Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека песниве на Antenna 5 love songs вечерва се мелем за душа. :l:
     
    На la-chicka, Divinebutterfly и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сакам да кажам...

    Смоки.
    Крцкање.
    Прошетка низ магливиот парк.
    Страв.
    Теминна.
    Само магла и чекори.
    Две студени рачиња.
    Брканица низ лавиринт.
    Јас сум едно големо дете... :)
     
    На Phyramide, Neytiri, XMaN и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум горда на самата себе,фала му на бога сто ме научи да простувам и како за инает да правам добри дела,среќна сум сто кругот многу често е на моја страна, фала им на непријателите сто чукаат на мојата врата, фала ви навистина ме стимулирате да бидам усте подобра а најголема благодарност до една личност која до вчера незнаесе на кој начин да ми показе колку ме мрази па дочекав да ми пријде и да ми казе дека сум навистина голема личност и дека сум била уникатна откако и помогнав,морав да го споделам ова незнам зосто но искрено се радувам сто ги расчистив сметките на дипломатски начин :clap:
     
    На Johny и Serafima им се допаѓа ова.
  4. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Си поминав убаво со љубовчето, ми ја направи прекрасна вечерта, романтичар еден низаеден :*
    уште да се избанкам сеа, и куфер во кревет, утре мора да се учи =(
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.422
    Допаѓања:
    22.810
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК помина и овој викенд, и овој панаѓур.
    Кога бев мала, едвај чекав да дојде, да се извозам на сите можни лулашки, колички и сл. Го обожавав мирисот на печени костени, на америчките крофни. Знаев дека тие денови додека трае панаѓурот дома ќе имаме гости, бидејќи живеам во истото маало, и сите после шопингот, доаѓаа кај нас. Возбудата беше уште поголема кога ќе дојдеше вујна ми, и со братучедите и брат ми ќе не однесеше таму, и се што сакавме, се добивавме. Обавезно се враќав дома со нови чорапи, костени и крофни. И многу среќа, радост и возбуда.
    А сега, овој панаѓур го поминав со по некој пар шарени чорапи. Во лицата на малите деца го видов своето од минатото. Во сјајот на нивните очиња, го видов мојот. Во нивната среќа, ја препознав мојата. И ме фати носталгија за детството, единственото време во животот кога немав проблеми и единствена грижа ми беше тоа уште колку пати ќе се возам на рингишпилот и бродот...
     
    На Hopeful, Mayyya и Lux им се допаѓа ова.
  6. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    I just wanna feel happines...................
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сдк рацееееее ми паднаа од препишшување :devil: :devil:
    Kога нема саглам книги, а ја не можам од компјутер да учам па поштено, се си препишав, па читај ова читај она |(
    сонувам веќе протеини јх масти глукози сахарози желатини Aкиселини... па во секој предмет се се врти околу тоа, каде во потесна форма, каде поопширно :)

    и кога се жалам- Mајка ми- Cама си го одбра факсот, учи и ќути :D
    Eми да :wasntme:
     
    На anuskaNESTLE, XMaN и teddybear им се допаѓа ова.
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.722
    Сакам да кажам...

    Значи мене нема шанси некој да ме помеша со некоја друга ..
    Толку пати ми има кажано дека сум нарцис невиден што и сама почнав да верувам во тоа :D
     
