Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.075
    Допаѓања:
    66.887
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не знам колку приметивте, ама темава е САКАМ ДА КАЖАМ. И ве замолувам да ја почитувате како таква. Си има теми каде треба да прашате, ама сигурно не е оваа. Сите такви постови се бришат бидејќи се оф-топик. Затоа побарајте си ја темата и прашајте си.
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Сакам да кажам...

    Па ја бараме темата Сакам да прашам- ама оп :o , заклучена е :devil:
     
    На x.Daisy.x, Name, Jojoba и 4 други им се допаѓа ова.
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    И ја бараме соодветната тема, а често нема таква тема, ама ОП никој не ни враќа, а нема ни да врати. ;)

    А,едит. И зошто тие постови да се бришат, кога може да се преместат во соодветните теми? Или нема,па ајде бриши?
     
    На Rozich, Elennaa и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сакам да кажам...

    Не можам и по се изгледа никогаш нема да разберам како некој може да прати турски серии :^) :x .Телевизорот ми стое уклучен и една турска лимонатка се прикажува моментално а во неа една типка плаче ли плаче,мислиш светот и се срушил |( .Цела епизода помина,она уште плаче,не знам како не дехидрира до сега.Ах пуста јас мрзе ме да станам и да сменам програмата додека не е прекасно оти типкава ќе ме фрли во депресија.
    Зборот ми е зошто воопшто ги даваат тие серии??? И што толку интересно наоѓаат во нив тие што ги гледат??? :^) :^) :^)
     
    На CoverGirl10, Johny и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.075
    Допаѓања:
    66.887
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Има тема за неработни денови, има тема за математика, има теми, само изгледа нема кој да ги побара. А кој е одговорен за тоа што другите теми не се читаат и што бавно се одговара на прашањата?
    И не може некој 24/7 да дреме и да преместува постови, мислам дека не е фер. А форумов си е затоа, за да постојат теми, да си биде попрегледно и секој да може да го најде полесно она што му треба. И толку е на оваа тема, нема одење оф-топици. И ако не постои тема, нкиој не ви ги врзал рацете да отворите. Колку само теми се отворија од СДП. И уште ги одделуваме, затоа темата не се отвора.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Ке бидам добро.Тој веке не постои за мене.Идемо даље за исте паре :)
    Кармата е лоша работа.Не сум му лута,негов живот е.Ама јас одсега сум недостапна за него.Ама ке му се удри од глава.

    Фала ви феминци што сте овде во секој период.Знам дека после ова ке се издигнам повторно.Штом успеав и првиот можам и овој.Ситна риба е.

    Не плачам,само се насмевнувам на се што стори.Ми се гади од него. :puke:
    Со срека нека му е.Од денес ке почнам да живеам.Моја единствена љубов ке биде Манчестер Јунајтед. :)

    Ако го преболам за најбрз период ви ветувам дека ке повикам цела фемина на журка ;)
     
    На MistiqueB, Divinebutterfly, mona.liza и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=GX-PA_0C5go
    'Cause I'm Slim Shady, yes I'm the real Shady
    All you other Slim Shadys are just imitating
    So won't the real Slim Shady please stand up,
    please stand up, please stand up?


    А потоа следува сликава:
    [​IMG] :rofl: :rofl:

    Животот е прекрасен, зар не? Посебно кога се смееш.
     
    На L-enna и HappyOne им се допаѓа ова.
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сакам да кажам...

    Сдк само се нервирам со ова трговско право па :x
     
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Дами и малубројни господа...ништо друго, освен фејсбук.
    Радознали, провидни створења хараат по фејсбук со лажни профили.
    Ама толку се провидни, што најбистрата изворска вода за нив е кал!
    Имам и порано пишувано за ова, се имам и испукувано...
    А сега? Е сега ми е веќе смешно.
    Ме интересира само, до кога јас и дечко ми ке бидеме додавани и манијачени од лажни профили со по 20 пријателчиња? И кога дотичната/от/те ке го пребродат ретард периодот и ке сфатат дека се...ептен факинг провидни?!
    Сериозно? Што се случува со народов бре?
    Фејсбук ви стана се` нели? Како не ги мрзи да отвараат по 100 лажни профили бе?
    Каков фактор во животот е всушност еден смотан сајт? Кодови од букви, бројки и загради.
    Зарем е можно на тоа да се основа нечиј живот? :x
    Па затупавени сме биле. Е не, научници ке сме ако знаеме што пишал некој некому и што песна оставил. Ц.ц.ц...
    Не бе не, неможам да се помирам со ова.
    Хомосапиенс-неандерталус-патетикус.
    Get a life. Or better yet...go die in a hole.
     
