Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Што е убаво кога ќе се разбудиш порано, ќе го помирисаш доручекот што мама го готви, а потоа го пиеш првото утринско кафе, домашно кафе, седиш во пижамчиња со папучки, го гушкаш парното и уживаш.
    Понеделник дома, ах радости, се чуствуваш како да си добил на лото, само место пари ти си имаш полна и одморена душичка.
    Дајте повеќе вакви споени викенди ќе има и повеќе среќни луѓе :wasntme:

    [​IMG]
    Шприцнете парфемче, насмејте му се на денов и уживајте во малите нешта кои се секаде околу вас ;)

    Јас денов си го посветувам на себе, парфемчето останува во мојата соба, малку и во бањата, а ќе направам и ручек рецептот е најден намирниците се купени, ма ќе си уживам во себе и својот пмс :D
     
    На CoverGirl10, la-chicka, Theodora и 19 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.447
    Допаѓања:
    17.108
    Сакам да кажам...

    Имајте убаво попладне :)
     
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Сакам да кажам...

    Го знаете она чуство кога сте свиња? Да. А кога сте свиња како мене? Не.

    Па моиве дома во зиан ќе отидат од мене, брееј. :evil:
    Шо праиш Лин? Јадам. А сега шо праеше? Јадев.

    Хм, да видиме што има во кујната.. Аа сончоглед, гроф-гроф(свиња). Мм funky, oh yeah, сега ќе им се ставам. Ајвар? Ма нема проблем, нема да остане што се секирате. Што ќе ви е за у зима, што ви е мрднати?!

    Сирење? Целото дај го ваму, еднаш се живи.

    Ај чао да не се изедам. Аливидерчи.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Сакам да кажам...

    Песна за сестра ми. :f:

    We tried to make her eat some ајвар, but she said, "No, no, no"!
    Yes, she's been a fool but when she starts to eat you'll know, know, know.
    I ain't got the time and I don't want to make her cry,
    I'll try to make her eat some ајвар, I hope she will try, try, try.

    :drunk:
     
    На Go-Girl, crazylady и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми е мило што ја затворија СДП за да се направи чистка...Би било добро и со СДК да се направи истото па да заживеат и другите теми...
    Има прекрасни текстови овде-за љубов, искуства, болка, осаменост...и можеби не сите но многу од нив би ја краселе одредена соодветна тема, и би биле како утеха, школо, помош за некој кој во иднина би пребарувал и би сакал да чита конкретно за одреден проблем или ситуација а би ја нашол пример во психологија или сл. Вака само се губат низ многуте страни на сдк и ''живеат'' само ден или два...
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Секој љубител на кафето или голем кафеџија како мене, си има една омилена шолја во која кафето му е повкусно. Тоа е научно докажано :!: Па така, јас си имав една убава белја шолја со нацртани зрнца кафе на неа, направена од дебел порцелан што ја задржува топлината на кафето и си ја користев долг период, по два - три пати секојдневно. И ете, деновиве се случи таа шолја да пукне на врвот, па сега и фали мало парченце. Душата ми се скрши кога ја видов :worried:
    Ја оставив на страна, и си земав друга новоомилена шолја, ама некако не ми беше по ќеиф. Како да не е истиот вкус на кафето :worried: Мајка ми ми рече да си купам нова, ама нема да биде исто... Дури и иста таква шолја да си купам, пак нема да биде тоа тоа.
    Па решив да си ја вратам старата, и еве сега си пијам кафе од неа. И стварно вкусот е многу поубав :wasntme: :coffee:
     
    На Crixus, Mishela, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  7. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Сакам да кажам...

    Имам тест математика а книга немам фатено woohoooo, македонски лектира која ја немам чепнато, физика тест исто! КОЈ ГОСПОД МЕ ТЕРАШЕ СЕ ДА ОСТАВАМ ЗА ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ! :tmi: :^) :headbang: :headbang: :headbang: Епа така ми е кога се замарав со глупости, демек свиѓања ова она, абе се тоа е само едно залажување за мозокот ништо другп. Ама од денес бидејќи не се замарам веќе со машки ке си го посветам времето на учење (а и бидејќи интернетот ми е спор и неможам серии да гледам). Fashionista фаќај ја книгата, учи си и нареди си петки па после се друго! :* Бидете ми поздравени јас одам да учам!

    пс ако не пишам нешто на форумов за 3 дена јавувајте се во полиција и брза помош сигурно сум се предозирала со знаење!

    ппс САКАМ ГОЛЕМО НЕС СО ШЛАГ!
     
  8. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК people make mistakes - mistakes make people. :angel:

    So true!
     
  9. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    кафенце, книга, надвор ладно и проросува ... а бе да ти е мерак да учиш =)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Сакам да кажам...

    Ги завршив скоро сите обврски за утре,само уште некоја ситница,ама се на се остатокот од денов ми е слободен :rock:
     
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Дали беше тоа Мураками, дали беше тоа тој не знам, но јас пак се вратив на „тоа“ место. Каде птичките не пеат.

