Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сега во моментов ми дојдоа две залепени муви и ми застанаа на рамо...
    И ми се онадеа на рамо... |(
    Пу бе, што не ќе види и доживее човек... :D
     
    На Name, baguf4e, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    СДК дека во мојот скут ја држам најголемата книга во овие 2 години на факс додека сум, Право на Друштва, и интересно ми е, лесно ми е луѓе, просто да не поверуваш, книгата е толку голема што сто пати се преместив додека да најдам перфектна позиција за учење и како да ми биде згодно со ова бише од книга што тежи доста многу, и се исплатува, си земав и два маркери за се убаво да си подвлечам, уфуфф мераци ми направи книгата!
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.529
    Сакам да кажам...

    Само што пишав еден пост во темата "Каде излегувате" и тоа ме потсети на моите излегувања во град со другарка ми па место да ја полнам таа тема со оф топици, ќе си продолжам тука.
    Скоро сите девојки стандард за викенд или во своето слободно време, ќе се средат, нашминкаат, ќе си облечат фустанчиња и слично и ќе отидат во дискотека или кафич. Океј, ништо не ми смета мене тоа, тоа си е нивна идеја за забава иако јас не гледам никаква забава од прегласната музика која ми ги продупчува слушните тапанчиња, просторот во кој не се дише и постојаното довикување за да се разбереш со тој што си дошол. Не дека е лошо да си излезеш и да се опуштиш од време на време, ама јас си преферирам некои поинакви работи. Јас пре би да направам еден убав муабет со другарка, да се шетаме до бесвест кај ни текне, да правиме бељи, да се втурнеме во невољи и слично. Ама пред се, да се забавуваме. При секое излегување во град, прво одиме во Mcd :D ,да се најадеме колку што се може со малечките хамбургерчиња или тостчиња што ги служат таму, како ќе ни текне во моментот, ама па што можеме кога се неодоливи. :inlove: Потоа, откако ќе се најадеме веќе почнуваат несогласувањата околу тоа каде ќе одиме, дали во Рамстор или Гтц, дали на некои рандом места што ќе и текнат на другарка ми и слично.. И ај, ќе се погодиме некако, некој ќе мора да попушти де и накрај ќе завршиме залепени на излозите на некој опет рандом продавници да ја коментираме облеката што ја носат куклите, па дали е убава или не е па ќе влеземе во продавницата и ќе загледаме некои преубави парчиња кои за жал не можеме да си ги дозволиме и пред уште повеќе да се изнервираме ќе излеземе од продавницата. После тоа, како и секогаш другарка ми ќе ми рече да одиме кај лулашките кај Соборна кои ни се неизбежни при секое излегување во град, и ако мене не ми е по волја одма ќе фатиме да се караме и она ќе ми рече нешто во стилот, јас ќе одам, па ти ако сакаш оди си дома и со ваква фаца :!: . Ко деца сме бре. :D И ајде, јас што да правам, што да пустам ќе отидам со неа. И покрај неа, и јас го засакав местенцево. Кога е темно, најчесто нема никој таму, мирно е а ние се луламе и си зборуваме. Потоа ќе отидеме во некое паркче или ќе седнеме на некое си ѕидче или столбче покрај некоја стара гаража (многу ме привлекуваат вакви стари работи, незнам зашто) па ќе зборуваме, ќе евоцираме спомени од минатото, па ќе не фати онаа стара носталгија како било порано, зашто сега не е така, ама ако било така, сега ќе било вака.. Ех. И после пак ќе се изнервираме, ќе почнеме со она старото, ама кој беше крив ама набрзо ќе се смириме и ќе фатиме да се смееме на нашата глупост. А после ќе заборавиме како сме стигнале до тоа паркче или гаража па ќе се загубиме некаде низ градот.. Ама eventually пак ќе си го најдеме патот. :D После другарка ми пак ќе ме тера да одиме на некои чуднички места или други населби, ама ретко кога ќе ја послушам за тоа, не бре, ќе се загубиме некаде по пат, што ќе правам после. :lol:
    Најпосле, ќе се согласиме дека ни беше доста изолацијата од надворешниот свет па повторно ќе одиме во центарот на нашиот ни мил град, Скопје, да манијачиме мажјаци :P или они нас, незнам. Баш тоа и се случи претходниот пат, јесда беа бааги постари од нас ама тоа е, we can't help it. И на крај, како крај на денот ќе се најдат некој си манијачишта на плоштад (овде зборувам на деца на наша возраст, кои се најчесто албанци) што ќе фатат да не бркаат низ цел град а ние кутрите, ни самите незнаеме зашто. И ова ни се случува само на нас две, и само кога сме заедно. Де, што се случува, зар некоја привлечна сила имаме мајку му.. Изгледа привлекуваме внимание зашто неможеме да се соземеме од смеење заради некои глупави и навидум небитни работи, па ете затоа. Накрај, со нашата итрина ќе успееме да им избегаме, ќе фатиме автобус без број.. само со еден натпис. На него пишува: Back to reality.
     
