Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Синојќа со него танцувавме :) или подобро да речам УЧЕВМЕ ДА ТАНЦУВАМЕ .....е сега прегазиме тој

    прегази го јас не знаевме кај ни е крајот и почетокот на чекорите .

    МОИТЕ НОВИ ЧОРАПИ НЕГОВ НОВ ФЕТИШ :lol: :rofl: јебига,

    а во чорапа никогаш не сум се чувствувала секси .Машки мозок кој ќе го свати

    Благодарност до ERIK и LOVE SONGS си ставивем и свејќи за да можиме уште повеќе да се зезаме на своја сметка затоа што поим немавме од танцови вештини, не ни требаше ни секс ни оргии :lol: едноставно музика прегратка и добра мисла .

    Е сега живото не е така розов имаме и ние куп проблеми и тоа секојдневно како и сите други ...на сето тоа и ова и она
    СЕСТРА МИ ми се налути пак овој пат јас сум во право и точка и пак точка

    ме повреди до срж

    не гледајќи дека се трудам навистона се трудам ама не гледа не слуша можи дека далеку сум :@ (се тешам де ) се надевам ќе се опраи ќе и текни ќе и ги отвори Бог очите оти да не се лигавам јас тука ама жусто беше :x :!:
     
  2. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Сакам да кажам...

    Нема ништо поубаво од едно утро сами дома со бато и еден интересен муабет пропратен со смеа и со искрена љубов.Ми фалеа ваквите денови кога сме сами дома па ќе влезам кај него во соба да му кажам дека не е убаво да пуши таму каде што спие...а тој да ми каже дека кога ќе станам треба одма да се пресоблечам а не да седам цел ден во пижами и на крај сето тоа го зачинивме со заедничко утринско кафе...Батичко те сакам !
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Чај за добро утро, чај за топло утро :)
    Од вчера, мојата омилена шолја за чај си доби име! :wasntme:

    Та-да-да-дааааммм!

    Грижливо си ја потпишав, да се знае чива е.
    Додуша, сите дома знаат од кои шолји пијам кафе и чај, па не ми ги чепкаат. Ама што си е сигурно - сигурно си е ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.JPG
      1.JPG
      Големина на фајлот:
      235,6 KB
      Прегледи:
      380
    На Crixus, PrinceOfPersia, Hipica и 8 други им се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СдК
    Ако утрото се познава по денот тогаш слободно однесете ме одма во затвор бидејќи ќе убијам некој :devil:
    Добро бе, се прашувам до кога околку мене ќе преовладуваат неодговорните личности а ? Ич ама баш ич не и беше гајле дали некој има обврска ради неа... е сега го претера .,

    И така јас разочарана чекајќи автобус,до мене гледам еден дедо со петел во рацете ( си отишол на пазар човекот да си купи да си се опреми со петлак ) тоа околку мене абе смрди,корне,мислам петли почнаа да летаат,и во себе си викам леле тешко на они на кои ќе им се качи во бус,и тука следува трагичниот дел ми доаѓа автобусот, и еве ти го дедото си се качува со петлакот пред мене :devil: абе што да ви кажувам,тиа 15 мин ми изгледаа како цел живот додека да излезам од проклетиот бус ...

    Епа наздравје бричење што би рекле
    Лута сум ! да ! на цел свет !
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Сакам да кажам...

    Скопје ти и јас и есента златна сме, другари стари.
    За мене си ти љубовна приказна, од срце што ја подари....
    Љубов си!
    Мирис на жолти дуњи и печени костени, чај од липа, по есенски не може да биде. :)
     
    На Hipica, TeddyGrey, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК денов ми е посебен и нема да дозволам никакви ситници да ми го растурат!
    Времето едноставно лета...
     
    На Hipica и Serafima им се допаѓа ова.
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Животот е подобар, со пастрамајлија. ;)

    штипска, да се разбереме :!:

    :D
     
    На Go-Girl, AnaKarenina и Saraa им се допаѓа ова.
  8. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Сакам да кажам...

