Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам...доста ми е од се :D
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Толку сум срекна денес од едни вести што ми доага да врескам како да ме водат на колење :rofl: :rofl:
    Енивејз,се надевам дека нема да помине сета оваа радост.Уште да беа сите коцки склопени ке беше подобро ;)

    http://www.youtube.com/watch?v=purvaLixf4c
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум многу среќна што наредив уште една петка :) (пу пу пу да не се урочам амаоваа година ми тргна малку подобро...) И среќна сум што имам околу 1600 посети на блогот (не се многу ама сепак :$ )
     
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ..дека денес решив да се нашминкам онака обично (морав да ја пробам новата пудра) и тоа за прв пат за на факултет и фино се чуствував. Како и да е прекрасен ден :inlove:
     
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    СДК мразам патетики . Се чудам како мозокот на одредени луѓе е заменет со сунѓер па го впиваат веднаш она што другиот ќе им го каже . Епа мојот не е како вашиот и нема да ви поверувам на вашите празни зборови , на вашето одамна смислено патетично сценарио. Не поверував ни на вашите солзи но морам да признаам дека глумите за Оскар.

    СДК 2 Денес ме сретна едно дете кое просеше, трча по мене а целото со исцепени алишта и беше босо..ме фати многу жал. Ми побара 5 денари му фалеле да си купи кифла,јас му викам немам 5 имам 10 денари и тоа ми одговара нема врска ќе ти вратам 5 денари јас имам. Викам добро ама не планирав да ги земам 5-те денари сепак не се големи пари а на него му се потребни..искрено очекував дека ќе си ги земе и ќе избега а тоа милото навистина ми враќа 5 денари..душичка..Му велам - не, земи си ги и му дадов уште десет денари . Така мило ме погледна и ми вика фала, влезе во бурекчилницата и си купи кифла.Мило ми е што сеуште постојат чесни дечиња кои иако се на улица не се искварени. Жал ми е што имав предрасуди за детето а не бев во право .
     
    На Ognenija, ines.h, Johny и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Сакам да кажам...

    СДК пријатно се чувствувам денеска, иако по правило на вакви денови сум многу нерасположена. Уживанција, никој дома, нес со мраз и музика. Имам за учење, ама не можам да се натерам да учам. Можеби подоцна, и онака не е задолжително утре да одговарам.

    Да се пофалам дека падна првата петка - прв тест за оваа година, па уште и со сите поени. Е многу ми направи мерак така посабајлечки. :lol:

    Уште да продолжам вака со петкиве, не ќе биде лошо. Ми следат две пеколни недели со тестови и испрашувања секој ден, но не планирам да се бунам. Си знам дека кога не си учев на време, сега ќе бидам пренатрупана, но што е - тоа е. Баш и не ми пречи.

    Многу ми е гаден периодов. Навечер заспивам мислејќи на еден ист проблем, насабајле се будам без никакво решение. Збунета сум и не знам што е правилно, а знам дека додека не пресечам и конечно не се одлучам што да правам, нема да имам мир. Не сум сигурна во своите чувства, не знам ни што мислам. На некој начин и сфаќам зошто не ми пречат обврските, кога сум преокупирана со различни задачи, не се измачувам обидувајќи се да излезам од затворениов круг.

    Живот иде даље, времето тече, деновите поминуваат... Помина и октомври. Лани ова време се беше поразлично. Ми недостига тој период, но што повеќе размислувам, сфаќам дека можеби и повеќе ми се допаѓа вака. Повеќе ми одговара оваа средина каде што се наоѓам, иако понекогаш се чувствувам како аутсајдер. Убаво ми е, и баш поради тоа не сакам да се замарам што на некој тоа му пречи.

    Забегав и јас, ама ми требаше да се искажам, па макар и на форумов. Толку од мене, имајте пријатен ден, т.е. тоа што остана од денов. :hai:
     
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    СДК бог ти дал здравје читално <3 !
    Абе ова било мераци!!!!
    Од сабајле во 9 до 2 бев во читална со мали паузи, и замислете читав ли читав.

    Дома, тв, нет, зјапање во ѕидовите, ваму си направивме екипичка со колешките, фино лепо гзињата у читална, додека сите не научивме 60 страни не мрднавме.
    Утре пак!

    Во овој станот студено, само шо си ги зготвив макароните, као и увјек, преварени :doh: али јбг, тоа е денес на менито, битно не е овошен ден!