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес немав премногу волја да постирам на форумов, и јас некако во празнична атмосфера бев. :D
    Ајде од утре пак се враќам во форма и се надевам ќе споделам неколку мислења. :)
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Имено јас секој ден сум трапавко, ама денес бев ептен, буквално ептен трапавко, како штрумфчето.
    Значи не се бројат сите бељи што ги сторив денес, и сите флеки наоколу низ куќава.
    Да прејдам на она што сакам да ви го кажам за вечерва.
    Извинете за директниот јазик, ама се работи за нормални човечки работи. :D
    Тоа е една таква дешавка аууууу ...
    Имено(цела вечер го користам зборов, ептен ми е сексуЉав), си доаѓам јас сега од роденден, и одам директива во вц, прст пред очи до умор не гледам, знаете малку цревава денес и ме превртија, и едвај чекав да си дојдам.
    Седнав на шоља, и го слушам комшијата пппрррд прд пппппппппппппрД, во разноразни мелодии испушта гасови. А прозорите од тоалетите ни се еден спроти друг, и таман сакав да му речам ооо комшија и тебе цревата револуција денес ти кренаа а, се премислив оти нешто почна да ми шушти ...
    Ама си потпрев глава на раце оти ми тежи и шминка и се, и седам и си вршам работа кога наеднаш бу бу бум чиниш се руши куќата....
    Ма тоа беше инстант скокање од шоља, фрлање тоалетна, маски, шампони, буквално се што ми дојде пред рака ... пошто нешто како дух мајчино ме се премота.
    Мене срце во петици, ми идеше со гол газ да излезам и да одам кај мама и тато во спална врескајќи помоооош, ама си викам чекај мече ти нели си шира, справи се со проблемот. Се средив се облеков, и почнувам да го барам низ вц монструмот.
    Мајчината МАЧКА поголема од мене ми се пикнала позади машината за перење алишта.
    Море кога ја фатив, мрш, пиш, иш, ја убив од молење не бре и не, од вц не излегува.
    Јас сум сигурна дека прекрасната арома придонесла за нејзиниот престој, и моите задоволителни услуги.
    Па ми светна, ја попрскав малку со вода, и отворив врата само од вц и отидов накај надворешната и пцуејќи ја јас неа, а сигурно и таа мене, си излезе и си отиде ...
    Јас не знам зошто не скокна кај комшијата, тој барем и музикално ќе ја забавуваше, проста мачка бре.
    Па и си одам накај соба чувствувајќи се како тотален херој пошто го решив демонот без мама или тато, кога на сред скали се раскивав како будала. И неверојатно е што се треснав, ама сепак очекувано беше .. за јаготка на целиов шлагест убав ден ...
    Среќа никој не стана ... пошто ќе ми се помочаа од смеење.
    Шала на страна, животот може 5 години ми го скрати мачкестото створење.
    Плус ме расони.
    Тоа сакав да ви кажам, да ја споделам маката со вас, и да ви дадам еден совет.
    Внимавајте, и кога серете 24 очи отворете ... никогаш не знаете кој ве демнее од страна :rofl:
     
    На Monna.Monna, dancing.queen, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК Дека ГО САКАМММММ НАЈМНОГУ и не ми треба ништо друго на светот, само да е тој тука .. :inlove:
    единствен е тој шо знај да ме насмеј, знај и да ме повреди, но сепак љубовта останва иста, сакам да сум среќна со него и нема да дозволам НИКОЈ да не раздели ..НИКОЈ !!!!!!! :inlove:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.194
    Допаѓања:
    156.783
    Сакам да кажам...

    Сдк знаеш дека си нереализирана кога бившите на твојот дечко се веќе мажени,имаат дете и успеале веќе да се разведат...НОТ! :D
     
    На anneyy, mims-89, anuskaNESTLE и 10 други им се допаѓа ова.
  13. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ајде на по едно нес

    па после секој со својата обрска.
     

    Прикачени фајлови:

    На eli25 и baguf4e им се допаѓа ова.
  14. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк добро утро на сите,имајте пријатен ден после празник и да ви се пофалам земавме едно мало сивко маченце,леле колку е слетко и колку е убавко!!!!
    Душичка малцецка,колку само ни е занимација,керката е најрадосна од сите :lol: :lol:
     
    На Jojoba, Serafima и eli25 им се допаѓа ова.
  15. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Ако денот по утрото се познава, денес се најавува ерупција во моите дневни активности со оглед на сабајлинското трчање низ куќа со брзина на светлината....се успав де.

    Деновиве некако се посветив на неколку работи конкретно: есенска генералка, усовршување на палачинки и гледање вести.
    Од сето ова гледањето политички, економски сеири и нивно коментирање ми одеше некако највеќе од рака. Заклучив дека ми е жал за Гадафи и за монструозната слика што и се случува на таа земја, која се продаде како топол симит на лешинарите од запад. Земја која нема да се управи уште долго, судбината веќе и ја скроија. Мизерен народ...


    Која е логиката да бараш демократија, да се бориш за демократски начела притоа убивајќи и величејки го сето тоа као Нова година...бљак.
    Ми се гади бре, ми се гади колку подмолни, лакоми сме станале.
    Денес мислам дека најголема навреда за некој стана да му речеш: Човеку!
    Колку наивни, продадени ситни души...