    Судено ми е цел живот да бидам со осамени мажи. И јас да ги подигам во времето кога е најлошо. Среќа тато доволно ме истренира со неговата комплексност и со неговата уметност. Неговите книги и неговата музика останаа врежани во мене за цел живот. Ме сокрија од другите, ме направија она што сум. Мојот татко... кога ќе бидам богата ќе му купам мало ресторантче во Тахити. Нека се одморат и тој и мама.
    Мојот бивши со кој се гоневме околу две години. И буквално. Тоа ти беше како еден светски човек. Средношколец со желба да биде некој и нешто, да вози скапа кола, да има многу жени и ако е можно, да биде политичар. Кутриот, немаше појма колку е осамен и празен. Само тој на овој свет и јас позади него, да трчкам кога треба и кога не треба. Една од неговите рипки.
    И сега овој... Овој ми се погоди. Можеме да бидеме заедно и пак да си го дозволиме луксузот на осаменост. Мојата осаменост, неговата осаменост и нашата осаменост. И книгите и музиката околу нас. Се налеваат како алхохол. Никој не може да ја сфати нашата врска, ниту пак го барам тоа. Само кој попрво да спасува не знам. Кога ќе го гушнам го чуствувам повеќе од самата себе. Го знам неговото срце. Го познавам од некој друг свет. Но кога доаѓа крај, нека биде крај. Можеби ако се разделиме побрзо ќе испливаме до копното. Можеби ќе се чекаме на брегот, спасени, јас и тој.

    А можеби пак целата оваа патетика и чуствителност насобрани како талог од кафе длабоко во моето срце, еден ден скапо ќе ме чинат. Или пак ќе го видам по пет години со бебенце во раката. Па време му е на него.
    Се надевам дека кога еден ден ќе имам коса до рамена и ќе седам во некое кафуле, средена и нова, веќе зрела жена, ќе се смеам на мојата осаменост и на моите тажачки. Или пак тоа никогаш не умира?
     
    На MSkorpionka, Theodora, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    ЛЕНИНОВА
    хм ,
    диви костени под моим ногама
    хм.
    листови есенски
    хм,
    филмови си правам ,можи ќе ме сметате детинеста или лигаво ова ќе го сметате но мене ми изнудува восхит овој дел од СК, не сум од ск небитно ....но преферирам кафе во овој дел од градов наш македонски мил и драг .
    Веднаш помислив на форумов и на тоа дека сакам да споделам со ова со вас , не тоа што сум шеткала низ фамознава улица ами тоа дека едноставните работи го прават задоволството уште поголемо имаме убавини, а често тоа го негираме па сакаме кафе да пиеме во Парис ,Милано, Загреб ....... дури и чудно ТОЈ беше крај но ете не осејќав таква потреба него тоа да му го кажам си реков овој пат сум себична го чувам ова во себе си , ќе му посветам време и куп страници на мојот дневник и моите поетски афинитети:
    А ЛЕНИНОВА останува да сјаје под светлоста на сијалиците и да нуди куп други задоволства кои ќе ми ги пружи (се надевам ) ТРОКРАТНО
     
    На Doozy, Smilly, FBI и 3 други им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сакам да кажам...

    Епа го обожавам времево.
    Совршено е за прошетки.
    Тмурно и сиво, не многу ладно, есенска гардероба, чизмички, капутчиња...
    Паркот ми е најубав на вакво време, обично сите го сакаат кога е сончево, но вака е посебно.
    Почнува се да жолтее.
    Обожавам есен и уживам во есента. Се е тмурно само јас сум пожива од било кога :lol:
    Секој ден животот ми добива некој нов правец, секој ден ми се случува нешто што ме предомислува и одвратува од претходните планови... Еден стои сеуште фиксен и ќе патувам со него. Можеби ќе биде тоа една нова шанса за двајцата, еден нов почеток, а можеби и не. Картите се веќе резервирани и нема назад.
    Совршен ден за греано винце покрај каминот во Форца.
    Нека ви биде и на вас топлку пријатен и убав денов :)
     