    И сега мислам дека заслужив едно добро трилерче, да ме размрда малку :)
     
    На sesilija, Neytiri и ludoto19 им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сум ужасно принципиелна и организирана личност и нешто што може да ме извади од такт, е хаосот и нередот. Е, овие две работи, можат да направат да ми се појави вена сред чело, да почне да ми пулсира точката меѓу веѓите и да ми бијат дамарите. :D Во тие моменти, нормалната Дузи си оди, и на нејзино место доаѓа една Уикед Уич, што колку и да и тропкате со црвените чевлички, НЕ СИ ОДИ додека се не е на свое место. :D

    Работата е во тоа што овде, во наша мила, мала, драга и напатена, Знаете-која, ништо не е на свое место. Или ќе искинам живци, па ќе претам како лебојатка после Раид, или ќе се научам да гледам ред таму каде што нема. Проблемот е што тоа моето внатрешно нешто, не може да гледа ред каде што нема, станувам малку опсесивна додека не се направи. Мнооогу лоша особина, ептен. Можам најкомотно да им газам на сите по нервите, да играм Калин-какалин на некого, ма додека не биде се под конец, нема назад.

    Евентуално ќе ме стрефи инфаркт како сабајле кога го видов станот.
    Па манијачки го исчистив и цимерката доби порака за добро утро и убав ден. ]:)
    Не сфаќаат луѓево дека јас си имам многу нарушувања и дека не ми треба дополнително реметење од типот нераскренато нешто во вторничко (читај понеделничко) утро. :D

    А не сакате да почнам да ви кажувам за факултет, нели?!
    Мозочен удар, кај и да е. Гарантирам.
    ^_^
     
    На Strumfeta93, Johny, Miss-Independent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека добив и се осеЧам ко да сум добила на лото...ма не боље се осеќам
     
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека ги обожавам овие мајка-ќерка денови.
    Татко ми е на пат, па максимално сме посветени една на друга. Правиме работи низ дома кои неможе да не затекне човек да ги правиме во секојдневието. Како на одмор да не пратил некој!
    Бевме на мини шопинг од кој секако, јас имав повеќе ќар. Па во веро си купивме лиснати тестенини, благичко и грицки. Се прибравме дома, и додека се правеа тестенините шлапнати во рерна си рокнавме музика и ја изгланцавме куќата!
    П.С незнаев дека мајка ми толку добро игра, жими се! :rock:
    Јадевме ко свињи! Ма, какви свињи, ко сирачиња. Мислиш татко ми не храни само со помија па ова сега ни дојде како премија. Срамота! :x
    Е после убавата и богата терпезарија, се испруживме пред телевизор и си правевме муабет за се` и сешто. Ми фалеа тие разговори, фразички и мислења на жена со богат речник. Им се радувам кога ќе дојдат. За жал ретки се од причина што владее некоја криза дома па нон стоп се расправаат со татко ми. Се надевам дека ќе помине. Нели, во сечиј живот има доза монотонија и падови. :)

    Како и да е.. Да си ми жива и здрава мајчичке моја уште сто и една и назад!
    Во животов не сум имала, ниту ќе имам пријателка со толку искрена насмевка, топла прегратка, неограничени мили и утешни зборови, пријателка која на секој мој пад ќе ми пружи рака да ме повлече кон врвот... Те сакам најмила моја мајко!
     
    На la-chicka, teddybear, Johny и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сакам да кажам...

    Колку брзо лета времево чудо значи :worried:
    Раздени се, стемни се, ден за ден, недела за недела...

    Така денес и е роденден на сестра ми, човекот кој што може да се каже го сакам повеќе од самата што се сакам. Нажалост не сум во можност лично да и го честитам, а тоа срце мало, ми вика даде се ми е убав роденденов, само ти што не си тука да ме гушнеш... И потоа ми вика ама даде не се секирај и на скајп што ми се јави доста е. Душа, не сака јас да бидам тажна дека не сум денес со неа. Не знам дали затоа што сме многу години разлика или нешто друго е во прашање, ама одсекогаш сум се чувствувала заштитнички спрема неа, одсекогаш сум ја сметала за моја одговорност, затоа што многу време сме биле сами дома кога моите беа на работа.

    Пораснала. Онака ако расте ќе ме надмине мене уште малку. Косата целосно си ја променила, за малку немаше да ја познаам. И сакам денес со неа да сум, ама нема. И мило ми е кога ја гледам во каков човек се претвора и ми се допаѓа колку е паметна за нејзини години. Горда сум на неа. И таа ми вика дека е горда на мене и дека кога ќе пишувале состав по македонски за писмена за мене ќе пишувала. Јас си знам што си почувствував во мене, си го кријам тоа и не пуштам да ме види колку ми е жал што не можам баш сега да си ја изнагушкам.

    Ама кога ќе ја видам нема да знае што ја снашло, нема да ја пуштам од гушкање. Среќен нека и е роденденот, здрава и жива уште 100 години да биде.
     