    На BeYourself и ludoto19 им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Сакам да кажам...

    Добив подарок - чадорчиња менѓушки од мојана водолија. Се изначавкавме цела вечер за сите погоди и непогоди додека беше таму. Некои љубови се враќаат, некои не.
    Сосема солидна вечер. Понекогаш сум уморна од тие постојани женски разговори, дали, како што... Ама тоа е таа другарска енергија. Истите разговори, како да не се правени никогаш.
    Дури и помислив дека не ни врне, а тоа капеше ко да е прободено цело небо.

    Дома ми мириса на костени.
    Умотана во ќебе си мислам, колку може да е фино кога некој ќе ти каже дека нештата, иако се смртни - додека траат, да ги направиме поубави.
    Нека трае. Нека трепка де! Само да е во ред.

    Студов ми влегол во соба, но не му придавам значење.
    На срцево ми е топло.
    Многу топло.
     
    На Strumfeta93, Chocoholic, Neytiri и 3 други им се допаѓа ова.
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    СДК дека ова ми е прва ноќ кај либево ми дома :geek:. Досега немам останато кај него. Ај нек се угоде :D
     
    На Look, eli25 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сакам да кажам...

    :)
    Мене ми е супер бе.
    Денот си го исполнувам што е можно покреативно и по смирено.
    Едноставно не сакам бурни викенди.
    Сакам прошетки по природа со апаратот в раце.
    Добра книга додека зобам Милка.
    Долги разговори со луѓето што ми значат со шоља чај.
    Но нешто ми недостига.
    Татко ми. :(
    Му се восхитувам на тој човек. Се откажал од се,само за да ја напушти земјата и да го остави својот живот овде за да го обезбеди неопходното за нашето семејство. Дури и по цена да не ги види најблиските и повеќе од еден месец.
    Не,не кукам. Тешко ми е но не кукам! Копнеам да седнам со него и цел ден да играм карти и да му кажам се што ме мачи. Aма нема да си дозволам да покажам слабост пред него.

    Јас живеам за моментот кога ќе ме гледа со солзи во очите и да рече "Да,успеав".
    Eте тоа го сакам. :l:
     
    На Monna.Monna, la-chicka, mims-89 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кога не сака - не сака. Тоа е, и готово. Крај.
    Таман ќе си речеш промена, Марфи и остали комбинации од нервоза, невнимателност и сл. ќе те зае*ат за сите пари.
    Ми иде да си ја треснам главата од ѕид.
    Добра ноќ!
     
    На Neytiri, TeddyGrey и teddybear им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Мислам дека ќе бидам многу посреќна личност доколку некои личности од животот ги избришам, перманентно.
     
    На la-chicka, Strumfeta93, Rozich и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека многу е заебано кога слушаш како ти шушкаат од спротивна маса:
    -Многу се мали, 18 имаат одвај.
    -Абе неее, што ти е, имаат сигурно толку.
    -Што ти е бе, кои црни 18? Накај 17че се.


    Луѓе божји аман. Не одбравме да одиме ние таму, моравме. Чоек да не може на мира роденден да си прослави. |( Ни мене не ми е пријатно со 30 годишни на исто место, ама кога се мора, се мора.
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    8.618
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК многу ми треба една огромна прегратка,од било кој.Итно и битно е...И уште го сакам покрај се што ми направи..куче едно,езерски кит,домашен пингвин...
    Марш у три лепе..што ми направи што не можам да те заборавам?
    Сакам да се шеткаме на ладново и да се топлиме заедно,за последен пат..
     
