Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    Тоа е тој. Не е дека ме прави среќна. Само во овие мои осамени моменти тој го пополнува празното место до мене. Сакам такви личности. Само нека се исполнат желбите, нека ми се остварат соновите... Те молам Господе, затоа што не можам веќе сама да чекорам по светов. Ќе ти бидам благодарна ако тој е оној кој го замислував. И веќе да не замислувам, сакам да сум исполнета. Само толку. :angel:
     
    На LivingGlam, Serafima, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Сакам да кажам...

    Бон џорно мис феминитас! :f:
    Понеделник.
    Достојно уживам во мирот и тишината.шушкањето на златните лисја не ме вознемирува.
    Денес немам потреба од триумфирање.Сакам само до уживам во своето присуство,купчето книги(расфрлени низ секое ќошенце) и неодоливиот мирис на тополото капучино од ванила.
    имам добра мотивација за да ги средам расплетканите коцкички.

    Уште во раните часови го вкусив ладниот воздух,со рацете во џеб смело газејќи ги сувуте лусја,кои покриваат доста голем дел од и онака тесната уличка.
    Мирисот на печените костени ги опива белите дробови.

    Со напрчени усни,љубопитно сонливи очиња го набљудував својот одраз во огледалото едно 30ина минутки ,за крајниот резултат да ми поклони една блага задоволителна насмевка,и трепливи очиња.

    Монотонија...тоа е она што го нема есента.
    Мистична е есента бре!
    Уживајте во неа,во секое нејзино делче.
    Отидов јас да се изгубам во неа.Ах,бе уметник во душа!

    Останете ми неодоливи.
    Smilly.

    [​IMG]
     
    На mims-89, zhap4e, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сакам да кажам...

    Најлесно им е на будалите, глупавите, на сите амеби кои само вегетираат на светов. Ветрушки, како петелот на кров, накај дува ветрот, таму се свртени. Имитатори, копиратори, крадачи на идеи, неорганизирани, испревртени, изопачени, живеат без надежи, амбиции и желби за подобро утре. Што дал дедо Боже, тоа. Ако пушти нешто од небо, арно, ако не, ќе се чукаме и маваме во гради со тоа што го имаме. Дека немаме ништо, друга проблематика.

    А, бе, и тоа е предност, ептен голема предност во денешниот свет. Ем си глуп, ем не мораш да се преправаш дека си паметен, ем ништо не те интересира, ем се ти е рамно. Кај го има тоа ?! Ма то нема ни у Београду. 8)

    Тешко на тие како нас што размислуваат, премислуваат, премеруваат...
    После боли глава, е ќе боли.
    Па ќе трчаме преку ридови, долини, планини, реки и езера, за да стасаме до целта. Боси, голи, со опинци, калци, шалвари и една парталава марама.

    Во Солуна, грош сомуна. До Солуна, сто сомуна е работава.
    Држете среќа неделава, оти, при крај е сомунот.
     
    На tigerlady, creshicka, Strumfeta93 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Лек и отров во една иста состојка оди ли? Оди, ами не! Ќе се труеш и лечиш наизменично се додека еден ден не си купиш посебен лек за да го отстраниш отровот или па не си купиш отров за да се уништиш. :!:
    Муабетов ми е, од нас зависи што ќе одбереме, константно труење-лечење, мирен живот или мизерија.
    Тоа би било тоа ...засега.... :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк цел ден по дома средување,ручек се те едно исто.Сега се мислам што ке се облече утре за работа.Смачено ми е од плакарот сто пати го отворив.Не сум исчупана,лакирана,косата женско пусто се треба да си средена.
    Сдк сега ми текна ке си сварам кафе и ке размислувам.
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Сдк дека деновите без фемина се узалуд отидени денови во к*рац.
    И така летаат денови летаат, колоквиумската недела стигнува, а јас уште до прстот во уста. Има време, има време. ВРЕМЕ НЕМА!

    И сдк дека ужасно жалам за личностите кои се опседнати со нечиј живот/животи, уживаат да ги кудат наоколу не сфаќајќи дека сето тоа се врти ко бумеранг и му се враќа на него. Боже, како луѓево се менуваат! Една личност си знаел некогаш, дур да трепнеш таа личност станала алчна, желна за пари, за да биде видена, пропалица, бедна, мизерна, одвратна. А таа личност некогаш си ја нарекувал „најдобра другарка".


    СТРАШНО.
     
    На MandyLane и creshicka им се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сакам да кажам...

    Ми се јаде, ама ми се јаде!!!
    Цел ден јадам и пак ми се јаде. Еј, што ти значи ненаситно створење.

    Малку време многу маки. Така ми се гледа работава. Упорно се прашувам што би правеле некои луѓе ако не постоеше зборчето ЈАС. Така кратко и така содржајно. Јас сакам вака, јас мислам онака, јас викам вака, јас сум изморена, јас сум презафатена, јас имам проблеми. Е ако де убаво, а што пак ЈАС да ти кажам, ако единствена цел на муабетот е ти да ми се жалиш за проблеми кои не се ни проблеми него глупави каприци кои сама си ги правиш. Ај да си докажуваме на кого му е потешко.

    Ете, ете до што стигнавме. Ние не сме горди на успесите и радостите, ние сме горди на маките и проблемите.
    -Честито бебе!......А да знаеш колку тешко се пораѓав.
    -Честито нова работа!......Оф леле кутра јас, ќе треба сега во 8 да станам да работам. А далеку е бре, цели 10 минути пешки.
    -Честито доби, значи не си трудна!...... Море, подобро ќе беше да затруднев да се земеме со мојон, раат да бидам.
    -Честито положи!.....Леле, ќути што ќе правам догодина со потешки испити. |( |( |(

    Ви се поклонувам на сите кои не се жалите на се и сешто и ви изразувам сочувство на сите кои трпите вакви створења......такозвани ТАЖАЧКИ.
     