    На Monna.Monna, ines.h, Buttterfly и 24 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Понекогаш лежам навечер до него и не ми се верува. Не ми се верува на мојата среќа да сум заедно со љубовта на мојот живот, па често посегнувам по него, го допирам за да се уверам дека е стварно тука.
    И обожавам што секогаш можам да се потпрам на него за се, што се консултира со мене пред да направи некој чекор, што сме си едно малечко семејство.
    Ме инспирира една негова порака што ми стигна и ми го наполни срцето со топлина, па сакав да си кажам само. Иако ми фалат други работи, среќна сум што љубовта не е една од нив.
     
    На Buttterfly, Lux, Divinebutterfly и 19 други им се допаѓа ова.
  13. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    Сдк алал да му е на човеков! :clap: :bow:
    Никој, апсолутно никој не ме насмеал толку колку што ме насмеа он.
    Дојдов до тој степен да паднам од стол и да почнам да се тркалам лево десно, па почнаа и солзи да ми течат.
    Од дома се потресоа мислеа дека сум се задавила хаха.
    Дури лошо ми стана еј, стомак ме заболе од смеење. :^)
    Сакам да му кажам на човеков огрооомно фала што ми го направи денот уште поубав и ми го продолжи животот, сега знам што ќе гледам кога ќе бидам во депресија. ]:)
    морам да го споделам моето омилено видео од него. :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=4WTYcaYc ... re=related
     
    На Divinebutterfly, Biggie, baguf4e и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Сакам да кажам...

    АНЕСТЕЗИЈА :!:

    Последната линија на одбрана против заболекарот :!:
     
  15. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    -Срцка бев твоја , а ти трчаш по некоја копија моја !Сакаш друга,а јас сум ти симпатична?! Епа SORRY дечко ама јас сум ПРОБЛЕМАТИЧНА !! ;) - :lol: :lol: :lol: (и наравно сликата е онаа класичната duck face)
    добро бе девојчиња што ви е со description-ов на сликите на фб, хах не можам да ве разберам мајке ми
    сдк убаво се наспав, да не речам се преспав и ми отиде денот јабана, ни учење ни бутур, дај да си седнам да читам после цацко ќе ми е крив :!: :!: :!:
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Сакам да кажам...

    Како да се биде позитивен кога надвор е тмурно, магловито, никакво :doh: ?

    Се чувствувам бескорисно, мало, обично- воопшто не посебно :(
    Па и главата почна да ме боли, мислам ќе ми прсне веќе- ни апче не помага.

    Како да хибернирам, тука сум, а лебдам во некоја друга димензија.

    Одам да си направам кафе.
    Се надевам дека после вежбањето ќе бидам подобро.

    Ова веќе не е ПМС, ова е некој нов синдром- ваљда временски (се надевам).

    Некогаш колку и да сакаш да бидеш позитивен, да му се насмееш на животот, едноставно не иде, никако...
    Сакам да ми се случи нешто, ми досади ова секојдневие :|
     
    На Strumfeta93, Dgirlll и Johny им се допаѓа ова.
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Јас сабајлево си ја добив терапијата,и сега можам да ве замарам.
    Пошто имам енергија за до наредната недела.
    А имам и хулахопко-манија или нешто слично.Само хулахопки купувам.
    Сум се снабдила со хулахопки за цела зима,па и за наредната. :|

    Дечко ми ми кажа дека посакувал на моменти да е Петар Пан,чисто за да знаел кај е Neverland.
    И да ме пратил таму со сите мои парталишта.
    А он уствари незнае дека ич не мора да сум Петар Пан за да го пратам во Недојдија.
    ;)
     
    На ines.h, Strumfeta93, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    Не постои невозможна љубов. Не дозволувај да те обесхрабрат молчењето, рамнодушноста или одбивањето. Зад студената маска што ја носат луѓето се крие пламено срце. Неуморно барај нечија љубов, дури и ако знаеш дека многу често ќе го чуеш зборот НЕ, дека ќе се враќаш како поразен, со чувство на отфрленост во телото и во душата. Не оставај да бидеш заплашен кога го бараш она што ти треба. БЕЗ ЉУБОВ ТИ СИ НИШТО.
     
    На Divinebutterfly, Lady-Cha и Serafima им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Колку повеќе читам толку повеќе се прашувам.
    Во ред ли е се со мене? Нормална ли сум? Вака ли треба?
    ... и уште безброј прашања кои ги избришав додека го пишував ова безмислено парче текст.

    Доста е, навистина понекогаш олеснува кога ќе напишеш нешто, ама понекогаш и повеќе се замараш, па само типкаш по тастатурата, и кога ќе ја кренеш главата да прочиташ се што си напишал, читаш и некои мисли и маки кои воопшто не си знаел дека ги имаш :D
    Сега одам на капење да ја потрошам цела жешка вода и да мирисам прекрасно потоа.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сакам да кажам...

    Јас да ви кажам да го постетите музејот, ја сум пријатно изненаџена.
    Јее и ние имаме восочни фугури во оргиналната големина на нашите народни херои, ама Гоце многу низок бе :?:
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.