Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    And when I awoke, I was alone, this bird had flown
    So I lit a fire, isn't it good, norwegian wood.


    Да се остави или да се биде ќорав? Нешто сигурно е полесно, но што?

    На никој душата не му е изработена од најфин материјал, па со мало допирање да се направи пукнатина. Ти треба замав и удар, за да како гонг се одзива таа пукнатина. Посебно во вечерните часови, кога си лице во лице со славејчето, што би рекол Буковски.

    Моментот е кога си сам, а душата ти ја удара силен ветер, да не знаеш од која страна да ја завртиш, кај да ја потпреш. И се тресе јадната, додека јадрото не и се разболи.

    Душа ко душа, сама по себе мевлем. За некое време, пак едно цело. Па пак како листенце под милост на ветер.

    Но до кога, како?
     
    На la-chicka, MSkorpionka, Mayyya и 15 други им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Сакам да кажам...

    Нема потешко нешто од искреноста, а полесно од ласкањето.
     
    На cigarce, blond, Mayyya и 17 други им се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Сега сфаќам колкав е товарот еднаш да се биде најдобар, а потоа да продолжат како таков да те гледаат...
     
    На julie77 и zhap4e им се допаѓа ова.
  4. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    -Достоевски :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    денес сум ранобудник, станав во 8ипол... ма нема везе супер се чувствувам не лелекам дека ми се спие
    Прво ја средив цела облека за детенцето што ви кажував, ја испеглав ја спакував и чекам да дојде 5 саат за да му ја однесам (се надевам ќе дојде), освен тоа му купив овошје, блачко, и некои прехрамбени производи, нормално и домашно ајварче, за да имаат барем 1 недела за јадење
    Инаку моето внуче денес полни 2 годинки! Нека ми е живо и здраво, и најубаво како мене :D :D ( е не сум жива ако не пројадам бурек малце).
    Иако времево е грдо и тера само на спиење мене денов ми е прекрасен!
     
    На Theodora, ludoto19, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    СДК се изнервирав од рано сабајле заради одредени луѓе . Многу е лесно кога целиот свој живот си имал се што ќе посакаш и сега да дојдеш и да солиш памет на некого дека парите ништо не значеле . Моите родители жртвуваа се заради мене и сестра ми..тие незнаат веќе со години што беше тоа одмор , тие не се излезени на добра вечера во ресторан, тие јадат што има по дома - што останало само за да ние го јадеме поубавото нешто . Тие се мачат - буквално цела година за да можеме ние да одиме на факултет , за да имаме пристојна облека и топол дом . А на таквите кои што тврдат дека парите ништо не им значеле тоа е затоа што секогаш имале повеќе од потребното . За нив не е радост секој ден да се купуваат парфеми , парчиња облека..за нив не е радост дали мајка им има што ново да облече за на работа или веќе со години го носи истото. А сите они да се стават на местото на луѓето кои се многу посиромашни од нив..би сфатиле дека да - парите се МНОГУ битни. Парите се единствената причина заради која моите родители ги гледам со наведната глава и тажни лица, парите се тие кои ги тераат моите да стануваат во 4 сабајле и да се мачат по цел ден , и затоа не можам да бидам лицемерна и да кажам дека не ми се важни . СДК Живеам за тој ден кога моите нема да се жртвуваат да јадат шопска а јас да јадам скара , живеам за тој ден кога нема да мислат од кај да најдат пари утре за факултет..живеам за тој ден кога јас ќе бидам доволно финансиски стабилна за да ги пратам на одмор, да им купам и обезбедам се што им треба - како тие што прават за нас и да им ја олеснам староста .
     
    На CoverGirl10, BeLLaDona23, Monna.Monna и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам, дека не е проблем, ако меѓу другото, некој ја искористува Фемина, како форум, меѓу другото, и за да си ги каже маките, да сподели нешто, да побара совет или мислење, да си се пофали, да си собира лајкови ... или едноставно оти му/и е досадно.

    Не е важно кој како тагува и како тоа го изразува, ама сите на некој начин понекогаш ја користиме Фемина како психо-терапија на нашите реални животи :P

    И токму во тоа е убавината и големината на Фемина. На Фемина можеме сè да и кажеме, без да ни се налути, за разлика од реалниот живот, во кој таа слобода ја немаме. Секој може да ја напушти Фемина, а Фемина нема никогаш да не напушти нас. Можеме да и бидеме на Фемина неверни и да одиме на други форуми, и пак да и се вратиме...и таа пак нема да ни се налути. Најпосле, на Фемина сме и кажале нешта, кои можеби на никого во реалниот живот не сме ги кажале ... а сме сакале тоа да го споделиме со некого ...

    Ете тоа сакав да кажам и сега многу поубаво се чувствувам :)
     
    На 1209, Elenuskaa, Gea и 34 други им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    25.158
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Хаос...

    Не знам што се случува, скроз сум збунета, ама дојде време на човек да му е страв да пише нешто во врска со својот живот, ваму у реалноста, кој нема апсолутно никаква врска со форумов, од страв дека некој ке се пронајде и навреди...

