Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сакам да кажам...

    Само што заприметив една многу интересна појава. Може дури да го именувате по мене, Дузиев синдром, феномен, како сакате наречете го. :D

    Имено, луѓето, сакајќи да бидат што е можно поприфатени од останатите и од околината, често се подложни да го менуваат своето мислење, до тој степен, да се дури и контрадикторни со самите себе. Ова се случува и во реалноста, само што таму не стои се црно на бело, ами се кажало и се заборавило. Читајќи разни теми овде, каде се е пишано и запишано ФОРЕВЕР, видов колку сме смешни ние луѓето, и до каде одиме со желбата да се вклопиме.

    Пример, се пишува во тема, Вашето незаборавно пијанство. И сите навалуваат со коментари, УАУ, маче, викендов ѓон бев, претходниот бетер, ма не знаев кај се наоѓам.... Потоа, преминуваме во некоја тема каде што требаат високи морални вредности, и сите... Јас повеќе од чашка алкохол НЕ ПИЈАМ! :rofl:

    Во Диети, сите најздраво, ма најнездравото нешто изедено/испиено е вода од чешма, а во Храна и пијалоци, се е гурманишта, пу пу, машала. Снагите од марули не ни се, нели. :D

    Одиш во Секс, гледаш лавици, тигрици, шимпањзиња, ма све бре тоа е попалено, да ги буцнеш со прст по рака ќе изгорат (читај свршат)... Одиш во друга тема, истите тие плукаат, осудуваат, како тоа повеќе од двајца партнери се имало, па секс за време на пост, грев бе еј, грев! :D

    Религија побожни, светици, светци, попови, мислам дека и калуѓерка некоја се наоѓа, проповедаат мир и среќа и љубов, а ги осудуваат тие со партнери од различни религии. Претрчуваш до Образование, петкаши, бубалици кои за две минути се најуспешните препишувачи. Чуда, Господе, чуда.

    Посетуваш некоја тема во Психологија, бараш совет, ма се зависи од првиот што ќе пише. Ил лудак ќе испаднеш, ил гревче. Па ајде, не е така, вака е, се натегаме до утре и така до недоглед. Прерипуваш страна, две, пет, одиш до крај... ииии

    И овде, БАМ; гром од ведро небо, се појавува некој со различен став! :envy: Како се осмелува, закопајте го жив, расчеречете го на Камен мост, запалете го, и директно во Вардар. Нек гори бре, стасал тој да има свое мислење различно од другите. :rofl:

    Е колку сме ние луѓето чудни. Сите бре, сите сме го направиле ова некаде и некогаш, и го правиме и ќе го правиме. Не само на форумот, таман работа. Смешно е колку ни значи околината, банално е како среќата некогаш ни зависи од одобрението на другите. Морам да се учам да бидам среќна и задоволна сама со себе, а не да го чувствувам тоа само заради емоциите на другите. Добра е, битно се свестив, добар ученик сум.

    Не ме сфаќајте погрешно, само посматрав вечерва. :D
    Секој со своето, јас со моето. :D
     
    На baguf4e, Phyramide, angel92 и 57 други им се допаѓа ова.
  2. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    126
    Сакам да кажам...

    "

    ДЕВОЈКИ...
    Тие се како јаболката на стеблата. Најдобрите се наоѓаат највисоко на стеблото.Мажите не сакаат да дојдат до нив, бидејќи се плашат онака качувајќи се, дека ќе паднат и ќе се повредат. Наместо тоа, ги собираат оние трулите кои паднале сами по земја, или оние на подолните гранки кои се лесно дофатливи.Затоа и јаболката кои се највисоко на стеблото, не ретко се прашуваат што не е во ред с...о нив, а заправо се прекрасни и величенствени.Само треба да го причекаат вистинскиот човек, оној кој е доволно храбар да се искачи највисоко на стеблото.ДЕВОЈКИ. Не паѓајте за да може да ве стигнат, зашто оној на кого сте му потребни и ве сака, ќе направи се за да се искачи до вас, без страв дека постои шанса и да падне од некоја гранка..

    "

    :*
     
    На girl.23, julie77, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Сакам да кажам...