    На Divinebutterfly и belieber им се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кој вели дека само љубовта е доволна? Љубовта е само инспирација, а инспирацијата е она што ни треба за да успееме во замисленото нели?
    :) :) Барем за мене! :!:
    Ајде добра ноќ т.е. Добро утро :D :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Сакам да кажам...

    [​IMG]

    Ете, само тоа...
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Сакам да кажам...

    Да додадам, морам...
    Убавината на овој свет, е во тоа што сите сме различни...
    Тажни приказни за лајкови?
    Или можеби и исфорсирано среќни, со доловувани филмски моменти, за уште повеќе лајкови?
    Можеби стихови и песни кои за мене се се освен поезија...се споделени тука за лајкови...
    Континуирано потенцирање на својата среќа, својата интелегенција, супериорност, со обвиненија, вие останатите, не ги силувајте зборовите. Јас ги поседувам, и ако не знаете да манипулирате со истите, на начин на кој јас умеам, забрането е да се ОБИДЕТЕ да кажете нешто паметно, според вашите можности. |(
    Толку умееме, не сме сите исти, римембр?
    Многу ме иритира кога некој е на форумов за самосебепромоција, среќен, интелегентен, олмост па прфект, или пРфект, филмски снимки од секојдневниот живот, смеа, убавина, радости, совршенства, збор за болка и тага, никаде. Ги нема, секоја им чест, вистински среќници.
    Во мојот живот ги има, денес сум среќна, утре не, ама тоа не е причина да пишувам само денес...
    До сега не сум реагирала никогаш ама баш никогаш, во ваков момент, ама Љубам, јас те молам да си останеш на форумот, твоите приказни ми се многу поблиски до реалноста, мојата реалност, многу повеќе слика на животот кој јас и луѓето околу мене го живееме, собирам драгоцени искуства, учам од твоите постови, уживам да ги читам твоите постови, топли, полни РЕАЛНОСТ, и ми се од корист многу повеќе, отколку некои рандом муабети за незнам, топли чаеви, собиранки, смеанки, пијанки итн...Во тие момоменти мислам дека сите добро се снаоѓаме, потребно е пример како некој од дното го искачил врвот. Барем за мене.
    п.с. Имајте на ум, и за некој друг вашите постови, редови зборови, се празни и не му се допаѓаат, и мисли дека се излишни на форумов, напишани за собирање лајкови, ама никој не ви го рекол тоа, нели? ;)
    Размислете зошто? Не постои шанса дека некому не му се допаѓате, или едноставно, го почитува вашиот избор за она што сте решиле вие,да го споделите на форумов ?
     
    На Mayyya, eli25, nesa и 18 други им се допаѓа ова.
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    Не знам што се случувало тука, ама се чувствувам како Алиса во земјата на чудата. Изгубена сум, се прашувам, во кој форум западнав после моето краткорочно причинско отсуство? Велите, ова е Фемина форумот? Да не сте грешка? Имам чувство дека постов ќе биде насочен кон некој друг форум. Ќе бидам сфатена обратно од тоа што сакав да го кажам. Со други рекации.
    Зошто?
    Не знам. Никој не знае од овој форум. Хм.

    Добро луѓе, што стана со вас? Се’ е сменето...
    Ништо не препознавам од тоа што беше.
    А и почнаа форумџиките да бегаат. Очигледно и ним форумот им станал место кое веќе не е исто како порано. Љубам, зар и ти сега? М?
    Ајде бре луѓе, не се предавајте така лесно поради еден провоцирачки пост. Можеме да го направиме форумов како порано. Да си биде добрата стара Фемина со постовите поради кои се зачленив. Ајде, се надевам вие барем не сте наполно сменети.
    Очекувам прекрасни постови во овој неделен ден.
    Постови полни со ентуијазам, радост, но, тука се и тажните, болни постови...Знаете, ги сакам оние, реалните. Сите знаеме каков е уствари животот, не се залажувајте и не не’ залажувајте.

    Благодарам на вниманието! :bow:
     
    На crazylady, Divinebutterfly, Chocoholic и 5 други им се допаѓа ова.
  15. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Сакам да кажам...

