Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сакам да кажам...

    Не очекував дека мојот пост ќе предизвика толку бурна реакција, та дури и во мојот инбокс. :D

    Мило ми е ако ве замислив, барем за момент, и ако ве поттикнав да анализирате, премерите, размислите и сфатите што е тоа што ни треба за малку среќичка и добро расположение. И баш тука ја сретнуваме целата иронија на животот, како тоа треба малку, а обично баш тоа малку фали. Чудото на нашето постоење, дозволувањето на тоа МАЛКУ да порасне во МНОГУ и да стане пречка во саморазвивањето и созревањето. Почнувам да мислам дека достигнав некоја емоционална стабилност м ? :?:

    Имајте убав ден, и ви благодарам за вниманието. :)
    Тинк позитив! :*
     
    На angel92, julie77, ljubam и 6 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.454
    Допаѓања:
    42.438
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Значи ме пукна една мува и кога ја фатив ваква бев со неа :devil: Колку е ќефски само ја земаш тепалката ја начекуваш и шлап и правиш ваква фаца :emo: ( ај сега замарај да те видам) :D
    И ги прогласувам за најнајнајдосадни суштества, дури подосадни и од комарци.Уф.
    Него не ми беше тоа муабетот сакав да кажам дека хемијата и јас не си одговараме, дефинитивно...значи 15 страни со равенки ги учам од сабајле од 11 и никако, никако да ги научам.Ќе пукнам веќе...ќе паднам сигурна сум уште сега.
    Моите дома ме зафркаваат, демек како се осудиле мене да ме стават во хемиска лабораторија, во право се не се лутам...јас можам и бомба да направам од толку што сум трапава.
    Уште значи првиот час мене, единствено мене ми пукна епрувета и ми се растече тоа стварта од внатре...а не знам ни што беше, листот од тетратката стана црвен што може да било :^) :D
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК преубаво видео,мора да го погреднете,јас останав без зборови! А и фустанот мммм :inlove: Така е,луѓето знаат да си направат убава свадба :) Се надевам да ви се допадне и ви посакувам убав ден! :*

    http://vimeo.com/30975219
     
    На BeLLaDona23, Spell, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк пишувањето текст е како распарување џемпер.Ја повлекуваш мислата и зборовите сами протекуваат.Но понекогаш конецот може да се преплета.
     
    На blond, Serafima, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сакам да кажам...

    Ми се плаче од радост. Толку години го очекував овој момент, толку го посакував и сега конечно ќе дојде. Сеуште неможам да поверувам.
    После долги 5 години нестрпливост и чекање, после толку години Господ ни ја отвори вратата. Солзиве ми наидуваат како огромни морски бранови, плискаат на бреговите кои досега беа суви и пусти.
    На почеток беше само една малечка и безначајна мисла. За подоцна да прерасне во живот. Секој ден се прашував дали е добра таа мисла, дали е моја, Господова или ....? Плачев од срце и се молев со цела душа, да не биде како што сакам, туку да биде онака како што е најдобро, да биде волјата Божја. И дојде, дојде тој миг. Беа доволни само неколку минутки да се соопшти најголемата вест која ќе ми го промени животот, зборови кои излегуваа од една света душа.
    Ти благодарам Св. Јован Крстител што не ме напушти. Ме слушна, иако сум најгрешна и најнедостојна. Можеби додека стоев пред твојата чудотворна икона требаше да ја измолам твојата милост да ми ја отвориш утробата и да бидам плодна, ама побарав сосем нешто друго. Патот на спасението.
    Од срце ти благодарам што станавме уште еден чудотворен случај, што ќе се вброи во твоите безброј чуда на твојата света икона во Бигорскиот манастир.

    И се прашувам, дали заслужувам и со што сум заслужила да го добијам ова! Постојано грешам, не знам дали сум направила барем едно добро дело, а Ти Господи безрезервно даваш. Како еден ден ќе застанам пред Тебе, со кое лице, со кои добродетели, кога целата сум извалкана и не знам дали има некој погрешен од мене ;( . Зарем толку е голема Твојата љубов да ги простиш, заборавиш сите неубави работи, да поминеш преку се и пак да даруваш со љубов?!
    Знаев дека Твојата љубов е бескрајна, но до оваа мера да погледнеш и на мене, на човек (подобро кажано црв) како мене, не мислев.
    А замисли се Серафимо, колку ќе се бара еден ден од тебе и дали и ти, на истиот начин даруваш љубов на сите!

    Од срце ве молам и паѓам на колена пред сите вас, простете ми, за се што сум ви згрешила со некој мој пост!
     
    На angelce1, Monna.Monna, Fearless и 26 други им се допаѓа ова.
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
     
    На TheKiketoo и danichap им се допаѓа ова.
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    6.722
    Сакам да кажам...