    На CoverGirl10, Marilyn-Monroe, Theodora и 14 други им се допаѓа ова.
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Потребни се многу добри дела за да ги натераш луѓето да те сакаат, но, само една грешка е доволна за сите да те мразат!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес СДК многу работи.
    1. на џенцкава на аватаров мој и било ладно па ме моли да ја сменам. Во потрага по нов аватар, каде на друго место ако не на http://www.weheartit.com
    2. опседната сум со винтиџ стилот. МНОГУ ми се допагаат оние особи кои го негуваат. Премногу. Почнав и јас да купувам некоја бижутерија или парчиња облека која е блиску до винтиџ. Во фаза сум на експериментирање. :rock:
    3. денес сестра ми има роденден. Хепи Брдеј сестро :*
    4. Многу ми е жал што од форумов се повеке се откажуваат квалитетни ликови кои навистина вредат. Тоа не е во ред. Не не не :|
    5. На мојата плејлиста на винамп, се наогаат моментално сите песни од Ели Голдинг, Дафи, Робин, и Ла Рукс. Одамна немав ги слушано а ги имам сите ама баш сите песни од овие изведувачи. Перфектни се за овој есенски ден. Еве некои кои ми се убави.
    http://www.youtube.com/watch?v=PVaqM16C9qQ
    http://www.youtube.com/watch?v=LnDC6Mt5ulQ
    http://www.youtube.com/watch?v=JrBh0woh7R8
    http://www.youtube.com/watch?v=T1-OkZzi2VM
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И јас го засакав времето. Неможеш, а да не го сакаш. :lol: Ама лето си е лето...
    Него, надвор, не многу ладно, баш како што велите за прошетки. Сега се вратив јас од гости, и сама на себе си инсистирав да си дојдам пеш, да можам да поуживам во свежиот воздух, зелено-жолтите лисја испаѓани на земјата.
    Убава атмосфера имаше во градот, а ја пренесов и дома. :angel:
    Цело време ги гледав дрвјата и ги споредував. :D Сите различни, едно скроз зелено, друго со малце жолтко, трето цело жолто. Некој да ме гледал ќе рекол оваа скренала, се у дрвјата буља. :D
    И сега си седам на топло и пишувам. Играм симс и си го чекам ручекот. Охохо. :P

    Сите за истото пишуваме, ама неможеш, а да не напишеш. :lol:

    И во темата аватари види, форумџикиве убави ставаат. :angel:
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    Како е можно да сум толку малер 4 дена дома и јас немав компјутер конечно последниот ден го добив -.-'

    И фалите,денот бев фемина не е ден :lol:
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Сакам да кажам...

    Овој понеделник е рамен на непосакувана недела.
    Освен што средувам фолдери, пишувам непотребни пасуси за дипломската што ми се чини светлосни години далеку, цуцам чоколадно млеко, сфаќам дека некогаш сум премногу експресивна и екстериорен тип и најверојатно нема да сакам да ме погребаат во ковчег, туку да ме лансираат пепелосана по море.
    Да, денгубачки мисли во слободен понеделник!
    Но, важно е дека ќебињата топат умор а книгите на Силвија Плат го збогатуваат речникот. Ми се јадеше вчера нешто опасно мрсно, и пред да зачекорам во Менада, си изнакупив бомбони, од сите видови. Гумени, тврди, цедевитасти, чоколадни. Патолошки, ко да си го барам детството низ дожд. Во Менада, тивка музика, ја и двете Тањулки. White ќе мора да се издаде пред да падне снег. Уметноста мора да заврши, како и да е во канта. Дали во recycle bin - от или некако пометафорично.

    Никој немам дома, спремам теписи за тргање и денс додека не паднам од умор.
    Вечерва, само ќе си го бакнам небото и ќе му дозволам да ми го олади носот.
    Стануваме циници, со тек на време, тоа со И, баш го пелтечевме, на телефон. Здосадено ни е од што тивко се менува тектонската положба, на староста, или ај да речеме возрасноста.
    Кому му е важно тоа, кога ќе си помислам... Сите си виреат во сопствената саксија.

    Дожд, има за сите.
    И за плач, и за смеа.
    Ех.
     
    На Neytiri и Mayyya им се допаѓа ова.
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    СДК дека мојот дом е побогат со уште едно домашно милениче . Утрово кога бев во продавница здогледав мало, слабо маченце како се тресе ..седеше на една кутија..ме погледна тажно и како да ми рече земи ме..јас само сакам топол дом. Немав срце да го оставам, премногу ми беше жал а и криви со едното нокче..ако го оставев на дождот немаше да поживее уште долго време. Го земав и првин го однесов кај баба ми која живее до нас, таму го исчистив и го оставив да се исуши покрај топлиот оган. Тогаш го донесов дома..за среќа моите се согласија да чуваме уште една мачка. Сега му наместив стари алишта во една хартиена кутија и го ставив да спие надвор во светларникот.. така од сите страни е заградено и нема да му врне и да му дува..го нахранив и дури почна и да преде..се надевам дека наредниве денови нема да ми избега. Ми ја исполни душичата со милост. Колку е убаво чувството кога знаеш дека на едно такво мило суштество му го спсуваш животот и му подаруваш љубов и топол дом .
     
    На CoverGirl10, Monna.Monna, enca.69 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Сакам да кажам...

    Ммм...секој понеделник кога би бил ваков... :D
    Со топло кафенце, на фемина, со Владо Јаневски во позадина го чекам ручекот чиј мирис се осеќа низ целата куќа...пита од баба...њам њам :) ;) :)

    Имајте убав ден Феминки исполнет со многууу насмевки :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.