    жално но во пoвеќето случаи вистинито '' најубавите јаболка свињите ги јадат ''
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Секој од нас како индивидуа е збир од повеќе карактеристики кои го чинат нашиот идентитет, како - место на раѓање, религиска припадност, навики и обичаи, па и предрасуди, интелектуални но и физички или телесни карактеристики и др. сето тоа го чини она што се нарекува наш идентитет и на што сите сме екстремно чувствителни, без исклучок и на 5, на 25 или 55, па и на 85 год.

    И јас скоро бев индиректно премногу погодена од одредена изјава на тоа колку познаваме луѓе според одредена карактеристика, кои во контекстот беа крајно негативно асоцирани. Да, јас познавам и таа личност од моето најблиско семејство која не е веќе меѓу живите беше најкротката и најпожртвувана личност, на која искрено може и никогаш не ќе и бидам дорасната за компарација ни самата ни па одредена личност од мојата поширока околина. Реакцијата од моја страна секако предизвикана од тој со голем емотивен набој атак беше ќе речам очекувана, како и спротивната реакција и веројатно ова се случаеви кога секој наоѓа оправдување за истото и од своја гледна точка е во право. Не е тоа ни најкруцијалното во муабетов, ни па оправдување ни потреба од сочувство, ќе го преболиме меѓусебното разијдување на ставовите. Поентата е да се минимизира појавава.

    Она што сакам да посочам е секој може да пробуди моментален восхит со тоа што ќе истакне одредена група луѓе кои ги мрази, презира, со кои се подбива дали поради телесни карактеристики како дебелина или височина или некој недостаток телесен или умствен, дали поради религиска или етничка припадност, дали поради сексуални определби и сл. И секогаш ќе се најдат барем десеттина кои ќе го поддржат во истото бидејќи имаат лош ден од мал милион причини предизвикани од она што претставува вистинскиот живот, кој на сите ни ја демонстрирал и својата сурова страна, сега нормално не со ист интензитет.

    Апел до сите се вклучувам и себеси нареден пат кога изнесуваме став пред да се расфрламе со огорчености, омрази, нетрпеливости или подбив да изброиме до 10 и да се сетиме како ни било кога некој со или без намера, директно или случајно, не погодил во сржта со одреден коментар. Зборувам за оној длабок емотивен потрес не за тоа дека фалат запирки во постови, чувството е крајно булс и хорс и од цела фарма на стариот Мекдоналд ШИТ и сигурна сум дека ќе се сетите иако нерадо бидејќи верувам дека сите без исклучок барем еднаш сте го почувствувале на своја кожа. 1, 2, 3...10 и аш едноставно е, нели?

    Благодарам на вниманието.
     
    На Mayyya, Serafima, ljubam и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми се залепила мастика во коса, од кај се најде - врска немам. :x
    Стануваш, се гледаш во огледало и зелени остатоци ти висат од левата страна на главата - WTF ? Што е најтрагично вчера бев со собрана коса излезена... :x

    И да ми висат цели пакетчиња мастики, косата не ја сечам. Ќе ги одделувам цел ден, ама ножици да употребам нема никакви шанси.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Каква ноќ!! :rock: Аууу страва.
    Само тоа ќе кажам.
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не бе какво сечење. Јас така да ја сечев до сега без коса ке останев :D Пробај со зејтин да ја извадиш- It works :D
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...


    Прекрасно кажано Теодора. Но, не секој има доволно развиена свест за да допрат твоите зборови до нив. Не сакам да дискутирам за интелигенција, начин и стил на пишување, култура или што и да е. Сите сме различни и мислам дека и во тоа е убавината. Проблемот е што луѓето не се прифаќаат меѓу себе, или можеби им е тешко да го прифатат она што е подобро од нив (наместо да имаат желба да научат нешто ново од таа личност).

    Дел од луѓето се полни со горчина и омраза, а тоа само се рефлектира кон другите. Никој не треба да биде навреден, од исказот на „некој„ на форумов. Јас тоа не би земала лично, туку само би сфатила дека ете и не сите, имаат висока свест, доволно висока емотивна интелигенција за да го восприеми она што е кажано на „правилниот„ начин, дека постојат луѓе кои што имаат тажни животи (не во смисла тежок ;) ) и дека се полни со незадоволство, осуда, предрасуди.... И да, ќе го негираат тоа, но длабоко во себе знаат дека е тоа само една сурова вистина. ;)

    Тоа сакав да кажам :)
    Имајте убав ден..
     
    На Theodora и ljubam им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.