Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Значи за пишење состави најмалце ме бива. И да имам слободна тема, цел саат ќе се мислам за што да пишам. И на крај ќе напишам само 2 реченици.
    Значи општо за прераскажување, не ме бива, ни за филмови да прераскжувам, ни ништо. А камо ли, некој да ми рече на англиски, па има да се здрк.. ова здткам.
    Ама озбилно, никогаш да ми дојде таа инспирација, што вечно ја чекам. :devil:
    На почетокот, имавме писмена.. И ни рекоа 50 збора вовед, 150 главен дел и 50 завршен дел, мислам дека. И јас бројам, и викам: Уф добро е, се извлеков.
    И после тоа дознав дека требало 250 збора вкупно, а не букви.. Јас буквите си ги броев.
    А затоа, глеам на некого му фатило 2 стани, мене пола лист. :tmi:
     
    На blond и FlameFairy им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сакам да кажам...

    Ајде, нека повели кој е за топло чајче од босилек :)
    Ех, така и ми треба кога не можам ни да дишам, ќе се фалам сега колку убаво мириса чајчето и колку е вкусно. Да ме слушнете само како зборам, како малечко детенце кога си го држи носот со прсти.
    Туку, нешто друго сакав да кажам. Моментално ми треба друштво, не сакам да сум сама. Ми треба моето маже да си го гушкам, ми треба пријател да се напијам едно кафе, или макар и топло чајче. Да седнеме и да се смееме, да се потсетуваме на старите добри времиња, на среќните и убави моменти што поминале, да сонуваме за оние што допрва треба да дојдат. Денес не ми треба некој да ми се жали, да ми кажува колку му е напорно на факултет, колку немал време за ништо и колку го мрзело да учи. Не, денес ми требаат позитивни луѓе. Ако има уште некоја што го дели моето мислење нека повели на чајче кај мене вечерва :)
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ...преку орган ми е да гледам жалчиња накинџурени, фацки дволични и души гнили...
    Си ја сакам собава, си го сакам ПеЦе, смокиве ми намигаат,чајчево ми шири вкусна арома, еве ви НА, трујте се, пичка ви материна, натпреварувајте се во глупавост, кој ќе победи, викнете да му ставам круна на главата :swear:
    извинете за пцовката :D ама ја личи во муабетов :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Вечер што побрзо да помини абе кој ќе учи ексик :@ :@ се читаме покасно или утре позз до сите што ќе учат :* :*
     
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    СДК дека уживам во овие моменти поминати со семејството..летоска секој на своја страна..а сега заради ладното време сите сме собрани на едно место па се раскажуваат приказни од младоста на мајка ми и татко ми..и милион пати да ги чујам..никогаш нема да ми станат досадни. Мирисот на печено лепче ја исполнува куќата, го сакам чувството кога сите ќе седнеме на маса и ќе јадеме. Чувството е надополнето кога знам дека утре немам обврски а ќе бидам сама дома..ќе има време за учење..но исто така ќе си посветам време и на самата себе . Ја сакам есента , ја сакам топлината во мојот дом и за ништо друго не би ја менувала , ги сакам овие чувства во мене . Душевно сум спокојна . :)
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Аиии мислам дека се мрднав :!:
    Неколку дена со ред се будам среде ноќ во исто време, исто испаничена,нешто налик астрална проекција и чувствувам некој аларм за паника заради непознато присуство на некој исто непознат во собата.Страшно е!Незнам како да се објаснам, кога се будам чувствувам како предходно воопшто да не сум заспала.Од страв ја викнав другарка ми да спие кај мене :D

    Damn !!!
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека само сипаници се спасот неделиве! :x
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК т.е. да ве поканам на колачиња кои си ги направив САМА и ми зедоа само 20 минутки од моето скапоцено време :lol: И истовремено да си се пофалам дека ова е првото нешто што сум го подготвила сама. Знам, срамота за моите години, ни јајце немам Спржнато ниту знам како се прај. :!: :x Ама знам колачичи да правам бе и тоа е најбитно. Другар ми ми рече можам слободно да се мажам. Мажот ми ќе јади кукис сабајле со кафе, за ручек со чај и навечер со млеко.
     