    Туку ај, највеорјатно не му е местото на моето излагање тука, ама очајно имав потреба да кажам.
    И дај нека банкротира Грчешка, на раат да си гледам црна хроника на Вести, зошто досадни се со нејзините долгови и константното чистење на нејзиното ѓубре...ко да ми е мене гајле.

    Ајт, со здравје.
     
    На Divinebutterfly, Strumfeta93, Miss-Independent и 6 други им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.936
    Допаѓања:
    123.502
    Сакам да кажам...

    После убав викенд,дома го голтам сивото Скопје.Дома,залепена до парно,со спуштени ролетни и огромна чаша кафе,без музиче и телевизор...и убаво ми е.Не,не сум во депресија :shake: ,не сакам ни да мислам,едноставно уживам во тишината и мене.Мислите ги пуштам далеку,но сепак одат предалеку,па среќа се свестувам на време да ги вратам назад без да ми го постават прашањето-Што би било,кога би било......
    Ми фали одмор многу.
    Не ми треба планина и море,ми требаат оние денови кога цел ден си сам со себе,кога не правиш ништо,а пак ти е убаво! Денес конечно еден таков ден кој решив да го зграпчам,доколку не ми зазвонеше телефонот :| .Ова технологијата на моменти ме вади од такт! Како им било во старо време,без ништо! Убаво велам,би сакала некогаш времето да ме врати во некој таков ден.
    Денес омилените пижами врз мене и топлото ќебенце.Ова мене ме радува.
    Некого радува нова кола,нов стан,што знам веќе што....Полна ми е душата кога осеќам мир,спокојство.Се трудам долго време да го имам,но речиси невозможно е! Денес за чудо,се осеќам така,и решив да искористам.Којзнае кога пак.

    Уште од 20 години соочување со животни проблеми.И сеуште.И до кога?Созреваш пребргу,па не им чиниш.Ми е гајле.Велам-да ги видам на мое место,ќе беа испопаѓани ко крушки. Не секој може да се носи со се.Кога правам ретроспектива на изминативи години,а и денес кога таман нешто ќе се среди,лажна надеж било....Ете и тука ги пуштив мислите,реков дека премногу далеку одат...затоа после боли глава...

    Си сошив убав фустан.Го гледам со мераци од сабајле и едвај ја чекам свадбата за да го облечам :dance: На мојот не му го покажувам нека биде малку вака :o кога ќе ме види :lol: А и треба да биде таков,да не се фалам ама и јас се изненадив каква линија сум добила,мераци 8) А фустанот уз тело,мх,мх.... ^_^
    Едвај чекам да го облечам ама и да го соблечам :lol: ПМС-простете :$
    Епа велам јас-САМО ТРЕБА ДА САКАШ,ДА ПОСАКАШ-И СЕ СЕ МОЖЕ! Труд-да да треба труд,за се! Ама нема да ти биде криво дури и ако не успееш-знаеш си пробал ;)
     
    На Strumfeta93, Miss-Independent, Hopeful и 12 други им се допаѓа ова.
  17. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк релаксирачки звуци кои доаѓаат од надвор.
    Звукот на џагата. И звукот на секирата која се одбива од секое пресечено дрво.
    Се чувствува длабочината на октомври.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека прочитав една студија за не-доврбата помеѓу луѓето во одредени држави. Степенот на недовреба се мери со прашањето: Дали на мнозинството луѓе во вашата држава може да им верувате? Значи, се мисли на доверба во непознати нови луѓе. И еве ги на кратко резултатите за 51 држава, опфатени во студијата.

    Најголема доверба има во Шведска, Швајцарија и Норвешка, а најмала во Турција, Руанда и Тринидад и Тобаго.

    Македонија ја нема во студијата, ама не е лесно да погодиме каде сме.

    Убав ден Ви посакувам :)
     
  19. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    сдк дека мене грипот неможе ни еднаш да ме прескочи....болна никаква изнемоштена со марамици во една рака во друга рака чај-ма забава до несвест....

    го го гооооооо грип иди малку кај другиве аман веке од тебе :(
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    Ете, и Скопје можело да ми недостига :)
     
    На Doozy, crazylady, Go-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.