    На la-chicka, green.eyes, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Одамна не сум станала толку исполнета и среќна,иако настинкава го попречува целосниот убав ефект на ноќта и утрото.Си легнав рано,со цел да ги скратам маките од носот,кашлањето,кивањето и главоболката.Точно во 4:25h по полноќ,ми одегна "You will never know", која ми е ринг тон и скокнав избезумена.Мислев дека се другарките кои продолжениот викенд го поминуваат кај нашиов јужен сосед,па изначукани звонат да ми пренесат момент,но кога го видов телефонот,го гледам неговото име и стрелките во еден правец,што значеше повикот е од негооо! Тину- нину,ме фати паника,како да одговорам со овој зарипнат и поспан глас,ке го уплашам со сигурност...Голтнав и кренав.Ми рече "се прибирам од диско,сакав да те чујам,мислев си будна,учиш" :inlove: Тука за малку што не се онесвестив од среќа.Јас нај-иксот човек во љубовта,со само една бедна врска и еден човек зад себе,доживувам вакви заплети на среќа?Не ми се веруваше!Му реков "утре ке те барам,сега зборам како баба некоја",на што се изнасмеа со тој негов најубав и најсекси глас,со оние фрази на долго хаха,вдлабнати како што јас милувам да го опишам неговото смеење.И преќинавме,за по 3 мин пак да зазвони,и ми вика "имаш 5 мин да се извлечкаш од кревет и симнеш,доле сум уште од прееска".Е тек тука ја доживеав кулминацијата на безсознание :D "Покриј се со кебе ако сакаш,ама симни се,и ова е наредба,зошто знам обожаваш кога ке си условена" :D 30 секунди стоев без да трепнам,и одма се растрчав по вециња,шкафови,косата како истапирана вриштеше на сите страни,ама се потсредив и се симнав.Тој така издотеран,во црни панталона фармерка,со бела кошула(мојата омилена боја за машки),и карирана внатрешна јака,и одозгора црн краток капут,а парфемот се гледаше дека беше свежо испрскан,бидејки тој доминираше во колата,додека мирисот од неговиот најголем порок- цигарките не постоеше.Мислам едвај се воздржав да не го злоупотребам :D Ми рече "морам светло да запалам да те видам ,не само спастрена да те знам ",пропатно смеејки си се,додека јас црвенеев и се нервирав :D Ме однесе до моето омилено место за крофни,бидејки чај немало во ова време,па вака и со ова побрзо ке заздравам.Неодбив,и смачкав 2,без мислење,и заборавајки на косичето очајно,тренерчињата и јакничката,заборавајки на сите маки кои ме мачат последно време.Уживав во тој еден час смеа и зезање,иако сум настината уста незатворив(ко навиена сум по придрода) .Се вративме во наше маало,бидејки живееме на иста улица,ме испрати до горе,и он си отиде.Поминаа 10 минути,а јас сеуште седев со јакната на мене анализирајки ја секоја минута од тој еден час,бев пресреќна.Ми прати порака" Убаво е што влезе во мојот живот,морам да ти признаам :) "
    Е ај сега он нека спие ако може да го видам на мое место :D Нема ни претстава каков бум направи он во мојот живот :D Толку време бев сама и конечно си најдов некој во кој се пронаѓам,некој кој ме исполнува...Среќна сум! :)
     
    На Hipster, la-chicka, sparklie и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Сакам да кажам...

    Аман, што се деси со ноќниот живот во Скопје?!

    Одамна се „лишив“ од туткањето во редици за да влезам во некоја дискотека. И вчера некој ѓавол ме натера и излегов, демек шема да вртам. И стигнав така фино лепо во новиот фенси кафич у градот, такозвани Стоби. Секогаш се прашував како може скап парфем да смрди, а вчера го дознав одговорот. СМРДИ КОГА СЕ БАЊААТ У НЕГО. Не беа тоа намирисани, туку маринирани луѓенца, збиени ко сардини. Згора на тоа некои тонизенски рапоини, па тука се трескаат брате од земја, пошто они се брате рапери, сфаќаш брат, то брат, дааа брат.

    Излегов на цигара, а во воздухот веќе се чувствуваше поголем коефициент на интелигенција. Барем мирисаше на смог наместо на истурено шишенце Каролина Херера врз нечија мрсна коса.

    И после правец дискотека. Демек од светски стандард. Како не бе. Лакоми чичиња, гледаат внатре крца од луѓе, пуштаат уште да влезат. Па уште однос од типот „Ако сакаш на цигара, на дождот пуши си ја“. Ех, дебилчиња мали, вие ќе глумите бизнисмени. Ова беше моето последно искачање во обид да се уклопам со „шемата“. Кај што не си пројдов убаво, морав трипати да се избањам да го измијам кичот од секоја пора. Фуј, фуј, фуј!
     