    На Phyramide, crazylady и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    to much studying will kill me. гарантирам, еве се пореметив, мајка ми ми вика кога ќе правиш кафе за тебе направи и за мене, ја за мене кафе си направив на неа и сварив чај
    и женава виде не виде си се прсна од смеење, а јас уште навредена зошто ми се смее
    боже боже свашта
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Сакам да кажам...

    Во случај да ве замара некој виртуелно...
    Најлошото што може да се случи...
    [​IMG] |(
     
    На Lov3, Doozy, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  11. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека не се издржува во државава !
     
    На crazylady, firequeenn, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Сакам да кажам...

    Конечно се одлучив да учам,да им докажам дека и јас можам колку нив ! :!:
     
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Сакам да кажам...

    СДК Колку наивни, продадени ситни души...
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Ајде ајдееее жени збеснати!
    Вагинална естетска хирургија |( (ама не зборувам за онаа кога ви е пу пу недај Боже навистина потребна)
    Е да си ја подмладеле де, голема работа....па уште кога видов милионски цифри како заработка :tmi:

    Леле неможам да ги разберам, мене смешно ми е.....па зарем си стојат така голи пред огледало и таму брчки си бараат :rofl: Неверувам дека одат на подмладување и корегирање на вагина за да им биде попривлечна на примероциве од спротивен пол, тешко дека некој ќе застане и детално ќе ти ја анализира пред секс :rofl: или да :^)

    Работава дојде, роди ме мајко со пари.....па јас ќе си се направам совршен со естетски корекции 8)
     
    На ines.h, mims-89, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    23.991
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ве замолувам, доколку има некој од Правен Факултет ( дотолку подобро ако има дипломирано), да ми пиши ЛП. :wasntme:
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Човечка природа. Истите очи кои се насладуваат на залезот над езерото се насладуваат и над изобличена од удари со бокс фаца во рингот пред малите екрани, како што векови пред тоа се насладувале пред рефлексните трепети на обесените тела или оние кои ги проголтувале пламените јазици на кладата или декапитации извршени од џелати со качулка или претсмртните грчеви на паднатиот крвав гладијатор чија утроба ја раскинува тигар. Истите тие раце кои носат оружје и задаваат смртоносни рани(кои еден ден ќе се реинкарнираат во бемки :D ), можат да милуваат дете или куче, да прават скара или поправаат автомобил, дури и да се занимаваат со макраме и икебани, можностите се неограничени, од изборот зависи.

    Сите цивилизации се платени со мориња од крв, но никогаш не е целосно изгубена насладата или пак рамнодушноста кон туѓите страдања, генетски предолго е изгледа доминантно пренесувана. Само денес таа природа посуптилно се маскира, во принцип луѓето и не се деликатен порцелан со назнака handle with care. Да, несомнено се ранливи, меѓутоа несомнено ја имаат и другата страна од својата природа онаа која ја каса понудената рака за помош. Како полимери од термопластични маси се голем дел, на дадена човечка топлина подомекнуваат моментално, за потоа да се вратат во оригиналната крута состојба. Може оваа пластичност е бидејќи пукнала пластиката т.е. кондомот при нивната изработка, кој ќе го знае. И она handle with care е за меѓусебниот пристап адекватно, не како индивидуално обележје. И е добар принцип до кој вреди да се држиш.
     
    На Magnolija, Johny и Mayyya им се допаѓа ова.
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сакам да кажам...

    Секогаш ни се дава она што го посакуваме малку подоцна од очекуваното. Во момент кога ќе ја рабереме неговата големина и неговото значење. Се, буквално се, се случува со одредена причина и ништо не е случајно. Се е за наше добро, а покрај нас и за добро на другите околу нас.
     
    На sweet-star, ines.h и Srekicka им се допаѓа ова.
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да кажам...

    Многу е тажно што денешниве мажиња мислат дека долгата врска им е гаранција дека девојката ќе биде секогаш тука што и да се случи. Многу е тажно :clap: |(
     
    На Ognenija, Cynthia, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  19. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Сакам да кажам...

    Да ти се сневиди во школово живот да,се немало. па,добро тие професорите имаат ли грам мозок? Само да се учело. :@
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Пред некое време,во СДК се испишуваа по 10 страни минимум дневно,а сега едвај 5.
    Операција успешна,пациент мртов... :up:
     
    На LivingGlam, mims-89 и Phyramide им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.