Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Сакам да кажам...

    СДК дека само што забележав дека имам жолто цветче, конечно ... :wasntme:


    :party: :party:
     
    На macysh, cigarce, BeYourself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакам да кажам...

    Ме прати некоја чудна карма. Што вика Кери: Незнам што точно мисло вселената,ама знам дека има добра смисла за хумор.

    Некако се ми е поврзано со тоа проклето име МАРТИНА(со извинение на сите феминки со тоа име).
    И некако се упорно околу некоја Мартина се врти. Се некоја МАртина се врти околу мене и расипува се што градам. Првио дечко ме изневери со Мартина. После јас се мував со едно машко чија женска се викаше Мартина,а сега на симпатијата женската му се вика Мартина.

    Вселено,ДОСТА Е,ако беше за лезет!! Веќе нема никаква смисла. НА глава ми се качи.


    Воедно ги поздравувам сите феминки по име Мартина-ако нешто се законтраме,до мојата карма е да знаете.
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Физико, муко моја. Зошто си толку сложена? Или пак јас сум проста? Зошто веќе еднаш, сама неможеш да си ги решиш проблемите, без да ги мачиш другите околу себе? Од каде излегоа толку формули, јас не сум Шумахер или Ветел, за сите да ги решам. Од каде излегоа толку дефиниции, јас не сум прво оделенче, за да ги научам како стихотворба на памет, и после 24 часа да ги заборавам.
     
    На Monna.Monna и minne-mouse им се допаѓа ова.
  4. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Сакам да кажам...

    Преуморна сум, сакам само да си легнам и да спијам како бебе. Што му текнало и денеска да излезиме..Недела е господ да чува. :headbang: :headbang:
    Не излегувам нека се лутат колку сакаат.
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сакам да кажам...

    СДК... Прекрасно е чувството кога после толку време ќе најдеш некоја песна на која не си го знаела името, а е толку убава!!! :inlove: :inlove: :inlove: И сега се заразив! :dance: :dance: :dance:
     
  6. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Сакам да кажам...

    СДК дека еден ден на сите ќе им плеснам во лице тоа што заслужуваат не сум играчка без чуства :devil: :@
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Колку е убаво да си сакан.

    Да знаеш дека има некој што те почитува, што е горд на тоа што го правиш, што се грижи за тебе.
    Кој што со тебе се смее и плаче.

    Некој, во чиј живот, твоето присуство, прави разлика, промена.. На подобро.

    Друго.
    Денов, за ништо не го бива.
    Алал да ви е на сите кои што успеавте нешто убаво во него да најдете.
     
    На eli25, Chocoholic и Serafima им се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ^^
    Во денот ништо посебно. Ама затоа ноќта.... ^_^
    Пеперутчиња ми летаат.
    Знаете, она кога имате претчувство убаво?
    Ќе си се загревам уште од дома.

    И само нека проба да ме зезне времево. Или претчувството. Или некој/а!
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Сакам да кажам...

    Chelsea - GO TO HELL!!! :devil: :devil: :devil:
     
    На crazyinlove19, blond и Grunge им се допаѓа ова.
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Сакам да кажам...

    СДК мало, ситно, џоа гуштерче, а со толку моќен глас.
    Нивната музика е тешка дрога.
    Не можам да се откажам од таа мелодија.
    Би барала милион начини за да стигнам до нив, на некој концерт, но штета што не можам да посетувам концерти ..
     
  11. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Одамна ми е јасно луѓето сакаат да стигнат до твоето ниво...ама не ми е јасно зошто наместо самите да се подигнат нагоре , се обидуваат тебе да те повлечат надолу, до своето ниво :fubar:
     
    На Lilliana, Serafima и enca.69 им се допаѓа ова.
  12. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека само Господ и Берлускони можат да предвидат што ке се случи на Италијансково првенство! :D Ц Ц Ц па греота сум бе! Имај милост Берло, доста вртиш на телефони!!! :@
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.471
    Сакам да кажам...

    Времево е створено за под дебел јорган после пастрмајлија и т'га за југ :wasntme:
     
    На Doozy и Pelikuna им се допаѓа ова.
  14. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Сакам да кажам...

