смрди дека всушност прекрасно мириса.

    Живот. Секој со своја приказна, секој со своја способност.

    Јас се повлекувам од форумот, зошто сум болно осамена нема да успеам да бидам достојна и умерна.

    Ви посакувам секое добро. Драго ми беше што бев на форумот и што многу личности ми станаа толку блиски и во реален живот. :*
     
    На creshicka, eli25, Johny и 4 други им се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Љубам, а зошто да се повлекуваш, немој те молам :( , знаеш ли колку твоите постови се значајни и инспиративни....на секој од нас (барем на мене) потребен ни е некој силен и храбар примерок од женскиот род како тебе. :!:
    Ти и твојата животна приказна, колку и да е на моменти сурова и болна, се` само поттик за напред, поттик дека меѓу нас има борци во вистинска смисла на зборот.

    Јас се извинувам ако бев офф топик, но тои имав да и` го кажам на Љубам.
    Поздрав до тебе и остани и продолжи да ја делиш со нас секоја радост и тага, твоите фотографии и поезија за кои реков дека се огледало на твојата душа и срце. :*
    Лавовски те гушкам. :)
     
    На Monna.Monna, Phyramide, LittleDevil и 36 други им се допаѓа ова.
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    Можеби не сме табула раса, но сите тука сме само фигури со имиња. Додека не прекршуваме ниедно од правилата на форумот, тука сме сите со еднакви права. И никако не смееме да потклекнеме пред досадата на оние со затегнати нерви, односно оние 24/7 расположените за расправии и негативна енергија.
    Можеби сме смешни, забавни, тажни, меланхолични, хипохондрични, несреќни, алкохоличари, хепатитичари, жени, мажи... но тука сме за да бидеме тоа што сме... или што не сме. Неважно. Не испитуваме веродостојност на податоците. Можеби едноставно се олеснуваме, или просто твориме.
    Сум свратила тука да кажам колку сум среќна, успешна, убава...
    Сум свратила и само тука да кажам дека сум болна, дека се распаѓам, дека сум повредена за навек...
    И никогаш не помислив дека и тука оној женскиот синдром ќе функционира со полна пареа. Се излажав... како што споменав во еден претходен пост, ЖЕНА и мора нешто на криво да излезе.

    И запомнете: колку што сум јас, толку е и Љубам, колкаво што е моето право да дрндам глупости, толку има место и за нејзината уметност.
    Додека нашите права се оспоруваат од неадекватни особи, ќе се ретчиме како коса во есен.
    И она што навистина е за чистка и престројка е замислениот селектор на мислења и карактери.

    Овде сме сите како ореви во есен. Паднати на ова тло со некаква причина. Исти во форма, но со различна внатрешност. А никој другиот не може да го види додека не ја откачи лушпата и не се отвори целосно.

    Љубам беше само пример. Нејзиното место може да се замени со сите 20 000 останати членови.
    Авторот е точак.
     
    На MSkorpionka, green.eyes, ljubam и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да кажам...

    И јас морам да искоментирам во врска со Љубам.
    Редовно ги читам нејзините топли постови исполнети со живот и никогаш не сум ни помислила дека се ставени со некоја друга цел освен искрено искажување на чувствата, нејзиниот талент или искуства.

    И јас ќе ти речам остани и знам дека нема да згрешам ако кажам во име на сите феминки дека низ што и да минуваш, овде има многу луѓе кои ќе те разберат и поддржат. Поздрав :hug:
     
    На enca.69, TeddyGrey и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Сакам да кажам...

    На враќање од кафич денес со другар ми забележавме улично кутре. Беше легнато на тревата до самиот тророар така што секако мораше да се помине покрај него. Гледајќи го и чекорејки се поблиску накај него, мене ми падна жал, кутричко, беше некако толку слабо, изнемоштено и со поглед задлабочен и тажен кој како да говореше дека се откажал и од животот. А не беше толку старо.
    Јас пак како што си имам обичај си се наведнав и милно почнав да му викам: куц, куц, куцииии :lol: :tmi:
    Леле луѓе, како ми за'ржа, мислам дека рефлексно ако не срипав настрана неговите заби кај мене ќе останеа... (или мојата рака кај него).
    Ништо, си продолживме а другар ми почна по негово да си го пцуе кучето и да раскажува како и што заслужувале ваквите "диви" кучиња. А одвреме-навреме вртејќи се по него ќе му кажеше некое презриво "мрш". И ми вика: Виде ли, ти куци, куци а тој без рака или нога ќе те оставеше.
    А јас: А од кај знаеш дека баш од тие кои така милно го викаат (или намамуваат) ги нема преживеано најлошите и најсурови нешта???
    Се насмеа и ми вели: Е ова некогаш највише ме нервира кај тебе. Се оправдуваш и за се имаш разбирање.
    Се расприкажавме и сменивме тема одејки накај дома, а јас сега си мислам: Не оправдувам, но разбирам, зашто ако сакаш нешто или некој да подобриш мора прво да го разбереш.

    Туку СДК дека толеранцијата, и разбирањето на оние околу нас без разлика дали е за да им помогнеме или оправдаме е она што не прави човечни. Не мора да е за вакви ситници, но важи за се во животот. Добро е да критикуваш зашто знаеш што е тоа што ти пречи, но ако ја разбереш причината поради која настанал проблемот и критиката ќе знаеш и што да направиш за да не биде така :)
     
    На zhap4e, Theodora, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сдк

    дека многу
    мразам

    вакви
    постови со

    20 илјади

    безвезални спојлери
    сафра ме фаќа!!!! :envy: :envy:

    :devil: :devil: :devil: :devil:

    шопинг- и знаеш дека си осиромашила :lol: :lol:
     
    На Shana и AnaKarenina им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.