    :x
     
    На Buttterfly, green.eyes и julie77 им се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Сакам да кажам...

    Обвинувања, обвинувања, дали има основа за истите небитно е, важно караванот да си врви...
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    Времето минува толку споро за оние кои чекаат...
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    Сакам да кажам...

    СДК проклета нека е хуманоста во мене :lol:
     
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Сакам да кажам...

    Пеперутче, ббраво :clap: . Повеќе луѓе вакви, и оп, светот поубаво место за живеење. :*
    Прашај го детенцето кај живее, како се вика, кај можеме да го најдеме, па кој како ќе биде во можност, еве трегнувам од себе, верувам и другите, ќе им помагаме со што можеме. Без организирана редовна обврска, кој кога може, и колку може, да му го направиме детството помалку болно. Кога и ако добиеш информација, сподели, јас би те замолилаи по лп да ми пишеш.
    Браво уште еднаш за големото срце што го имаш :clap:
     
    На firequeenn, Divinebutterfly, Theodora и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    СДК дека некои личности во мојот живот воопшто не ми ни биле потребни.Ке мора да ги елиминирам што поскоро за да не го јаде некој стапот.А ке го јаде :D а може ке се прекрши и на два дела.
    А денов освен депресија ништо друго нема да ти донесе,ама ти биди попаметен и зафркни го :D Денес имам повод за срека а и утре а и ден потоа.Мајка ми ме направи ментално пореметена личност зошто и реков дека сакам да бидам клон.Јбг многу филмови гледање не се на арно.
    Лудата во трафиката се обиде да ми украде пари со тоа што велеше дека немало интернет а ги зеде парите за да ми стигнат кога ке дошол.Ама уствари во нејзе бил проблемот а јас си чекав и си чекав да ми стигне месаџ дека имам кредит.Нејсе само на Т мобајл му текнува на мене периодов.

    Ве сакам сите. :*
     
    На crazylady, Divinebutterfly и Johny им се допаѓа ова.
  14. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сакам да кажам...

    Помина и мојата веридба :) Сега сум на некој начин жена 8) Еве ви една слика.
     

    Прикачени фајлови:

    На Lepaaa, LilBaby, BoaVista и 61 други им се допаѓа ова.
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    8.618
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам...
    ...Hold my hand, just one more time, so I can remind myself why it is that I can't get over you.... ;(
     
    На teddybear, Grunge и starbucks им се допаѓа ова.
  16. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам да кажам...

    Сфатив веќе поодамна дека животот ми нема смисла без другарките,иако некогаш навистина претеруваат,јас ги сакам највеќе.Мили мои.Најубави мои. :inlove:

    Исто така сфатив дека се е пролазно во животот и колку побргу ги прифатиме работите такви какви што се толку подобро за нас.Некогаш треба борба и жртвување,но некогаш тоа е сувишно.Да,дааа.
    едноставно кажано.што и да биде, така требало да биде.

    И сакајте девојки.Љубовта е чудна работа!
    Било пријатели,дечко или животно.
    Љубовта е доооста, достааа моќно чувство кое не дига во облаци,зарем не ?! :)

    :l: :l: :l: :l: :l: :l:

    Љубов до сите. :*
     

    Прикачени фајлови:

    На TeddyGrey, EleMental, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Си решил дека конечно си доволно возрасен да ја надминеш онаа фаза со моливчињата со гумичка што шмрља, пошто ипак он ти иде увек со една убава, миришна... на гума :wasntme: , гума Пеликан.
    Па во тие времиња, ти, увек можеше да го забришеш или тотално да го избришеш секое „А“, кое што „А“, не е доволно „А“ за да стои баш како „А“. Нели?!
    Детето порасна! Наздравје онда, пошто славје е велико за премин од оваа фаза, макар што доаѓа природно без било какви перипетии.
    И онда си преминал на фаза пенкала. Ги бираш по тоа што не испуштаат мастило, пак кога пишуваш да ти остава дамчици на ручето твое дур шкрабаш по тоа страничките, и гледаш да не многу стружи по тоа белите листови, да се слуша ко, шркип-рип, крц-кврц, оти тоа ежи, те деконцентрише од фокусот на твојата чиста, ко неосветена вода - мисла.
    И сега си во стилот „сам себе си го пишувал и опишувал“. „Д’ рајтер“ ти е уметничкото име, оти ти си и автор и ко-автор и читателот дури... се што е потребно! Ти прискокнуваш у секоја функција.
    Свој чоек, мој чоек, сечиј чоек, али најбитно самостојно чоечуле, спремно да стане чоечиште.
    Правила нема, оти ти ги ствараш, ти ги раствараш, им правиш пар-непар, распар, што да е.
    Пак и кој видел добро во правила... мода е, правила правила у њима се удавила - си ја рецитираш. Твое е веќе тоа.
    И иде онда пишење. Ти оди перфект. Пишеш страна, две, три...десет. Ма све ти лизга. Ко јазик и сладолед сте - ти, пенкалото и белите листови, нема кочница тука. Во еден момент решаваш да се вратиш да препрочиташ што се тоа си напишал. Прва реченица, ах, што сум на себе горд, одличен сум, си велиш. Одиш понатаму и па ги приметуваш тие неубави „А“. Затвараш тетратка и смислуваш систем. Велиш мора да има некое правило, макар едно, ама да се знае, кога „А“, не е „А“, само тогаш тоа „А“, што не е „А“ го ставам у... заграда ете да речеме. И го правиш! Ама онда секое „А“ ти се чини ко да е се’, но она правото „А“, никаде.
    Го гледаш во сите редови и меѓу редови го наоѓаш дури.
    А, а, А,а, А,А,А,А,А,А,,А,а,а,а,а,а,а,,а....ааааааааааааааааааааааааа!
    Решаваш да скинеш страница две... и кинеш. Се губи смисла веќе. Едно со друго не се поврзува, пак и веќе денови, седмици поминале, како не си напишал нешто ново.
    Сега имаш друга мисија, најди го „А“, што не е „А“, а тоа пустото..
    Е, изгледа она, преминувањето од фаза во фаза, ипак треба да биде сторено со 38478291030566 перипетии.
    Туку, баш синоќа некој ми шепна нешто:
    The stage of identity versus role diffusion leads us to intimacy or isolation (Erik Erikson)
    Шит :worried:

    А, да... it's just me, it's not u.
     
    На Go-Girl, TeddyGrey, N.A.T.A.S.A и 14 други им се допаѓа ова.
  18. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес сум исклучително мрзелива личност, креветот на кој што седам и си пијам кафе,уште од 11 часот чека да биде наместен...но, што да правам времево ме тера само на седење,дремење пред компјутер,пиење кафенце.Се чудам кога ке почнам да седам со книгата во раце,мислам не само да седам :!: туку и да почнам да учам,се ближат колоквиуми а мене мува не ме лази :wasntme:

    Добро освен мојата мрзеливост,се чувствувам среќна и исполнета, секако благодарение на моето семејство и саканата личност скриена длабоко во моето срцеда неможе да ми кидне :P
    Еве овде,покрај многу сведоци ќе изјавам дека многу ве сакам и ве почитувам...знам дека одамна не сум ви кажала, но и знам дека мојата љубов ја чувствувате секојдневно.
    Па луѓе,сакајте си ги сите што ве прават среќни,тие го заслужуваат тоа :)
     

    Прикачени фајлови:

    • happy-family.jpg
      happy-family.jpg
      Големина на фајлот:
      84,4 KB
      Прегледи:
      455
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сакам да кажам...

    Јас тоа си го решив што одлучив да не пораснам туку да си останам зелен во мозок :lol: . И не биди толку перфекционист, освен тебе тешко некој друг да примети дали си ставила А или Б :D.

    Се надевам те разбрав ако не мојот „детски“ мозок е крив :D.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    Областите во кои едноставно ме нема се застрашувачки и често разочарувачки за луѓето околу мене....
    На пример, сигурен сум дека 2 Август го славиме бидејќи тогаш започнало Илинденското востание. Единствена друга дата што ја знам е годината кога умрел Делчев војвода, или барем памтам дека имаше тројка во неа. А името на селото, нели Баница, ми е сугестија по на баба ми зелниците и баниците со праз што ги прави експертски...

    Вчера на работа зборувавме за понеделникот, и нели немало да се работи..
    Јас како јас, блеам како теле и дури срам ми е да си прашам кој е филмот, што не работиме. Одговорот што го добив ми нафрли киселини во грлото. Молам?
    За инат има да перам на раце цел ден во понеделник, ќе бришам прашини и позади телевизорот и шифоњерите, нема да застанам цел ден бе, ќе видат тие дали ќе ми диктираат празник и славење по такви поводи...

    СДК 2
    Хормонално дисбалансирани средношколци како комшии, кои мислат дека го поседуваат светот штом ќе дојде викенд, кои урлаат на фудбал чумки некој им ги дере, пијат и трескаат до 5.30 наутро и доста жолчно расправаат дали Ј. Јованов имал талент за пеење или бил тежок фејкер СЕ МНОГУ ЛОША КОМБИНАЦИЈА со тенки гипс картон ѕидови.

    СДК 3
    “Маја, да знаеш многу те сакав како побратимка, и затоа не знам зошто си ми зборела зад грб дека сум имала мрсна коса...”
    Муабетов го слушнав поминувајќи покрај група 7-8 – одделенки во маало, пред да влезам во зградата...Се свиткав од смеење.

    СДК 4
    Да не мрчам, ама животот во куќа почнав да го гледам како луксуз. Секој ден во зграда смрдам на туѓи реи. Денес на менито беше пржена риба :puke: . Се чувствувам како тие вертикално одгледуваните јагоди.
     
    На green.eyes, BeLLaDona23, martinuska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.