    СДК се чувствувам чудно.За 4 дена одам на екскурзија,а не сум до толку возбудена колку што очекував да бидам.Стварно поразлично е чувството кон нешто додека го посакуваш тоа нешто,и откако ќе го добиеш.
    Ех,што сме чудни ние луѓето,тоа чудо невидено е :D

    СДК дека многу ми се допаѓа искреноста на енца.96 и нејзината храброст да го искажи својот став без разлика што знае дека тоа ќе предизвика бурна реакција кај мнозинството на форумов.И покрај тоа што некои од нејзините ставови во различни теми се спротивни со моите,многу ми се допаѓа тоа што гласно кажува што и пречи и не се "лижи" на добро познатите "великани" на форумов. :)

    :rain: Многу ми се допаѓа звукот на дождот :)
     
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Врти-сучи, врти-сучи,
    кој да седне и да учи.

    Нигде место да ме фати,
    ама никој да ме сфати.

    Дедо, баба, мама, тато,
    сите велат:
    ,,Седни злато.
    Доста врти, доста сучи.
    книги земи, седни учи.‘‘

    А погледот се‘ ми шара,
    да излезам надвор бара!

    мислам дека толку беше...толку памтам. :lol:
     
    На Jojoba, Divinebutterfly и Asterion им се допаѓа ова.
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК ако сакате можам сите да ве снабдам со книги (учебници да не се разбериме погрешно). Ете до толку ги има околу мене. Книги, скрипти, маркери, тетратки, моливи, дрн дрн дрн. И што е најчудно убаво ми е. Ретко се случува учењето да ми е убаво, обично еднаш во семестар. И тоа е доволно :D
    Туку има и уште една книга меѓу нив која ја меркам и фрлам погледи на секое, би сакала да ја земам и да не ја пуштам дури не ја прочитам до последната страна, но знам дека таа ќе ме почека, овие другите се малку побезобразни и не чекаат. :devil:
    СДК 2 Си имам една сестричка далеку од мене со која си се слушам секој ден и многу многу си ја сакам.
    СДК 3 Имам и други сестрички кои ги сакам исто многууу сега со едната од нив ќе одам да пијам топло чоколадо и да си направам фин муабет кој знам ќе ме исполни.
    СДК 4 Си имам и едно братче кое си го обожавам и го немам видено речиси една недела и проклето многу ми недостига, утрешниот ден, односно вечер е резервирана за него.
    Всушност сакав да кажам дека тие заедно со мама и поблиските роднини го прават мојот живот убав и вреден. И јас ги сакам.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Имав среќа, васил (детенцето за кое зборев) дојде денес на договореното место, дури беше пред мене стасан! Ми кажа дека мислел дека нема да дојдам, дека ќе го излажам... Беше пресреќен кога виде колку облека има и ќе биде само негова. И навистина ми падна многу жал кога ми кажа дека никогаш во животот не пробал ајвар, а толку многу слушал за него :(
    епа нека ти се на здравје неколкуте тегли ајварче срценце мало,јас ти ветив дека нема да е ова последно видување наше
    сдк 2 убаво си поминав на роденден кај внук ми
     
    На Monna.Monna, BeLLaDona23, Nevermore и 33 други им се допаѓа ова.
  18. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    СДК дека си направив планови да појдам за утре за Скопје, да си завршам некои обврски, кога ме известија дека утре е празник. WTF? :swear:

    И уште СДК дека копчето со знакот прашалник ми е покварено и кога ми е потребен знакот, правам copy-paste од некој друг пост :lol:
     
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ни парфемите не помагаат кога човекот е ЃУБРЕ !!! :fubar:
    Браво,Браво,Браво :clap: :clap:
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    Ејјјјј, што дочекав....да чујам дека Латас на вести пере мозок, за тоа дека приватните универзитети се подобри и поквалитетни од државните |(
    Кого мисли дека ќе убеди ?! Па, можеби ќе добие аплауз и овации од сопствениците на универзитетите или од некој кој си се тапша по рамо дека на приватен универзитет добива поквалитетно и пообемно образование....ахххх

    Да сме се огледале на квалитетот кој го нудат приватните клиники и телевизии, за разлика од државните. Па сите тие кадри кои сега се врвни и стручни имиња се образувале на државниот универзитет!

    Абе Лаки, Лаки....до кога планираш да не “фарбаш“ т.е. да мислиш дека не “фарбаш“?!

    Дали можело да се случи на државен факултет, да му се јавиш на професорот во 23.00 и да го прашаш во врска со нејаснотиите кои ги имаш за утрешниот испит......Па човече, ако не си научил до тогаш- од тогаш до утрото па ич! Јас од срам не би се јавила!

    Каква пропаганда се шири по телевизииве, да се чудиш! Колку пари ли лапна Латасче за таа твоја маркетинг изјава??? Ќе има ли за ново џипче? :D
     
    На enca.69, senza.parole, Tinker-Bell и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.