    Се чувствувам како романтичар, а не сум. Нив никој не ги разбира.. и мене никој не ме разбира. Никој не разбира што зборувам, никој не ја разбира музиката што ја слушам дома. Како да сум заробена во некој кафез, опколена со метални решетки, а излез нема.
    Чекам, а не знам што, но чекањето не води никаде.
    Сакам да одам некаде далеку, далеку, сама. Каде што нема луѓе-нелуѓе и каде што се’ би било совршено.
    А, совршенство не постои.
     
    На Twilight, crazylady, L-enna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум како издишан балон.....

    Прозорците стасаа, 16 мајстори ми се прошетаа низ станот неделава. Рушење, прав, кречење, генералки.... Малите здивеа во детската соба, и јас со нив. За сега сум задоволна и можам да кажам дека вредат за маката. Парите уште не ми се прежалени, ке ви пишам кога ке ми стигне сметката за струја.

    Згора на се, децата собрале големи сипаници од градинка. Знам дека кога - тогаш мора да се прележат. Последниот месец се болни и бoлни и после две дози антибиотик, тие уште болни и на крај се исфлија. Керкичката разбира, еве веке трети ден добро поднесува (пу,пу) ама на малиот денеска почнаа да му се појавуваат бубулчињата и Господ нека ми е на помош.

    Ме чекаат 5-6 машини алишта насоберени за пеглање.

    Покрај се горе наведено, денеска полагав IELTS. Генерално сум задоволна како поминав, се надевам дека ке ги освојам поените што ми се потребни.

    И то.

    Ај сега откако сте прочитале што ве чека понатака во животот, излезете, сабота вечер е. За некоја година ке сакате да шетате, ама дури тогаш нема да ве пуштаат од дома. И тоа нема да бидата мама и тато....
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Јас само СДК дека тој што те сака и е паметен ќе фати една скала(значи помагало ќе си најди,финта) и ќе стигни до тебе :) Е ако има страв од височина нека се престраши :D
    Ама па ќе го има најубавото јаболче ;)
     
  6. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Сдк ја мразам поделбата меѓу луѓето, на богати и сиромашни. Криво ми е што некој се убива од работа за една просечна плата, а некој со нечесна работа живее во палати, буквално КРАЛСКИ. Прееска кога си одев од кај дечко ми накај дома забележав едно детенце во стара распарталена облека, ми се доближи и ми побара 10 денари да си купи ѓеврече да јаде. Си викам во себе -Пеперутка ај не се праи паметна, заеби идење дома со такси, ќе си идеш со бус, фаќај го малиов за рака и носи го у тинекс(најблиску ми беше тој маркет)-. Ми беше чудно што прифати да дојде со мене со оглед на тоа што не знае ни која сум, ни дали нешто лошо ќе му направам, веројатно мислеше на тоа само да си го наполни стомачето. Срце. Ми кажа дека задутре му е роденден, ќе полнел 7 год, дека нема татко, а дека мајка му пита за парче леб :(, малку подоле на раскрснцата. Не беше ромче, обично кога ќе кажеме дека некој питачи по дифолт мислиме на роми, но :!: и да беше пак ќе му помогнев!
    Во себе имав е*ани 350 денари( за прв пат да не понесам повеќе пари со себе) од кој 50 си тргнав за автобус и со останатите пари му купив лебче, јогурт, 1 салама, и чоколадо. Луѓе не сте свесни колку беше радосен, а мене таа насмевка ми ја стопли душата. Се договоривме утре да се чекаме на истото место како денес, да му дадам облека од малиот братучед. Се надевам дека ќе дојде, јас ќе бидам тамо и ќе чекам! среќна сум што од денес имам мало ново пријателче и што знам дека можам да му помогнам.
    сдк 2 се фрлам на вежбање зошто закржлавев последниве 2 дена
     