    СКД дека конечно сум стабилизирана од сите нервози и напнати ситуции си го терам мојот филм и добро ми е...ПРЕКРАСНО Е ДЕНЕС ако е ладно и утрово имаше магла,да се разбудиш во прегратката на тој што го сакаш повеќе од се е НАЈУБАВО НА СВЕТ и доволно за цел ден да ти биде СОВРШЕН!!! :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: Убав ден феминки!!!И без нервози...
     
    На Hipica и Serafima им се допаѓа ова.
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Сакам да кажам...

    СДК во јуни ја направив најголемата глупост!
    Се запишав во гимназија, а притоа без никаква основа. Изглегов од една институција која на се` личи, само на школо не.
    Тек сме октомври, а почнувам - продолжувам да се разочарувам од себе си.
    Тешко е тоа што ниту еден предмет не ми оди.
    Не ме бива за ништо!
    Ми иде да им го запалам школото со се глупите наставници.
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Решив дека денес ќе бидам мрзлива.
    Ќе јадам чоколадо и ќе гледам филмови, почнувајќи со новата епизода од ГГ.
    Ќе бидам човечка верзија на мачорот мој. Јадам, лежам, мочкам и пак... Ептен сме во љубов. Само уште да беше фин и да не е гребеше по рацете. Страшни ми се, испогребани и осакатени. Али тоа е, сите искажуваме љубов на различен начин.
    Јас на пример сум специфична по тоа прашање. Дечко ми ме вика феферонка. Феферонките се страшно лути, ама јебеш га, страшно се вкусни. И не се за секој.

    Ви праќам поздрав со моите омилени
    [​IMG]

    Почна сезоната! :wasntme:
    Омилен момент кога шеташ на плоштад и те мава нивниот мирис. Знаеш дека дошол студот. И трк си зимаш за 50-че еден така поголем фишек. Милина. :mm:
     
    На Juicy03, Strumfeta93, TeddyGrey и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    На Jojoba, Spell, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Убав е животов, многу е убав..А да знаеме и на ситници да се радуваме уште по убав ќе биде..
    На пример да бидеме ведри, да подаруваме насмевки, како велат Насмевката е крива линија која може да исправи многу работи! :!: И наместо смуртена фаца, која вознемирува и предизвикува чувство на гадење (а при тоа и брчки), насмевка од 6ка до 6ка.
    Колку е само убаво чувството кога ќе се насмевнеш, и за нај обична работа не е битно, ти буди чувство на убавина во душата, раскошност.. Затоа насмевка молам, ако се појавуваат брчки барем нека се од смеење а не од фаца џуџето Лутко! :!: ]:)
    Пријатен ден :*
     
    На TeddyGrey, Doozy, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека конечно одам сега на школо, си продолжив денес одморот, не ми беше доволно 3 дена ај јас уште сакав, ќе си одам сеа од 3 часс и неќам никој ништо да ми речи оти ќе ги згазам сите :fubar: ..Ај и држете ми среќа тест прам хемија, :doh: ..Ај господи нешто полесно да се падниииии :rofl:

    Ајт заминав .. а вие останете ми создравје и имајте убав ден :D :*
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Човечкото срце трпи многу!
    Како што може да поднесе многу среќа,поднесува и тага.Само што болката тежи многу,боли,пече.Ја прифаќаш како таква,и нејзината лузна ја носиш.Цел живот.Поминува време,кога всушност сфаќаш-дека си се научил да живееш со неа.....
    Времето не ги лечи раните!Не учи да живееме со нив!
     