    Неделава е посебна . Вечерва ќе ја заокружам со мили луѓе и топло чоколадо. ^_^
    Од срце им благодарам на сите што беа вчера со мене и го направија мојот роденден незаборавен . :inlove:
     
    На crazylady, Nightwalker и Serafima им се допаѓа ова.
  8. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Сакам да кажам...

    Да бидам денес среќна заради хороскопот...

    Па добро бе...една вечер човек ќе си помине убаво и ете оп од сабајле све по старо све за у п.м...
    Време е за љубов. Сонцето денес ќе влезе во шкорпија, вашата 5-та страсна куќа на флертувањето и романтиката. Ова е одличен ден за да направите нешто возбудливо заедно со вашиот сакан.

    Во наредниот едномесечен период задоволството ќе ви биде на прв план. Ќе имате потреба да флертувате, да се шегувате, да танцувате... Ќе го обожавате вашиот живот.
    И сега што треба да бидам среќна??? Не несум...дечко ми не ми се јавува...синоќа направив беља со друг...да да лоша сум и сега што??? може да ми забрани некој...јас кревам раце од таа љубовна среќа едноставно не иде :fubar: :puke:
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сакам да кажам...

    Колку е тешко да очекуваш да ти се јави некој важен... што треба да ти соопшти нешто уште поважно. :x
    Мразам да чекам, МРАЗАМ!!! :devil:
    И за да е бељата уште поголема, немам мир заради некои личности!
    И времето е никакво... Мрзлива сум и поспана.
    А ме чекаат толку многу обврски, ни јас самата незнам од каде да почнам. Мислам дека ќе полудам. Главата незнам каде ми е. :@
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.157
    Допаѓања:
    156.422
    Сакам да кажам...

    Сдк,сдк стана ко модни критики,од вчера навака нема пост под 20 лајка бре! :D
    Спрееееееееееееееееееееееед д лООООООООООООООООООООООООООООООв(е)! :D

    Ако вака боље ми се свиџате!
    И сега едно специјално изненадување за сите феминки од администрацијата,во 18 часот,очекувајте дожд од срценца на фемина форумот!
    :D

    Него мене така ми се чини или денес по мрачен е денот него ли вчера и бројот на жути листенца енормно порасна?! Ало дај сончев ден да одам у парк и да се занесувам на жолтенилото!!!

    П.С.Еј,можда делувам и сум саркастична,ама стварно ми е ќејф што е вака.Бел бумбар за настанаов.
    Утре пак ќе се затепате за лајкови,празници се ближат,вака да расшараме малце,ама...филмот ќе биде ако парфемот се додели на феминка со најмалку лајка,која не е ни активна! :D Се шалам,се шалам,не можам да си помогнам со глупиве шали од вчера навака! :D
     
    На Buttterfly, la-chicka, Shelea и 11 други им се допаѓа ова.
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да плачам, да урлам, да викам, да се издерам. Не сакам да собирам се во мене и толку да боли. Сакам да помине, и си ја сакам среќната јас. Сакам до мене да не допира ништо и никој. И да боли некогаш нешто, да не знае никој. Сакам да се променам и сакам да не се уништувам заради мојата емотивност и високи очекувања од луѓето. Можам да се надевам на многу но да очекувам малку. Мислам дека каде каде е поправилно. Јас не сум светица, или добра вила, ама ако ништо друго не ветувам напразно ништо и не ги искористувам луѓето ...

    Сакам цел ден да уживам во звуците од бон џови а треба да излегувам. Т.е морам да излезам ...
    Солзите под туш се најболни ... а денес ќе ги осетам. За да извадат се од мене што тежи и пржи, и да имам сила да замижам на ножот што ми е во грб, и да продолжам да другарувам ... со другарките.

    И да соберам сила да му речам него извини, што мојата нервоза пак ја впи тој, и пак, заради други, веќе два дена сме скарани ... бикови прости. Не знам да му кажам тешко ми е и да почнам да плачам, туку се карам зошто не си ставил кредит да ми се јави а а а? епа не гледа на гравчиња и тој што бубачки мене ме мачат ... и ќе урламе двајцата за без врска ...
    А само сакам да му потонам во прегратка, да се исплачам и да заспијам, и еден цел ден да ги исклучам телефоните ... тоа нема да се случи ниту денес ниту утре, пошто сум идиот ...
    И затоа морам да ставам насмевка на лице, и да шибам ...

    Како заклучок и некоја ми утеха,
    If you haven't cried, your eyes can't be beautiful.
     
    На la-chicka, MissAnn, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Сакам да кажам...

    Сдк дека мојов нос си замислува дека е чешма, ама најозбилно. Тече ли тече, мака си нема. А јас со наоблечена со триста работи, салфетките и чајчето до мене си седам и ве читам мои феминки. Некои ми е задоволство да ги читам, и криво ми е што поради банални причини некои и ќе се откажат од форумов.