    На CoverGirl10, Monna.Monna, Shana и 37 други им се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    СДК дека откако борбата со анксиозноста е при крај и останатите работи во мојот живот почнуваат да се менуваат на подобро. Сега можам да си ги дозволам сите работи кои порано мојата психа не ги дозволуваше.. Повторно патувам.. УСПЕАВ после 4 ипол години поминати само во Куманово и мачното одење во Скопје..кое траеше само неколку часа затоа што едвај издржував и толку.. Успеав и патував на малку подалечна локација. Имав заборавено колку е убаво чувството, да го гледаш пејзажот, небото, птиците, надвор од својот дом и да уживаш . Инаку мојот сон отсекогаш бил да го посетам Њујорк..разговарав со родителите и се надевам дека оваа година преку студентска размена конечно ќе можам и да ја запознаам Америка - со тоа мојот најголем сон ќе се исполни. Среќна сум и благодарна затоа што јас самата си пружив уште една шанса за поубав живот, затоа што само од мене зависеше дали ќе ја победам анксиозноста или таа ќе ме победи мене. Јас избрав - нема место во мојот живот за уште еден пораз..Јас сум таа која што требаше да победи.. И ПОБЕДИВ ! Благодарна сум првин на самата себе , на личноста која што е исто толку заслужна за мојот успех, за родителите и моите најблиски кои што секогаш се тука за мене..благодарна сум и на сите девојки од Фемина кои многу ме поддржуваа. СДК БЛАГОДАРАМ на сите.

    Девојки знам дека може сум и малце досадна со моите постови за мојата победа за анксиозноста, но знам дека ме сваќате колку ми значи и колку ми се промени животот, знам дека и вие сте радосни за мене. Ве поздравувам сите. :*
     
    На Phyramide, Trendafilka, green.eyes и 27 други им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    Mе мава пмс, само на јадење мислам! :D
    1 саат мислам што да јадам и не знам....
    :rofl: ај најдобро ништо :)
    си купив чај од дива вишна, леле лујџеее, собата на вишни ми мириса :drunk: :inlove: :mm: :mm:
    преубаво чајче, сега пак ќе си сварам :)
     
    На teddybear, blueeparadise, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    11.640
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Многу студ, малку кафе, книгите пред мене.
    По којзнае кој пат- ова ќе е долга зима.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Ми треба промена.
    Не нова гардероба,не нова фризура..ништо материјално.Добро,освен билет за далеку од дома,сама со себе и мапата.
    Е, нема.На репертоарот се гомна,па слободно послужете се.
    Кај сум сега јас безобразно сигурна и премногу војник? Ме нема,си седам меѓу четири ѕида веќе незнам кој по ред викенд и си ја тупам главата со смрдливи прашалници.Ко да животните прашања се фиксен број и се решаваат засекогаш.
    Совршено сум свесна дека се е релативно,се ќе заврши ко некоја драма и претстава.
    Не дека јас сум вечна,па морам да го земам животов здраво за готово..но некогаш,место да бидам благодарна , мене ми е криво што дома и ден денес ме чека повеќе од топол оброк,насмеани старци кои имаат разбирање за сите мои каприци, а за луксузот да не зборувам.
    Не,не се жалам..бескрајно сум благодарна, но сакам да го искусам животов. Да бидам горе, но и долу. Не му се плашам ако бидам долу.
    Али,спокојна сум.Ќе ги искусам и гомната што ги барам,а тогаш ќе барам нешто друго.И така цел живот,не само јас туку сите.
    Уште една пропадната ноќ е ова. Се гушам вечерва,пошто ми тргна надолу.Се фатив во стапица,дека се окупирам со него,беспотребно засега. Нека дише и тој,а богами и јас. Само..му се лутам.
    На крај, имам мотив да направам буквално се..а уште сум тука и не мрдам со малово прсте.
    Апсурд.
    Тоа е поентата вечерва.Дека стојам за сите,освен за себе.Ко да немам свој живот.Ко да зависам од него,од нејзе или од кого било.Најстрашно,сама се форсирам така.
    Мрдам за сите,освен за себе.
    Не личам на себе.Сепак,имам мотив и знам дека можам.
    Било што! Од утре,од утре не ветувам ништо.Пошо многу понеделници прокоцкав.
    Утре е друг ден,друга приказна.Вечерва онака се тргна надолу,па или ќе си најдам пријателче на Омегле или ќе заспијам со 'Калуѓеро што го продаде своето ферари'.
    Да поработам на себе,немам мирна совест и интуицијата ми е слаба.
    Кармотека! Но,не и вицотека!
     