    На LivingGlam, green.eyes, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дефинитивно не треба некои работи при срце да си ги земам :!: :fubar: |( не бива вака, ќе фатит срцкото, после нема да ме пуштит , не дај боже :wasntme:

    Туку, сакав и да докажам, секогаш тоа што човек сака да му се случи, ко за инат не му се случува, а баш тоа што не сака да му се случи,токму тоа му се случува :D е ај сеа |( да незнае човек како да реагира :D :rofl: |( :tmi:
     
    На blond, Divinebutterfly, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да кажам...

    Гордана , со други зборови .. секогаш те стигнува она од кое што бегаш :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WinnieFoster

    WinnieFoster Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Сакам да кажам...

    Сдк им кажам ЗДРАВО на сите !!! :$
     
    На zhap4e и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Не ми се јасни 2 работи:

    1. Зошто кога барам некој знак, мене никако не ми се покажува? Како по филмовите кога бараат некој знак, одма нешто им се случува :D Па и јас сакам да сум во филм бе, вака нема знаци :(

    2. Зошто сите мислат дека во Охрид наместо езеро се вели енѕеро? :^) Е ова никако не можам да си го објаснам :D
    Можеби има два градови Охрид со Охридски езера и во другиот велат така, штознам :D
     
    На L-enna, LivingGlam, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се нервирам кога правам нешто 89530 саати, а го трошам за помалку од минута..
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Арно ќе беше, место мислењево, во темата „Што слушате во моментов“ да остаеше линк од I just came to say hello.

    Онака пишав.
     
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Сакам да кажам...

    Ееее ајде нека ми е среќен фемина роденденот, го дочекав и јас конечно :) .
    Фала ви на сите што сте ми помогнале на некој начин и извинете на оние кои што сум ви предизвикала негативни чуства со некои мои мислења.
    Продолжувам да ве дружам и да ве сакам.
    Повелете
    [​IMG]
    [​IMG]
    Доста ве опивав со алкохолни пијалоци, ладничко е, сигурно има феминки со затнат нос (како мене) па затоа сите ве честам чајче :) .
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, teddybear, blond и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    СДК дека супер се издував,ја барам следната жртва.Ах каков ден.Тоа не би го посакала ни на најголем непријател.Сега само сакам да легнам и да не се будам цел ден. :)
     
  16. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Сакам да кажам...

    Еми оние Варошанине шо ни напраја... :wasntme:
    Јас уште немам слушнато некој да рече „енѕеро“. Се употребува тој збор? :^)
    :rofl:
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Сакам да кажам...

    marco simoncelli RIP :( беше еден од најдобрите мото гп возачи :l: :l: :l: :l: :'( :'(
     

    Прикачени фајлови:

    • marco_simoncelli.jpg
      marco_simoncelli.jpg
      Големина на фајлот:
      23,4 KB
      Прегледи:
      284
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      7,8 KB
      Прегледи:
      284
    • 1231475515kg3U7s.jpg
      1231475515kg3U7s.jpg
      Големина на фајлот:
      51,8 KB
      Прегледи:
      284
    На BeYourself, Look и rossonerka им се допаѓа ова.
  18. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    Суденило во душава. Заминаа сите, таму каде што сакам да бидам и јас. Замина и тој. Се поздравивме рамнодушно, ги исполни моите очекувања. Со безброј прашалници во главава ја разгледувам Љубљана преку прозорец, вдишувам свеж воздух со неспокој...Сеуште ме печат неговите солзи, вчерашниот разговор кој остана енигма, и сето она на што јас немам одговор. Можеби е подобро вака, да се дистанцираме еден од друг, додека се смират страстите и тензијата која сами ја создадовме без причина. Цел месец тука, секое утро прва глетка тој, секој ден, секоја минута во исчекување...Сега треба да замижам пред сите планови, надежи и очекувања, да ги стиснам очите како мало дете кое се преправа дека спие и да го погледнам како другар. Беден е фактот да го гледам како другар, кога го гледав како моја иднина. Не можам и не сакам. Го обвинувам него за целата ситуација, за моите чувства, за перипетијата тука, како да јас сум обичен посматрач. Многу работи не ги направив како што сакав, не ги кажав зборовите што ги мислев, не му дадов ниту малку поддршка, не го допрев... Тој ми даде многу, а доби трошки од вчерашен ручек. Би сакала да имав малку повеќе храброст, да можев да го гушнам вчера додека се грчеше од незадоволство, да му кажам дека ми е гајле за него. Не му ги кажав тие работи. Залудно е да ги кажам било каде, на било кој, ако не допрат до негови уши...

    И да, одбројувам денови...ме обзема топлина и сила, сабота сабајле ќе бидам во моето Скопје. Ах Скопје... :inlove:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    СДК дека сликите на новиот пост на блог ќе ги ставам до кај четврток :@

    За саат време само една слика успеав да ставам.. незнам што е со интернетов.

    И да сдк дека некоја монотонија ме фаќа на одредени моменти а незнам зошто кога мене се ми е само не монотоно... Добро монотон ми е едино љубовниот живот, ама си се тешам ова затишје пред бура е :lol:
     
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Сакам да кажам...

    СДК животот би ни бил многу полесен без физика, хемија и математика! :nod:
     
    На Nika666 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.