    На Annath, Hopeful, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Ете ја, тука е, на дофат на раката. Чекајте, не кажав што е тука. Мојата промоција. Конечно моите дела добија можност да се впишат на хартија и да останат да сведочат за еден живот.
    Сега се зависи од мене, дали да ги предадам, што да предадам....
    Но, јас не сакам! Всушност во овие 16 години, јас минимум 10 потрошив на сонување еден ден мое дело да излезе во јавност. Да го чита народот, да дава критики. Цели 10 години!
    А сега, сега кога добив макар минимална шанса да се испромовирам, јас сакам да ја пропуштам.
    Односно, не сакам, ама се плашам да ја искористам.
    Како би било кога би ме прашале од каде инспирација за песните? Дали се посветени некому? Дали се пишувани од мои лични чувства? Што ќе кажам? Како ќе проговорам?
    Како, кога во тие стихови лежат делови од мене за кои никој не знае?
    И сето тоа да го објавам?
    Да го читаат моите таканречени другарки и другари, моите роднини, моите родители и сите оние кои ги сметам и ме сметаат за најблиски? Да го чита и таа, која мисли дека се за себе сум и кажала, а не знае ни 1/5 од внатрешната јас?
    И да, можам да кажам дека се настанало онака, моментално, дека никогаш не сум навлегла во анализа од каде инспирација... Да, тоа е совршен одговор! Но, јас не знам да лажам. Не можам татко ми, мајка ми и уште неколку клучни личности да ги погледам во очи и да ги излажам.
    Да, во песните лежат сите мои чувства, ништо туѓо... Да, таму се опишани ликови кои и јас и многу други ги знаат, ама како да го кажам тоа?? Како?
    И ете, најлесниот начин е да се избегне ова, да не се предадат делата и јас да живеам во сенката на стравот!
    Но, вреди ли?
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    White Angel-вреди да си го исполниш сонот! Само напред ,биди успешна и главата горе 8)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    ладно ми е , смрзнав, ме тресе :doh:
    и ко за беља, ја нема личноста која ме топли деновиве, па барем ке отидам на пилатес, ке повезбам малку
    и ке се стоплам и размрдам,а и сета негативна енергија ке ми излезе од мене :D) барем ке мозам да се сконцентрирам на обуката вечер, и навистина е интересно, а атмосферата е екстра(исто ко дома да си) :)
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    И јас сум ти била човек за диети. Абе беај. После овој викенд мрсен и исполнет со скаришта, пастримајлии, месени пити со спанаќ, пржени компири и пилешки прсти мејд бај ми, плус торти и палачинка, решив денес овошје ќе јадам.
    И неможам да си ги смирам цревцата, симфонија пејат.
    Одвај чекам да е готов ручекот и да седнам све да поједам.
    Што убаво е човек кога е најаден, насмевки си реди.
    Е така, а не сега ко да ми е празна душава.
    Ајдееее печи се побрзо!
    [​IMG]
    Ах да и фала ти господе што имам брз метаболизам иначе ѓуле ќе бев.
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Не сум таков тип на девојка не се изнаоѓам во такво друштво и крај.

    Бла, бла, бла, старински муабети уговрања брблања без потреба ЛИСЈА МИСЈА АЛИ СИ НЕКОЈ СИ Риза
    ме заболе газов за евтините е..ни турски страња , :puke:

    што не нудат ништо квалитетно само тага и жалови и

    КИЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧЧ
    едноставно просто и најпросто -жени на чешма
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    Еј ама убав ден. ^_^
    Иако сум ненаспана не планирам да легнам да одспијам многу ми е скапоцено времето не сакам да го трошам. :)
    Се осеќам некако убаво и смирено што ми е многу чудно, ама нема да анализирам сега зошто се осеќам вака.. :wasntme:
    Излив на емоции ме фати да имаше некој до мене сега че го изгушкав и ќе му кажев колку го сакам..
    Ајде тоа нека биде мојата задача денес на сите што ги сакам ќе им го кажам тоа кога сум веќе вака расположена. ^_^
    Баш ме интересира колку ќе потрае ова мое расположение... :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.