    На Marilyn-Monroe, crazylady, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    Баш ова.

    На гостите што мораат да си одат, речи им: Збогум!
    И порамни ги сите траги на нивните стапала.
    Смеејќи се притисни на своите гради се што е нежно и просто и блиско.
    Празник е денес на духовите, што не знаат кога ќе умрат.
    Твојот смев нека биде само безначајна радост како блескавата светлост на брановите.
    Животот лесно нека ти заигра на ивиците од времето, како роса на врвот од лисјето.
    Во акордите удирај го ритамот со кој моментот те дарува.

    Рабиндранат Тагоре.
     
    На ludoto19 и dancing.queen им се допаѓа ова.
  12. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Сакам да кажам...

    Дали нешто не е во ред со мене, или со луѓето околу мене ?
    Кога ќе си го поставам прашањето ми текнува на една приказна која ни ја раскажа почитуваниот професор по јога на кој не му го знам името :)

    Во некое село кај што живееле селаните со својот крал, имало еден бунар од кој луѓето секој ден полнеле вода. Една вечер се симнала вештерката во селото и фрлила магија врз водата- кој ќе се напие од неа да полуди. И утредента сите селани пиеле од водата и полуделе.(скокале на глава, појма неам :D ) Кога разбрал за ова кралот се симнал во селото и се чудел : "Што е ова селани ? Зошто се однесувате така, па вие сте полуделе". Тие му одговориле : "Па нели гледаш дека ти си лудиот, ние сите се однесуваме исто, ти си тој што полудел. " И сеега доаѓаме до прашањето , дали да се биде крал на лудите, или просјак меѓу нормалните ?
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Свечено ве повикувам да направиме некоја забава.

    Кога: Одма, веднаш
    Каде: Па кај може ако не на Чет
    Поканува: Лично и персонално ЈАС
    :D :P

    Едит: Па не е убаво така убав Четот да не се користи, да зарѓи. :D

    Eдит 2: http://www.youtube.com/watch?v=p4kVWCSzfK4&ob=av2e ?? :wasntme:
     
  14. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    На respect му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Најдобар начин да натерате некого да зборува е со молчење.
     
    На pink4ever, Miss-Independent, Magnolija и 9 други им се допаѓа ова.
  16. respect

    respect Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Сакам да кажам...

    Скоро сите се со моќни текстови,моќна музика ;)
     
  17. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Сакам да кажам...

    They see me trollin'... They hatin'...[​IMG]


    :wasntme:
     
  18. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Во моментов би сакала да бидам на концерт од овој калибар! :D :dance: :party: :clap: :rofl: :music: Andale! Arriba! Abajo! Ахахахаха :lol: :P

    http://www.youtube.com/watch?v=OZUzX4kb ... ure=relmfu

    Изгледа не ќе да ми е лесно. А и од каде би ми било?! :wasntme: :P
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК не вреди човек да се нервира за ништо, најважно е здравјето, еден стрес и толку треба.Се е минливо, релативно, релативна е и љубовта :!: , животот колку знае да е убав, толку знае и да биде суров, што може такви шамари да му удри на човек, што три дена ќе се чуди што се десило, ама и тоа поминува, па потоа станува веќе видено, ништо ново работава :D Со тоа човек станува имун, едноставно кажано не трза :D а нити се изненадува.Се во животот е ука и поука :!: ;) Токму затоа не вреди да се нервира :)
     
    На Serafima, Rubiii, PussyHunter и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Сакам да кажам...

    Немате појма колку сум среќна ^_^ :dance: .
    Најдов една кутија во која сестра ми ја набутала целата стара облека и ја адресирала во неповрат :devil: .
    Кога видов се што има низ неа очињата ми светнаа аа.. :talk: :x
    Натегав едно по друго што ми се допаѓаше и си земав еден куп фармерки и шиени панталони, суќни па и некои блузи од мајка ми. Само некои мали корекции и гардероберот ќе биде наскрцан до даска :smirk: .
    Е тоа ти доаѓа некако како бесплатен шопинг 8) .

    П.С. Сестра ми ќе си умре од мака кога ќе види шо танка мома била :lol: .
     
    На eli25 и SexyLady им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.