    И сдк дека е крајно време СДП да се отвори. :)

    Имајте убав ден феминки, и пуштете им две напред на другите, тие пак ќе бидат зад вас :)
     
  13. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Јас малце касно палам :$ ама јас вадев со маргарин. :) Ако уште не си извадила, пробај.
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ау, ау, ау! Бре!
    Народов отупавел, скренал, отишол...
    Која неинформираност, кое незнаење и кое слепило ау! :x
    Отворете некоја друга страна освен фејсбук бре! Едуцирајте се! Не се брукајте. Поради такви како вас треба да ми е срам да кажам дека сум Македонка. :tmi:
    Значи нема ништо поглупо од 15год па нагоре партиски пиунчиња што чуле а не дочуле па разбрале погрешно и без грам мозок се брукаат по интернет.
    Досега 4-5 души од горенаведените честитаат празник на ВМРО...ама на кое? На партијава еј!
    Цитирам: “Среќен празник на ВМРО и нацела (така пишано) Македонија. За многу години ВМРОвци на чело со Груевски да му го славиме празникот.“
    :faceplants_self:
    Се најде човек да им пише да не ги поврзуваат тие две нешта...го нахранија со г**на и го прогласија непочитувач и предавник притоа прашувајќи какво друго ВМРО би можело да постои. :clap:
    А јас? Јас ги читам разговорите и со :| фаца се мислам дали да пуштам солзи од мака или од смеење.
    Сериозно бре? Сериозно?? Like..SERIOUSLY?!?!?!
    Абе биди си ти пиунче, пцуј ја која сакаш партија, возвишувај ја која сакаш, ме заболе мене за нив.
    Ама едуцирај се прво ебате! Прочитај малку историја пред да се прогласиш себе за патриот само затоа што носиш маица со Александар Македонски и си сликан пред фонтаната со Македонско знаме!
    Значи неможам веќе.
    Не, далеку е ова од испукување. Не е за во таа тема. За ова треба посебна тема “Траги-комична Македонштина“ во подфорум “Дебилизам“ бидејќи само таму би ми било лесно да се искажам. :@
     
    На Go-Girl, macysh, JoxyTheFreak и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Што ке се случи додека имаш надеж за се и на крај се будиш од сонот дека...се што беше убаво заврши за секунда заради нечија сурова игра?Убаво ти е од страна додека гледаш додека некој се мачи да ги среди проблемите мегусебно а ти пак се обидуваш од игла да направиш камила?
    Зошто мораш да се мешаш во тугите животи?Зар немаш свој?Досадно ти е?Најди си работа ама кој и да е,те молам,ова што го правиш не е смешно а ниту пак интересно.Прекини,повредуваш други а ти се насладуваш на тугата несрека.
    Неможам а да не се замарам,се работи за личности кои навистина ги сакам и ми се драги.Кои не сакам да ги загубам.Кои вредат да бидат присутни во мојот живот.
    Толку згрешивме нешто ние за да ни се врака вака?Не,не.Јас до сега издржав ама повеке не можам.Не барајте да бидам силна зошто силата се изгуби.Од каде да црпам енергија? :(
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК Овој ден е многу убав. Станав и прво што направив е погледав преку тераса и прозор да видам какво е времето надвор. Облачно, не многу студено, лисјата на дрвцата некои попадале веке некои се жолти а некои во фаза на менување на бојата од зелено во жолто. Луге нема низ улициве, жив човек нема, сите дома се кријат. Ги разбирам дефинитивно ваквите денови се измислени за чај и добар филм, или музика. Ја обожавам мелахонијата на есента. Имајте сите убав ден и уживајте во сликите подолу.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Serafima, Divinebutterfly, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    го сакам пак тоа чувство на делириум...бесознаие......аии :inlove:
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Денес е тажен ден за спортските фанови, посебно за фановите на големите брзини.
    Почина еден од најдобрите моторциклисти, откако во грда несреќа на денешната трка го прегазија неговите колеги Роси и Едвардс, кои да напоменам не беа виновни, тоа беше ужасен инцидент.
    Спортот колку што знае да биде убав уште повеќе знае да биде потресен.
    Вечна ти слава млад моторџијо.
    R.I.P. MARCO SIMONCELLI
    [​IMG]
     
    На beached, teddybear, x.Daisy.x и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК енергија влечете од надежта,вербата,љубовта(сепак има некој околу тебе што те сака :) ) Љубовта сепак го движи светот.Само,кај секој е со различна форма.Верувајте,кога верувате и си велите ова можам да го направам,ќе го направите! Потсвеста е многу моќна. А надежта,секогаш има надеж.Само треба и во неа да веруваш.Никогаш не е прекасно за да промените нешто.Ова важи за сите,Пеликуна само ме инспирира да го кажам :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК прееска цепав дрва и се акнав со секира по прст. :tmi:
    Више секира јас не фаќам.:shake:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.