    На Hipster, eli25, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Сакам да кажам...

    Среќна сум! :dance:
    во такви моменти сите ги сакам :inlove: :* :inlove:
    цела фемина ја :hug:
    уште да фатам на спортска и журка! :party: :rofl:
     
    На Magnolija и enca.69 им се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сакам да кажам...

    Колку е тешко денес да се живее во ова време:( .
    Некои имаат и пре имаат, а некои кутрите немаат за основното, за лебче. Или имаш или немаш воопшто.

    Оваа слика ќе ја паметам секогаш.
    Не пречекаа четири малечки душички. Се израдуваа, иако тоа не го покажуваа видно. Сиромашни, а скромни и смирени. Најстрашно е што живеат во мрак. Немаат струја, а за огрев да не зборуваме. Ги прашавме за готвење, како се снаоѓаат, а мајката вели, дека јадат што било, само да не се готви, зашто и нема на што. Немаат струја, немаат никакво греење ;( , Господи како живеат!
    Во очињата им се гледаше тагата, стоеа, не зборуваа, но нивните погледи кажаа се. Колкава е нивната болка што не се како другите деца. Што немаат барем парно, камин да се затоплат, што немаат храна, што немаат облека... Што не се радуваат како останатите деца, на едно малечко чоколадо макар и од 5 денари!

    Се прашувам, зошто сме толку бесчувствителни? Зошто мора да се купи најскапото, кога може да се помине поскромно и да се помогне некому?! Зошто не помагаме кога тоа го можеме? Зошто ???
     
    На Monna.Monna, eli25, Fearless и 9 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.371
    Допаѓања:
    249.819
    Сакам да кажам...

    Женски ви се има десено да бидете наелектрезирани целите, и да ве фаќа струја цело време?
    Како да имам електицитет во себе. Чудно, страв ми е да допрам нешто, одма ме дрма или си мислам дека ме дрма бе. Психа ли е, кој ли знае што :^) . Ама чудно ми е па :worried: .
     
  15. PRINCESS-A

    PRINCESS-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    8
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам едно големо ЗДРАВО на сите феминки...постојано ве читам и следам и конечно решив да ви се приклучам :) не за друго немав порано време а сега имам па сакам се да споделувам со вас... :rofl:
     
    На Divinebutterfly, green.eyes, sonce777 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. mops

    mops Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    119
    Сакам да кажам...

    зашто да биде просто кога може да биде сложено??????
     
    На Squirrel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.763
    Допаѓања:
    25.071
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам само:

    Леле фемино, како ќе те пцујам ако не ги положам првиве колоквиуми, не си свесна. :devil:
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Цела недела не вклучив компјутер! Уште не ми се верува дека преживеав толку без интернет. Уствари да бидам искрена имам интернет на мобилен, па фб од таму проверував. Она што сакав да кажам е... немав време да си седнам на гз неделава од работа. Тежок е животот промотерски/хостес- шки (како е вистинскиот збор за ова бе? :^) ) Од една работа на друга, со штикли од 12 сантима Супергрл трчаше и спиеше само по 4-5 саати. И преживеа! За неколку дена си зема многу повеќе од просечната македонска плата, уште има насмевка на лицето и планира како да ги потроши парите. :)
    Значи, муабетот ми е.. има работа за секој, само треба да се помачиш. Никој нема директно да те смести во директорска фотеља. :!:
    ..освен ако татко ти или дедо ти не е директор па ти да го наследиш семејниот бизнис :D
    Од утре продолжувам со намалени работни часеви, но со исто толку обврски. Се чувствувам исполнето.
    Убаво ми е. :dance:
     
    На green.eyes и Doozy им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Конечно сватив запирка што било бинго точка А што било лото точка :nod: Па мислам запирка редно беше точка И така јас вчера запирка и читав преводи на телевизија на сестра ми точка Дојде еден дел во преводот запирка вака беше две точки Нов ред Удри ме запирка нема да се предадам три точки И еве ја сестра ми две точки Море кога ќе те залупам сосе точка извичник точка ќе видиш убаво
    Ама сепак запирка не ми ја залупа точка И јас така си живеев среќно до крајот на животот точка
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  20. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Сакам да кажам...

    Колку љубоморни луѓе постојат, значи чудо едно. :D Ко некој друг да и е крив што не е толку интелигентна како што се замислува. Ама, ако, времето ќе и покаже каде всушност припаѓа :)
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.